Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна за злоупотреба на средства на Европската Унија, но ѝ ја скрати забраната за вршење јавни функции, со што останува можноста да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен претходно изјави дека не сака да води претседателска кампања ...

Турската полиција утрово приведе дел од учесниците на протестот против НАТО во центарот на Анкара, каде за време на Самитот на Алијансата е воведена општа забрана за протести и се применуваат строги безбедносни мерки. На снимка објавена од опозицискиот весник „Џумхуријет“ се гледа како полицајци им ставаат лисици на демонстрантите и ги внесуваат во полициски автобус во близина на паркот Куртулуш. Протестот бил блокиран на околу седум ...

Без вода утре ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Гемиџиска“, крак 1 и крак 2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато утре, 8 јули, од 8:30 часот до завршување на работите. ...

Во Основниот суд во Куманово на 9 јули, четврток, започнува судскиот процес против Т.Б. (25) од Старо Нагоричане за четири убиства како и за два обиди за убиство. Од Обвинителството наведуваат дека бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово. Согласно ...

Позитивната листа на лекови од први јули е прошиена со три антикоагуланти, Еноксапарин (Клексан), Надопарин и Ривароксабан кои треба да бидат достапни на рецепта во секоја аптека. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, вели дека иако веќе се на позитивната листа на лекови и за нив пациентите плаќаат само партиципација, системот со рефундирање ќе остане во функција до 15 јули. „Бидејќи преминуваме од еден систем во ...

Во Собранието денеска се одржа промоцијата на Кодексот за етичко однесување на пратениците, кој претходно беше донесен од страна на пратениците. На настанот се обратија претседателот на Собранието Африм Гаши; шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал; вишиот резидентен директор на НДИ Северна Македонија и лидер на тимот на Швајцарската програма за парламентарна поддршка (ПСП), Роберт Скот Хејзлет; претставничката на ...

Никица Корубин Времето е најдобар тест, велат, особено временската дистанца за да се види намерата и матрицата на однесување. И токму “црвената линија” во тој модел на однесување ја открива природата на односот кон некое прашање или носител на тоа прашање. Кај нас, несомнено “црвената линија” била и останала европската и евро-атлантската интеграција – ЕУ како систем на вредности и систем на одржливост. Политичка, економска, безбедносна, ...

Турската полиција утрово приведе неколкумина учесници на протестот против НАТО што се одржа во центарот на Анкара и покрај строгите безбедносни мерки и општата забрана за протести за време на самитот на алијансата, објавија локалните медиуми. Во видео клип од опозицискиот весник „Џумхуриет“ објавен на платформата X, полицајци ставија лисици на рацете и ги влечеа демонстрантите во полициски автобус во близина на паркот Куртулуш во Анкара. ...

Ребалансот на Буџетот уште еднаш покажа дека културата не е приоритет за оваа власт. Наместо инвестиции во културното наследство, македонскиот јазик и капиталните културни проекти, се крати токму таму каде што државата има обврска да заштитува и да вложува, обвини пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска на седницата на Комисијата за буџет. Таа посочи дека зад бројките во ребалансот се крие јасна политика на запоставување на ...

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на седницата на која ...

Советот на Општина Битола на денешната седница донесе Одлука за бесплатно паркирање на јавните паркиралишта на ЈП „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар. Повластената паркинг карта може да ја користат на следните паркинг зони: Б1, Б2, Б5, Б7, Д1, Х1, А8, А10 и А2. Картичката е со важност од една година и се издава на барателот по претходно поднесено барање, таа не е пренослива на други лица, односно не може да ја користат други лица или ...

Либерално-демократската партија соопшти дека Европската комисија најавила дополнителна флексибилност во примената на новиот систем за влез и излез (ЕЕС), само еден ден по Конгресот на АЛДЕ во Виена, на кој била усвоена итна резолуција против малтретирањето на граѓаните на границите на Европската Унија. Според ЛДП, резолуцијата била предложена од партијата и сестринските партии од ЛИБСЕН и усвоена со големо мнозинство. Македонската ...

ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати договорот што опозициските партии ќе го постигнат за измените на Изборниот законик, сè додека се овозможи дијаспората да гласа на изборите, изјави пратеникот Бојан Стојаноски по денешната средба на работната група. Стојаноски рече дека на средбата било разговарано за ставовите на политичките партии и за предлозите поврзани со гласањето на дијаспората. „Нашиот предлог беше прво електронско гласање, потоа, поради ...

Мет Дејмон пристигна на лондонската премиера на неговиот нов филм „Одисеја“, одржана во понеделник, во придружба на целото негово семејство. 55-годишниот актер беше поддржан од неговата сопруга Лусијана (49) и нивните четири ќерки: Алексија (26), Изабела (19), Џија (17) и Стела (15). Додека Дејмон избра елегантен сив троделен костум, Лусијана блескаше во црна тоалета со декоративни детали и крената коса. Нивните ќерки исто така избраа ...

Легендарниот фронтмен на Pearl Jam, Еди Ведер, привлече внимание за време на натпреварот на Светското првенство помеѓу САД и Белгија, не поради музиката, туку поради еден симпатичен момент од трибините. Камерите го фатија 61-годишниот рокер како пие пиво на големиот екран на стадионот, а неговата спонтана реакција брзо се прошири на социјалните мрежи. Ведер го гледаше натпреварот на Lumen Field во Сиетл, градот од каде што потекнува неговиот ...

