Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Добивај вести на Viber Срамно ниските пензии во Хрватска повторно беа тема на дискусија на седницата на Парламентот во вторник. Пратеникот од СДП, Борис Лаловац, нагласи дека граѓаните кои се пензионираат гледаат како нивните приходи драстично се намалуваат, што е неодржливо. Лаловац потсетува дека околу 40.000 работници се пензионирале минатата година. Тие примале просечна пензија од 570 евра, што значи дека многу од нив веднаш стануваат ...
Долго време бетонот се поврзуваше исклучиво со градилишта, гаражи и индустриски објекти. Денес, ситуацијата е сосема поинаква. Овој суров материјал стана еден од најпосакуваните елементи во модерниот ентериер, особено во станови и куќи уредени во минималистички, индустриски или современ стил. Архитектите и дизајнерите го сакаат бетонот поради неговата едноставност, издржливост и моќниот визуелен ефект. Неговата природна текстура внесува ...
Минималецот од 600 евра не помина на комисии. Ниту на економската, ниту на законодавно-правната. Падна и иницијативата за трипартитен дијалог, синдикатите, работодавачите и Влада да седнат на јавна расправа пред пратениците. Опозицијата тврди дека инфлацијата ја јаде куповната моќ и дека платата мора да порасне веднаш. Пратениците од власта без дискусија, освен Миле Цеков од ЗНАМ, кој рече дека ќе го поддржи законот. Фатмир Битиќи предупреди, ...
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) ја обвини Владата дека го одбила предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, додека истовремено продолжува со, како што велат, луксузни и непродуктивни трошоци. Од партијата посочуваат дека во услови на зголемени трошоци за живот и раст на цените, илјадници работници едвај ги покриваат основните потреби. Според СДСМ, наместо поддршка за граѓаните со ниски примања, ...
Македонските автобуски превозници се соочуваат со сериозна криза во меѓународниот сообраќај, бидејќи драстично се намалува бројот на патници. Причина е порастот на авиопревозот, особено поради нискобуџетните билети на „Визер“, кои често се двојно или тројно поевтини од автобуските. Како резултат, многу компании се повлекуваат од далечните дестинации и се фокусираат на балканските тури од пролет до есен, додека во зимските месеци автобусите ...
Во јавноста сè уште се води дебата за потребата од подигнување на прагот за регистрација на ДДВ, кој во моментов изнесува 2 милиони денари. Многу економисти и сметководители се изјаснија дека оваа мерка е клучна за поддршка на микрокомпаниите и на малите претпријатија и оти на овој начин ќе се намали сивата економија бидејќи поголемиот промет кој ќе го прават овие компании ќе влезе во системот. Освен тоа, тие укажуваат на фактот дека ...
Геотермалната енергија користи топлина од под површината на Земјата за греење и ладење на згради и производство на електрична енергија. Но, лесно достапните извори се ретки и покриваат само околу 1% од глобалната побарувачка за електрична енергија, според извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Во исто време, сепак, постои растечка побарувачка за геотермална енергија, која е чиста и конзистентна, од технолошките центри. Се ...
Во регионот Рибатехо, североисточно од Лисабон, каде што во текот на целата година се одгледува околу 200 хектари свеж зеленчук, штетата е значителна. Тања Луз е Силва од компанијата Раш Груп предупредува дека ситуацијата би можела дополнително да се влоши. Компанијата работи во неколку европски и неевропски земји, а португалската подружница Раш Фармс Португалија е меѓу погодените од поплавите. Производителите, истакнува Силва, веќе биле ...
Веќе три дена, 50 камиони се заглавени на граничниот премин Ќафасан, повеќето од нив доаѓаат од Турција и Македонија. Возачите велат дека чекаат 3 дена за да го продолжат своето патување, но она што се случува после граница ги принудило да чекаат. Возачите велат дека застојот не е предизвикан само од редовните гранични процедури, туку од случувањата на албанска страна, во близина на местото познато како Ura e Arrës. Според нив, токму таму се ...
Македонските работници во Италија сè почесто признаваат дека секојдневието таму веќе не изгледа како некогашната сигурна формула за подобар живот. Она што пред десетина години се раскажуваше како приказна за стабилност и заработка денес се претвора во внимателна пресметка на трошоци, сметки и неизвесности. Кириите растат, храната поскапува, а административните процедури знаат да бидат лавиринт од кој тешко се излегува без дополнителни трошоци ...
