Финансии / Банкарство Во Грција од 2019 година до сега намалени 83 даноци 12.09.2025 Со новите даноци што се намалуваат од 1 јануари 2026 година, како што беше соопштено од Меѓународниот саем во Солун, Владата од почетокот на својот мандат во 2019 година намали вкупно 83 даноци и придонеси, информираа од Министерството за финансии и економија ја Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од овие 83 намалувања, 25 се однесуваат на индиректно ...

Поддршка за трчањето и заедништвото на НЛБ Љубљанскиот маратон 2025 Како членкa на силната регионална НЛБ Групација, НЛБ Банка Скопје гордо го поддржува еден од најголемите спортски настани во регионот на Југоисточна Европа – НЛБ Љубљанскиот маратон. Овој маратон не е само спортска трка, туку претставува симбол на упорност, енергија и поврзување помеѓу луѓето. На 18 и 19 октомври 2025 година, Љубљана повторно ќе биде во знакот на трчањето, а ...

Винарската визба „Тиквеш“ оваа година слави голем јубилеј – 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци. Јубилејот, велат од компанијата, е потврда за континуитетот на македонската винска традиција, но и симбол на модерната визија и лидерството што ја позиционира „Тиквеш“ како регионален лидер и глобално афирмиран бренд. Во изминатите две децении, компанијата реализираше инвестиции од над 45 милиони евра, насочени кон ...

Во Париз неделава беше лансиран „Парискиот завет“ — иницијатива на „IHA“ и „Eurelectric“ што ја обединува европската хидроиндустрија околу една цел: пумпните хидроцентрали да станат „’рбетот“ на европската електрична мрежа, каде со висок удел ќе учествуваат и централите на ветер и сонце. „Парискиот завет“ веќе има над 50 потписници и бара ЕУ и владите да донесат мерки што ќе го направат долготрајното складирање исплатливо и брзо остварливо. Се ...

Ќе се менува Законот за нефер трговски практики, затоа што дел од маркетите и натаму не го почитуваат. Затоа, од владата најавуваат десеткратно зголемување на казните за прекршителите – од сегашните 20 илјади евра, глобата би изнесувала 200 илајди евра. Заменик министерот за економија вели – трговците и натаму ги фаворизираат странските производители, кои им даваат повеќе пари за нивните производи да се најдат на видно место по рафтовите. ...

Уште само една недела нè дели од почетокот на Weekend.18, најголемиот регионален фестивал за комуникации, медиуми и бизнис. Од 18 до 21 септември нè очекува полнолетното издание на фестивалот во кое под еден покрив се собираат шест тематски целини: Weekend.18, HR.Weekend, AI.Weekend, Finance.Weekend, како и премиерните изданија на Investment.Weekend и Energy.Weekend, а една влезница важи за сите. „Од поскромни почетоци до денес, Weekend Media ...

Помош, поддршка и солидарност за„ Макпрогрес“ понудиле голем број домашни компании и маркети, деловни партнери и странски инвеститори, институции и медиуми, како и поединци, откако минатата недела во пожар беа уништени производствени погони на фабриката. Благодарност за поддршката им изрази првиот човек на оваа компанија, Глигор Цветанов, кој на денешниот работен состанок со бизнисмени од трговскиот сектор во Стопанската комора на Македонија ...

Apple е еден од лидерите на пазарот на смартфони и потезите на компанијата често ги „вдaхновуваат“ конкурентите. Затоа и лансирањето на ултра-тенкиот iPhone Air модел оваа недела, кој нема слот за традиционална SIM картичка, отвора различни прашања за иднината на еден многу познат дел од мобилната технологија. Сите корисници на телефони се навикнати на малите картички што треба внимателно да се вметнат во уредите за да можат да функционираат. За ...

„OpenAI“ изјави дека се приближува кон тоа да стане по традиционална компанија со профит, приближувајќи се кон решение на болните преговори со својот најголем акционер „Microsoft“. Стартапот објави услови кои сугерираат дека непрофитната гранка ќе земе удел во компанијата во вредност од најмалку 100 милијарди долари, објави „Bloomberg“. „Планираните промени ќе ѝ дадат на непрофитната организација контрола врз нова корпорација за јавна корист. И ...

Текстилните компании се принудени да отпуштаат работници поради намалениот обем на работа и поради намалените нарачки од странските партнери. Нарачките кај дел од нив целосно се згаснати, а кај де се намалени за околу 15%. Последниот месец се затворени три фабрики со по 100 вработени, а се проценува дека од почетокот на годината повеќе од 5.000 работници заминале од секторот. И официјалните податоци за бројот на работници во секторот на ...

