Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
„Вратете ги назад!“, скандираа деновиве во хор партиите од крајната десница на пленарната седница во Европскиот парламент по усвојувањето со големо мнозинство гласови на новата т.н. регулатива за враќање. Отсега сигналот е повеќе од јасен. „Ако влезете нелегално, Европа никогаш нема да биде ваш дом“, прокоментираа пратеничката група на екстремно десничарските Шведски демократи, партија која во последниве години се профилира со силни ...
ПРОСЛАВА НА ЛУДОСТА – така требало ДПМНЕ да ја крсти синоќешната партиска збиранка во Струмица. Оти ако во двегодишното владеење на трипартитната коалиција Македонија ги доживува најголемите порази, граѓаните рапидно осиромашуваат а функционерите на владејачките партии енормно се богатат, секоја помисла на славење на непостоечки успеси се граничи со лудило! Зарем некој мисли дека Мицко брцнал во сопствениот џеб, дека со свои или партиски пари ...
Фотографија направена некаде во њујоршкото метро. Сама по себе зборува повеќе од било кој мој обид да објаснам зошто ме импресионира еден наводно радикален, но всушност секојдневен, мирен мултикултурализам и различност на религиските, сексуалните и родови преференци. Скоро една раздрагана различност која едноставно постои, не провоцира, нема зошто и кого да провоцира. Секако клучен останува односот кон различното во јавната сфера. Чувството ...
Од Кремљ преку Белата куќа до Силиконската долина, Антихристот – или барем се зборува за него – доаѓа. Концептот е малку повеќе од нејасна теолошка претпоставка, која произлегува главно од криптичкото споменување на Свети Павле за „човек на беззаконието“ кој ќе „се возвиши над сè што се нарекува Бог“ и ќе седи во Божјиот храм, „прогласувајќи се за Бог“ (2 Солуњани 2:3-4). Но, за мала група богати и моќни луѓе, Антихристот стана леќа низ која ...
Денко Малески Не е само уставот во прашање, ќе изјави македонската претседателка по разговорот со бугарската претседателка, давајќи , со доказ од прва рака, поддршка на политиката на премиерот и водач на партијата на македонските националисти. Ете уште една причина зошто ќе треба „да се подготвиме за маратон“. Па, се разбира дека не е само уставот во прашање. Нашиот парадокс може да се изрази со мислата: иднината ни е извесна (колку што ...
Со уплашен и осиромашен народ најлесно е да владееш. Таа формула најквалитетно ја користат ДПМНЕ, кои, зад акронимот ВМРО, не прават ништо друго освен што, постојано го заплашуваат “стадото“ дека, ако не северните и јужните, ако не источните, ондак, домашните предавници од различните етнички заедници и политички структури, “шиптарите“ на пример,, ќе им ги изедат националните атрибути за појадок, како сув сендвич на Камени односно у аутобус ...
Став на Сектор политичка економија при Левица ALEA IACTA EST Старите Римјани, тие први големи циници на човечкиот род, имаа поговорка која подоцна ја позајми и царот Веспазијан, кога ставил данок дури и на јавните нужници: pecunia non olet – парите не мирисаат. Денес, додека минуваме покрај светкавите излози на нашите коцкарници, налепени едни врз други како лишаи врз болно тело, се прашуваме дали Веспазијан би се посрамил. Зашто парите ...
Георги Пашкулев/БГНЕС Резолуцијата за напредокот на Северна Македонија во 2025 година, усвоена на 17 јуни од Европскиот парламент, е многу повеќе од уште еден годишен извештај за европската интеграција на земјата. Зад дипломатскиот јазик се крие една од најјасните политички пораки досега упатени до Скопје: иднината на државата зависи од нејзината способност да се ослободи од наследството на југословенскиот комунизам, да ги исполни своите ...
Во тоа лудило, има ред… William Shakespeare, Hamlet, Polonie, act 2, sc.2. Владимир Перев 1. Во Северна Македонија никој не остана изненаден од информацијата дека 44-годишниот пироман кој ги запали двата автомобила на Бугарската амбасада во Скопје ќе биде испратен на психијатриско вештачење. За некои од поранешните учесници во насилијата пред таа амбасада, одамна требаше да бидат преземени слични мерки. Така барем ќе се спасеа животите на ...
Елисавета Белобрадова Денеска Европскиот парламент го одобри годишниот Извештај за напредокот на Република Северна Македонија, при што целосно застана зад позициите на Бугарија. Можеби за првпат толку непоколебливо. За тоа придонесе и единствената позиција на сите бугарски пратеници во Европскиот парламент, како и интензивното објаснување на нашата позиција во последните години, што, за жал, не се случи навреме и не се случи како што требаше. ...
