Тамара Тодевска ја објавува „Дива“, третиот сингл од новиот визуелен албум „Кукла жива“. Станува збор за брза, динамична и летна песна, која носи енергија, став и порака за слобода, самодоверба и женска сила. „Дива, дива, дива – без страв, без срам, без вина“ е рефренот кој ја носи главната порака на песната: да бидеш своја, без компромиси и без извинување за тоа што си. Музиката и текстот се потпишани од Коста Петров и Тамара Тодевска, а ...

Иинтерпол денес го објави идентитетот на жената осомничена за бомбашкиот напад во Монако, чија цел беше украинскиот тајкун Вадим Јермолаев. Интерпол објави црвена потерница на својата веб-страница за 39-годишната Украинка Анастасија Березовски. Според потерницата, Березовски има тетоважа, веројатно од змија, на десната рака, од рамото до лактот. Се вели дека има и темна коса и зборува германски. Властите на Монако бараат нејзино апсење под ...

По големиот број пораки, прашања, искрени желби и понуди за помош од читателите, издавачката куќа „Антолог“ објави информации за начините на кои граѓаните можат да помогнат по невремето што предизвика огромна материјална штета и уништи околу 70 проценти од книжевното богатство на издавачката куќа. Од „Антолог“ им се заблагодаруваат на сите граѓани за искрените желби, прашања, сугестии и досегашната поддршка, нагласувајќи дека болката и ...

Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келс почнува да добива свој облик, но двајцата не градат замок во Медисон Сквер Гарден, спротивно на некои извештаи. Инсајдери за списанието „People“ велат дека иако иконското место во Њујорк изгледа „трансформирано“, славната двојка, за која се очекува наскоро да се венча, не гради замок внатре. – Не е замок, но изгледа многу посебно. Имаат трева, теписи и крошни, и изгледа како место каде што би се ...

Поради најавената продажба на 200.000 вентилатори и преносни клима уреди, огромни редици се формираа вчера пред супермаркетите на „Лидл“ низ Франција. Во некои случаи, чекањето на стотици клиенти се претвори во туркање и тепачки, што доведе до тоа полицијата да мора да интервенира во неколку продавници, објавува Euronews. Околу 200 луѓе се собраа пред продавница на „Лидл“ во Париз, чекајќи до два часа да се отвори. Поради зголемената толпа и ...

СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии, истакна денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС, вели тој, ги притисна да се противат на ...

Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал привлекува внимание не само на теренот, туку и со својата модна изјава. Пред осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Австрија во Лос Анџелес, 18-годишниот напаѓач пристигна на стадионот SoFi со впечатлив ланец чија вредност се проценува на стотици илјади евра, пишува Daily Mail. Се верува дека Јамал го нарачал ѓерданот од компанијата „The AJ Jewels“, која, според нејзиниот Инстаграм профил, ...

Мицкоски се фали со „инвестиции во дигитализација и иновации“. Прашуваме: Кои инвестиции во дигитализација? Дали мисли на дата центри кои ќе го уништат електроснабдувањето во Македонија?, прашуваат од СДСМ. „Дата центрите трошат огромни количини на електрична енергија – колку цели градови, во момент кога Македонија веќе има сериозни проблеми со производство на струја и секојдневно увезува. Додека граѓаните плаќаат високи сметки и се ...

Македонската комуникациска индустрија годинава доби свое претставување на регионалниот фестивал „Дани комуникација“ во Ровињ, каде Предраг Николовски, ко-основач и креативен директор на AdValue, одржа презентација за состојбата, трендовите и потенцијалот на домашниот пазар. Во разговор за Marketing365, Николовски зборува за клучните пораки што ги пренесе пред регионалната публика, за предностите и предизвиците на македонската маркетинг ...

Иконата на Формула 1, Луис Хамилтон, за прв пат јавно проговори за својата врска со Ким Кардашијан, ставајќи крај на месеците шпекулации за нивната врска. Гласините за романса помеѓу 41-годишниот возач и 45-годишната риалити ѕвезда се засилија во текот на изминатата година, откако Кардашијан беше видена неколку пати на Гран При трките, вклучувајќи ги и оние во Мајами и Монако. Иако двајцата долго време се обидуваа да го држат својот приватен ...

