Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска ја презеде функцијата од неговата претходничка, Данела Арсовска, најави дека вечерва во 20 и 30 часот почнува големата акција за чистење на градот. „Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува ...
Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира на изборите во 2026 година, што го сигнализира крајот на нејзината четиридецениска кариера како прогресивна демократска икона, честопати критикувана од десницата. „Нема да се кандидирам за реизбор во Конгресот. Со благодарно срце, се радувам на мојата последна година од службата“, рече Пелоси во видео порака објавена на X. ...
Украински суд денес осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник, прв таков случај од почетокот на руската инвазија на Украина. Суд во југоисточниот град Запорожје го прогласи Дмитриј Курашов (27) за виновен за убиството на Виталиј Ходниук, украински војник кој се предаде на руските сили во јануари 2024 година. Курашов, кој беше заробен од украинските сили заедно со други руски војници кратко по инцидентот, се ...
Министерот за правда Игор Филков денес учествуваше на одбележувањето на значајниот јубилеј по повод 90-тата средба на правниците, организирана од Македонското здружение на правници. Обраќајќи се пред присутните правни експерти, професори, судии, обвинители, адвокати и млади правници, министерот Филков истакна дека оваа традиција претставува мост меѓу правната наука и практиката, меѓу различните правни професии и генерации кои веруваат во моќта ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане да раководи со ресорот образование или ќе оди во друг ресор, изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Мицкоски. Јаневска посочи дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи. Премиерот, додаде таа, го носи најголемиот товар за промените во ...
Северна Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти, реагираат од Алијанса за Албанците. „Овие документи лесно се фалсификуваат и можат да се злоупотребат, особено во изборните процеси (процесот на прислушувањето докажа такво нешто), со што се загрозува изборниот резултат, чесноста на процесот, но и безбедноста на државата, вклучително и на регионот (имајќи ја предвид слободата на движење на Западен ...
Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита. Стевчо Јакимовски е причината зошто Карпош e бетонска џунгла, во која интересот на граѓаните беше на последно место, истакна на прес-конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Стевчо Јакимовски по поразот кој го доживеа во Карпош, се уште не може да се помири дека дојде ...
Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи, соопшти МВР. „Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечии деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без ...
Во рамките на Еразмус+ проектот „Уметничко патување кон зелена иднина“ (Artistic Journey to Green Future), денес Собранието на Република Северна Македонија го посетија професори од сите нивоа на образование од Хрватска, Турција, Малта и Шпанија. Посетата беше организирана во соработка со Фондацијата – Меморијален центар „Никола Кљусев“. Од страна на Нена Неновска – Ѓорѓиевска од Фондацијата, пратениците беа запознаени со активностите и целите ...
Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска. Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше ...
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер. Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување. Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и ...
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, денес во Ватикан се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кого разговараше за итната потреба од прекин на конфликтот во Газа и за доставување хуманитарна помош. Како што објави Ватикан, pапата ја повтори потребата од решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави. Во соопштението се наведува дека за време на „срдечните разговори во Апостолската палата, ...
Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел, затоа што друга алтернатива за нас не постои. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на работилницата што Министерството за образование и наука ја организираше со повеќе други институции и партнерски домашни и меѓународни ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари работна средба со претставници на Државната изборна комисија: Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија; Абдуш Демири, потпретседател на Комисијата и Александар Даштевски, член на Комисијата. Средбата ја организира претседателот на Собранието во функција на членот 132-а од Изборниот законик, согласно кој треба да се одржат повторени избори за ...
Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека откога ќе ја стокми партијата, ќе почне да размислува за одредени партиски поместувања во Владата, а набргу ги очекува и новите имиња за испразнетите места во Владата и во институциите по изборите. „Очекувам за испразнетите места да добијам имиња најбргу што може, да видиме дали ...
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во изградбата на потпорниот ѕид на улица 50 во населбата Радишани. Проектот се реализира поради појавата на одрони и пропаѓање на дел од улицата, што го наметна итниот почеток на санацијата. Новиот потпорен ѕид ќе обезбеди поголема сигурност за домовите на граѓаните и ќе спречи можни лизгања на земјиштето. Од Општина Бутел информираат дека станува збор за едно од најчестите барања на ...
