Потврдено и заверено со досегашните водачи-апаши „Папата“, „Мона Лиза“, „Гаргамел“, „Паторот“, „Невестулката“, „Ќуранот“, сите инсталирани како премиери анонимуси без ниту ден државничко искуство. Ете, затоа, ваквиот сој политиканти, апаши и родоотстапници си даваат право народот да го нарекуваат раја, стока, будала… Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Ретко кој македонски политичар интимно не го есапи народот за раја, стока и будала, кој не треба ...
Актуелните случувања во и околу Македонија многу наликуваат на едни дамнешни но впечатливи размисли на Роберт Луис Стивенсон за доблеста и изгубените битки, за моралот и вредностите итн. Во светот и во секој историски период, како што (парафразирано) пишувал тој, секогаш ќе има заблуди и злоставувања, неправди и понижувања, често ќе изгледа дека во „борделот“ или на губилиштето на историјата нема надеж, благодарност или помош, но луѓето и ...
Премиерот се изложи самиот пред јавноста како човек со дилеми: не знае дали да им пишува писмо на луѓето во Брисел. А се претставуваше како човек и политичар со цврст став кај кого нема колебања. Пишува Љупчо Поповски Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Вакви дилеми изгледа го мачат македонскиот премиер откако се врати од самитот на Берлинскиот процес во Берлин. Пред да отиде на лидерската средба беше сигурен ...
Верувам дека се наоѓаме на опасна раскрсница во нашата земја, од која голем дел се откритија на нашите избори и конкурентските визии за тоа каква земја сакаме да создадеме Пишува: Андон Дамовски, докторант на Институт за социологија, Филозофски факултет-Скопје Секој човек е морално повикан да ги почитува граѓанските должности и одговорности. Како некој кој исклучително посветува внимание, ги сметам моите должности како граѓанин за свети. Овие ...
1 И сега, што? Премиерот Мицкоски вели дека има дилема дали воопшто да праќа писмо до Европската унија со неговите предлози за откочување на преговарачкиот процес. Беше во Берлин, таму се видел со германскиот канцелар Олаф Шолц, плус и некој министер од Франција му пренел и лична порака од Макрон, па и со други некои европски лидери претходно се имаше сретнато и сега вели: „Имам лична дилема, бидејќи таму имав можност сите да ги запознаам со ...
Во продолжение, Карингтон го прозива министерот за надворешни работи на Србија, Владислав Јовановиќ: „Дали укинувањето на санкциите на ЕЗ кон Србија е услов да се прекинат економските санкции на Србија кон Македонија и кон Босна“. Јовановиќ почнува еден долг замрсен одговор, како не е праведно од земја врз која се применуваат санкции да се однесува… и така натаму и на тоа слично. ,,Дали одговорот на моето прашање е „Да“?“, прашува Карингтон. ...
Овој наслов на текстот го позајмив од еден Српски филм, вистинското име на филмот е “Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур“. Кенгур е прекар за едно момче од соседството кое успеа да стане голман во Англиската премиер лига и беше многу популарен во неговото маало. Се сеќавам пред некоја година на државната РТС во Р.Србија се емитуваше некој краток прилог кој одеше во живо, директен пренос пред големиот митинг на СНС-(Српска напредна странка) во ...
Минатонеделната балканска турнеја на турскиот претседател Ердоган, во македонските медиуми беше скромно одбележана. Дотолку повеќе што се работи за турнеја на претседателот на најмоќната балканска регионална сила. Мирот, стабилноста, па и економскиот раст на целиот регион во голема мерка зависат од однесувањето на Турција. Кон ова секако дека требе да се додаде и фактот дека Турција е регионална сила на Блискиот и Средниот исток, но и ...
Играта со зборови од насловот на познатиот роман на Ремарк од 1929 година за секојдневието на рововскиот живот во Првата светска војна се чини соодветна за годишнината од нападот на Хамас на Израел на 7-ми октомври. Додека медиумите го пренесуваат секој нов и неочекуван настан - убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханија и лидерот на Хезболах Хасан Насрала; инвазијата на Израел во Јужен Либан; иранскиот напад со балистички ракети на Израел - ...
Институт за тутун – Прилеп е eдиница на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола и е една од најстарите научни институции на Балканот. Раководството на овој институт е сочинет од проф.д-р Валентина Пеливановска, која се наоѓа на позицијата директор од 2021 година. Заменик на научниот институт е проф.д-р Марија Србиноска и таа функција ја извршува од 2021 година. Првиот Извештај за работата на Директорот на научниот институт за 2021 година, ...
