Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Добивај вести на Viber Строгите прописи на Европската Унија (ЕУ) за производство и етикетирање на храна би можеле да влијаат и на цените на производите кои се продаваат на Балканот. Инволвираните во дејноста од соседството укажуваат дека производителите од регионот во голема мера ги почитуваат овие правила, новите трошоци се неизбежни, вели Ненад Будимовиќ од Српската стопанска комора за РТС. То укажува дека имиња како „сланина“ или „стек“ ...
Австриската економија повторно се соочува со неизвесност, откако најновите прогнози на институтите ВИФО и ИХС покажаа дека очекуванотo економско закрепнување во 2026 година е сериозно доведенo во прашање. Иако на почетокот на годината постоеја сигнали дека кризата полека се надминува, геополитичките тензии и растот на цените на енергенсите ја менуваат сликата. Наместо стабилен раст, се наметнува сценарио на слаб економски напредок, намален ...
Средната класа тивко се лизга надолу. Полека, со секоја сметка што станува малку повисока, со секоја плата што останува иста. Токму тие што до вчера се чувствуваа „стабилно“, денес најсилно го чувствуваат притисокот. Кризата не ги удира најсиромашните први. Тие одамна се научени да преживуваат со минимум, да кратат таму каде што веќе нема што да се скрати. Но луѓето со просечни примања, тие што имаат плата доволна за нормален живот, сега се ...
Добивај вести на Viber Шпанскиот милијардер Amancio Ortega, коосновач на модниот бренд Zara и сопственик на групацијата Inditex, денес важи за најбогатиот инвеститор во недвижности на глобално ниво, откако изгради империја вредна околу 25 милијарди долари. Само во ноември минатата година, Ортега плати околу 850 милиони долари во готово за историската зграда на Canada Post во Ванкувер – објект што се простира на цел градски блок и е изнајмен ...
Инвестицискиот гигант „БлекРок“ (BlackRock) ја зголеми својата прогноза за американските акции, наведувајќи го ограниченото влијание на војната во Иран и силната корпоративна заработка, што треба да создаде поволна инвестициска средина. Компанијата, која управува со средства од 14 трилиони долари за клиенти, го зголеми својот рејтинг за американските акции од „неутрална“ на „прекумерна“, објавува CNBC. Во својата неделна анализа на пазарот, ...
Добивај вести на Viber Најновиот извештај на германското здружение за технички прегледи TÜV, базиран на милиони технички контроли, открива кои автомобили се најсигурни, а кои најчесто се соочуваат со дефекти. Резултатите традиционално ги објавува Auto Bild, со рангирање на најдобрите и најлошите модели во повеќе старосни категории. Извештајот дава одговори на клучни прашања поврзани со состојбата на возилата – од проблеми со подвозјето и ...
Добивај вести на Viber Многу Италијанци, Шпанци, Французи, но и луѓе од други земји работат во Луксембург. Oние кои од другите држави членки на Европската Унија(ЕУ) отишле да работат во Луксембург, велат дека земјата е примамлива за нив затоа што има високи плати. Имаат шанса да заработат, но и да заштедат повеќе. Дополително, додаваат дека ова е одлична можност за оние кои сакаат да искусат работа во колеги од различни култури. „Тука сум ...
Брисел – Европската унија ќе ги заостри правилата за увоз на челик, со цел заштита на домашните производители од зголемената конкуренција на светскиот пазар. Претставници на земјите-членки и на Европскиот парламент доцна синоќа се согласија годишната квота за бесцарински увоз на челик да биде ограничена на 18,3 милиони тони, што претставува намалување од околу 47 проценти во однос на досегашното ниво. Дополнителниот увоз над утврдената квота ...
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 34-годишнината од основањето на Царинската управа на Македонија. Како што соопштија од Царинската управа, на свеченоста што ќе се одржи во Македонска филхармонија, најавено е видео обраќање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. рп/вг/ Фото: ...
Цените на енергенсите на светските пазари денеска бележат пад, при што повеќето главни индекси се во негативна зона. Северноморската нафта Брент за испорака во јуни се тргуваше по 97,90 долари за барел, што претставува намалување од 1,46 долари или 1,47 проценти. Американската сурова нафта WTI за мај исто така забележа пад и достигна цена од 96,74 долари за барел, што е намалување од 2,34 долари или 2,36 проценти. Значителен пад има и кај ...
