Добивај вести на Viber „Ејџиан ерлајнс“ ќе ги зголеми цените на билетите по скокот на цените на горивата поради конфликтот на Блискиот Исток и војната во Иран, открија извори од компанијата во четврток, пренесува АНА-МПА. Сепак, од таму додадоа дека зголемувањето на цените ќе биде ограничено на околу 7 и 8 отсто. Изворите посочија дека цените на горивото за авиони се зголемиле повеќе од двојно, од 800 американски долари по тон на 1.700 ...

Златото доживеа најголем пад од 2011 година, што предизвика големо внимание кај инвеститорите ширум светот. Во последната недела цената на овој благороден метал се намали за околу 9–10%, што е најсилен пад во последните 14 години. Овој пад доаѓа во време на зголемена геополитичка нестабилност, кога логично се очекува златото да расте како „сигурно засолниште“. Главните причини за ова изненадување се комбинација на економски фактори. Прво, ...

Добивај вести на Viber Храната може да зазема голем дел од месечниот буџет. Но со малку паметно планирање, можете значително да ги намалите трошоците за намирници и сепак да се храните квалитетно. Дури и ако примените само еден од овие совети, со време ќе заштедите пари – а ако ги примените сите, ќе забележите сериозна разлика во вашиот буџет. 1. Изберете замрзнато овошје и зеленчук Ако сакате најдобра вредност за парите, често е подобро ...

Трпезата за Велигден отсекогаш била симбол на изобилие. Оваа година, за многумина, станува симбол на пресметка. Колку чини традицијата и дали воопшто можеме да си ја дозволиме? Пазарите веќе неколку дена пред празникот се полни. Гужва има, но атмосферата е поинаква. Луѓето купуваат, ама внимателно. Не се полнат корпи како порано, туку се бројат парчиња, се пресметува на калкулатор, се враќа нешто назад на тезга. Една жена пред каса тивко вели ...

Добивај вести на Viber Во нашите домаќинства имаме голем број апарати кои речиси никогаш не се целосно исклучени. Телевизорот често останува во режим на подготвеност, конзолата е подготвена за следната партија, машината за перење чека нов циклус, додека микробрановата печка постојано го прикажува времето. Иако изгледа како уредите да не работат или се само на „stand by“, тие сепак трошат електрична енергија. Експертите предупредуваат дека ...

Добивај вести на Viber Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, истакна во гостувањето во емисијата "Стадион на Канал 77" заменик ...

Претседателот Доналд Трамп во интервју за MS NOW изјави дека на Иран ќе му бидат потребни десет години за да се опорави од воената офанзива што ја започнаа САД и Израел, инсистирајќи дека соборувањето на тврдокорните теократски владетели не е примарна цел на операцијата. „Можев да се пензионирам веднаш и ќе им требаат десет години за да се опорават. Но, не мислам дека тоа е прифатлива ситуација“, ѝ рече Трамп на водителката Стефани Рул. „Ако ...

Малку луѓе знаат дека под нозете, во сенките на дабовите шуми и старите ливади, лежи нешто што на европските пазари се плаќа поскапо од злато по грам. Тартуфот – тивка, невидлива габа што не расте на површина, туку се крие под земја – веќе не е само егзотика од Италија или Франција. Се наоѓа и кај нас. И тоа не малку. Во неколку региони низ Македонија, од западните планински појаси до источните суви предели, ловците на тартуфи одамна ја ...

Европската комисија им наложи на земјите-членки „пофлексибилно“ да ги применуваат правилата на ЕУ за одобрување на увоз на гас. Ова наводно се прави за да се обезбеди стабилно снабдување за време на нарушувањата на глобалниот пазар предизвикани од кризата во Иран и затворањето на Ормутскиот теснец. Според упатствата на Комисијата, царинските органи на ЕУ треба да одобрат увоз на гас од неруски производи во рок од 12 до 24 часа од ...

Љубителите на јагоди кои немаат градини или дворови можат да одгледуваат јагоди за своите потреби во саксии како собно цвеќе или на тераси. За садење се користат саксии со различни големини, од десет до триесет сантиметри во дијаметар. Избраните саксии треба да се наполнат со ровка плодна земја, а во нив треба да се засадат од еден до три садници од јагоди, во зависност од големината на саксијата. Садењето може да се врши во текот на целата ...

