Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Каракас, додека спасувачките екипи четврти ден ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани по двата разорни земјотреси во кои загинаа 1.500 луѓе, објавува Ројтерс. Спасувачките екипи се особено фокусирани на Ла Гуера, подрачјето најпогодено од земјотресите во земјата што се соочува со длабока политичка и економска криза. Венецуела доби помош од 24 земји, ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. „Пет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници, а еден возел со активна забрана за управување на патничко возило. По едно лице во Скопје (малолетник), Гостивар (малолетник), Куманово, Кавадарци и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, едно лице на Граничен ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (на ден 30.06.2026) поради реконструкција на пумпениот дел во Хидрофор Бардовци и поставување на нова пумпа, ќе има прекин на водоснабдување во населното место Бардовци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 01:00 часот до 10:00 часот. Утре, (30.06.2026) поради дефект на затворач ф-150 мм на ул.Народен Фронт 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од ...

Турција мора да биде вклучена во сите европски одбранбени и безбедносни структури, изјави денес претседателот Реџеп Таип Ердоган, една недела пред клучниот самит на НАТО во Анкара. Неговите коментари доаѓаат во време кога Европа се обидува да ја обнови својата одбрана во услови на руска закана и ризик од повлекување на САД од НАТО, додека воената алијанса се подготвува за клучен самит во турската престолнина на 7 и 8 јули. – Незаменливиот ...

Исплашено куче е спасено од урнатините на станбена зграда во Венецуела, објави претседателот на Салвадор, Наиб Букеле. На видеото што го објави претседателот на Салвадор се гледа како исплашено куче е извлечено од урнатините на станбена зграда од страна на тим салвадорски спасувачи во венецуелската престолнина Каракас. Кучето залајало кога забележало еден од спасувачите кој се пробил низ урнатините. Hemos encontrado con vida a este perrito ...

Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје повторно ќе заживее, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Фонтаната која некогаш мамеше погледи од скопјани, гости и туристи, фонтаната која беше едно од најпрепознатливите лица на центарот на градот, по повеќе од една деценија заборав, негрижа и пропаѓање, конечно се враќа во функција. Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки товарни возила. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес. „Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака контролиран како што Христијан Мицкоски тргнал да ...

Утре со почеток во 20:00 часот, на платото пред арена „Борис Трајковски“ се организира собир на кој ќе му биде оддадена почит на Владо Јаневски. „Утре, во 20:00 часот, на платото пред арена Борис Трајковски ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски. Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. ...

Престедателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека реконструкцијата на Владата не носи никаква суштинска промена ниту пак каков било бенефит за граѓаните. Филипче посочи дека станува збор за формална замена на имиња, без промена на политиките што изминатите две години доведоа до осиромашување, изолација и влошување на квалитетот на живот. „Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња е нешто што ...

Во пукање што се случи денеска во Штаде, Долна Саксонија, Германија, загинаа најмалку пет лица. Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат околу центарот на градот. BREAKING: Five people have been killed in a mass shooting in the northern German town of Stade Police have arrested a male shooter. The shooting took place near a youth facility. ...

САД и Иран утре ќе одржат нова рунда разговори во Доха, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, откако двете страни ги намалија тензиите во последните денови што се закануваа целосно да ги попречат мировните напори. „ИРАН ПОБАРА СРЕДБА. ЌЕ СЕ ОДРЖИ УТРЕ ВО ДОХА!“ напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Досега нема официјална потврда од Техеран. Покрај тоа, само неколку часа пред објавата на Трамп, висок ирански ...

Дамките од трева се чест проблем во текот на пролетта и летото, особено по поминување време во природа, работа во градината или кога децата си играат на отворено. Иако изгледаат тврдокорни, тие можат успешно да се отстранат ако се третираат навреме и со соодветни производи. Едно од наједноставните решенија е сода бикарбона, која се покажа како ефикасна за чистење на повеќето ткаенини како памук, полиестер и синтетика. Сепак, експертите ...

Државниот архив објави јавен повик до граѓаните и приватните иматели да подаруваат архивски материјали од историско значење, со цел нивно трајно зачувување и ставање на располагање за научни истражувања. Од Архивот посочуваат дека се бараат документи и друга архивска документација што има значење за националната и локалната историја, како и за политичкиот, стопанскиот и културниот живот во минатото. Подарениот архивски материјал ќе биде ...

Литванското Министерство за одбрана соопшти дека во моментов нема индикации дека Русија подготвува поголем воен напад врз балтичките земји, но предупреди дека ризикот од саботажи и хибридни закани останува висок. Реакцијата следува по напис на британскиот весник „Гардијан“, во кој, повикувајќи се на извори, се тврди дека Русија би можела да подготвува провокации против балтичките држави или Полска. Од Министерството наведуваат дека ваквите ...

Шакира повторно се најде во центарот на вниманието во екот на Светското првенство во фудбал 2026, откако објави видео на социјалните мрежи во кое танцува на официјалната песна „Dai Dai“ и менува дресови инспирирани од неколку репрезентации. Во видеото таа носи дресови на Колумбија, Аргентина, Канада и Јужна Кореја, што предизвика поделени реакции кај навивачите. Дел од нив изразија разочарување што не ги виделе дресовите на своите ...

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на ...

