Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Министерството за финансии прави анализи да немаат ДДВ сите основни прехранбени производи кои сега се со 5 проценти ДДВ, најави премиерот Мицкоски. Тој очекува инфлацијата во март да се движи помеѓу 4 и 5%. Оцени дека глобалната криза поради војната на Блискиот Исток ќе има продолжено дејство. „Мора да се подготвиме за тешка година, но како и да е тука сме да ги следиме сите овие работи и да реагираме врз основа на приоритетите. Треба да се ...
Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден се доградува нов објект со 10 училници кој ќе овозможи да се воведе едносменска настава, концепт кој го промовира Владата, а го прифаќаат сé поголем број општини во државата. Увид во градежните работи денес извршија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Александар Георгиевски. „Честитки до општината за оваа инвестиција што ќе ...
Владата утре на вонредна седница повторно ќе носи мерки за цените против поскапувањето на горивата. Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска кажа дека се исполнети условите за намалување на акцизите. Според него, акцизата за дизелот ќе се намали за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денара по литар. „Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи ...
Војната на САД со Иран влегува во нова, потешка фаза откако два американски борбени авиони беа соборени над иранска територија. Иако овие инциденти не значат дека Иран е израмнет со САД во воената моќ, тие покажуваат колку војна каде страните имаат многу различни воени сили и можности, може да биде ризична. Американската јавност веќе е скептична за оправданоста на конфликтот. Преценети тврдења на Трамп и Хегсет Претседателот Доналд Трамп и ...
Астронаутите на мисијата Aртемис II ќе имаат богато и внимателно планирано мени од 189 различни јадења, прилагодено на нивните вкусови, нутритивните потреби и ограничувањата на вселенскиот брод, објави НАСА. На менито се најде сè, од зеленчук киш, брокула а’ла гратен и макарони со сирење, до манго салата и брускет од говедско месо. Тие исто така ќе имаат 58 тортиљи, кои се практични за јадење во микрогравитација и создаваат многу помалку ...
Францускиот брод „Криби“, под знаме на Малта, помина низ Ормутскиот теснец користејќи таканаречен „сигурен коридор“ во ирански води. Иран ги пренасочува бродовите од стандардната трговска рута кон север, околу островот Ларак, за да може Револуционерната гарда да ги прегледа визуелно. Овој коридор е наречен и „техеранска наплатна станица“. Податоците покажуваат дека „Криби“ имал активен систем за следење додека бил во ирански води, а по ...
Многу Германци ги менуваат своите планови за патување за Велигден и наредните месеци поради војна, кризи и политичка неизвесност, според анкета спроведена за туристичкиот сектор. Истражувањето на Германскиот институт за туризам покажало дека 16 отсто од 1.124 испитаници, анкетирани помеѓу 25 и 30 март, ги промениле своите планови за патувања во наредните три месеци поради глобалната политичка ситуација. Меѓу оние кои ги промениле плановите, ...
Среде криза Владата на Мицкоски преку УЈП удри директно по џебот на младите и по студентите, вели Петар Огњеновиќ, член на извршниот одбор на СДСМ. „Наместо поддршка, им испорачува нов товар – данок за тоа малку што самите го заработиле преку програмата „Work and Travel“. Наместо да ги мотивира, власта ги казнува младите што се трудат, работат и стекнуваат искуство. Во време на економска криза, кога младите едвај се снаоѓаат и бараат начин ...
Иран објави дека нуди награда од 60.000 долари за пронаоѓање на американскиот пилот кој исчезна по падот на борбениот авион F-15, јавува Скај Њуз. Еден од пилотите е спасен, додека за другиот се уште трага. „Ова покажува колку е ризично водењето воздушна војна во размерите на кои дејствуваат израелските и американските сили“, изјави дописничката на Скај Њуз, Дијана Магнеи. Таа додаде дека и Техеран и Вашингтон се обидуваат да стапат во ...
