Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Рускиот регулатор за комуникации, Роскомнадзор, планира да го ограничи пристапот до Телеграм почнувајќи од вторник, објави новинската агенција РБЦ, повикувајќи се на неидентификувани лица запознаени со ситуацијата. Мерките за забавување на пристапот до услугата за пораки веќе започнаа, објави новинската агенција, повикувајќи се на друго лице запознаено со ситуацијата кое не беше идентификувано. РБЦ испрати барање за коментар до Роскомнадзор. ...
Ватиканската банка лансираше два индекси кои избираат акции врз основа на католичките принципи. Morningstar IOR Eurozone Catholic Principles Index и Morningstar IOR US Catholic Principles Index „се дизајнирани да служат како референца за католичките инвестиции низ целиот свет“, се вели во соопштението на Институтот за религиозни дела, како што е формално позната банката, во кое имаше увид „Блумберг“. И двата сочинуваат 50 компании со средна и ...
Извршниот директор на „Мерцедес-Бенц“, Ола Келаниус, упати сериозно предупредување до политичката и економската елита на Германија. Според него, Германија оди по погрешен економски пат веќе десет до петнаесет години, што сега директно ја загрозува конкурентноста и инвестициите. Доколку девизниот курс не се промени наскоро, предупредува Келаниус, Германија би можела трајно да изгуби дел од својот индустриски капитал. Во неколку јавни настапи, ...
Добивај вести на Viber „Макпетрол“ официјално го отвори новиот Бизнис центар во рамки на својата Управна зграда, наменет за континуиран развој и обука на вработените. Центарот ќе служи како современ простор за реализација на интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни средби. На настанот присуствуваа претставници на ...
Со цел унапредување на безбедноста на онлајн трансакциите со картички и усогласување со најновите регулаторни барања, Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов начин на потврда на интернет плаќањата. Од 1 март 2026 година, сите интернет плаќања со картички во Шпаркасе Банка ќе се потврдуваат исклучиво преку мобилната апликација S-Bankaодносно преку потврда на push нотификација испратена до мобилниот уред на клиентот. Овој начин на автентикација ...
Крогер, водечкиот супермаркет во Cincinnatti, подготвува значајна промена во своето раководство со назначувањето на искусниот Грег Форан како нов генерален директор. Форан, кој има импресивно работно искуство од 64 години, претходно раководеше со американските операции на Walmart, една од најголемите светски малопродажни компании. Неговото назначување претставува стратегиска одлука која може да донесе нови перспективи и иновативни пристапи во ...
Новата европска регулатива за пакување, која стапи на сила во февруари 2025 година, ќе донесе значителни промени во начинот на пакување и продажба на стоките, а клучните забрани ќе почнат да се применуваат од 1 јануари 2030 година. Целта е да се намали отпадот и постепено да се елиминира пластиката за еднократна употреба од секојдневната употреба во трговијата, угостителството и туризмот. Највидливите промени се очекуваат во супермаркетите – ...
Првиот човек на македонската влада смета дека денешните протести и синдикалното блокирање на Собранието имаат политичка заднина. Мицкоски истакна дека Владата ги исполнила своите обврски како најголем рабоитодавач со тоа што постигнала договор со Синдикатот на УПОЗ и со Синдикатот на администрацијата. – Ние кажавме дека ќе го поддржиме секое решение што ќе го постигнат работодавачите и Синдикатот. Но политички инструирани самоводачи нема да ...
Законот за работно ангажирање лица – добредојдена новина на домашниот пазар Намалување на сивата економија, односно на непријавената работа на некои работници, намалување на бројот на луѓе што работат „затскриено“ или без да бидат платени придонесите, се дел од придобивките што се очекуваат со почетокот на примената на Законот за работно ангажирање лица. Сепак, влијанието врз намалувањето на потребите од работна сила, проблем што честопати го ...