Jack Zhang, коосновач и извршен директор на Airwallex, изгради една од најбрзо растечките финтех фирми во светот, вредна околу 8 милијарди долари денес, со повеќе од 1 милијарда долари годишен периодичен приход (ARR). Компанијата работи глобално и обезбедува прекугранични плаќања, трансфери на девизи и услуги за финансиска инфраструктура за илјадници бизниси низ целиот свет. Роден во Кингдао, Кина, Zhang, се преселил сам во Австралија на ...
Централната банка на Унгарија ја намали својата основна каматна стапка за прв пат по речиси година и пол, откако стапката на инфлација падна под целната вредност на банката. Народната банка на Унгарија ја намали својата основна каматна стапка за четвртина поен на 6,25 проценти во вторникот, во согласност со проценката на 21 економист во анкетата на „Блумберг“. Тројца од нив очекуваа 17-ти последователен месец без промена. Годишната основна ...
Сè повеќе млади работат по две и три работи – но станот останува недостижен Во Македонија, особено во Скопје, сè погласно се поставува едно прашање: дали сопствен дом станува недостижен луксуз за генерацијата меѓу 25 и 40 години? Иако голем дел од младите денес работат по повеќе работни ангажмани – редовна работа, фриленс, дополнителни хонорари – пресметката на крајот од месецот често покажува ист резултат: кирија, сметки и основни трошоци ја ...
Американско-иранските тензии повторно ја разгоруваат дискусијата за ранливоста на глобалната економија на геополитички тензии, во услови на постоечки регионални конфликти како руско-украинскиот конфликт, воената интервенција на Израел во појасот Газа и американската интервенција во Венецуела. Со оглед на фактот дека САД и останатите т.н. Западни сојузници имаат воведено низа економски санкции за иранската економија, а како резултат на тоа ...
На 25 февруари, од 10:00 часот, Нептун повторно ги отвора вратите на својата продавница во Прилеп на истата, добро позната локација, но со целосно нов концепт, модерен изглед и значително унапредено купувачко искуство. По повод свеченото отворање, Нептун подготви 100 награди за посетителите, како и двојно поени за секое купување, што го прави овој ден идеална можност за паметен шопинг. Целиот настан ќе биде проследен со добра забава, ...
Купувањето половен автомобил често носи ризик, бидејќи продавачите на некои возила на пазарот манипулираат со километражата. Нечесните продавачи го враќаат бројот на километри со цел вештачки да ја зголемат вредноста на возилото, поради што купувачите не само што преплаќаат за автомобилот, туку подоцна може да имаат и повисоки трошоци за одржување и поправка. Според најновото истражување на компанијата „Кар Вертикал“ за 2025 година, моделот ...
Ќе ги бојадисуваме ли оваа година најскапите јајца досега? Прашањето веќе тивко се провлекува низ пазарите, по маркетите, по семејните маси каде што се прават пресметки пред празниците. Ако лани една табла јајца чинела 300 денари, сега се отвора реална можност цената да порасне за најмалку 50 денари, зависно од пазарните движења и од тоа колку ќе има јајца на домашниот пазар. Трговците засега се внимателни во проценките, но признаваат дека ...
Четири месеци по локалните избори, ангажираните лица се уште го немаат добиено надоместокот за сработеното кои достигнува и до 350 евра. Во 29 општини градоначалниците или делумно или воопшто не им ги исплатиле парите на членовите во избирачките одбори кои си ја завршиле работата, соопштија од ДИК за Телма. Државната изборна комисија вчера до општините испратила уште еден допис со кој бараат да си ја завршат обврската. До ДИК пристигнале и ...
Коцкањето во Македонија повеќе не може да се третира како маргинална појава. Во урбаните средини, особено во Скопје, присуството на обложувалници и казина е дел од секојдневниот визуелен пејзаж. Светлечки реклами, 24-часовна достапност и агресивен маркетинг ја прават индустријата постојано видлива – и постојано достапна. Проблемот не е само во бројот на објекти, туку во нормализацијата на однесувањето. За дел од младите, обложувалниците ...
Доколку планирате одмор, викенд патување или обиколка на европски градови годинава, важно е да ги вклучите туристичките такси во вашиот буџет. Иако честопати изгледаат како мал трошок, во пракса можат да додадат неколку десетици евра на вкупната цена на патувањето. Градовите и другите дестинации ги зголемуваат даноците или воведуваат нови од повеќе причини, а главната е прекумерниот (масовен) туризам што локалната инфраструктура тешко може да ...