Премиерот на Молдавија, Александру Мунтеану, денес ненадејно поднесе оставка од својата позиција. Овој потег подразбира оставка на целата влада. Тој ја извршува функцијата премиер на Молдавија од ноември минатата година, а не изјави зошто сега се повлекува. „Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам својот мандат во согласност со моите принципи и верувања, решив да поднесам оставка“, напиша тој на Икс. Тој додаде дека ќе ...

Според СДСМ, она што се претставува како платформа за „обединување на опозицијата“ во реалноста има сосема спротивна цел: систематско разбивање на опозицијата. „Ниту една сериозна критика кон власта. Ниту еден збор за корупцијата, за економскиот колапс, за празниот буџет или за авторитарното владеење. Целата енергија е насочена кон единствената опозиција – СДСМ која со сите сили се бори против огромната организирана криминална група што ...

Барселона започна со дистрибуција на нараквици за работниците кои работат на отворено за да го намалат ризикот од топлотен удар за време на сè почестите и интензивни топлотни бранови, објави „Ројтерс“. Градот купи околу 1.400 нараквици за општинските работници, вклучувајќи ги чистачите на улици, работниците за улично осветлување, работниците во парковите и работниците за отстранување на отпад. Нараквиците ја следат телесната температура на ...

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на краткотрајно невреме со град, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и ...

Дел од корисниците на општините Илинден и Ѓорче Петров денеска ќе останат без струја „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека за ден 03.07.2026 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци (Општина Илинден). Во периодот од 09.30 до 14.30 часот, дел корисниците од ул. Ѓуро Салај, како и корисниците од улиците Алекса Демниевски, улица 19, ...

Македонските олимпијци повторно се подготвени да ги одмерат своите знаења со најдобрите млади физичари од светот. Македонскиот тим синоќа замина за Букараманга, Колумбија, каде од 4 до 12 јули ќе учествува на 56. Меѓународна олимпијада по физика. Македонија ќе ја претставуваат: – Искра Нечаковска, IV година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола – Андрија Младеновиќ, III година, ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје – Панче Крстев, III ...

Општина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите, информираат од таму. Градоначалникот Горан Герасимовски кажа дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации. Покрај улица „Коле Неделковски“, се уредува мини пјацета на улица „8 Март“, а се ...

Додека камерите на стадионот во Торонто ги снимаа навивачите и познатите лица за време на натпреварот помеѓу Хрватска и Португалија, Џорџина Родригез овој пат не беше меѓу гледачите на трибините. Свршеницата на Кристијано Роналдо, кој постигна гол од пенал на натпреварот, го гледаше натпреварот од својот дом, а тоа го откри преку објави на Instagram Story. Една фотографија го прикажува емитувањето на церемонијата на отворањето пред почетокот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е „смешно“ САД да го продолжуваат, како што изјави, едностраниот однос со НАТО и повтори дека Алијансата не била тука кога на Вашингтон му била потребна помош. „Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа тука за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во ...

Спасувачите извлекоа жив маж од урнатините на осумкатна зграда во Венецуела осум дена по катастрофалниот земјотрес, во операција што меѓународните тимови ја опишаа како чудо. Хернан Алберто Гил Флорес, обезбедувач во 40-тите години, беше пронајден под речиси 9 метри урнатини на урнатиот паркинг на трговски центар во градот Ла Гваира, една од областите најтешко погодени од силните земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела. ...

Според ѕвездите, најсреќната личност во петок, 3 јули, ќе биде Лав. Додека многу знаци ќе се борат со предизвици на работа или во љубовта, за Лавовите се отвораат врати во речиси сите области. Ѕвездите им носат можности што не смеат да се пропуштат, а еден настан би можел да го одбележи целото нивно лето. Лавовите денес уживаат во силното влијание на Сонцето и Јупитер, што им носи исклучителна среќа во јавните настапи, работата и ...