Повеќето од нас чуле, а дел и ги почувствувале можностите и капацитетите на вештачката интелигенција популарно наречена ВИ или АI како кратенка од нејзиниот назив на англиски јазик (Artificial intelligence). Па, така, доколку на апликациите што работат со помош на ВИ напишете на пример: Состојбата на сините китови околу Исланд, ќе добиете како резултат толку добро изработена студија што ќе мислите дека тоа го сторил најдобриот професор од ...
Четричлена банда беше името дадено на четворица високи кинески функционери тесно поврзани со некои од најрадикалните карактеристики на Културната револуција. Тие изгубија во борбата за моќ што следеше по смртта на Мао Цетунг, по што беа уапсени, осудени за разни злосторства и затворени. Педесет години подоцна, се појави нова банда на четворица: Кина, Иран, Северна Кореја и Русија. Оваа групација не е формален сојуз посветен да се брани еден со ...
Навистина ми е забавно кога слушате доскорешни носители на високи јавни функции како се закануваат со дестабилизации, протести, улична правда, делење кон Европа по етнички клуч, дека некој немало да не чека, дека сакале во Европа… Уште по одвратно е кога тоа го прават ликови од СДСМ. Имено, на одредени политички субјекти со етнички предзнак, општо позната е агендата, влажните соништа и филмовите кои ги имаат. Трагично е што политичкиот субјект ...
Коалицијата Вреди упорно притиска за формирање на Албанска академија на науките и уметностите (ААНУ) во Македонија. Самиот предлог предизвика многу прашања и несогласувања во јавноста – дали навистина постои потреба од ваква институција, или тоа е уште една епизода од нашата добро позната политичка сапуница, каде што етничките разлики стануваат алатка за постигнување политички цели? Прво, да расчистиме со основното: Македонија веќе има ...
Најголемиот апсурд на практично маглестиот и илузивен меѓународен правен поредок – од гледна точка на еден лаички набљудувач што одгледува здраворазумска мисла – е што иако навидум ја исфрла војната од меѓународното право, за легални меѓународни граници помеѓу суверените држави ги признава традиционално само оние што се постигнати со војна, значи со силата на оружјето. Изгледа малоумно и криминално, но историјата на државите упорно ни ја ...
Многу студии можат да се сработат за однесувањето и навиките на македонскиот народ на социјалните мрежи. Најјаките универзитети можат да нè набљудуваат и да дојдат до заклучоци од кои и науката ќе се изненади, а богами некој дел од нас и би се срамеле со кого делат етер. Последниот игран филм чија премиера ја видовме есенва е „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец. Ја имав честа меѓу првите да ја видам оваа урбана градска приказна ...
Соживот и толеранција. Само праведно мнозинство може да создаде добро и функционално општество. Ова неретко се истакнува во дебатата во ЕУ за мултикултурноста и плурализмот. Потребата од дијалог и отворена интеракција, меѓу и во рамките на различните етнички и верски групи, е факт што не треба да се занемарува. Но, во последно време реалноста зборува и за нешто друго. За поинаков, па дури и дијаметрално спротивен пристап. „Мултикултурализмот ...
Македонија треба внимателно да следи политички предлози од типот на оној што неодамна го дискутираше Премиерот на Албанија Еди Рама. Формирање на Суверена држава на Бектешкиот ред во Тирана. Нова европска верска град – држава со мала површина од неколку квадратни километри сместена во Тирана. Ова беше изненадување и за албанската домашна јавност особено поврзано со неприкосновениот суверенитет на територијата во Уставот на Република Албанија. ...
Го слушнав предлогот на Бујар Османи да се вметнела клаузула во Законот за спроведување на Уставот, според која „доколку во времетраење од 5 години Бугарија продолжи да ја попречува Македонија со нешто што не се однесува на ЕУ, Парламентот да ги суспендира уставните измени“. Да разјасниме неколку работи: 1. Бугарските политичари (огромен дел од нив) јавно изјавуваат дека Македонија и Македонците се политички проект на Тито и на Коминтерната, а ...
Кирил МИНОСКИ Естонија – Модел на економска трансформација Во 1990 година, Естонија имаше БДП по глава на жител од само околу 2.000 долари, a денес, Естонија има БДП по глава на жител од над 26.000 долари, што претставува извонреден пример за економска трансформација и успех. Како Естонија го постигна ова? Дигитализација и иновации: Естонија стана глобален лидер во дигиталните услуги, со воведување на е-државјанство и е-управување, овозможувајќи ...
