На 07.01.2026 година во 15:15 часот, на патниот правец кон село Зрзе, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Р.А. (36) и Љ.Р. (36), двајцата од село Црнилиште, општина Долнени. Тие биле затекнати при незаконит лов и се обиделе да побегнат, но брзо биле фатени и приведени. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 07.01.2026 година во 15:15 часот, на патниот ...

Во два одделни сообраќајни инциденти што се случиле вчера во Скопје и околината, две жени пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени на лекување. Првата несреќа била пријавена во раните утрински часови. Околу 06:50 часот, во селото Петровец, во општина Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Д.К. од Петровец, удрило во 61-годишната Ј.Ц. од Скопје. Жената се здобила со ...

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, кои претставуваат ризик по здравјето на граѓаните. Како што стои во соопштението на Царинската управа, сторителот е македонски државјанин од Гостивар и против него е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик. – Делото е откриено ...

Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информира дека е поднесен Обвинителен акт против седум лица, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, како и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица за даночна измама. Поднесениот Обвинителен акт и Обвинителен предлог што по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК ги доставил до Основниот кривичен суд Скопје е стапен на сила. Обвинителниот акт е против ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во Старата скопска чаршија каде еден турски државјанин бил убиен, а еден повреден. Издадени се и наредби за прибирање докази. – Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на локација во Старата скопска чаршија каде околу 1 часот по полноќ беа пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет, од кои едниот ...

Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на двегодишното дете кое почина како последица на повреда здобиена за време на новогодишната ноќ. – Во однос на починатото двегодишното дете, Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото, соопштија денеска од Обвинителството. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите информираше дека за време на новогодишната ноќ се ...

Осомничениот за убиството на 22-годишниот турски државјанин Ахмет Мерт Доган пред угостителски објект во Старата скопска чаршија за време на новогодишната ноќ е уапсен во Косово и е почната постапка за негова екстрадиција. Министерството за внатрешни работи соопшти дека врз основа на обезбедени докази, денеска поднело кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово осомничен за две кривични дела – „убиство“ ...

Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“. Пријавата за сообраќајната незгода ја примил дежурниот центар Е-112 Охрид. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката. За настанот веднаш биле известени полициските ...

Десетина возила учествувале во три сообраќајни незгоди на автопатот Тетово-Гостовар. Според првичните информации, потврдено е само едно лице, а сообраќајот се одвива забавено на делот кај “неготинска клучка” Причина е неприлагодената брзина и голомразицата. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека полициски екипи работат на нормализирање на сообраќајот и расчистување на коловозот. Сообраќајките се случиле во краток рок и на ...

Полициски службеници од ОВР – Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додадоа оттаму. ...

Полициски службеници привеле 40-годишна жена по сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопското село Волково, во која животот го загубил еден пешак. Како што се посочува во билтенот од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила синоќа околу 20:55 часот на улицата „100“. Четириесетгодишната М. С. од Скопје, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Г. И. (60), исто така жител на ...

Вчера во 23:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.С.(45) од Кичево. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта. Вчера вечер, во 22:10 часoт во село Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР ...

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во ...

Во Скопје е евидентиран случај на семејно насилство откако 36-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од својата партнерка во неговото патничко возило, на подрачјето на општина Центар. Пријавата била поднесена ноќеска, на 8 јануари, а инцидентот се случил четири дена претходно, на 4 јануари. Нападот, според пријавата, го извршила 36-годишната партнерка од Скопје. Полицијата веднаш започнала постапка за расчистување на настанот. МВР ...

По пожарот во луксузниот клуб „Le Konstelasion“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде за време на новогодишната ноќ загинаа 40 лица, сопствениците Џесика и Жак Морети се под истрага за убиство од небрежност, предизвикување тешки повреди и уништување докази. Според обвинението, Џесика Морети (40) наводно ги оставила посетителите во пламенот и побегнала со дневниот приход, додека повеќе сведоци ја виделе како носи каса со пари. Парот е обвинет и за ...

Трагичен несреќен случај се случи денеска претпладне во Дебар, каде што 40-годишен жител на градот го загуби животот откако паднал од станбена зграда во изградба, на која извршувал работни задачи. Според информациите, мажот се здобил со тешки телесни повреди и починал за време на транспортот кон Општата болница со проширена дејност во Дебар. Од Секторот за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 11:35 часот. Портпаролот ...

На 7 јануари 2026 година, во 14:20 часот, во СВР Скопје бил пријавен случај на измама. 36-годишен маж пријавил дека бил измамен за сума од 600 евра. Според пријавеното, на 19 септември 2025 година, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лице кое се претставило како управител на приватна фирма од Тетово. Договорена била достава и монтажа на собна врата, при што пријавителот исплатил аванс од 600 евра на техничар од фирмата. Откако поминал ...

