Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во 1992 година, на „Си-До“ е отпеан еден безвременски детски хит, „Наташа од трето три“, чиј комплетен автор е Драган Каранфиловски – Бојс, а ја изведе Леонид Ристев. Деновиве Леонид Ристев во Битола пристигна од Белград каде што денес живее и работи како адвокат. Со неговата песничка од пред повеќе од 30 години „Наташа од Трето три“ нè врати во времето кога детските љубови и симпатии беа претворени во песна што сите ја пееја. Во 1992 ...
Македонската уметница Марија Павловска учествува во престижна групна изложба на Европскиот културен центар во Италија, која е дел од 61. Уметничко биенале во Венеција. Павловска е претставена со делото „Билдинг XL“, кое е поставено во просторот „Палацо Мора“. Европскиот културен центар (ECC) е домаќин на осмото издание на изложбата за современа уметност „Лични структури – Спојувања“ во Венеција, која ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 ...
Книжевно-музички перформанс ПОРТРЕТИ пијано и глас: Александар Прокопиев гитара и бас: Бобан Здравковски Андреевски СРЕДА / 13 МАЈ / во 19:19 часот САЛОН 19’19, КИЦ Новата книга на Александар Прокопиев, „Портрети“, ќе доживее книжевно-музички перформанс, со Прокопиев: пијано и глас, и Бобан Здравковски Андреевски на гитара и бас. Дојдете да чуете и видите што ни подготви Прокопиев, покрај неговата извонредна проза! – Во најновата книга ...
На 22 мај, во просториите на Музејот во Гевгелија, македонската уметница Гордана Винчиќ ќе го претстави својот најнов мултимедијален проект насловен „Мостови кон себе“. Овој настан не е само обична изложба, туку ретка синтеза на визуелна уметност и пишан збор – промоција на книга со 22 раскази и изложба на 22 оригинални илустрации кои пулсираат со длабока мистика. Илустрацијата како порта: „Дрво на животот“ На насловната страница на ова ...
Културно информативниот центар – Скопје, организира промоција на книгата „Кој ти дозволи да шеташ низ туѓи соништа во ниедно време “ од Владимир Лукаш на 12. мај 2026 год. во 19:19 часот Салон Империјал 2 Владимир Лукаш е визуелен уметник, писател и музичар од Скопје. Има реализирано десетина самостојни изложби во Македонија, Србија и Германија, и бил дел од стотина групни изложби, перформанси и филмски фестивали во Македонија, САД, ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Изложбата насловена „Народните херои - огледало на државата“ ќе биде отворена денеска во Скопје. Како што информираат од организацијата на настанот, изложбата на авторот - проф. д-р Марјан Димитријевски, е базирана на нови архивски материјали, во голем дел, досега необјавени. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Отворањето е во 11 часот во НУ Музеј на Република Северна Македонија - Скопје. ...
– Предизвиците на новото време – глобализацијата, новите технологии и вредносните ориентации, ѝ даваат на културата карактеристики на исклучително развојна сфера за целокупниот современ развој. Улогата на државата е да ги стимулира, да ги помага, да ги унапредува и да ги развива културните односи во општеството. Во функција на целосна интеграција на културата, приоритетно е таа да се третира како дел од сите развојни планови на државата. ...
– Мајската селекција на остварувања не функционира само како низа проекции туку и како концептуален пресек низ македонската и светската кинематографија, во кој филмот се појавува како сведоштво, но и како активен чин на преосмислување на стварноста – посочуваат од Кинотеката на Македонија, најавувајќи го репертоарот на филмови што јавноста ќе може да ги види месецов – Мајската програма на Кинотеката претставува внимателно обликуван репертоар ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“, свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир ...
Хрватскиот пејач Марко Тоља претставува дует со големиот и неповторлив Оливер Драгојевиќ под насловот „Ти си моја љубaв“. „Неверојатно е како животот понекогаш те изненадува. Огромна привилегија и среќа е што на самиот почеток од мојата кариера имав можност да го запознаам мојот најголем идол Оливер. Никогаш не помислив дека после тоа ќе пеам со него безброј пати и ќе се зближам. Претпоставувам дека во мене виде млад пејач кој му е близок по ...