Иво Иванов Нападите врз бугарската амбасада во Скопје — претходно стакло на официјален влез, сега запалени автомобили, нападот врз доајенот новинар Владимир Перев — почнуваат да потсетуваат на една советска класика на бесмртните Иљја Илф и Евгениј Петров. Во свој расказ сатиричарите опишуваат цело село крај Москва, кое просперирало од инсценирање провокации пред амбасадата на една од прибалтичките републики во советската престолнина. Секој ...
Алтернативите на козметичкиот пазар често се прашање на огромна креативност, бидејќи за изработка на поинаков производ, кој воедно ќе понуди нов пристап кон негата и здравјето на кожата е иновативен процес заснован на бројни идеи и наоѓање на креативни начини за нивна реализација. Еден позитивен пример во нашето опкружување е хрватската „Биљарица“, бренд основан од Маја Гашпариќ, фитотерапевт и долгогодишен вљубеник во лековитите билки. ...
Николај Којчев На 16 јуни 1913 г. бугарските II и IV армија извршуваат напад врз своите формално сè уште сојузнички српски и грчки војски во Вардарска Македонија. Даден е неповратниот почеток на Меѓусојузничката војна, во која Бугарија се исправа сама против практично сите свои балкански соседи. Голем дел од жртвите од Балканската војна, дадени во десетици битки низ тракиските полиња, на крајот се покажуваат како да биле залудни. Политичката ...
Кај нас во Македонија, особено во македонската политика постојат неколку стари навики кои никако да бидат напуштени. Кога немаш што да понудиш, обиди се да создадеш привид. Кога немаш визија, измисли некаква криза. А кога немаш поддршка од граѓаните, направи сè за да ги убедиш дека проблемот не е кај тебе, туку кај сите други. Веќе со години и во континуитет СДСМ настојува да ја наметне тезата дека ВМРО-ДПМНЕ, а сега и Владата предводена од ...
Никица Корубин Има еден индикативен феномен кој што се одвива во првата половина на оваа година, а кој наликува на првата половина на 2022 година, годината кога некаде во овој период беше усвоена преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ, како резултат на консензус помеѓу сите земји членки на ЕУ, врз основа на она што се нарекуваше “француски предлог” поради тогашното француско претседавање со ЕУ и дипломатската асистенција пружена од ...
Спортот уште еднаш ни покажа дека таму каде што политиката гради ѕидови, почитта гради мостови. Ако некогашните спортски легенди можеа да стојат заедно како едно тело, тогаш и денешните балкански народи можат да живеат како добри соседи и достоинствени пријатели. Спортот е јазикот кој што сите го разбираме, дури и кога политиката нè убедува спротивно. Спортот е јазикот на телото кое зборува преку душа. Овој викенд бев поканет на спортски ...
17 јуни не е само ден, јубилеј, прослава, тоа е ДЕН за присетување, паметник кој не се брише од умот на МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК. Овој светол ден ги содржи во себе и сите некогаш неисполнети соништа, ДЕН кој во себе носи пораки, аманети, завети, копнежи претворени во радост заради нивно исполнување. Овој ДЕН го чествуваме и го славиме, денес сите во нашата дарежлива ТАТКОВИНА која никогаш не ги заборава СВОИТЕ. Истовремено, се радуваме ние, се ...
Веројатно на секој разумен човек му е повеќе од јасно дека државата денес е исправена пред можеби најопасните предизвици во поновата историја – пред општа културна војна со непредвидливи далекусежни последици. Воведот, или прологот, на тој предизвик започна уште во онаа 1991 година со „спорот за името“, а првиот чин заврши во јуни 2018 година со она фрапантно „на слепо“ и апсолутно неморално коцкање со уставното име на државата, во тој миг ...
Што е заедничко за новинарството и актерството? Дали станува збор за две различни професии или за две страни на истата приказна – раскажувањето човечки приказни? Во новата епизода на подкастот „Новинарски муабети“ на Радио МОФ гостува Енџи Николоска, новинарка и актерка која успешно ги спојува двете професии. Со Николоска разговараме за симбиозата помеѓу новинарството и актерството, за тоа која од овие две професии ѝ е попримарна, но и за ...
Пишува: Милош Андоновски Денот е 12 јуни 2026 година. Жешко прилепско попладне е. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ вечерта завршува. Се потам. Тукушто го сработив првиот дел од обврските за денот и одам кон најблиската аптека за да си купам апчиња за алергијата. Имам само 2 часа пауза: да отрчам до сместувањето, да се истуширам, да дремнам околу четириесет минути, да ручам со колегите од тимот и да продолжам со обврските за втората половина ...