Во услови на силни потреси на меѓународните пазари, кои кулминираа по воените дејства на Блискиот Исток и ги бојадисаа главните светски берзански индекси во црвено, берзите од регионот Адрија покажаа мешани, но во голема мера подобри резултати од почетокот на годината во однос на глобалните репери. Иако црвената боја преовладува и кај повеќето регионални индекси, таа е многу „побледа“ бидејќи минусите се помали. За да видиме што се крие зад ...
Да не се разбереме погрешно поради насловот на овој текст: не значи дека како македонско физичко или правно лице нема да може да купите акции откако „Спејс екс“ (SpaceX), компанијата на Илон Маск за ракети, сателити и вештачка интелигенција, ќе почне да котира на берза. Секако дека како било кој инвеститор слободно ќе може да си купите акции откако ќе се случи најголемата јавна иницијална понуда во историјата или ИПО (од Initial Public ...
Во САФ владее се поголема загриженост поради достапноста: растот на платите на Американците е на раб да биде престигнат од зголемувањето на цените. Минатиот месец, цените се зголемија за 3,3 отсто на годишно ниво, покажаа владините податоци објавени во петок, приближувајќи се до годишниот раст од 3,5 отсто забележан во просечната плата за час за месец март. Ако се анализираат подетално месечните осцилации, огромниот раст на цените од 0.9 ...
Обединетите нации денес соопштија дека кризата во Ормускиот теснец може да предизвика глобална земјоделска катастрофа. Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) предупреди дека продолжената криза во Ормускиот теснец може да предизвика глобална земјоделска катастрофа поради прекини во извозот на ѓубрива и енергија, зголемување на цените на храната и намалени приноси на земјоделски култури, објави „Скај њуз“. Во соопштението се ...
На многу улици во градовите низ Македонија, излозите веќе не светат. Ролетните се спуштени, на вратите стојат катанци, а во стаклата се гледаат избледени реклами од некои поинакви времиња. „Се издава“ или „се продава“ – хартиени натписи залепени со селотејп, понекогаш веќе пожолтени од сонцето. Некои стојат со месеци. Празните локали стануваат сè почеста слика во централните градски зони, но и во помалите населби. Таму каде што порано ...
Коалицијата што ја предводи Германија, односно претставниците на партиите ЦДУ/ЦСУ и СПД, по долги преговори се согласија за неколку мерки за да се обидат да ги ублажат последиците од војната во Иран. Министрите од овие две партии долго време се обидуваат да постигнат договор за конкретни мерки што би ги ублажиле последиците од овој конфликт, кои се чувствуваат низ целиот свет. На крајот, во текот на претходниот викенд се водеа интензивни ...
Грејна сезона завршува на 15-ти април, среда, за централно греење во градот Скопје. Согласно регулативата, грејната сезона трае до 15-ти април и истата може да биде продолжена до 30-ти април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Официјално, грејната сезона започнува од 15 октомври за сите потрошувачи приклучени на системот ...
По зголемувањето на цените во пресрет на велигденските празници, вниманието на јавноста сега е насочено кон одлуката што Владата треба да ја донесе во наредниот период. Очекувањата се дека новиот пакет мерки ќе има за цел да го ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и да донесе стабилизација на пазарот. Министерството за економија веќе изготви анализа врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, кој во изминатиот период ...
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 04.05.2026 година ќе врши исплата на дивиденда за 2025 година. Право на исплата на дивиденда за 2025 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2026 година. Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка. Согласно Законот ...
Платформата за онлајн резервации на сместување Booking.com ги предупреди своите корисници дека била цел на хакерски напад во кој „неовластени страни“ добиле пристап до неодреден број имиња, контакт информации и детали за резервација на клиентите. „Откако ја откривме активноста, презедовме мерки за да го локализираме проблемот. Го ажуриравме ПИН-бројот за овие резервации и ги известивме нашите гости“, се вели во соопштението, објавено од ...