На претстојниот самит на НАТО во Анкара, Канада планира да презентира иницијатива за основање нова меѓународна кредитна институција која би ги финансирала одбранбените и безбедносните проекти на сојузничките земји. Според западните агенции, станува збор за Банка за одбрана, безбедност и отпорност, чиј финансиски капацитет би можел да достигне околу 133 милијарди долари. Средствата би се користеле за доделување кредити под поповолни услови на ...

Денес се одбележува 55-годишнината од смртта на рок легендата Џим Морисон, но неговото наследство продолжува да живее. Како харизматичен фронтмен на „Дорс“, тој направи историја со својот уникатен глас, темна поезија и единствена енергија што влијаеше на цела генерација. За време на кратката, но исклучително интензивна кариера, тој стоеше зад култните песни „Light My Fire“, „Riders on the Storm“ и „Break on Through (To the Other Side)“. ...

Турските власти забранија крузер со странски патници од ЛГБТК+ заедницата да се закотвува во пристаништата, наведувајќи ја заштитата на „моралните стандарди“ и „семејните вредности“. Одлуката беше потврдена во четврток од извршниот директор на компанијата што ја организира медитеранската турнеја. Крузерот „Атина до Венеција“, кој отплови од Грција на 5 јули, требаше да се закотви во турското пристаниште Кушадаси два дена подоцна, а потоа да ...

Ковчезите со останките на убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи и неколку членови на неговото семејство се изложени во Техеран, додека Иран се подготвува за погребни поворки за кои се очекува да привлечат милиони луѓе од 4 до 9 јули. Хамнеи и членовите на неговото семејство беа убиени кон крајот на февруари во раните фази од војната меѓу Иран и САД и Израел. Иранските државни медиуми објавија дека меѓу оние што се изложени во ...

Според астролошките толкувања, некои хороскопски знаци почесто привлекуваат конфликти и недоразбирања поради својот карактер и начинот на кој комуницираат. Овенот е директен и импулсивен, па неговата искреност често се доживува како напад, иако најчесто нема лоша намера. Шкорпијата остава силен впечаток со својата интуиција и продорност, поради што кај некои луѓе предизвикува восхит, а кај други недоверба. Водолијата, пак, е позната по ...

Новиот албум на Мадона, „Confessions II“, кој излегува на 3 јули, предизвика внимание поради песната „Bizarre“, за која многумина сметаат дека е инспирирана од нејзиниот поранешен сопруг Шон Пен. Во стиховите пејачката алудира на несигурност, славата и нивниот четиригодишен брак, а споменува и автомобил што наводно му го подарила, како и негов инцидент со несовесно возење. Ниту Мадона ниту Шон Пен засега не коментирале дали песната навистина ...

Започнува реализацијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“. Град Скопје соопшти дека проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот. „Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата на нова атмосферска ...

Најмалку пет лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија во преполно кафуле во центарот на Дамаск, соопштија сириските државни медиуми. Според државната телевизија, во кафулето, кое се наоѓа во близина на Палатата на правдата, била поставена бомба. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Ова е еден од ретките напади во сириската престолнина по соборувањето на поранешниот претседател Башар ел Асад кон крајот на 2024 година. Во ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ги повика властите во Босна и Херцеговина да ги забрзаат реформите неопходни за напредок кон членство во ЕУ. За време на посетата на Сараево, Калас предупреди дека земјата ризикува да остане без околу една милијарда евра европска финансиска поддршка наменета за спроведување реформи доколку не продолжи со европската агенда. Таа истакна дека БиХ не смее ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
46%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
4.47
59%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.21
58%
1012
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.47
52%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.14
43%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.89
73%
1013
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
49%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.16
71%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.85
91%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
57%
1012
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
55%
1009
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
3.58
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Злато

131467.62

Иридиум

252383.36

Родиум

263636.12

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.17

Бакар

12.76

Калај

54.05

Кобалт

56.29

Сребро

1904.32

Платина

51987.76

Паладиум

40220.58

Цинк

0.00