Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Минатонеделниот топлотен бран предизвикал околу 480 дополнителни смртни случаи во Холандија, соопштија здравствените власти. Најголем дел од починатите биле лица постари од 80 години, а најпогодени биле јужните и источните делови на земјата, каде што температурите достигнале речиси 40 Целзиусови степени. Претходно и Франција соопшти дека за време на истиот топлотен бран биле регистрирани најмалку 1.000 дополнителни смртни случаи. Според ...
Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“. Прашуваме: За кои реформи?, велат од СДСМ. „За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда? Македонија е во опасност да остане надвор од ...
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а максималната од 22 до 34 степени, јавува УХМР. Во Скопје ќе биде ...
Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци имаат најголем потенцијал за финансиски успех благодарение на своите карактерни особини. Бикот се издвојува по рационалното управување со парите, штедливоста и стремежот кон финансиска сигурност. Овенот е амбициозен, сака предизвици и често напредува во кариерата, иако знае импулсивно да троши. Девицата успехот го гради постепено, со дисциплина, прецизност и внимателно планирање, што ѝ ...
Албанската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера антивладините демонстранти пред парламентот во Тирана, откако тие фрлаа јајца и брашно кон полицајците и пратениците. Според албанските медиуми, во судирите се повредени тројца полицајци и еден демонстрант. Протестите започнаа пред повеќе од еден месец поради планираната изградба на луксузен туристички комплекс, а во меѓувреме прераснаа во поширок бран ...
Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил се осврна на актуелните политички случувања и упати критички пораки кон поранешни функционери кои, како што наведува, денес се претставуваат како реформатори. Во објавата, Велковски напиша: ВИТЕЗИТЕ НА ТРКАЛЕЗНАТА МАСА Генерали без војска. Архитекти на поразите, денес се претставуваат како реформатори. Вчера седнаа на тркалезна маса да ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и неговите коалициски партнери во владата денес презентираа сеопфатен пакет реформи со цел да се врати забавената економија на земјата на вистинскиот пат. Точно 34 мерки вклучуваат намалување на данокот на доход за семејствата со ниски и средни приходи, реформа на кревкиот пензиски систем, построги правила за боледување на вработените и намалување на бирократијата во земјата. „Сите овие реформи имаат една ...
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денес. Земјотресот се случи околу 11 часот по локално време, на длабочина од околу 15 километри. Земјотресот е регистриран на околу 25 километри од островот Карпатос и на околу 189 километри од Хераклион на островот Крит. Досега нема извештаи за материјална штета или повредени. „Лежалките се тресеа додека бевме на нив“, „Земјата се тресеше силно“, „Седев на работ ...
Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку? Нема како да им објасни дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво, истакнуваат од СДСМ. Ова, како што оценуваат, е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата. „Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат ...
Продолжуваат протестите пред албанскиот парламент, каде што граѓаните се собраа да протестираат против албанскиот премиер Еди Рама и неговата влада, одговарајќи на повикот на организаторот за одржување протест паралелно со пленарната седница на собранието. Според албанските медиуми, полицијата употребила солзавец, спреј со бибер и водени топови. Граѓаните се собраа пред собранието од раните утрински часови, а веднаш по почетокот на седницата ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (2 јули) на прес-конференција во Министерството ги сумираше резултатите во одбраната и во Армијата во изминатите две години при што истакна дека земјава е безбедна и сигурна и дека процесот за модернизација и опремување, како и развојот на кадарот, поддржани од стабилниот раст на буџетот се реализираат со интензивно темпо. „Она што сите го знаете е дека буџетот е над 2% и вчера ги слушнавме од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот на ...
Десетици илјади книги, инвентар, техника и возила на издавачката куќа „Антолог“ се целосно уништени во вчерашното невреме што го зафати Скопје. Од таму велат дека целосно се поплавени магацинските простории и дека загубата е неверојатно голема. „Драги Антологџии, „Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Огромното невреме што вчера ги погоди Скопје и реонот на Кисела Вода и јавната канализациска инфраструктура што ја ...
Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и здравствените власти денес објавија дека епидемија на инфекција со салмонела поврзана со ароматизирани инстант тестенини е регистрирана во неколку европски земји, со 106 потврдени случаи, претежно кај деца и млади луѓе. Случаите за прв пат беа пријавени во ноември, а најмалку 49 лица беа хоспитализирани, соопштија EFSA и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) во ...
Вишото јавно обвинителство во Штип утврди дека родителите на ученичките кои тепаа нивна соученичка во Штип, додека други машки деца го снимаа настанот, не се одговорни за постапките на нивните деца. Со ова се потврди одлуката на Основното јавно обвинителство во Штип за отфрлање на кривичните пријави против родителите на децата кои го тепаа девојчето. „Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното ...
