Тејлор Свифт подготви уште едно музичко изненадување за своите обожаватели објавувајќи нова верзија на нејзиниот хит „The Fate of Ophelia“. Новиот ремикс, потпишан од дуото „Loud Luxury“, пристигнува малку повеќе од еден месец по објавувањето на нејзиниот албум „The Life of a Showgirl“. Луѓето се воодушевени од новата верзија, а бројот на коментари под видеото на YouTube постојано расте. „Предобро“, „Ја слушам на ‘репит’“ и „Ја обожавам“, се ...

Дали би сакале да бидете погребани меѓу имиња како Џим Морисон, Оскар Вајлд и Едит Пјаф? На Парижаните им се нуди можност да освојат место за погреб во друштво на некои од легендарните уметници. Градот Париз започна лотарија за реставрација на надгробни споменици во преполните гробишта Пер Лашез, Монпарнас и Монмартр. Десет надгробни споменици на кои им е потребна поправка се нудат на овие гробишта за 4.000 евра по парче, под услов купувачите ...

Неколку десетици лица се повредени и хоспитализирани по експлозија што се случила во петок за време на молитва во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата. Властите ја истражуваат причината за експлозијата во Келапа Гадинг, во северниот дел на Џакарта, изјави шефот на полицијата Асеп Еди Сухер. Video: Explosion at Jakarta High School Leaves Several Students Injured https://t.co/z8YyHWiiKY ...

Младите луѓе во Украина масовно ја напуштаат земјата откако границите беа повторно отворени кон крајот на август, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа додаде дека во Берлин се сè помалку задоволни од ова и размислуваат за намалување на плаќањата. „Но, им ветивте на Украинците светла иднина, а потоа плаќајте им ги парите“, нареди Захарова, пренесува Спутник. Како што изјави таа, ова не е ...

Шест мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во близина на градот Бургас на Црното Море, јавува бугарската агенција „БТА“. „’Шкода’ со романски регистарски таблички превезувала 10 лица, не застанала кога наишла на полициски контролен пункт и се обидела да побегне синоќа“, изјави началникот на Граничната полиција, Антон Златанов, за „БТВ“. Шест лица загинале на лице место, додека возачот, романски државјанин, ...

Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот, истакнуваат од СДСМ. „Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ...

Во просек, секој ден по скоро 1 нов MW во последните четири години е вклучен на електроенергетскиот систем покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Заклучно со октомври (2022 година – октомври 2025 година) во Македонија има изградено нови капацитети кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 1 200 MW обелодени ...

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки. Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин на излез од државата, на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје. Проценетата вредност на златото изнесува 538 илјади ...

Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев? Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета, истакнуваат од СДСМ. „Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал. ...

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сѐ се може, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со големата акција за чистење на Скопје, чиј почеток беше означен синоќа кај салата „Борис Трајковски“ а на која беа присутни градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на скопските општини како и премиерот, Христијан Мицкоски. Ѓорѓиевски, останатите градоначалници и премиерот синоќа на „Фејсбук“ објавија ...

Руските научници предупредија за појава на силна магнетна бура, поради денешниот дополнителен ефект на короналната дупка, која ги преведе набљудуваните параметри на сончевиот ветер во целосно екстремни вредности. Земјата влезе во плазматскиот тек од короналната дупка во Сонцето, а се очекува пристигнување на два плазма облаци исфрлени од моќни сончеви ерупции, објави денес Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за космички ...

Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз каде партијата, како што велат, доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво. „Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран Заев ја доведе СДС до раб на исчезнување на политичкиот спектар. Венко Филипче ...

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство. На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го убиле велешанецот Ѓело Ѓошев. Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно ...

Фестивалот Skopje Design Week 2025 се отвора со саем на еколошки бизниси, 8. и 9. ноември, во PUBLIC ROOM. Во рамки на второто издание на Саемот, посетителите ќе имаат можност да запознаат и поддржат 24 македонски иновативни и еколошки бизниси, кои преку своите производи докажуваат дека малите чекори водат кон големи промени. По успешното прво издание во 2023 година, Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење Yes for Less повторно ја ...

Крадец заспал во стан во рускиот град Благовешченск откако го ограбил. Сопственичката го пронашла во таква состојба откако се вратила дома од работа, објави Одделот на Министерството за внатрешни работи на Амурскиот регион. Жената пријавила во полиција дека, по враќањето од ноќната смена, пронашла непознат маж во својот дом, пренесува РИА Новости. „Се покажа дека крадецот влегол во куќата низ прозорецот во текот на ноќта, со намера да изврши ...

Неколку лица се разболеле и биле однесени во болница откако сомнителен пакет со бел прав бил доставен до воздухопловната база „Ендрус“ во американската држава Мериленд, според официјални лица и извори запознаени со истрагата, пренесува CNN. Според соопштението од базата Ендрус, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, пренесува CNN. Тимовите за итна ...

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 ...

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“. „Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, ...