Во современата архитектура, поимот воздушни згради не е метафора, туку технички и инженерски прецизно дефиниран концепт. Според водечките светски архитектонски и градежни експерти, станува збор за објекти или делови од објекти кои визуелно и конструктивно се издигнати од теренот, оставајќи впечаток на леснотија, лебдење и минимален контакт со земјата. Оваа архитектура е одговор на густите урбани средини, климатските предизвици и потребата за ...
Извршниот директор на „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.), Џејми Дајмон, прашан за жестоката конкуренција во финансиската индустрија, изјави дека започнува да забележува паралели со периодот пред финансиската криза во 2008 година, кога трката за одобрување кредити заврши катастрофално. „За жал, ова го видовме и во 2005, 2006 и 2007 година, речиси истата работа - сите беа задоволни и сите заработуваа многу пари“, изјави Дајмон за ...
Општина Демир Хисар продолжува со континуирана поддршка и финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и Фондации во областите од надлежност на општината. Локалната самоуправа годинава обезбеди 170.000 денари за поддршка на тамошните здруженија на граѓани и фондации, а максималниот износ кој може да го добие еден апликант изнесува 30.000 денари. -За сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10 проценти ...
Велика Британија ја вклучи компанијата „Транснефт“ меѓу речиси 300 други санкционирани руски субјекти во рамки на пакетот санкции за кој Лондон вели дека е најголемиот наметнат од британските власти од раните фази на војната во Украина. Санкциите се објавени на четвртата годишнина од почетокот на војната. Британската влада соопшти дека „Транснефт“ е еден од најголемите оператори на цевководи во светот и транспортира повеќе од 80 проценти од ...
Зошто цените во Македонија растат и кој може да си дозволи дом Пазарот на недвижности во Македонија во 2025 година бележи историски раст. Цените пораснаа за околу 25 проценти на годишно ниво, а Скопје повторно е во фокусот. Највпечатлив пример е стан од 83 квадратни метри во Општина Центар, продаден за 246.171 евро – или речиси 3.000 евра по квадрат. Тоа е сума што до пред неколку години звучеше незамисливо за македонскиот пазар. Но што ...
Во време на компјутери, мобилни телефони, таблети, време кога постојано се седи, сè почести се болките кај младите луѓе во вратната регија. Што е дискус хернија, како се лекува, има ли нови методи на лекување и колку време трае лекувањето, зборуваме со доктор Миленко Костов, неврохирург од приватната болница, „Аџибадем Систина“. Докторот вели дека вратниот дел од ’рбетот се состои од седум пршлени, а помеѓу секој пршлен, од вториот, кон ...
Кога ќе го погледнеме патот што го помина Samsung, јасно е дека станува збор за бренд кој секогаш гледал подалеку од хоризонтот. Наследството на Galaxy уредите не е само во бројките на продажба, туку во начинот на кој тие уреди го трансформираа нашето секојдневие – од првите водоотпорни екрани до камерите кои станаа златен стандард за секој што сака да го овековечи светот во неговата најубава форма. Samsung продолжува да биде храбриот ...
Американските берзи нагло паднаа во понеделник, бидејќи инвеститорите се бореа со растечките стравови за влијанието на вештачката интелигенција врз економијата, како и со новите најави за зголемување на царините од страна на претседателот Доналд Трамп. Dow Jones Industrial Average потона за 803 поени, или 1,6 проценти. Nasdaq Composite падна за 1,2 проценти, додека S&P 500 падна за 1,1 процент, враќајќи се на негативна територија за 2026 ...
Технологија која ве штити од љубопитни погледи Овој напредок не е случаен. По пет години интензивно инженерство и проучување на навиките на луѓето, „Samsung“ создаде фузија од хардвер и софтвер која е експертски калибрирана да ве заштити без да ви пречи во користењето. Новото ниво на приватност ви овозможува да ги проверите вашите пораки или да внесете лозинка додека сте во гужва, без да размислувате кој би можел да види. Она што е најдобро е ...
Вработените во хотел „Фламинго“ Казино, како и голем број граѓани на Гевгелија вчера повторно демонстрираат хуманост при реализацијата на веќе шестата крводарителска акција организирана заедно со Општинската организација на Црвен крст Гевгелија. Вкупно 76 крводарители се приклучија на акцијата, покажувајќи ја својата солидарност и посветеност кон спасување човечки животи. „Шеста година по ред со големо задоволство во нашиот хотел ја ...