Банкарските и криптоапликациите се цел на нов малициозен софтвер наречен Albiriox, кој им овозможува на трети страни да вршат финансиски трансакции целосно беспрекорно во име на корисниците и директно од нивниот мобилен телефон. Станува збор за особено опасен малициозен софтвер за Android кој им овозможува на напаѓачите да ја преземат контролата врз заразените паметни телефони во реално време, дури и додека корисниците активно ги користат. ...
Во периодот јануари – декември 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 128 милиони денари, објави денеска Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство лани изнесува 156.365 илјади денари, што е за 58,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во 2025 година градежната оператива од државава во странство извршила ...
Во македонските компании, без разлика дали станува збор за мала приватна фирма или за поголем систем, односот меѓу вработениот и надредениот и понатаму останува еден од клучните фактори за стабилна кариера и професионален напредок. Не станува збор само за формална хиерархија, туку за доверба, предвидливост и чувство дека некој ти го „чува грбот“ кога работите ќе се искомплицираат. А тоа, велат познавачите на корпоративната култура, не се ...
Во големите трговски ланци светлата никогаш не се гасат. Климатизацијата работи, рафтовите се полни, музиката тивко тече, а зад таа уредна слика стојат луѓе што со години ја носат истата тежина. Зад касите, во магацините, меѓу палетите и ценовниците, се создаде една тивка категорија работници за кои сè почесто се користи тешка, но сè помалку спорна формулација: модерни робови. Работното време формално постои, но реално се растегнува. Осум ...
Дигиталното евро е замислено како електронска форма на готовина која ќе ја издава директно Европската централна банка (ЕЦБ). Тоа ќе служи како дополнителна опција за плаќање, дополнувајќи ги готовината и картичките на комерцијалните банки. За разлика од секојдневните плаќања со картички, кои се сметаат за „приватни“ пари, дигиталното евро ќе им овозможи на граѓаните директно да користат дигитални „јавни“ пари, кои денес се достапни главно во ...
Во сложениот свет на финансиската политика, иницијативата на Кевин Варш за воспоставување нов договор помеѓу Федералните резерви и Министерството за финансии отвора значајни прашања за економската координација. Неговиот предлог истакнува потребата од поблиска соработка меѓу клучните економски институции, со цел постигнување поефикасна монетарна и фискална стратегија. Варш верува дека подобрената комуникација и усогласеност може да донесат ...
Аналитичарите од Волстрит се вклучуваат во еуфоријата околу кинеските акции поврзани со вештачката интелигенција, што се гледа и преку првите аналитички оценки за компаниите од најновиот бран берзански котации. „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.) им препорача на инвеститорите да купуваат акции на развивачите на ВИ-модели „Мини Макс“ (MiniMax Group Inc.) и „Нолиџ Атлас“ (Knowledge Atlas Technology JSC Ltd.), позната и како Жипу. „Голдман ...
Денеска се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. Во согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и домашното окружување, ...
„Веќе некое време гледаме позначајна улога за еврото“, изјави гувернерот на австриската централна банка во интервју за Ројтерс. „Забележуваме зголемен интерес на нашите партнери за еврото и мислам дека тоа е една од причините зошто сме сведоци на одредено зголемување на вредноста на еврото и зошто еврото станува валута со статус на безбедно засолниште“, додаде Кохер. Инвеститорите во време на криза и неизвесност обично купуваат злато и ...
Пазарот на лизинг во Србија ја заврши 2025 година со историски висок резултат – вкупната вредност на новосклучените договори достигна 1.023,7 милиони евра, што го надмина ограничувањето од милијарда евра вторпат по ред. Здружението на лизинг компании на Србија (ALCS) наведува дека лизинг индустријата продолжува да расте постојано и е еден од клучните извори на финансирање на домашниот пазар. Во споредба со крајот на 2024 година, пазарот ...
Според анализите на највлијателните светски архитектонски и историски стручњаци, Кремљ во Москва не е само политичко срце на Русија, туку еден од најкомплексните и најмоќните архитектонски симболи во светската историја. Тој е редок пример каде архитектурата, идеологијата, религијата и државната моќ се слеваат во единствен, монументален ансамбл кој со векови ја дефинира руската државност. Архитектура: тврдина, палата и свето место во едно ...
