Министерот за одбрана на Северна Македонија, Владо Мисајловски, изјави дека испораката на првите два повеќенаменски воени хеликоптери „Агуста“ од Италија се очекува до крајот на оваа година. „Најважно за мене е хеликоптерите да пристигнат. Она што сега го имам како најава е дека нема да има доцнење. Два треба да пристигнат до крајот на оваа година, се надевам дека ќе пристигнат во втората половина. „Леонардо“ е една од најголемите компании во ...

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Росоман. Министерот посочи дека како владина гарнитура, остануваат цврсто посветени на политиката на нула толеранција за корупција, особено во делот на управување со ...

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на денешната седница го избра епископот велички г. Никола за митрополит австралиско-новозеландски. Новоизбраниот митрополит Никола е роден 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на ...

Пречистителна станица за отпадни води на Скопје се гради, а завршени се една четвртина од предвидените градежни работи. Еден од најважните инфраструктурни објекти за главниот град, кој треба да обезбеди пречистување на отпадните води, кои завршуваат во реката Вардар, започна да се гради пред точно една година. Планиран рок за завршување на изградбата е ноември 2027 година, по што е следуваат две години на пробна работа и обука на операторите, ...

Двајца директори, две институции под ист министерски кров, ист криминален образец. Што е Агенцијата за финансиска поддршка и зошто е мета на корупција? Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е институција која располага со милиони евра субвенции наменети за земјоделците во Македонија. Токму поради тоа, оваа агенција одамна е препознаена како “ризична точка” за корупција, бидејќи директорот одлучува кој ќе добие ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив шест управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. По две лица во Тетово и Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Гевгелија и Прилеп. Едно од лицата во Скопје кое ...

Почетокот на следната седмица насекаде низ Македонија ќе имаме зголемена облачност и локални послаби врнежи од дожд а во вторник повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. На планините и повисоките места не е исклучено и појава на слаб снег. Во Скопје и околината ќе има повеќе облаци со услови за слаб локален дожд и повремен засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а преку ...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Струмица, во 47 наврати ја злоупотребил службената положба и за над еден милион денари го оштетил буџетот. СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во 47 наврати сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. -Пријавениот, во својство на ...

Опозициската СДСМ со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста. „Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДСМ и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осуди секое незаконско и коруптивно однесување, поврзано со последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Од Министерството побараа Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите. Тие нагласија дека злоупотребата на службената положба за личен интерес мора да ...

Илија Пенушлиски е син на Кирил Пенушлиски, истакнат македонски фолклорист роден во Солун. Тој беше сопруг на Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи на Македонија и пратеничка од редовите на СДСМ, која почина на 31 јули 2022 Неговите дела често беа инспирирани од градската динамика, архитектурата и современиот начин на живот, при што користеше богата колористика и експресивен пристап Сликарот, Илија Пенушлиски, кој остави ...

На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М. (33) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М. ...

Предлог-законот за заштита од пушењето е во завршна фаза и се очекува во вторник да се најде на дневен ред пред пратениците, по што ќе започне собраниската процедура за негово усвојување. Министерот за здравство Азир Алиу информираше дека законот е речиси финализиран и оти се затворени сите прашања со засегнатите страни. Според најавите, законот најпрво ќе помине владина процедура, по што ќе биде доставен до Собранието, каде ќе се разгледува ...

Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го одбележуваат Рамазан бајрам, еден од најзначајните празници во исламот, кој доаѓа по завршувањето на светиот месец Рамазан. Празникот се слави по едномесечниот пост, период во кој верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна и пијалак, но и се посветуваат на молитва, духовно прочистување, хуманост и солидарност. Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар и се ...

По повод денешната изјава на министерот за здравство Азир Алиу, за Предлог законот за заштита од пушење, Групацијата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун при Стопанската комора на Македонија, во чиј состав членуваат Philip Morris International, Imperial Brands, British American Tobacco и Japan Tobacco International, изразуваат длабока загриженост и разочарување од дополнетиот и изменет текст на предложеното ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Почетокот на следната седмица, односно (понеделник и вторник 23/24 март 2026) повторно во Македонија ни носи повеќе облачност и локални послаби врнежи од дожд а особено во вторник 24 март 2026 повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег. Во Скопје и околината пак исто така во погоре споменатиот период повторно ќе ...

Пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица утрово имале сложена интервенција за извлекување на паднато женско лице во провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. Како што се наведува во објава на Фејсбук на струмичките пожарникари, станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенирале шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила. „Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за ...

Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години. Оваа бројка се разликува од регион до регион, па така највисок очекуван животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападен регион во Бугарија со 73,9 години. Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз ...

На помалку од еден месец од изборите кои се чекаат во цела Европа резултатот од гласањето во Унгарија на 12 април е крајно неизвесен. Познатиот унгарски новинар и главен уредник на неделникот „Маѓар наранч“, Ендре Бојтар, вели дека разликата меѓу Фидес на премиерот Виктор Орбан и Тиса на опозицискиот лидер Петер Маѓар е помала отколку онаа во анкетите. И дека реално изнесува три до четири проценти во корист на Маѓар. Во разговорот за ...

Веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на блискиот Исток а Владата на Мицкоски не презема ништо.Спиралата на раст на цените на храната започна. По маркетите се започнати поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, основните производи стануваат луксуз, вели Симона Цветановски од СДСМ. – Се најавува и ново покачување на цените на горивата. Потоа ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во услови на глобална неизвесност, можни се одредени корекции во буџетските прогнози, но приоритет останува одржувањето на фискалната стабилност и заштитата на животниот стандард на граѓаните. Таа посочи дека Министерството за финансии е фокусирано на одржување на буџетскиот дефицит во предвидените рамки, а средствата ќе бидат насочени кон клучните приоритети – редовната исплата ...

Млада скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг физички ги напаѓа нивните заеднички малолетни деца. – На 19.03.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот спруг Т.П. физички ги напаѓал нивните две малолетници деца, известија од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. Млада скопјанка ...

Изведувачот Бехтел и Енка продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени. Растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци, истакна во гостување во емисијата “Стадион” на Канал 77, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – Не постои поголем договор во градежништвото каде што не постои ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 говореше за посетата на Вашингтон и средбите во Светска банка и Стејт Департментот на САД. Вицепремиерот Николоски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде имаше обраќање заедно со еврокомесарот за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите држави во светот, каде во ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен акт против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик. Според истражната постапка, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра. ...

Зголемувањето на цената на горивата за дополнителни 7 денари по литар, вторпат во рок од само една недела претставува директно продлабочување на притисокот врз животниот стандард, особено во економија во која секое поскапување на енергенсите се прелева во цените на храната, транспортот и основните услуги. Токму затоа, секој обид на Мицкоски ваквата состојба да ја прикаже како нешто минливо или незначајно е политички маневар кој има за цел да ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува ...

Земјите од Европа треба постепено да ја намалат зависноста од Кина, без целосно да ја прекинат соработката. Тоа значи да работат со повеќе партнери, да го развиваат домашното производство и да воведат јасни правила за безбедност и транспарентност. За Македонија ова е особено важно за напредок кон европскиот пат, бидејќи треба да се усогласи со европските правила како контрола на инвестиции, заштита на податоци и надзор на важни сектори, со ...

Син ја претепал мајка си во смеејниот дом на Би Пазар. Жената завршила во болница со тешки повреди. – На 20.03.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во смејениот дом на подрачјето Бит Пазар физички ја нападнал неговата 51-годишна мајка и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од МВР. ...

Утрово цела Македонија се разбуди со ниски температури, а најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени минус седум степени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрински минуси се забележани и во Берово, Крушево и Маврово. Утрински температури по градови: -7°C: Попова Шапка -3°C: Берово, Крушево -2°C: Маврови Анови 1°C: Охрид, Крива Паланка, Претор, Битола 2°C: Тетово, Прилеп, Струмица, Штип 3°C: Скопје (Зајчев Рид и ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
66%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
58%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
0.0
52%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
59%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.11
67%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
73%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
38%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
48%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
49%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
84%
1011
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Калај

43.61

Платина

61343.62

Алуминиум

3.21

Сребро

2840.84

Кобалт

964.52

Бакар

10.81

Паладиум

45107.50

Цинк

3.04

Иридиум

258288.78

Родиум

340797.91

Рутениум

56199.51

Злато

141731.52