Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на својот говор пред Собранието, каде се одржa митинг под слоганот Србија, едно семејство, нагласи дека ова се неговите „последни денови и недели како претседател на Републиката“. „За мене, ова е веројатно последен пат да ви се обратам како претседател на Републиката. Верно и служев на мојата земја 14 години. Ја сакам Србија повеќе од се друго на земјата. Никогаш не ме интересирале туѓите ...
Околу седум милиони луѓе можно е да се директно погодени од разорните земјотреси во Венецуела, според проценките на Обединетите нации. „Најмалку 6,76 милиони луѓе може да бидат директно погодени од разорните земјотреси што ја потресоа Венецуела на 24 јуни. Потенцијалниот ефект од тоа може да е хуманитарна катастрофа“, соопшти Меѓународната организација за миграција, агенција на Обединетите нации. Тоа беа најсилните земјотреси во последните ...
Со силно темпо се работи на Вардариште. Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека, но, сигурно, заминува во историјата, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата фејсбук-страница. – Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од ...
Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но да вршат и плитка обработка (окупување) на почвата за да се зачува влагата и да се спречи формирањето кора, препорачуваат агрометеоролозите. Како што велат, во актуелните, летни временски услови со високи температури, треба да се преземат мерки и за уништување на плевелите, како и за заштита на растенијата од појава и развој на болести и ...
Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Текстот Утре во Скопје ќе се прска против ...
Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. -Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, ...
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како спасувачите во градот Ла Гваира го вадат бебето од урнатините и го предаваат на маж за кој се верува дека е нејзин татко. Агенцијата АФП известува дека малку подоцна и мајката на бебето е извлечена жива од урнатините. Спасувачките операции продолжуваат низ целата земја по двата последователни земјотреси, во кои загинаа најмалку 920 луѓе, додека повеќе од 3.360 беа повредени, објавува ...
Владата на Централноафриканската Република официјално прогласи епидемија на колера откако беа потврдени 24 смртни случаи и 197 заразени во областите Бимбо и Мбаики, југозападно од главниот град Банги, соопшти министерот за здравство на земјата, Пјер Сомсе. „Додека Централноафриканската Република се соочува со закана од епидемија на вирусот ебола што беснее во Демократска Република Конго и во Уганда, Министерството за здравство и население, ...
За две години покажавме дека дигиталната трансформација не е апстрактен концепт, туку дека значи извод без шалтер, уверение без губење денови, лиценца што се проверува со QR код, институции што разменуваат податоци меѓу себе, помалку документи и повеќе услуги на едно место, побрза администрација, пголема сајбер безбедност, повеќе дигитални вештини и можности за младите, како и повеќе доверба во институциите, рече денеска министерот за ...
Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито. Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес. На улицата ...
Поранешниот градоначалник на Општина Лозово од редовите на СДСМ, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил ги претстави приоритетите на, како што наведува, новата млада Влада, истакнувајќи дека нејзиниот едногодишен мандат ќе биде посветен на спроведување промени во повеќе клучни области. Според Велковски, меѓу главните приоритети се почетна плата од 1200 евра, силно државно здравство, квалитетно државно образование и заштита на ...
По воспоставувањето на системот „Безбеден град” за само пет месеци бројот на загинати во сообраќајот е намален за 40 проценти, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, евидентирани се 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период претходната година. Од 2 февруари до 22 јуни 2026 година преку „Безбеден град” се регистрирани и над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои ...
Близу 6.000 лица во Хрватска побарале лекување за зависност од дрога во текот на 2025 година, при што опиоидната зависност останува најчеста причина за терапија, иако се бележи пораст на случаи поврзани со други психоактивни супстанции, соопшти Хина. Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје, вкупно 5.904 лица беа вклучени во програми за лекување минатата година. Околу 4.500 лица се лекуваа од зависност од опиоиди, додека 1.415 ...
Обилни дождови предизвикаа поплави во делови од западна Јапонија, додека две тропски бури се приближуваат кон регионот на Токио. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека бурите „Мекхала“ и „Хигос“ се движат во близина на јужните острови и се очекува денеска да донесат нови силни врнежи. Во градот Нара едно лице е повредено откако падна во воден тек, јави јавниот сервис НХК. Во неколку градови, меѓу кои Кјото и Осака, се пријавени ризици ...
Според најновите податоци од Европскиот завод за статистика – Евростат, Србија е меѓу европските земји со најниско ниво на потрошувачки цени, кои изнесуваат околу 62,5 проценти од просекот на Европската Унија. Само во одредени држави од регионот е поевтино, како што се Бугарија, Романија и Северна Македонија, додека највисоки цени се забележани во Исланд, Швајцарија, Норвешка, Данска и Ирска, пишува денеска Политика. Сепак, економистите ...
Шри Ланка се соочува со епидемија на денга, откако бројот на потврдени случаи во 2026 година надмина 50.000, а досега починаа 29 лица, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на здравствените власти. Вршителот на должноста директор на Националната служба за контрола на денгата, Капила Кананагара, изјави дека во земјата дневно се регистрираат меѓу 600 и 700 нови случаи, што се должи на поволните временски услови, масовното размножување на ...