Како балканските градови создаваат илузија за прогрес преку градежна офанзива 18.03.2026 • Став Урбанизам Градежната офанзива што во изминатата деценија ги зафати Скопје, Белград и Тирана темелно ги преобликува урбаните јадра, барем на површина. Но, додека овие земји се соочуваат со масовен одлив на население, ниту една не се соочува со недостиг од градежни дозволи. Зад новите фасади и висококатници останува едно непријатно прашање: за кого ...

Израелскиот напад врз иранското гасно поле Јужен Парс беше целосно координиран со САД и требаше да биде порака од американскиот претседател Доналд Трамп дека губи трпение со Иран бидејќи Ормускиот теснец е сè уште затворен, објави Канал 12. Како што рече изворот на израелската телевизија, Израел се закани со понатамошни напади врз иранските енергетски објекти. „Израел оперативно помогна да се испрати американската порака. Или Ормускиот теснец ...

Добивај вести на Viber Повеќето изнајмувачи имаат малку пониски цени во јули отколку во август, а многумина не прават разлика дали гостите остануваат седум, 14 или повеќе дена. Во текот на 2025 година, Хрватска често беше на насловните страници на светските медиуми поради превисоките цени на туристичкиот сместувачки капацитет, кои минатата година достигнаа рекорди. Иако годината заврши со добри резултати, многумина, особено во секторот за ...

Комплексот што го опфаќа најголемиот извозен погон за течен природен гас во светот претрпе „обемна штета“ по ирански напад, само неколку часа откако Техеран предупреди за закани кон енергетските капацитети низ Заливот. Ракетните напади предизвикаа оштетувања во индустрискиот град Рас Лафан во Катар, соопшти државната компанија „Катар Енрерџи“, без да даде повеќе детали. Индустрискиот град е домаќин на капацитети меѓу кои и постројката за ...

Добивај вести на Viber Некогашниот најбогат град во Европа има 60 езера. Toj се наоѓа во кратерот на урнат вулкан, а многумина никогаш не слушнале за него. Банска Штавњица во Словачка беше позната по своите рудници за злато и сребро, а поради својата средновековна архитектура, беше вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Најфасцинантните градови во Централна Европа секако се Прага, Будимпешта и Краков, но Банска Штавњица, град ...

Од денеска, граѓаните ќе се снабдуваат со поевтини горива на продажните места на најголемите нафтени компании во земјава. Цените на горивата се за два до три денари пониски од максималната цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Ова доаѓа како директен резултат од понудата на една од компаниите која им овозможи на трговците да купуваат нафтени деривати по пониски цени за два денари. Засега, ваквата одлука ќе биде на сила до ...

Светскиот познат музичар Лени Кравиџ, поседува дом во Париз којшто е вистински храм на стилот, музиката и уметноста. Резиденцијата е препознатлива по комбинацијата на класична архитектура и модерни, лични детали што го одразуваат духот на Кравиц. Домот е дизајниран со цел да комбинира луксуз, удобност и креативна слобода. Дневната соба е простор за одмор и разговори, со големи прозорци што пуштаат природна светлина и мебел што додава топлина ...

Добивај вести на Viber Некои експерти од индустријата за кафе повлекуваат паралели помеѓу пазарите на кафе и какао, предвидувајќи дека цените на кафето ќе паднат во наредните месеци, слично на тоа како цените на какаото се намалија откако состојката за производство на чоколадо достигна рекордно високо ниво во 2024 година. Прашањето дали кафето ќе го повтори падот на цените на какаото беше во фокусот на минатонеделната годишна конвенција на ...

Американците сè повеќе го чувствуваат притисокот врз буџетот на своите домаќинства, а зголемувањето на трошоците е највидливо на касите на продавниците и бензинските пумпи. Ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран почнува да има директни последици врз секојдневниот живот на граѓаните. Претседателот Доналд Трамп, кој го базираше своето враќање во Белата куќа на ветувањето за намалување на трошоците за живот, сега се соочува со ...

Ниски откупни цени, недостаток на работна сила, лоша инфраструктура но и ограничен пристап до здравство и образование се дел од поголемите предизвиции со кои се соочуваат земјоделците во Македонија. Претседателот на Националната федерација на фармери Стеванче Јорданоски рече дека за надминување на ваквите предизвици потребно е да се спроведат конкретни мерки и реформи со цел земјоделството во државава да може да опстане. Според него, потребно ...

Трговците пресметуваат две зголемувања на каматните стапки од Европската централна банка оваа година, откако нападот врз иранските енергетски капацитети повторно ги разбуди стравувањата од скок на инфлацијата. Пазарите укажуваат на 50 базични поени монетарно затегнување во 2026 година, за првпат од 9 март. Следната објава на ЕЦБ е во четврток, каде што и економистите и пазарите очекуваат официјалните лица да ја задржат депозитната стапка ...

