Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Пораките што ги разменувале Тејлор Свифт и Блејк Лајвли излегоа на виделина во судските списи во рамки на правниот спор меѓу Лајвли и актерот Џастин Балдони. Спорот произлегол од снимањето на филмот „Ова завршува со нас“, во кој двајцата имаат главни улоги, а Лајвли поднела тужба против својот колега и режисер за сексуално вознемирување и клевета, пишува „Ладбибле“. Лајвли тврди дека Балдони ја вознемирувал и водел кампања на оцрнување ...
„Ер Форс Уан“, во кој се наоѓаше претседателот Трамп, мораше да се врати во Мериленд кратко по полетувањето поради, како што изјавија претставници на Белата куќа, „мал електричен проблем“. Авионот се упатил кон Давос, Швајцарија, а Трамп го продолжил своето патување со друг авион околу еден час подоцна, објави CBS News. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите дека екипажот забележал „мал електричен проблем“ по ...
Американскиот министер за финансии Скот Бесент на конференција во Давос порача дека САД спроведуваат „ребаланс на меѓународната трговија“, кој, според него, одамна бил потребен. Според податоците за октомври, трговскиот дефицит на САД е на најниско ниво од 2009 година. Бесент рече дека светот е побезбеден кога Америка е силна. На прашањето за ризиците од трговска војна со Европа и прашањето за Гренланд, Бесент одговори дека не е сигурен ...
Tуристички хеликоптер со три лица исчезна вчера во близина на планината Асо, еден од најактивните вулкани во Јапонија. Авионот полетал од зоолошката градина во градот Асо на десетминутен панорамски лет, но не се вратил во закажаното време, пишува Би-Би-Си. Според локалните извештаи што се повикуваат на полицијата, хеликоптерот полетал во 10:52 часот по локално време. Во него се наоѓал 64-годишен пилот со 40 години искуство и двајца патници, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постапува неразумно и го распалува политичкиот конфликт, изјавил градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју за британскиот весник Тајмс, пренесува РИА Новости. „Претседателот неразумно го распалува политичкиот судир во земјата, токму во момент кога ѝ е потребно единство“, рекол Кличко, според текстот. Тој открил дека Зеленски го одбил неговото барање за средба, кога се обидел да разговара ...
Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе пристигне со околу три часа задоцнување на Светскиот економски форум во Давос, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент. „Верувам дека претседателот Трамп ќе доцни околу три часа“, рече Бесент на прес-конференција во Давос, одговарајќи на новинарско прашање за доцнењето на авионот „Ер Форс 1“. Трамп треба да се обрати пред светските лидери во текот на денот. Според медиумите, ...
Заканата од американскиот претседател Доналд Трамп за воведување казнени царини кон секој што би се обидел да го спречи во намерата да го преземе Гренланд беше „капката што ја прелеа чашата“ за многу европски влади, пишува „Политико“, пренесе „Индекс“. По една година напнатости од враќањето на Трамп во Белата куќа, сè погласно се зборува за неминовен трансатлантски развод. Некои европски функционери како основа за нов безбедносен сојуз без ...
Европската Унија мора да ги забрза своите напори кон независност за да се одбрани во светот што брзо се менува, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Се наоѓаме на раскрсница. Европа претпочита дијалог и решенија, но ние сме целосно подготвени да дејствуваме, доколку е потребно, со единство, итност и решителност“, рече Фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент, пренесува Ројтерс. Таа истакна ...
Поранешниот јужнокорејски премиер Хан Дак-су денес беше осуден на 23 години затвор за помагање и поттикнување на прогласувањето вонредна состојба со која накратко беше суспендирана граѓанската влада и земјата беше втурната во хаос. Обвинетиот „ја занемари својата должност и одговорност како премиер до самиот крај“, рече судијата Ли Џин-гван од Централниот окружен суд во Сеул. „Го осудуваме обвинетиот на 23 години затвор“, додаде тој. Казната ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу САД и нивните европски сојузници поради барањето на американскиот претседател Доналд Трамп — САД да го преземат Гренланд. „Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам тоа да го направам јавно“, рече Руте за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, пренесе „Ројтерс“. Тој ...