Министерот за здравство Азир Алиу на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, што вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики за унапредување на органодарителството, нагласувајќи дека станува збор за прашање кое бара доверба, човечност и зрелост на општеството. -Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само ...
Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева, јавија членови на семејството. Каракушева, која боледува од деменција, исчезна вчера околу 08:30 часот, кога излегла од нејзиниот дом во Орешани. Последен пат била забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши. Семејството изрази благодарност до сите кои помогнаа во потрагата. Текстот Жива е најдена исчезнатата жена од Орешани е превземен од МАКФАКС. ...
Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци, велат од опозициската СДСМ. „Тошковски ветуваше правда, велеше „брат да ми е, ќе одговара“ ама денеска никој не одговара. Криминалот и корупцијата цветаат во изминатите 2 години. Нема одговорност за ниту еден криминален тендер, нема одговорност ниту за петте тони дрога кои поминаа преку ...
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на повеќе од 900 лица, додека 3.360 се повредени, покажуваат најновите податоци на властите. Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините, додека семејствата во неизвесност чекаат информации за своите најблиски. Според Би-Би-Си, два силни земјотреси ја погодија Венецуела во средата, во интервал од само неколку секунди. Вториот потрес, со јачина ...
Летото е тука, а со него и сезоната на дињите, омиленото освежително овошје на многу луѓе. Без разлика дали се јадат сами, во овошна салата или со прошуто, дињите се суштински дел од летното мени. Но, препораките за безбедност на храната предупредуваат за еден чекор што многу луѓе го прескокнуваат – дињата треба темелно да се измие пред сечење, иако не ја јадеме нејзината кора. Адвокатот за безбедност на храната, Бил Марлер, со години ...
ЗНАМ повеќе не постои како здружение. Oстанати се само двајца – Горан Минчев и Максим Димитриевски, кои сега водат отворена битка за фотелји, бизниси и влијание, велат од СДСМ. „Ова е логичен крај на проектот што Христијан Мицкоски лично го создаде, финансираше и го користеше како политички сателит. Кога веќе не му е потребен, се однесува кон нив како газда кон непотребни слуги – ги фрла. ЗНАМ влезе во Владата со големи зборови за „програма ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска даде отчет за сработеното во изминатите две години, при што се презентираат резултатите од работењето на министерството и ефектите од спроведените мерки во областа на безбедноста и сообраќајот. Тој соопшти дека од почетокот на системот „Безбеден град“ на 02.02.2026 година, во првите пет месеци е забележано намалување на бројот на загинати во сообраќајни незгоди за околу 40 проценти, ...
Илјадници туристи утрово создадоа долги колони возила на граничниот премин Евзони при влез во Грција. Викендот и почетокот на летната туристичка сезона значително ги зголемуваат гужвите на овој граничен премин. Патниците губат драгоцено време додека чекаат за влез во јужниот сосед. Патниците чекаат подолго од вообичаено за да ја преминат државната граница. Зголемениот прилив на туристи кон грчките летувалишта ги засити капацитетите на ...
На 25 јули во раните утрински часови во скопската населба Бутел биле опожарени две патнички возила – „пасат“ и „мерцедес“, а едното од нив е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Полицијата работи на расчистување на случајот, додека сопствениците засега не знаат кој стои зад инцидентот. „На 25.06.2026 година, околу 02:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел се опожарени две возила – „пасат“ со ...
Од 1 јули до 31 август ќе важи целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кое стопанисува ЈП „Национални шуми“, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Одлуката е донесена по барање на ЈП „Национални шуми“ и согласно Законот за шумите, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. Забраната ќе важи во текот на целиот ден, од 00:00 до 24:00 часот, на сите површини со ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена ...
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) соопшти дека ќе одговори „брзо и решително“ на најновите американски напади врз Иран, јави иранската државна телевизија. ИРЦГ соопшти дека го одби американскиот напад врз островот Сирик, кој се наоѓа на брегот на Ормуската Теснина. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, по американските напади извршени по иранскиот напад врз трговски брод, изјави дека „на насилството ќе се ...
Мајката на 13-годишниот Андреј Симиќ, кој беше убиен од свој врсник, изјави дека родителите на момчето кое го извршило убиството плачеле за време на неговото сведочење во судницата, но дека никој не покажал интерес за нејзината болка. Родителите на малолетникот се обвинети за тешко дело против општата сигурност во соизвршителство, како и за запуштање и злоупотреба на малолетно лице. Самото момче, кое во моментот на убиството имало 13 години, ...
Германија постави апсолутен рекорд на температура со измерени 41,3 степени Целзиусови, кои беа забележани во западниот град Сарбрикен, полажуваат прелиминарните податоци од метеоролошката служба (DWD). „Оваа вредност е достигната во Германија за првпат“ од почетокот на метеоролошките мерења, соопшти мрежната служба Блускај. Претходниот рекорд на температура од 41,2 степени Целзиусови беше забележан во Германија на 25 јули 2019 година. ...