По насилното укинување на техничката Влада и рушењето на политичкиот консензус, Христијан Мицкоски сега сака да протне и Изборен закон кој отвора простор за нов изборен грабеж, изјави Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Сака, како што рече, шверцерски да се воведе електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето. „Додека секој граѓанин кој гласа во татковината ...
За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, Центарот за управување со кризи, воспоставува систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. Во моментов се оперативни поголем број камери, а во тек е проширување на мрежата на околу 50 камери, со што значително ќе се зголеми покриеноста на критичните шумски подрачја низ државата. Системот овозможува 24/7 мониторинг ...
Министерството за внатрешни работи објави повик за прием на 200 редовни ученици за Средното полициско училиште „7-ми Мај“. Редовните ученици кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на Република Северна Македонија (кандидатите) треба да ги исполнат општите и посебните услови за прием и селекција утврдени со закон и подзаконски пропис донесен врз основа на закон. 2. Секој од кандидатите треба да ги ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска присуствуваше при приемот на двете нови теренски возила што Дирекцијата ги набави преку иницијативата „Волонтер 2“ (VOLUnteer II), со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција. Новите возила со 4×4 погон ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари и други природни и ...
Ниските цени на облеката од популарните веб страници за брза мода како „Шеин“ и „Тему“ кријат токсична реалност, бидејќи тестовите откриваат дека речиси 70 проценти од таквите производи содржат опасни хемикалии. Поради растечките докази за влијанието на скриената цена на ултраевтината облека врз здравјето на луѓето, Европската Унија воведува нови мерки за ограничување на увозот од овие е-платформи, пишува Euronews. Повеќе од 5,8 милиони ...
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати, вели Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на прес-конференција. Според неа, значаен дел од ...
СДСМ Аеродром најостро го осудува бруталното врсничко насилство врз малолетно девојче во Аеродром. Сцените на тепање, понижување и снимање на насилството од страна на други малолетници се срам за општеството и доказ дека институциите сериозно потфрлаат во заштитата на децата, реагираат од оваа партија. Го повикуваат Министерството за внатрешни работи итно да го расчисти случајот и да ја утврди одговорноста на сите учесници и итно да истражи ...
Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“, соопштија од Општина Карпош. На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето ...
Од СДСМ алармираат како што истакнуваат за исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. После невремето во Скопје, според портпаролката на оваа партија Богданка Кузеска, поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија. Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод. „Не станува збор за обична дождовна ...
По обилните врнежи од дожд, сезонските работници на Општина Чаир, во соработка со екипите на ЈП „Комунална хигиена“, беа ангажирани до доцна во ноќта и продолжуваат со активности и денес, информираат од општината. Интервенциите, како што нагласуваат, се реализираат на улиците и јавните површини низ целата општина, согласно утврдените приоритети и потребите на терен, со цел што побрзо враќање на чистотата и функционалноста. „Паралелно со ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето ...
Полицијата ќе поднесе кривични пријави против две малолетнички по насилството врз девојче во Аеродром. Откако во јавноста беше објавено видео од насилство врз девојче, во полициска станица извршен е разговор со две малолетнички и нивните родители, соопшти МВР. Вчера, 1 јули, во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријавила дека претходниот ден, на 30 јуни околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ...
Памела Андерсон го прослави својот 59-ти роденден на Француската ривиера, каде што го поминува летото во Сен Тропе, во целосно опуштена облека. Таа објави серија фотографии на Инстаграм на кои шета и го истражува градот во бел фустан, со шал на главата и корпа во рака. Сепак, фотографиите во жолт едноделен костим за капење, кои веднаш потсетија на нејзините денови во серијата Baywatch, привлекоа најголемо внимание. View this post on ...
Двајца пациенти починаа рано утрово во пожар во болница во Лудвигслуст, на север од Германија, а најмалку 34 лица се повредени, објави противпожарната служба на тој град. Болницата е целосно евакуирана откако избувнал пожарот, а противпожарната служба објави дека пациентите се згрижени на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагешау“. Според првичните информации, пожарот избувнал во собата на еден од пациентите, по што се ...
Актерката Ен Хатавеј (43) го покажа своето трудничко стомаче само неколку недели откако беше објавено дека го очекува своето трето дете со сопругот Адам Шулман. Папараците ја фотографираа на улиците на Њујорк во совршен изглед за трудници. Ен избра долг комбинезон во боја на цреша од брендот „Ashlyn New York“ кој имаше струкиран крој под стомакот. View this post on Instagram A post shared by Hollywood Pipeline (@thehollywoodpipeline) ...