Добивај вести на Viber Заечар е најлошиот град за живеење во Србија, според прелиминарните анкети за перцепцијата на граѓаните спроведени од Економскиот факултет во Ниш. Градот се најде на последното место врз основа на неколку категории, како што се образование, дигитална писменост, животна средина и клима, но и лоши економски параметри. Некогаш индустриски административен центар на Тимочка Краина, со повеќе од 15.000 работници вработени во ...

НЛБ Банка и Специјална Олимпијада ја продолжуваат својата долгогодишна соработка, насочена кон промоција на инклузијата и еднаквите можности. Во рамки на 16-тите интерни спортски игри на НЛБ Банка беше одигран пријателски кошаркарски натпревар, кој помина во позитивна атмосфера, исполнета со тимски дух, фер-плеј и взаемна поддршка. Настанот уште еднаш ја потврди посветеноста на двете организации кон градење партнерство што се развива и надвор ...

Додека многумина сè уште веруваат дека сигурна иднина се гради во канцеларија, реалноста на пазарот на труд покажува сосема поинаква слика. Еден пример кој предизвика лавина реакции откри колку може да се заработи од занает – и тоа за само неколку часа работа. Во дискусија на интернет, корисници споделија искуства за заработката во занаетчиските професии. Еден од нив навел дека електричар наплатил околу 350 евра за релативно кратка ...

Исплатата на субвенциите повторно го отвори најболното прашање во македонскиот аграр: дали државата навистина има систем за поддршка на земјоделците, или само периодично гаси пожари со задоцнети уплати. Иако во изминатиот месец биле исплатени околу 30 милиони евра, земјоделските здруженија тврдат дека на терен и натаму останува значителен долг, кој според нивните пресметки се движи околу 70 милиони евра. Најгласни во предупредувањата се ...

Дали треба да се штеди за пензионирање или за тешки времиња? Според Илон Маск, тоа наскоро ќе стане целосно бескорисно. Милијардерот даде контроверзна изјава дека напредокот во вештачката интелигенција и роботиката ќе создаде свет со такво изобилство што традиционалните финансиски концепти повеќе нема да имаат смисла. Најбогатиот човек во светот неодамна се појави во подкастот „Moonshots with Peter Diamandis“ и го изнесе изненадувачкото ...

Превозниците од Македонија и Западен Балкан се загрижени дека утрешниот онлајн состанок со Европската комисија нема да донесе брзо решение за правилото за престој во Шенген-зоната. Специјалните долгорочни визи за професионални возачи се сметаат за најреалното решение, но бројките на ИРУ покажуваат дека недостигот на возачи во Европа веќе достигнува повеќе стотици илјади. Од „Макам-транс“ стравуваат дека одливот на возачи кон ЕУ и ...

Расправата за Нацрт-законот за заштита на населението од пушење природно и оправдано го става фокусот на јавното здравје. Построги правила за пушење во затворени простории и посилна заштита на младите се цели кои тешко можат да се доведат во прашање. Меѓутоа, токму поради сериозноста на намерата, законот мора да биде не само строго напишан, туку и применлив, пропорционален и заснован на реална проценка на последиците. Дел од предложените ...

Руската енергетска компанија Гаспром објави нето добивка од 11,2 милијарди рубљи (околу 138 милиони долари) во 2025 година. Приходите на компанијата се намалија за седум проценти во споредба со 2024 година, на 5,8 трилиони рубљи (71,4 милијарди долари), објави Anadolu Agency. И покрај овој пад на приходите, руската компанија ја заврши годината со нето добивка. Прочитајте повеќе: Гаспром забележа остар пад на извозот на природен гас во Европа ...

Пакување со 10 јајца поскапо за 10 денари, шише зејтин за 8 до 9 денари, домат поскап за 90 денари од килограм, шеќер за 10 денари. Ова се само дел од поскапувањата што ги забележа „Слободен печат“ по маркетите и тоа само неколку дена по драстичното зголемување на цените на нафтените деривати. Вработените во маркетите велат дека нови цени имаат и гравот и леќата, кои се поскапи во просек за 5 до 8 денари, а печурките се поскапи за цели 80 ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
79%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.45
65%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
69%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Калај

43.91

Злато

144593.23

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19

Родиум

353658.21

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44