Ако мислите дека најновиот проект на Алекс Загребелни звучи како сцена од научнофантастичен филм – не би згрешиле. Градежниот магнат од Дубаи гради „Ејва“ (Eywa), 21-катна станбена кула дизајнирана да личи на лебдечките Планини Халелуја од филмовите „Аватар“. Други елементи од проектот се инспирирани од принципите на Васту шастра (Vastu Shastra), архитектонска наука со корени во древна Индија: во темелите на зградата е вградена пирамида тешка ...

Шпаркасе Банка му одобри на Макпрогрес 2.500.000 евра од кредитната линија од ЕБОР – RSF со цел поддршка на ликвидноста и обртните средства на компанијата. Преку оваа соработка со Шпаркасе Банка, Макпрогрес добива и пристап до врвни консултантски услуги од експерти на ЕБОР во областа на производствените процеси, логистиката, опремата и други сегменти клучни за нивниот развој. “Свесни сме за тежината на предизвикот со кој се соочува Макпрогес во ...

„Работното искуство е високо ценето од страна на компаниите и токму затоа недостатокот од работна пракса претставува голема пречка за оние кои првпат бараат работа. Многу млади луѓе се заробени во маѓепсан круг: тие тешко можат да најдат прва работа, затоа што често во огласите се бара кандидатите да имаат работно искуство“. Вака се вели во анализата за дуалното образование на познатиот Хајделберг Факултет во Скопје. „Докажано е дека ...

На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, а која се одржа на 10-ти септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“. Оваа награда која што е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува на ...

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ ја напушта австриската престолнина, наведувајќи ги високите трошоци како причина. – За жал, аеродромските такси во Виена, како и таксите и услугите за копно, значително се зголемија од нашето основање, што го прави продолжувањето на бизнисот неодржливо – вели Мауро Пенеда, генерален директор на „Визер Малта“. Пенеда објасни дека на персоналот во Виена ќе им бидат понудени можности за вработување на ...

Финансии / Банкарство Банките во Србија ги намалуваат каматните стапки за готовинските, потрошувачките и станбените кредити 12.09.2025 Банките во Србија ги намалуваат каматните стапки на готовинските, потрошувачките и станбените кредити. Пониските каматни стапки важат во текот на целиот период на отплата, а зголемувањето на приходите нема да влијае на договорените услови. Сите банки кои нудат готовински, потрошувачки и станбени кредити во ...

Лидерите на „Опен еј-ај“ (OpenAI) и „Енвидија“ (Nvidia Corp.) ќе најават поддршка за инвестиции од милијарди долари во дата-центри во Велика Британија за време на нивната посета следната недела, која ќе се совпадне со доаѓањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, велат добро упатени извори. Како што посочуваат, двете компании се здружуваат на проектот со лондонската фирма за дата-центри „Енскејл глобал холдингс лимитед“ (Nscale Global ...

Со цел да се поттикне подинамично учество на локалните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на капитал и инвестирање на населението во акции издадени од домашни компании кои котираат на Македонската берза, односно унапредување на знаењето за овие финансиски инструменти и усовршување на инвестициската култура во нашата земја, Берзата денес по шести пат го организира настанот „Инвеститорски ден“. “Оваа иницијатива ја прифатија и во неа ...

По месеци неизвесност, септември донесе драматичен пресврт на Волстрит, но не таков каков што очекуваа инвеститорите. Точно кога „Оракл“, благодарение на вештачката интелигенција, оствари рекордни резултати и го разбуди пазарот, пристигнаа и не баш многу добри податоци за инфлацијата. Но тие не го нарушија пазарот значително. Иако приходите и профитот на компанијата за првото фискално тримесечје беа малку под проценките, инвеститорите ги ...

Нов чип што го развија истражувачите од MIT, Бостон и Нортестерн универзитетот користи попаметна модулација и алгоритамот GRAND за почист сигнал и помала потрошувачка на енергија, отворајќи го патот кон 6G мрежите. Истражувачи од MIT, Бостон Универзитет и Нортестерн Универзитет развијаа нов чип што би можел да го промени начинот на кој уредите комуницираат безжично. Овој чип троши помалку енергија, ја подобрува стабилноста на врската и го ...

„Banca Monte dei Paschi di Siena“ купи повеќе од половина од правата на глас на „Mediobanca“, што ѝ дава ефективна контрола врз италијанската инвестициска банка, објави „Bloomberg“. Инвеститорите во „Mediobanca“ понудија 62,3% од акциите како одговор на непобараната понуда на „Monte Paschi“, според документ што ги потврди претходните информации од „Bloomberg“. Уделот на „Monte Paschi“ во „Mediobanca“ би можел дополнително да се зголеми. ...