Перинаталното ментално здравје сè повеќе се наметнува како значајна тема во современите општествени и здравствени дискусии. Периодот на планирање семејство, бременост и рано мајчинство носи длабоки физички, емоционални и социјални промени, кои кај дел од жените може да прераснат и во сериозни психолошки потешкотии. Голем број од жените се соочуваат со стравови, притисоци и непознати појави, кои оставаат сериозна трага врз нивната психолошка ...
Андреј Ковачев По години систематска антибугарска пропаганда, наметнувана од политичари, медиуми, самопрогласени „историчари“ и целата мрежа на т.н. длабока држава, денес гледаме уште еден загрижувачки резултат – палење на автомобили на бугарската амбасада во Скопје. Не тврдам дека овој чин е извршен од власта, но таа носи политичка и морална одговорност. За да го одвлече вниманието на јавноста од недостигот на реформи, влошената ...
Ѓорѓи Тоновски На времето, во селските дворови отпадоците (ѓубрето) не се расфрлаа низ целиот двор, туку за тоа имаше посебен дел кој се нарекуваше буниште. Тоа беше набиено ѓубре, немаше контејнери или канти со поклопец. Преселбата во градовите, особено интензивна по распадот на селските задруги, ги донесе луѓето од селата во градот, или во странство, пред се преку океаните (Америка, Австралија). Но селидбата не беше обично физичко ...
Македонија е во континуиран „ЕКО“ злосторнички здружен напад каде аргументите базирани на наука воопшто не се констатираат и каде клучна цел е да се внесува паника кај сите граѓани на Македонија и во исто време да им се одземе правото на економски просперитет и благосостојба. Како дел од новото раководство на Здружението на металурзи на Македонија, со сериозна одговорност можам да констатирам во име на колегите дека најголемите екологисти се ...
Уште еден објект во Скопје од првата половина на XX век оди во заборав 14.06.2026 • Информации Став Багерите во Македонија, секојдневно удираат врз објекти кои во некој нормален град, треба да бидат со соодветен третман на заштита и да учествуваат во амбиентални целини како активна меморија и историја на централното ткиво. Бидејќи Општина Центар, воопшто урбанистички не води грижа за овие објекти и не предлага нивна заштита, додека ...
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид на 10 јуни беше промовирана книгата „Охридски преданија од иднината“ од проф. д-р Анис Сефиданис. Станува збор за двојазично македонско-англиско издание составено од 15 научнофантастични раскази кои ги преосмислуваат охридските преданија, културното наследство и препознатливите симболи на градот низ призма на далечната иднина. Книгата е создадена како резултат на соработка меѓу авторот и алатки ...
Најавена библиотека над плоштадот „Скендербег“ во Скопје 13.06.2026 • Информации Став Градоначалникот на Општина Чаир соопшти дека Општината започнува официјални процедури за реализација на нов значаен проект во областа на културата и образованието – преуредување на просторот над плоштадот „Скендербег“ во Скопје во модерна албанска библиотека. Иницијативата беше јавно претставена на прес-конференција одржана по повод затворањето на Саемот на ...
Проф. д-р Пламен Павлов/Труд Како што раскажавме во претходните „епизоди“ од оваа серија на „Труд News“, четничките дејствија се суштински дел од Априлското востание. Ќе продолжиме со окрузите чии центри се Сливен и Враца. И покрај разликата во размерите во споредба со Четвртиот и Првиот округ, и во нив има примери на исклучително херојство. Се разбира, ќе започнеме со Ботевата чета, најсветлата пројава на револуционерната емиграција во ...
Министерството за образование и наука подготвува законско решение со кое дел од најуспешните студенти ќе добијат предност при вработување на државните универзитети како наставно-научен кадар. Ова за Радио МОФ го соопшти Давор Политов, државен советник за односи со јавност и протокол во Министерството за образование и наука, одговарајќи на прашања поврзани со реализацијата на мерките од Програмата за работа на Владата за периодот 2024–2028 ...
Не дека и почетокот не е важен, но… секогаш постои некое „но“. Македонската јавност со години е заробена во една непродуктивна дебата која се сведува на тоа кој е поголем поддржувач и застапник на политиката на македонското полноправно членство во ЕУ. Токму терминот „полноправно членство“ сметаме дека е клучен и претставува основа околу која се акумулирани најголемите политички разлики во Македонија. Во годините зад нас постојано слушаме ...