Филмот го режира Стојан Вујичиќ, еден од водечките македонски автори, чиј опус вклучува играни и документарни филмови, прикажани и наградени на домашни и меѓународни фестивали. Автор е на „Стела“ (2021), првиот македонски долгометражен игран филм за деца. Дена Вујичиќ учествува во продукцијата и како негов креативен соработник. Сценариото го потпишуваат Стојан Вујичиќ во соработка со Александар Русјаков како и Дена Вујичиќ (19), која е ...
„Траума во литературата“ е насловот на Меѓународната конференција што ќе се одржи на 13 и 14 мај во „Јуроп хаус“- Скопје. Конференцијата е дел од научно-истражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поддржан од Министерството за образование и наука. Конференцијата ќе се отвори на 13 мај во 9:30 часот со поздравни обраќања на д-р Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за ...
Во современиот пазар на недвижности, квадратурата одамна не е единствениот фактор што ја одредува цената на еден стан или куќа. Сè повеќе, вистинската вредност на недвижноста се создава надвор од самиот објект, во инфраструктурата околу него. Патишта, јавен превоз, училишта, паркови, болници, пешачки зони, велосипедски патеки, комерцијални содржини и квалитетна урбана организација денес директно влијаат врз цената на квадратот. Во многу ...
Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе бидат изведени на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп. Под мотото „Храбриот нов театар“ и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, уметничката директорка на фестивалот и селектор на програмата, Ана Стојаноска, на 6 мај на прес-конференција во Центарот ...
На 17 септември 1983 година, во еден од најгледаните телевизиски настани во САД, 20-годишната студентка од Бронкс, Ванеса Вилијамс, влезе во историјата како првата Афроамериканка крунисана за Мис Америка. Таа вечер, публиката стана на нозе. Сцената беше емотивна, речиси филмска, солзи, аплаузи и чувство дека започнува нова ера. За кратко време, Вилијамс стана национален симбол, „американската миленичка“, лице на надеж и промена во една ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ денеска, на 11 мај, во 19 часот публиката ќе има можност да проследи селекција од четири наградувани кратки македонски филмови: „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на Вардан Тозија, „Намини бар еднаш“ на Косара Митиќ, „Борба за смрт“ на Елеонора Венинова и „Пепи и Муто“ на Георги М. Унковски. Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ денеска, на 11 ...
Објавен е дигиталниот прирачник „Жените во музичката уметност низ вековите: од невидливост до глас“, посветен на улогата и придонесот на жените во создавањето, изведувањето и развојот на класичната музика. Прирачникот содржи над 60 одредници на композиторки, изведувачки, диригентки и други значајни личности кои оставиле трага во музичката уметност. Материјалот е организиран хронолошки, со цел читателите јасно и прегледно да го следат ...
Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на мрежата на установите. Има манифестации, рече ...
Поттикнување и негување на квалитетот и разновидноста на креативните изрази во уметностите, заштита и одржливо користење на културното наследство, преобликување на моделите на управување и институционална автономија како основа за развој, како и дигитализација и дигитална трансформација – се приоритетите на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030. Стратегијата, меѓу другото, ја дефинира културата како ресурс за ...
Со години, филмската индустрија беше обвинувана за ејџизам и системско оттурнување на актерките штом ќе ја поминат „посакуваната“ возраст на Холивуд. Главните улоги за жени над 60 години беа реткост, а комплексни женски ликови речиси и да не постоеја. Но, токму затоа новиот филм The Duchess and I привлекува огромно внимание, не само поради својата мрачна кралска приказна, туку и затоа што во центарот поставува две легендарни актерки кои со ...
Ана Пашкевич, една од највпечатливите современи авторки за деца од Полска, неделава ќе престојува во Скопје по повод креативните работилници инспирирани од сликовницата „Три желби“ – современа, еколошка, едукативна и длабоко емотивна приказна што на уникатен начин ја менува добро познатата бајка за златната рипка. Книгата е илустрирана од Јоана Бартошик, а на македонски ја преведе проф. д-р Лидија Танушевска. Пашкевич ќе одржи четири ...