Црна Гора би можела да затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување со Европската Унија (ЕУ) следната недела, а тоа е Поглавје 32, финансиски надзор, изјави црногорската министерка за европски прашања, Маида Горчевиќ. Таа истакна дека поглавјето 32, кое е под надлежност на Министерството за финансии на Црна Гора, било технички подготвено претходната година, но неговото затворање било одложено поради внатрешните процедури на ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешна прес-конференција изнесе обвинувања кон поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. Според Петрушевски, двајцата му нуделе помош во тековната судска постапка на докторот Жан Митрев, во замена за отстапување на неговата болница по „багателна цена“. „Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз др. ...
Сите државни патишта во земјата се проодни и безбедни за сообраќај, соопшти Министерството за транспорт. Сообраќајот се одвива непречено, но поради актуелните врнежи од снег надлежните препорачуваат внимателно и прилагодено возење. Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека нивните екипи се целосно мобилизирани, со располагање на потребната механизација и работна сила, и во континуитет вршат расчистување на снегот на терен. ...
Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле да ги престигнат Турците, кои со децении се на првото место. Според податоците од Централниот регистар на странци (AZR) од 30 ноември 2025 година, во Германија се регистрирани 1,52 милиони турски државјани и повеќе од 1,4 милиони Украинци, објавува FOCUS. Бројот на имигранти од Украина значително се зголеми ...
Во 10:45 часот на патниот правец А2 Струга – ГП Ќафасан се прекинува забраната за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ. Забрани за тешки товарни возила утрово се воведени на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ. Според последната информација од Министерството за транспорт, сите државни патишта во земјата се проодни и безбедни за сообраќај. Текстот Укината забраната за камиони на ...
Изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 150 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле пет лица, сите за возење под ...
ЈП „Комунална хигиена Скопје“ спроведува активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот, соопштија од претпријатието. Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и ...
Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Според МВР, целта е ...
„Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари. Градот е парализиран, сообраќајакот е во хаос. Службите не функционираат, не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално“, велат од СДСМ. „Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО. Дали ова е „Safe city“? Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и сè друго, нема да биде злоупотребен од ...
„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле. Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење, наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид пандемијата, Филипче и Заев наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја ...
Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, известуваат од Град Скопје. „Снегот не е изненадување ...
„Криминалната ВМРО ги изненади снег во јануари. Институциите не функционираат, патиштата и улиците не се исчистени. Фотографиите од колапсот во Скопје и во Македонија покажуваат дека сообраќајот е небезбеден“, велат од СДСМ. „Граѓаните се оставени сами ама градоначалниците и функционерите од ВМРО тријат раце. Тендерите за чистење снег се едни од омилените на ВМРО. Снежните наноси по патиштата се идила за градоначалниците од тендер ...
Службите на Општина Центар од утринава се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот. Фрлени се 15 тони сол на коловозите, со приоритет на најкритичните точки. Механизацијата интервенира на пристапите кон Водно, каде што се расчистува снегот и се фрла сол, известуваат од Општината. Паралелно се чистат тротоарите и пешачките патеки, како и просторот околу здравствените установи, училиштата и градинките, за безбедно движење на ...
По снежните врнежи кои го зафатија цело Скопје, општина Кисела Вода од раните утрински часови спроведува интензивни активности за чистење и одржување на патната инфраструктура со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, извести Општината. „Активиран е Кризниот штаб на општина Кисела Вода, кој е во постојана комуникација со сите надлежни служби и ја координира работата на терен, овозможувајќи ефикасно справување со ...
По бременоста, многу жени забележуваат промени во нивните тела што можат да влијаат на нивната самодоверба, а целулитот е еден од најчестите предизвици со кои се соочуваат. Одредени намирници можат да помогнат во одржувањето на здрава кожа, балансирање на хормоните и намалување на појавата на целулит. Еве неколку здрави намирници: Боровинки Редовното консумирање овошје, вклучувајќи боровинки, е поврзано со помала телесна тежина. Студиите ...
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ. „Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со ...
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски го посети првото новороденче во Општината во 2026 година – машко бебе, на кое му беа врачени пригодни подароци. Посетата е дел од континуираните активности на општина Крива Паланка за поддршка на младите семејства и афирмација на наталитетот. „Во рамки на мерките за поддршка на семејствата со новороденче, финансиската поддршка што ја обезбедува општина Крива Паланка изнесува 15.000 ...
Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда, велат ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште) – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден) Текстот Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два ...
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...