Неделата што претстои, од 10 до 16 ноември, носи исклучителен финансиски успех за три хороскопски знаци, но патот до успехот не лежи во ризични инвестиции. Наместо да се фокусирате на брза заработка, ѕвездите ве советуваат да го забавите трошењето, да го преиспитате вашиот буџет и да се посветите на долгорочни цели. Сега е време да се фокусирате на подобро управување со она што веќе го имате, наместо да преземате брзи чекори. Важно е да се ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, реагираше на изјавата на шефот на НАТО, Марк Руте, на тема Русија и кршењата на глобалните правила. Таа му наложи да го објави целосниот список на таканаречените правила, чие кршење неосновано ѝ се припишува на Москва. „Прво, за какви „глобални правила“ зборуваме? Барам нивниот целосен список да биде објавен на веб-страницата на НАТО. Досега никој не знае за какви ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги прими лидерите на 5 централноазиски земји во Белата куќа. Американскиот лидер ги идентификуваше критичните ретки земни елементи како клучен приоритет и ги истакна напорите на неговата администрација за обезбедување синџири на снабдување преку нови глобални договори. На средбата со Доналд Трамп присуствуваа лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. ...

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да останат рамнодушни кога ќе се соочат со неправда – тие се раѓаат со внатрешен компас што ги тера да реагираат и да се борат за подобар свет. ♈ Овен Овните реагираат веднаш кога ќе видат неправда – не калкулираат, не молчат и не се кријат зад тишина. Тие имаат силно чувство за чесност и не поднесуваат кога некој злоупотребува моќ или ги гази послабите. Нивната борба за правда е директна и гласна, ...

Маж кој по грешка бил ослободен од затвор истиот ден кога бил осуден, се вратил зад решетки сам по три дена на слобода, потврди полицијата. Вилијам Смит (35) се предал вчера во затворот ХМП Вандсворт, пишува Би-Би-Си. Всушност, Смит бил ослободен во понеделникот и покрај тоа што бил осуден на 45 месеци затвор за повеќекратни измами во Крунскиот суд Кројдон истиот ден. Тој е еден од двајцата затвореници погрешно ослободени од Вандсворт во ...

Дванаесетгодишната Норт Вест, ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, стана тема на јавноста поради лажни тетоважи, пирсинг и обоена коса, што многумина го нарекоа непримерно. Ким во интервју откри дека, кога еден обожавател ја критикувал, Норт самоуверено одговорила: „Ова е толку небитна работа.“ Ким изјави дека тоа бил совршен одговор и додаде дека ја поддржува креативноста на ќерка ѝ, иако понекогаш добива критики поради тоа што дозволува ...

Новата чешка влада го симна украинското знаме од зградата на парламентот, додека израелското остана поставено. Наредбата ја издал новоизбраниот претседател на Долниот дом, Томио Окамура, лидер на крајнодесничарската Партија на слободата и директната демократија (СПД), веднаш по преземањето на функцијата. Украинското знаме, кое се вееше покрај чешкото и знамето на Европската унија од февруари 2022 година, беше поставено како симбол на ...

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77 гласа „за“, 36 „против“ и без воздржани. Новите измени утврдуваат дека терминот род се однесува на општествено создадени улоги, однесувања и атрибути што се сметаат соодветни за жени и мажи. Опозициската Демократска партија остро се спротивстави, обвинувајќи дека законот има за цел „уништвање на семејството“. ...

Германската централна банка е загрижена за зголемувањето на нивото на долг во Европа и заканата што произлегува од тоа за германската финансиска стабилност. Високите коефициенти на јавен долг и БДП во Европа, со тренд на зголемување, претставуваат ризик, смета Бундесбанк, додавајќи дека повисоките јавни трошоци и товарот на каматата ја поткопуваат одржливоста на долгот на поединечните земји. „Германскиот финансиски систем е длабоко интегриран ...

Рама Дуваџи, сопругата на новиот градоначалник на Њујорк, Зохраб Мамдани, преку ноќ стана миленичка на генерацијата Z. Ја споредуваат со принцезата Дајана, се восхитуваат колку е кул, го копираат нејзиниот моден стил… Дуваџи е аниматорка и илустраторка чиј стил е сличен на многу млади уметници од Менхетен или Бруклин: таа комбинира каубојски чизми до колена со шорцеви или преголеми бели кошули со големи сребрени обетки и еден куп ѓердани. Таа ...

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) ја одржа Четвртата годишна конференција за здравство, под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, која оваа година беше посветена на потребата од конкретни и навремени чекори за поефикасно и подготвено здравство. „Од самиот почеток, нашата цел беше да создадеме платформа за континуиран дијалог меѓу институциите, индустријата, академијата и пациентите. ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги критикуваше светските лидери за нивниот неуспех да го ограничат затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови. Научниците потврдија дека светот ќе ја надмине границата од 1,5 степени Целзиусови околу 2030 година, што би можело да доведе до неповратни последици. „Премногу корпорации остваруваат рекордни профити од климатското уништување, додека милијарди се трошат за лобирање, заведување на јавноста и ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.67
91%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
78%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
86%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1010
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Кобалт

58.42

Бакар

10.95

Платина

52952.77

Калај

40.48

Паладиум

46425.68

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Сребро

1878.05

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44