Со изведбата на оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини, синоќа во Македонската опера и балет беше отворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Публиката премиерната изведба ја поздрави со долги аплаузи и овации. Диригент на двете едночинки беше Џанлука Мартиненги, кој го водеше оркестарот низ две различни музички и драмски атмосфери – од трагичната и емотивна „Сестра Анџелика“ до сатиричната и комична „Џани ...
Документарниот филм „Антипод“ на режисерот Бојан Секулоски ја надминува рамката на класичен запис за екстремен подвиг и се претвора во филмско истражување на човекот во гранични состојби. Во неговиот центар е Дарко Неданоски, кој си поставува исклучително редок и опасен предизвик , во еден ден да реализира два екстремни подвига: најдлабокото спелео-нуркање во пештерата Крштална и фри-соло искачување на Камена Баба. Паралелно со него, низ ...
Македонскиот уметник и дизајнер Лазе Трипков минатиот месец беше дел од изложбата „Проширено присуство“ во Стокхолм, Шведска, каде беше претставен проектот „Глаголски еха“. Настанот, реализиран во соработка со уметниците Михал Поустка и Исмаил де Анде, под кураторство на Ленка Сикорка од Алтан Кламовка, е предвиден како простор за културен дијалог и уметничка размена преку современи интерпретации на глаголското наследство. Во разговор за ...
Тркачот на патеки Шон Ведерс (Ендру Чејни) беше на врвот на својата игра со незапирлива кариера. Кога соперништвото со друг тркач станува лично, егото што го поттикнало до успех предизвикува трагедија, испраќајќи му го животот во трка на вртлози. Џек Рид (Гари Греам) напредувал како бизнисмен, но не успеал како семеен човек. Во ненадеен пресврт на настаните, неговите шанси за помирување се одземаат. Животите на Шон и Џек се судираат и меѓу ...
Младата Фиби (Ела Фенинг) има Туретов синдром и не е многу добра во почитувањето на правилата. Нејзината мајка (Фелисити Хафман) и татко ѝ (Бил Пулман) се мачат да ѝ помогнат и да ја разберат, додека помалата сестра на Фиби се чувствува запоставена од нејзините родители. Работите се менуваат кога Фиби добива улога во театарската верзија на „Алиса во земјата на чудата“ во нејзиното училиште. Неконвенционалната наставничка по драма, госпоѓица ...
Култниот македонски рок бенд „Архангел“ ја објави првата песна од својот нов албум, прв по пауза од повеќе од две децении. Со синглот „Дни оловни“, за кој музиката и текстот ги напиша фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува и самостојниот концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје. Снимањето, миксањето и мастерингот на песната се правени во студиото „Клиник саунд“ на Нино Спиркоски во Скопје. На ...
Тројца очајни млади мажи се принудени да извршат смел грабеж за да отплатат долг кон озлогласен мафијаш. Она што започнува како едноставен план - да влезат и излезат за седум минути - брзо ескалира во опасна игра на живот и смрт. Со секоја измината минута, се откриваат вистинските мотиви, а неочекуван пресврт ги крева влоговите. Бремената девојка на Сем, Кејт, е киднапирана, што го зголемува притисокот и ги принудува нашите херои да направат ...
Четири кратки филма од македонската продукција ќе бидат прикажани вечерва во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Бесплатните проекции се дел од програмата на Агенцијата за филм за популаризација на македонскиот филм. Ќе бидат прикажани: „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на Вардан Тозија, „Намини бар еднаш“ на Косара Митиќ, „Борба за смрт“ на Елеонора Венинова и „Пепи и Муто“ на Георги Унковски. По проекциите ќе ...
Неодамна од печат излезе најновиот, седми роман на писателот Владо Јаневски, „Изгубени низ дупки во џебовите“, во издание на „Бата прес“, Скопје. Романот е за Југославија што не престанала да постои и беше селектиран во најтесен избор за наградата „Пегаз“. Писателката Сузана Камберова во својот осврт напиша: „Изгубени низ дупки во џебовите“ е книжевно дело за читатели што сакаат литература што не се плаши да постави големи прашања: што е ...