Стан од 83 квадратни метри во општина Центар е продаден по рекордна цена од 246.171 евро, односно 182.404 денари за квадратен метар, покажуваат податоците од најновиот Извештај на Регистарот на цени и закупнини, објавен од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН). Во четвртиот квартал од 2025 година, најголем број продадени станови се евидентирани во општина Аеродром, каде што се реализирани 304 продажби. Најмногу продадени куќи, пак, има ...
Добивај вести на Viber Треската на новогодишните и божиќните празници штотуку помина, а трговците на мало веќе се подготвуваат за следниот голем празник. За христијаните кои го слават Велигден според грегоријанскиот календар, овој празник „паѓа“ во првата недела од април. Во европските земји кои ќе го слават празникот во тоа време, полиците во продавниците се веќе полни со велигденски производи, но наместо празнична еуфорија, купувачите ги ...
Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува уникатна приказна и порака за љубов. Македонските ракотворци ќе се претстават со органска козметика, уметнички дела, декоративни и ароматизирани свеќи инспирирани од Денот на вљубените, рачно изработени колачиња, накит ...
Официјалните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека со полна пареа започна годината во однос на реализацијата на капиталните инвестиции. Во државната каса повеќе пари излегуваат, помалку влегуваат, а се зголемува и долгот на државата. Заклучно 6.2 2026 година реализацијата на капитални инвестиции надмина 15 проценти, што претставува добар старт во однос на планираното. Податоците на ресорното министерство покажуваат дека од ...
Најскапиот стан во четвртиот квартал од минатата година е продаден во скопската општина Центар по цена од 182.404 денари или близу 3.000 евра. За 83 метри квадратни купувачот платил вкупно 246.171 евра. Според Регистарот на цени и закупнини, просечната цена на метар квадратен станбена површина во скопски Центар изнесува 110.224 денари, а најниската просечна цена е постигната во Струмица - 46.286 денари. Најголем број продадени станови се ...
Добивај вести на Viber Фатмир Битиќи од СДСМ, вели дека ПР-от на владата не одговара со реалноста, бидејќи се внесуваат селективни споредби. Garbage in, garbage out (GIGO) - кога во економската дебата се внесуваат селективни споредби, самопофалби и бројки без контекст, на излез добиваме лажна „четврта економија во Европа“. А во однос на она што граѓаните го чувствуваат, Македонија е 82-ра по квалитет на живот. Ова е разликата меѓу ПР ...
Добивај вести на Viber Една недела по стартот на системот „Сејф сити“, првите бројки веќе го даваат одговорот на прашањето дали дигиталниот надзор во сообраќајот носи ефект. Илјадници регистрирани прекршоци, десетици фатени на црвено и значителни суми од казни ја покажуваат новата реалност на македонските улици – возењето под камера значи поголема дисциплина, но и конкретна цена за оние што ги кршат правилата. Минатата недела системот ...
На полиците во македонските маркети, меѓу шарените пакувања, последниве години тивко се случува една промена што потрошувачите ја чувствуваат, но тешко ја лоцираат на прв поглед. Сè изгледа исто како порано, истата амбалажа, исти бои, исто име на производот. Само кога ќе застанеш, ќе го свртиш пакувањето и ќе ја прочиташ ситната бројка долу, почнува да станува јасно дека нешто не е како што било. Граѓаните сè почесто забележуваат дека ...
Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на ...
Цените на златото во изминатата недела се движеа во знак на зголемена волатилност, отсликувајќи ги сложените глобални економски и финансиски услови. Благородниот метал, кој традиционално се смета за безбедно засолниште во периоди на неизвесност, беше под влијание на спротивставени фактори — од една страна геополитичките ризици, а од друга очекувањата поврзани со монетарната политика на водечките централни банки. Според водечката берза на ...