На патниот правец Скопје – Велес, веднаш по Катланово, е регистрирана исклучително опасна состојба поради голем одрон кој се протега низ целиот коловоз. Камења, земја и остатоци од карпа се расфрлани по патот, што значително го отежнува и загрозува сообраќајот во двата правци. Според информации од возачи кои поминале низ овој дел, одронот е обемен и ненадеен, а видливоста и можноста за навремено реагирање се сериозно намалени, особено во ...

Битолчанка е тешко повредена откако возило удрило во неа на улица во Битола. - На 07.01.2026 во 11:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Столарска“ во Битола, патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(65) од Битола, удрило во 58-годишната Е.Т. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., констатирани во Клиничката болница Битола, стои во денешниот полициски билтен. Извршен ...

Повозрасна жена била нападната во Гази Баба. – На 07.01.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, Р.С.(80) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од Ѓ.М., соопштија од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Повозрасна жена била нападната во Гази Баба. – На 07.01.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, Р.С.(80) од Скопје пријави дека на ...

Вчера во 20:20 часот на локален пат во село Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(43) од с.Блатец. Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта. Ноќеска во 01:42 часот во ...

Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна. Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана. Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен ...

Полицијата во Скопје постапува по пријава на државјанин на Турција со престој во главниот град, кој пријавил дека бил пресретнат и физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар. Како што соопшти СВР Скопје, според пријавеното, на 5 јануари околу 17:50 часот, бил пресретнат од лице со иницијали В.Ф. и уште едно лице, по што В.Ф. почнал да удира по неговото возило. Според пријавата, подоцна повторно бил пресретнат од В.Ф. и уште едно лице, кои ...

Полицијата во Скопје го лиши од слобода Д.Л. (36) по пријава за физички напад врз неговата партнерка. Според МВР, инцидентот се случил на 4 јануари 2025 година, додека двајцата се движеле со патничкото возило на подрачјето на скопската општина Центар. Полицијата го привела осомничениот вчера околу 13:30 часот, по пријава за нападот. По целосно документирање на случајот, надлежното обвинителство ќе преземе понатамошни законски мерки и ќе ...

Физички напад од нејзиниот вонбрачен партнер М.Џ. пријавила вчера 37-годишна жена. Во Одделението за внатрешни работи Берово таа кажала дека во нивниот дом во Беровско била нападната од партнерот. Полицијата работи на расчистување на случајот. Во Скопје, пак, вчера рано попладнето бил уапсен Д.Л.(36) од Скопје, по пријава дека во неделата, додека се возеле во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата ...

Полициски службеници од СВР Скопје привеле повеќе лица осомничени за недозволено поседување наркотични средства, меѓу кои и 73-годишен жител на главниот град. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, акциите биле спроведени на 6 јануари 2026 година на повеќе локации низ Скопје. Притоа од слобода биле лишени А.К. (31), Б.А. (73) и А.Н. (46), сите од Скопје, како и М.М. (26) од Берово. При полициските контроли кај приведените биле ...

Тешка сообраќајка се случила вчеравечер на булевар „Србија“ во Скопје, кога автомобил удрил во транспортен трицикл на кој имало тројца луѓе. СВР Скопје соопшти дека во возилото од марката „Томос“ удрил автомобил „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управуван од Ј.Ч.(63) од Прилеп, со престој во Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на трициклот од М.С.(18) и неговиот сопатник С.Р.(23), а полесни повреди задобил ...

Државјанин на Турција бил ограбен во такси возило. Според информацијата од полицијата, 27-годишниот А.Ј.Е. од Турција вчера пријавил дека заедно со сопругата се качиле во возилото пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Крајната дестинација им била Бит Пазар. Кога пристигнале, патникот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а тој му ги одзел парите и ги избркал од возилото. Од МВР ...

Сообраќајна незгода предизвикана од алкохол повторно ја вознемири велешката јавност. Попладнето на Бадник, 63-годишен жител на Велес бил лишен од слобода откако под дејство на големо количество алкохол удрил во друго возило на една од пофреквентните улици во градот. Инцидентот се случил на 6 јануари, околу 11:45 часот, на улицата „Архиепископ Михаил“. Според информациите од полицијата, возачот А.К. управувал автомобил „пежо“ со велешки ...

Поминаа повеќе од 12 години откако легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер, претрпе тешка повреда на мозокот за време на скијање во Франција во декември 2013 година. По несреќата, тој беше ставен во индуцирана кома, а од тогаш неговото здравје и приватниот живот се строго чувани од семејството. Јавноста добива само повремени, ограничени информации за неговата состојба. Сега, неговата ќерка Џина на Инстаграм сподели носталгична семејна ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
42%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
8.23
53%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
37%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
55%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.72
78%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
44%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
65%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
8.23
69%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
32%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
100%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Сребро

2179.44

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82