Цената на златото падна во понеделник под притисок на растечките инфлациски стравови, откако мировните преговори меѓу САД и Иран завршија без договор, а Вашингтон објави блокада на Ормускиот теснец, дополнително продлабочувајќи го глобалниот енергетски шок. Цената на унца злато во текот на денот падна за до 2,2 проценти, паѓајќи под 4.650 долари, пред подоцна да се надоместат дел од загубите. Американската војска објави дека блокадата ќе ...
Рускиот функционер Александар Маслеников во понеделник повика на создавање заеднички резерви на храна со земјите од БРИКС и поранешните советски соседи за ублажување на ризиците за глобалната безбедност на храната предизвикани од војната на Блискиот Исток. Маслеников истакна дека Русија е најголемиот извозник на пченица во светот и дека координираното формирање на заеднички резерви на храна со пријателски земји, особено членови на ...
На европските берзи цените на акциите паднаа бидејќи, по неуспешните мировни преговори меѓу САД и Иран, пазарите повторно се несигурни. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше за 0,7 проценти понизок во 9:30 часот наутро, губејќи дел од добивките од минатата недела. Утрово, лондонскиот индекс FTSE падна за 0,43 проценти, на 10.556 поени, додека франкфуртскиот DAX падна за 0,94 проценти, на 23.580 поени, а парискиот CAC падна за ...
Производството на сурова нафта на ОПЕК минатиот месец регистрираше рекорден пад, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток го задуши извозот од клучните членки, покажаа податоците на групата. Производството од организацијата се намали за 7,88 милиони барели дневно на 20,79 милиони дневно во март, предизвикано од загубите во Ирак, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, според месечниот извештај од нејзиниот секретаријат што го ...
Под притисок на стареењето на населението, зголемените буџетски трансфери и сè понеповолниот однос меѓу вработените и пензионерите, во Македонија се размислува за нова пензиска реформа, која треба да даде насоки како да се „излекува“ ранливиот пензиски систем и да се направи одржлив на долг рок. Последната реформа на пензискиот систем е направена во 2005 година, кога беше воведен тристолбниот пензиски систем. Директорот на Фондот за ПИОМ, ...
Во Вашингтон започнува пролетното заседание на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, каде светските финансиски лидери, министри и централни банкари од 13 до 18 април ќе разговараат за состојбата на глобалната економија, со посебен акцент на растечките ризици поврзани со геополитичките тензии, инфлацијата и нестабилноста на енергетските пазари. Собирот се одржува во период на зголемена глобална неизвесност, предизвикана од војната на ...
Членот на Управниот совет на Европската централна банка, Борис Вујчиќ, рече дека трошоците за енергија остануваат близу до основното сценарио, и покрај тоа што се зголемија по неодамнешното примирје. „Иако цените на нафтата и гасот малку се зголемија од минатата недела, сè уште сме многу блиску до основното сценарио“, рече хрватскиот функционер во понеделникот во Загреб. Прочитај повеќе Инфлацијата во еврозоната нагло скокна поради ...
Добивај вести на Viber Државјаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и другите земји што не се дел од Шенген зоната, можат да престојуваат во Грција најмногу 90 дена во период од 180 дена. Ова правило важи без разлика дали престојот е непрекинат или во повеќе наврати. Поседувањето недвижност во Грција не носи дополнителни поволности – и за сопствениците важи истото ограничување од 90 дена. Клучно е да се разбере дека станува збор за ...
Добивај вести на Viber Швајцарија и натаму се издвојува како една од најатрактивните дестинации за работа во Европа, со плати што во одредени сектори достигнуваат и до 11.000 евра месечно. Според податоците на европската агенција за вработување ЕУРЕС, моментално има околу 20.000 отворени работни места. Големата побарувачка за работници е резултат на силната економија, но и на стареењето на населението, што создава зголемена потреба од ...
Иван Римац, познатиот хрватски претприемач и татко на Мате Римац, почина вчера на 64-годишна возраст, пишува „Јутарњи лист“. „Во име на семејството Римац, можеме да потврдиме дека нашиот сакан сопруг, татко и дедо, Иван Римац, почина вчера во својот дом во Самобор. Семејството моли за приватност во овие тешки времиња“, е пораката на семејството Римац. Иван Римац беше првиот сериозен инвеститор во раниот развој на компанијата „Римац ...