Телото на Анастасија Березовскаја, осомничена за учество во обидот за убиство на санкционираниот украински милионер Вадим Јермолаев во Монако, е пронајдено вчера во близина на Киев. Според неофицијални информации, жената е застрелана, пишува „Украинска правда“. Извори од украинските судски власти наведуваат дека телото е откриено вчера околу 23 часот по локално време. Исто така, се дознава дека жената била во странство од 22 март минатата ...

Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Тој вели дека се предвидува воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата во Општината. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои ...

Експлозии се слушнаа денеска во сирискиот главен град Дамаск, во близина на хотел каде што требаше да престојува францускиот претседател Емануел Макрон, потврди безбедносен извор, јавува Ројтерс. Патиштата беа блокирани, а безбедносните мерки беа засилени по експлозиите. Сведок на Ројтерс во близина ги слушнал експлозиите и видел како чад се крева од местото на настанот. مشاهد من لحظة حدوث الانفجار الثاني جراء عبوات ناسفة بدمشق ...

Општина Гази Баба го објави јавниот повик за субвенционирање на набавка на печки на пелети. „Со оваа мерка се поттикнува користењето на поеколошки и поефикасни системи за затоплување, кои придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот; почиста и поздрава животна средина; поефикасно и поквалитетно затоплување на домовите; намалување на трошоците за греење на долг рок и поттикнување на користење енергенси со помало влијание врз ...

Како дел од напорите за привлекување нови инвестиции, поттикнување на извозот и продлабочување на економската и трговската соработка, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две значајни деловни средби, со извршните директори на Qatar Airways и Barzan Holdings. На средбата со раководството на Qatar Airways, една од водечките светски авиокомпании, министерот ...

„Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица. Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Не е случајност што и СДС и ...

„Во изминатите две години покажавме дека со професионална, одлучна и неселективна работа можат да се постигнат конкретни резултати. Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%“, се наведува во објавата на Министерството за внатрешни работи. „Во борбата против ...

Бремената актерка Ен Хатавеј се појави на црвениот тепих во Лондон на светската премиера на нејзиниот нов филм „Одисеја“. Ѕвездата, која го очекува своето трето дете со сопругот Адам Шулман, го покажа своето трудничко стомаче во елегантен син фустан со цветни детали. 43-годишната Хатавеј се насмевна и позираше за фотографите, нежно држејќи го своето стомаче. Носеше долг лелеава фустан, долги обетки, а изгледот го комплетираше со црвен ...

Додека Франција, едвај закрепнувајќи од последниот топлотен бран, се подготвува за следниот, метеоролозите предвидуваат враќање на неподносливата топлина оваа недела. Со тоа доаѓа и прашањето што постојано се поставува од јуни: зошто Французите едноставно не ги вклучуваат клима уредите? Некои веќе одлучија да ги земат работите во свои раце. Десетици луѓе се редеа пред неколку продавници на Лидл низ парискиот регион минатиот четврток со надеж ...

Уставниот суд утре ќе ја одржи 18. седница на која ќе се дискутира по иницијатива на политичките партии Левица и Демократи, во кои се оспорени одредби од Изборниот законик. Одредбите се однесуваат на платеното политичко рекламирање. Левица во иницијативата наведува дека оспорените одредби од Изборниот законик промовираат дискриминаторски пристап од аспект на достапноста на медиумскиот простор и распределување на јавните финансиски средства ...

Иако ретко зборува за својот приватен живот, Џулија Робертс направи исклучок и објави фотографија со својот сопруг Дени Модер по повод нивниот голем ден. Жената со најубава насмевка е исто така жена која ја чува својата приватност за себе. Џулија Робертс ретко зборува за своето семејство и деца, особено за својот сопруг Даниел Модер, со кого е среќно во брак многу години. Сепак, актерката сега направи исклучок и објави ретка фотографија по ...

Шпанската метеоролошка агенција Аемет издаде црвена тревога за екстремна топлина во делови од три региони во источна Шпанија, каде што максималните температури би можеле да достигнат помеѓу 40 и 42 степени Целзиусови. Црвената тревога, која опфаќа делови од Каталонија и регионите Валенсија и Сарагоса, сигнализира „исклучителна опасност“ со потенцијално „многу сериозно влијание“ врз имотот и населението. Се очекува новиот топлотен бран да ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска че учествува на самитот на НАТО во Анкара. Таа утре ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Сиљановска – Давкова ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и ...

Студентите добиваат можност стекнатото знаење за време на студиите да го применат во пракса уште пред нивното дипломирање, работејќи директно во општините, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа се овозможува преку програмата „Месеци на практикантство“ која ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Со имплементацијата на оваа програма Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите и спроведува една од мерките ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината. „Во моментот услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 лица, што значи дека има уште слободни места и ги повикувам сите ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.72
64%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.13
77%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.97
72%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.39
51%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.67
57%
1012
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
0.6
90%
1012
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
57%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.85
66%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.47
92%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
3.58
68%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.13
57%
1008
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Платина

51987.76

Паладиум

40220.58

Бакар

12.76

Иридиум

252383.36

Сребро

1904.32

Алуминиум

3.17

Калај

54.05

Родиум

263636.12

Злато

131467.62

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Цинк

0.00