Тројца кинески астронаути – Ванг Џие, Чен Жонгруи и Чен Донг – ќе мора да го продолжат својот престој на вселенската станица Тјангонг откако нивниот модул за враќање беше погоден од сомнително парче вселенски отпад, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA). Инцидентот се случил само неколку часа пред закажаното враќање на Земјата, што довело до одложување на мисијата Шенжоу-20. Засега не е познато колку е оштетена капсулата или кога екипажот ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да соработува со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, но во исто време нагласи дека Мамдани ќе мора да покаже „целосно почитување“ кон Вашингтон ако сака да постигне успех. Трамп ги даде овие изјави откако Мамдани ги претстави членовите на својот тим, кратко по историските избори на кои стана првиот муслимански и јужноазиски градоначалник на најголемиот град во САД. ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес учествуваше во акција за пошумување, организирана од Општина Кисела Вода, во непосредна близина на Паркот на шахот, во населбата 11 Октомври – Бараки. Во рамките на активноста беа засадени дваесет нови дрвја, како почеток на серија акции за дополнително зазеленување и унапредување на животната средина во општината. Дрвјата се донација од Централна кооперативна банка АД ...
По катастрофалните резултати од изборите, повеќе нема дилеми дека СДС е во целосен пад. Трета партија во државата и петта во Скопје. Ова не е случаен резултат. Ова е директна последица на раководството на СДС и Венко Филипче, кој очигледно и натаму работи под диригентската палка на Зоран Заев, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче, додава таа, наместо да ја реформира СДС, ја претвори партијата во негов приватен проект под влијание на ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на Локалните избори 2025 година за избор на градоначалници во 29 општини и во Град Скопје. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека во овие општини изборниот процес е завршен и се потврдени конечните резултати, со што е избран и новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во изминатите два дена додели 82 стипендии на ученици од областа на науката, техниката, посебните вештини и културата. Тој, потенцира дека овие ученици од основните општински училишта во Центар според утврдените критериуми покажале највисоки резултати и успеси на државните и меѓународните натпревари. „Доделувањето на стипендии ми е секогаш најдраг момент. Ретка прилика да ги видиме младите ...
Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и за цела Европа. Овој Договор за изградба на заедничкиот тунел е сон на многу генерации, историјата сакаше јас и вицепремиерот Караџов да го потпишеме, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на ...
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на градот. „Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела. Благодарен сум за секоја ...
Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, преку соопштение до јавноста упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата за, како што наведува, изборни нерегуларности на локалните избори во Општина Карпош. „Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!“, наведува Јакимовски, додавајќи дека борбата на изборите не била витешка, туку „кукавичка“. Според него, изборниот процес бил проследен со купување на гласови, злоупотреби, ...
Ерика Кирк, сопруга на убиениот американски активист Чарли Кирк, во емотивно интервју за „Фокс њуз“ зборуваше за нивните последни моменти пред убиството во септември, за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута Вали. Таа се присети дека последната ноќ била мирна и семејна, кога нивната ќерка Џиџи им се придружила во креветот, па Чарли заминал да спие во друга соба. „Му реков: „Оди спиј во нејзината соба, сакам добро да се наспиеш. Ќе го ...
„xnula.mk“ го слави својот ПРВ роденден. Успевајќи да се позиционира како доверлива премиум онлајн продавница во Македонија, нуди внимателно избрани производи за домаќинство, стик и робот правосмукалки, уреди за нега и фитнес од светски познати брендови. По тој повод, од 5 до 10 ноември 2025 година ќе имате можност да уживате во роденденската промоција со ексклузивни цени и попусти на производи од светските брендови: Dreame, Dyson, Roborock, ...
Во рамки на заложбите за унапредување на учеството на Управата за јавни приходи на меѓународно ниво, директорката на УЈП м-р Елена Петрова, заедно со помошник директорката Тања Анчевска, учествуваа на ЕУ Самитот на даночни администрации ТАДЕУС, организиран од Европската комисија и Данската даночна агенција. На настанот се собраа шефовите на даночните администрации од земјите членки на ЕУ и други земји кандидати за членство во ЕУ. Главна тема на ...
Во Ски-центарот „Михајлово“ се гради нова скијачка патека долга 1200 метри, на надморска височина од 1400 метри, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази. Според градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, овој проект претставува силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови во регионот, а Кавадарци ќе стане задолжителна зимска дестинација. Отворањето на новата патека е планирано за 1 јануари 2026 година, со што ...