Советот за безбедност на ОН следната недела ќе гласа за резолуција за обезбедување премин низ Ормутскиот теснец, дознава Ројтерс од дипломатски извори. Гласањето првично беше закажано за петок, а потоа и подоцна денес, но сè уште не е одреден точен датум. Доколку биде усвоена, резолуцијата ќе им овозможи на државите да ги користат „сите потребни одбранбени средства“ за да обезбедат премин низ теснецот. Морските операции во теснецот, кој е ...
Австралиските власти ги повикаа граѓаните да не ги откажуваат своите планови за велигденските празници, и покрај тоа што стотици бензински пумпи, претежно во руралните области, останаа без гориво поради проблеми во снабдувањето предизвикани од војната на Блискиот Исток. Министерот за енергетика, Крис Боуен, упати апел до јавноста да патува, но со умерено користење на горивото. „Ги охрабруваме луѓето да се придржуваат до своите планови, да ги ...
Втор борбен авион на американските воздухопловни сили се урна во областа на Персискиот Залив, а единствениот пилот е спасен, изјавија двајца американски функционери за „Њујорк Тајмс“. Напаѓачкиот авион А-10 Warthog се урна во близина на Ормутскиот теснец приближно во исто време кога беше соборен Ф-15Е над Иран, според функционери кои зборуваа под услов на анонимност поради чувствителноста на оперативните информации. „Њујорк тајмс“ забележува ...
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Анкара не ги одобрува нападите врз Иран, но подеднакво не ги поддржува одмаздничките акции на Иран против земјите во регионот. Според турски дипломатски извори, двајцата лидери разговарале за билатералните односи и регионалните и глобалните прашања, пишува „Анадолу“. За време на разговорот, Ердоган предупреди дека ...
Американската вселенска агенција НАСА сподели нови слики од Земјата со висока резолуција на социјалните мрежи. „Добро утро, свету! Имаме спектакуларни нови слики со висока резолуција од нашата матична планета, сите ние гледаме низ прозорецот на капсулата Орион кон нашите астронаути Артемис II додека го продолжуваат своето патување кон Месечината“, соопшти агенцијата. Good morning, world! We have spectacular new high-resolution images of our ...
Маж активирал експлозивна направа во воз во близина на Бон во четвртокот навечер и им се заканувал на патниците со нож. Канцеларијата на државниот обвинител не ја исклучува можноста за политички мотив за делото, со оглед на тоа што е познато дека осомничениот е член на крајно десничарската сцена. „Покрената е истрага против осомничениот под сомнение за повеќекратен обид за убиство, обид за телесна повреда и прекршување на законот за ...
Белата куќа остро ги негираше медиумските извештаи дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ја разреши директорката на националното разузнавање Тулси Габард, нарекувајќи ги лажни вести. Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг, изјави дека Трамп има целосна доверба во Габард. Неговата изјава дојде како одговор на извештаите дека Трамп има намера да ја разреши шефицата на разузнавањето поради загриженост за ...
Додека НАТО се соочува со внатрешни превирања предизвикани од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можно повлекување на САД, амбасадорката на Украина во алијансата гледа можност во кризата. За разлика од загрижените сојузници како полскиот премиер Доналд Туск, кој ја гледа како остварување на „сонот на Путин“, Аљона Гетманчук верува дека ова е момент за трансформација, а не за пропаст на алијансата, пишува „Политико“. ...
Музичката еуфорија околу Јаков Јозиновиќ не се намалува, а младиот изведувач продолжува да има импресивни успеси во Белград. За помалку од 20 минути, тој го распродаде својот деветти концерт во Сава Центар, дополнително зацврстувајќи го својот статус како една од најголемите регионални сензации, пишува Индекс.хр. Интересот на публиката повторно беше огромен – околу 9.000 луѓе чекаа во виртуелен ред за да добијат билети за новиот датум. И ...