СДСМ обвини дека Владата го довела во ризик пензискиот систем и ја загрозува исплатата на пензиите, како и функционирањето на вториот пензиски столб. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека дупката во ПИОМ достигнала речиси 40 проценти, што, според неа, е показател дека Владата нема решение за долгорочна стабилност на пензискиот систем. „Изјавата на гувернерот Трајко Славески, дека до 80% од ...

Од ноќеска на полноќ, цената на дизелот ќе се намали, а цената на бензините ќе се зголеми, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 30.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар) Дизел гориво ...

Во Трубарево денеска беше отворена нова детска градинка „Кокиче“. „ Со огромна чест и гордост ја пуштивме во употреба новата детска градинка „Кокиче“, капитален проект кој повеќе децении беше желба и потреба на жителите од ова населено место. Денес тоа што долго се чекаше, конечно стана реалност. Изградивме современа детска градинка на површина од 720 квадратни метри, со пространи и функционални занимални, административни простории, ...

Македонскиот пејачк Владо Јанаевски ќе биде погребан во среда, 1 јули, на градските гробишта во Бутел. „Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека лично тој ја води операцијата за анализирање на цените на 600 прехранбени производи. Најави дека многу скоро резултатите ќе бидат видливи на терен. „Детално навлегуваме во оваа проблематика. Лично јас се занимавам со идентификување на тие 600 производи кои влегуваат во статистиката и јас лично го имам тоа како врвен приоритет“, рече премиерот Мицкоски денес по свеченото пуштање во употреба на нова ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави уредување на просторот околу зградата на МАНУ. „МАНУ е една од најважните и највредните институции во Македонија, дом на науката, уметноста, знаењето и мислата што ја движи државата напред. Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, извршивме обиколка на просторот околу седиштето на оваа значајна институција. Како Град Скопје, ќе ...

Чартер лет од Грција кон Лондон со 225 патници и седум членови на екипажот ноќеска принудно слета на аеродромот во Ерфурт, Германија, поради појава на чад во авионот. Екипажот на авионот „ербас А321“ на британската авиокомпанија „Џет2“ побарал итна помош, по што авионот безбедно слетал, а сите патници и членови на екипажот биле евакуирани без повредени. По проверката, пожарникарите не пронашле пожар ниту извор на чадот. Причината за ...

Најновата почит кон фудбалската легенда Лионел Меси во Аргентина брзо стана предмет на исмејување на социјалните медиуми. Статуата висока 26 метри беше поставена во Патагонија, но навивачите веднаш забележаа проблематичен детаљ во дизајнот. Статуата го прикажува Меси во дрес на репрезентацијата на Аргентина како клекнува над трофејот од Светското првенство, кој е поставен веднаш меѓу неговите нозе. Уметникот Алдо Беросија рече дека првичната ...

Абил Бауш И годинава не ја прекинуваме традицијата. Напротив, повторно сведочиме на ребаланс што не е само техничка измена на бројките, туку јасен показател дека првичните проекции биле поамбициозни од економската реалност што ја живееме. Изгледа дека кај нас ребалансот на Буџетот полека станува традиција, а не исклучок. Наместо документ што треба да биде внимателно испланирана финансиска рамка за една година, буџетот сè почесто се претвора ...

Една од најубавите плажи во Сардинија повторно се отвора по катастрофалниот пожар минатото лето, но новите правила веќе предизвикаа бран на негодување кај посетителите. Најконтроверзна е делумната забрана за употреба на чадори за сонце, поради што многумина се прашуваат како ќе се заштитат од силното летно сонце. Плажата Пунта Молентис, живописен залив во Виласимиус на југоисточниот брег на Сардинија, воведе нови правила како дел од мерките ...

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексис Г. Гринкевич, утре во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Генералот Алексис Г. Гринкевич како командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), ја има севкупната команда над операциите на НАТО на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата детска градинка „Пролет“ во Општина Гази Баба, при што истакна дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобар квалитет на живот на граѓаните. Тој нагласи дека првите шест до седум години од животот се клучни за развојот на децата и дека градинките се местата каде што тие стекнуваат знаења, пријателства и животни вредности. „Родителите сега ќе знаат ...

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) ја обвини Украина дека дозволува транзит на дрога од Латинска Америка кон Европа во замена за пари и други услуги. Според тврдењата на СВР, украинските власти им овозможуваат на нарко-картелите да ја користат земјата како коридор за шверц на дрога, вклучително и фентанил, а за возврат картелите помагаат во регрутирање странски платеници за украинската војска. Во соопштението се наведува и дека ...

Девет независни граѓански иницијативи побараа итни измени на Изборниот законик со кои, како што наведуваат, ќе се изедначат условите за учество на изборите со оние што важат за политичките партии. Станува збор за иницијативите „Шанса за Центар“, „Независни заедно“, „Подобро за Тетово“, „Ред за Куманово“, „Поинаку – Битола“, „Зелените од Гази Баба“, „Стига е – Струмица, Ново Село и Босилово“, „Ја штитам Беласица – Ново Село“ и „Движење ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.22
37%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
54%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.41
46%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
5.65
41%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.51
35%
1011
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
0.4
63%
1013
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
91%
1018
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
0.89
43%
1011
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
50%
1010
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.94
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

71.9957

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Бакар

12.76

Калај

54.05

Цинк

0.00

Сребро

1904.32

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Паладиум

40220.58

Родиум

263636.12

Злато

131467.62

Платина

51987.76