Парафразирајќи ја ступидната изјава на штотуку поставениот нов НАТО генерален секретар Руте дека правото на Киев на самоодбрана „не завршува на границата“, секој нормален ќе се запраша: а каде почнува и каде завршува нашето право на самоодбрана? На самоодбрана од историски, јазични, идентитески… и од културни агресии, од наметнувањето на некаков малоумен систем на вредности каде што силеџијата секогаш е во право, каде политикантските интереси, ...
Став на Славко Митевски – советник од редовите на Левица во општина Крпош Веќе подолги време во Карпош граѓаните си патат поради препукувањата на Стевче и ДПНЕ. На скоро секоја од седниците оваа 2024, советниците на ДПНЕ не гласаат на повеќето од точките и кога тоа е во интерес на граѓаните (што ретко се случува). Точките што Стевче ги става на дневен ред или се контра интересите на граѓаните или тежнее да го исцрпи буџетот предлагајки точки во ...
Јасно е дека Македонија нема да напредува ниту еден милиметар на патот кон членство во Европската унија. Последните пораки од Брисел се дека Македонија мора да ги вметне Бугарите во својот Устав, ако сака да продолжи по патот на евро-интеграцијата. Ова може да се смени само ако одлуките во ЕУ престанат да се носат едногласно, што е многу малку веројатна опција. Ова е наградата за Македонија од седумгодишното владеење на СДСМ и на ДУИ со земјата. ...
Линеарното зголемување на пензиите ќе ни натовари нови 4 милијарди евра долг во следните 10 години Да го разгледаме влијанието врз буџетскиот дефицит и растот на јавниот долг од таканареченото „линеарно“ зголемување на пензиите од 5.000 денари месечно и да го споредиме со редовното зголемување на пензиите поради следење на трошоците за живот, односно инфлацијата (на дијаграмот). Накратко, во следните 10 години Македонија ќе мора да се задолжи за ...
Откако ја искористи одличната можност во Газа, Израел тргнува во нова – војна во Либан. Кога веќе е збор за војните, Израел е земја со неограничени шанси. Секоја војна е можност, секоја можност е војна. Имаме проблем во Газа? Решението е војна. Проблеми на северната граница? Повторно војна. Поголемиот дел од Израелците се воодушевени бидејќи со години чекаа ваква можност, а останатиот дел даваат поддршка во тишина и во мака. Но, речиси сите се ...
Има ли крај на крајот од краиштата…? Бескрајно никнуваат како опашки од влечуги. Се влечат и влечкаат, заборавиле исправено да зачекорат. Еден крај само повлекува бескрајни тегоби. Тажно и тегобно е чувството на казнет граѓанин, од саканата татковина во која што бескрајно вложувал. На крајот од сите краишта никогаш не сум престанал да давам, подарувам и помагам. Мојата великодушност е аргументирана. Поминав три работни децении надвор од ...
Во мојот потсетник одамна стоеше запишан следниов работен наслов: „Поткопување на економските темели на државата“. Мислев дека тоа е добар опис за крајниот ефект врз нашата економија oд голем број одлуки на нашите надлежни институции – во изминатите над три децении. Наведената квалификација, веројатно, некои ќе ја сметаат за преостра. Но, за жал, неа ја потврдуваат фактите за нашиот, одвај, ползечки економски раст кој, меѓу другото, цело време ...
Денес сите медиуми објавија дека грејната сезона започна. Ова се однесува за објектите поврзани на градскиот централен систем на греење во Скопје кој сите го нарекуваат „парно“, а не е парно греење, туку топловодно (нема пареа во цевките). Медиумите објавија неколку разговори со граѓани дали утрово имале парно, па некои потврдија, а некои рекоа дека кај нив немало. Полемика предизвика изјавата на градоначалникот на општината Карпош дека нема да ...
Силно ја поддржувам иницијативата за основање на Научно-уметничко друштво (НУД) со работен наслов „албанска Академија на науките и уметностите“ со седиште во Тетово. Науката треба да се поддржува како замаец на прогресот во едно општество. Сигурен сум дека и ова НУД може да придонесе за јакнење на свеста за важноста на науката, а низ конкретни проекти да даде продонес во општествената сфера и развојот на економијата и индустријата во нашата ...
На ручекот во вилата „Водно“, таа 1991 година, бевме претседателот Глигоров, американскиот амбасадор во Белград Цимерман и јас како министер за надворешни работи. Во право ли е „Њујорк тајмс“ кога на насловната страна објавува дека Југославија ја чекори последната миља до граѓанска војна и каде е Македонија во тој случај, беше прашањето за кое се интересираше амбасадорот. Претседателот сметаше дека граѓанска војна во Босна не е веројатна затоа ...