Бизнис ПОВЕЌЕ ДОСТАВЕНИ ПАКЕТИ И ПОМАЛКУ ИСПРАТЕНИ ПИСМА, хрватските поштари остварија највисок приход од 100 милиони евра 11.09.2025 Во вториот квартал од 2025 година, давателите на поштенски услуги во Хрватска го остварија својот највисок приход досега од речиси 100 милиони евра, првенствено поради зголемувањето од 17 проценти на бројот на доставени пакети, објави ХАКОМ. Бројот на доставени писма и печатени материјали се намалува поради ...

Во делот за екологија од своето соопштение за iPhone Air оваа недела, Apple откри дека уредот е опремен со 3D-печатен титаниумски USB-C приклучок. Apple изјави дека 3D-печатениот титаниумски USB-C приклучок нуди три предности во споредба со оној произведен со конвенционален процес на ковање: тој е потенок, поцврст и користи 33% помалку материјал, со што е поеколошки. 3D печатењето на метал е познато и како метална адитивна изработка — процес кој ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа сите три клучни каматни стапки на исто ниво – референтната каматна стапка за депозити на 2%, каматната стапка за главните операции за рефинансирање на 2,15% и каматната стапка за маргиналната кредитна линија на 2,4%. Банката ги објави и новите проекции за инфлацијата во еврозоната. Таа за годинава е се предвидува да изнесува 2,1% за следната година, 1,7% и во 2027 година 1,9%. Очекуваната стапка на ...

Huawei развива преклопен телефон од средната ценовна класа со Pura X екран, планиран за четвртиот квартал од 2025 година, со компромис во перформансите, но со фокус на екранот. Huawei за оваа година планира нови модели на телефони со склоплив екран, а по троструко преклопливиот модел Mate XTs, компанијата се подготвува и за средната класа. Според информациите од профилот DigitalChatStation, во подготовка е склоплив уред кој ќе има спецификации ...

Илон Маск во вторникот накратко ја загуби титулата најбогат човек во светот од соосновачот на „Оракл“ – Лери Елисон. Богатството на Елисон скокна за 89 милијарди долари, на 383,2 милијарди, откако компанијата објави позитивен извештај за берзата, објави „Блумберг“ (Bloomberg). „Оракл“, имено, објави пораст на побарувачката за ВИ-капацитетот на својот центар за податоци. Акцијата порасна за дури 43% пред да се затвори на околу 36% на крајот од ...

KБ Пpвo пeнзиcкo дpyштвo AД Cкoпje – лидep нa пaзapoт нa пeнзиcкoтo ocигypyвaњe вo Peпyбликa Ceвepнa Maкeдoниja, пpeпoзнaтливo пo cвoитe eтички пpинципи, виcoкa cтpyчнocт, пpoфecиoнaлнocт и тpaнcпapeнтнocт вo paбoтeњeтo, имa пoтpeбa oд вpaбoтyвaњe нa лицa нa пoзициjaтa стручен соработник за продажба. Paбoтнoтo вpeмe e 40 paбoтни чaca, ceкoj paбoтeн дeн oд пoнeдeлник дo пeтoк. Bиcинaтa нa плaтaтa и останатите услови се пpeдмeт нa дoгoвop. ...

Со оглед на тоа што новата учебна година веќе започна, Samsung нуди дополнителна поддршка за ученици, семејства, професионалци и љубители на технологија. Во тек е акцијата „Back to School“, која трае до 30 септември 2025 година и носи бесплатен таблет за купувачите на Samsung телевизори. Со Samsung телевизорите можеш да се грижиш за твоето милениче, да го направиш домот попаметен и поудобен, да ги заштитиш твоите податоци и да добиеш подарок – ...

Прелиминарните рендер фотографии од Galaxy S26 Edge откриваат редизајн со огромен модул за камери и ултратенко куќиште, кој несомнено е инспириран од новите iPhone 17 Pro модели. Apple пред два дена го претстави iPhone 17 Pro, а неговиот дизајн веќе стана главна тема во технолошките кругови. Додека едни го пофалија, а други го критикуваа новиот изглед, нема сомнеж дека токму Apple ќе ги диктира трендовите за следните генерации паметни телефони. ...

Уделот на „Tesla“ на пазарот на електрични возила во САД падна на најниско ниво од 2017-та година во август, бидејќи купувачите се свртеа кон конкурентските производители на автомобили. Податоците на „Cox Automotive“ покажаа дека „Tesla“ учествуваше со 38% во продажбата на електрични возила во САД минатиот месец, паѓајќи под прагот од 40% за прв пат од октомври 2017-та година. Забавувањето доаѓа откако конкурентите како „Hyundai“, „Kia“, ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
79%
1018
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
68%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.72
88%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.12
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1011
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.34
85%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
90%
1017
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
100%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Цинк

3.22

Кобалт

58.42

Калај

40.49

Злато

134976.58

Рутениум

29192.88

Никел

473258.99

Паладиум

46361.38

Иридиум

145787.60

Бакар

10.96

Платина

52864.82

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20