Американски борбен авион F-15 е соборен над Иран, што е прв познат случај на ирански сили кои собориле американски авион од почетокот на конфликтот. Претходно во војната, кувајтската воздушна одбрана собори три американски авиони F-15E во инцидент со пријателски оган. Инцидентот сериозно ги доведува во прашање неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет, кои постојано сугерираа дека САД ...
Мобилната единица на МВР санкционираше правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на деца. Полицијата го запрела автобусот и било утврдено дека има 37 патници односно деца повеќе од дозволеното, а на технички преглед биле утврдени неисправни сопирачки. „Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на ...
Поранешниот ирански министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф верува дека Техеран треба да ја искористи својата моментална супериорност во конфликтот за да склучи сеопфатен мировен договор со САД, со што ќе се стави крај на 47-годишното непријателство. Тој ги изрази своите ставови во авторски напис за списанието „Форин Аферс“. „Техеран треба да ја искористи својата супериорност не за да ја продолжи борбата, туку да прогласи победа и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт, Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски односи, засновани на меѓусебно разбирање и заемна почит. „Време е за збогатување на соработката со нови форми и содржини. Во ера на глобализација, вештачка интелигенција и ...
Голем број ирански дипломати денеска му се потсмеваа на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата закана да го бомбардира Иран и да го врати „во камено доба“. Поранешниот ирански министер за надворешни работи, Џавад Зариф, остро ги критикуваше „арогантните, незнаечки потомци“ на античките Европејци, очигледно алудирајќи на Трамп. „Иран стоеше во срцето на лулката на цивилизацијата додека вашите предци во Европа, бидејќи САД во тоа ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вети дека ќе продолжи со нападите врз Иран додека војната се приближува кон шестата недела. Зборувајќи за време на состанокот во израелскиот воен штаб во Тел Авив, Нетанјаху рече дека Израел, заедно со САД, ќе продолжи да го уништува иранскиот режим. „Заедно со нашите американски пријатели, продолжуваме да го уништуваме терористичкиот режим во Иран. Ги елиминираме командантите и бомбардираме мостови и ...
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека почнала нов бран комбинирани напади со ракети и беспилотни летала врз американски и израелски цели, при што тврди дека е соборен и американски борбен авион Ф-35, пренесе иранската агенција Тасним. Според соопштението, нападите биле насочени кон радари, поморска опрема и израелската воздушна база Рамат Давид, а погодени биле и повеќе цели во Тел Авив. Иран тврди дека во текот на операцијата бил ...
Се радувам што преку ИНОВА ја зајакнуваме соработката со универзитетите, затоа што токму академската заедница е клучниот двигател на знаењето, иновациите и општествениот напредок. Верувам дека заедно ќе изградиме поквалитетен високообразовен систем, ќе создадеме повеќе можности за научни и технолошки достигнувања и ќе развиваме кадар подготвен да одговори на современите предизвици. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со заменик-министерот Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, го посетија Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во Мојот Свет“ – Скопје, кало дел од активностите во месецот на подигнување на свесноста за аутизмот. Здружението воспостави дневен центар за млади од 14 до 26 години, со ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели објава во која зборува за нафтата. Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп напиша: „Со уште малку време можеме лесно да го отвориме Ормускиот теснец, да ја преземеме нафтата и да заработиме богатство. Тоа би бил извор на богатство за целиот свет???“, се вели во објавата. pic.twitter.com/lIzIVvz2Pa — Rapid Response 47 (@RapidResponse47) April 3, 2026 Текстот Трамп: ...
Исплатени се 1.021.527.000 денари на 2.139 одгледувачи, по основ на мерката 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, соопшти Министерството за земјоделство. „Остануваме посветени на оваа сточарска гранка“, се додава. Текстот Над 1 милијарда денари исплатени за овчарството е превземен од МАКФАКС. Исплатени се 1.021.527.000 денари на 2.139 ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. За прв пат, како што велат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. „Наместо досегашното ...