Еден литар гориво со различна цена на бензинските пумпи. Откако најголемиот снабдувач ОКТА определи попуст за трговците на мало, се разгоре конкуренцијата. Ако Регулаторната комисија за енергетика определи цена на дизелот од 92 денари, денеска на некои бензински станици, тој се продава и по 89 денари или 3 денари помалку. Тоа значи дека некои трговци со нафтени деривати се опаметија и решија да бидат општествено одговорни. Не само што го ...

Во кругот на Општата болница во Кочани свечено беше откриена биста посветена на Илчо Гоцевски, во знак на вечна благодарност и почит кон неговото херојско дело. Гоцевски засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Кочани и целата држава како симбол на несебичност, храброст и огромна хуманост. За време на катастрофалниот пожар во поранешната дискотека „Пулс“, тој беше човекот кој неуморно ги превезуваше повредените млади лица до ...

Тетовчанка купувала мебел на социјални мрежи па останала ем без пари ем без мебел. Овој случај е последниот од многуте онлајн измами кои се регистрирани во изминатиов период. Четириесет и седум годишната жена од тетовско била измамена за 550 евра од лице кое се претставило како претставник од фирма за мебел. Откако се сретнала со него таа му ги дала парите како капар, но потоа лицето исчезнало, а услугата не била извршена. Од МВР постојано ...

Во СДСМ севернокорјески модел, Венко Филипче се става во улога на Ким Џонг Ун. Секоја критика за партискиот лидер значи црвен картон и исклучување од партијата. Ваквите потези сигурно ќе предизвикаат големо незадоволство кај членството и симпатизерите, сметаат дел од видните партиски членови. Поранешниот директор на Македонија пат и кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ на последните локални избори, Костадин Ацевски, за Алфа вели ...

По повод 18 март – Глобалниот ден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница. Кампањата ќе трае сѐ до 22 април – Денот на планетата Земја. Во текот на ...

Стотината амандамни од бугарсире европратеници каде бараат се и сешто , се фоказ дека владата има право да бара гаранции од ЕУ ако евентуално ги стаиме Бугарите во Уставот дека нема да имаме понатамошни условувања, вака универзитетскиот професор Јове Кекеновски ги коментира последните случувања поврзани со извештајот на Вајц за напрадокот на Македонија. Кекеновски вели дека Софија има небулозни барања кои се косат со сите цивилизацкиски ...

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79 годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот. -Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и ...

Општина Бутел презема активности за асфалтирање на 4 улици, во населеното место Бел Камен. Покрај тоа, локалната самоуправа во соработка со Град Скопје постави нова водоводна мрежа, во должина од 610 метри. Општина Бутел продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места и вложува во проекти за квалитетно водоснабдување и непречен проток на чиста вода за граѓаните. Градоначалникот Дарко Костовски ...

Околу 500.000 садници биле произведени лани во Кумановска подружница на Македонски шуми, а ист број се планира и годинава, соопштија од подружницата на денешната прес-конференција. Дел од произведените садници биле распределени во други подружници, а значаен дел бил искористен за пошумување. Раководителката на кумановската подружница на „Национални шуми“ Куманово, Катица Станковска Ристовска посочи дека расадниците во Куманово и во Свети ...

Во Општина Дебар, владее минимален интерес кај сопствениците за осигурување на нивниот недвижен имот, што го потврдува податокот дека со децении само мал дел од сопствениците на станови и куќи направиле соодветно осигурување. Како што беше истакнато на седница на Советот на општината, при разгледувањето на Извештајот за активностите на Територијалната противпожарна единица, проблемот бил евидентен и во текот на минатата година, кога од 117 ...

Драги родители и најмали, ве покануваме да го откриете новото место каде насмевките и среќата не запираат. Нашата продавница Бамби, лоцирана на Бул. Туристичка бр. 40А, Охрид, е полна со совршени подароци, игри и изненадувања за секое дете. Дојдете денес и подарете радост – секое дете заслужува малку магија! Драги родители и најмали, ве покануваме да го откриете новото место каде насмевките и среќата не запираат. Нашата продавница ...

Европската централна банка подготвува воведување на сопствена дигитална валута, дигиталното евро, чија цел е да ја намали зависноста на Европа од американските платежни системи и да одговори на сè побрзата дигитализација на финансиските трансакции. Сепак, овој проект веќе предизвикува поделени реакции, особено во банкарскиот сектор. Дигиталното евро се развива со години и се наоѓа во напредна фаза. Станува збор за пари што директно ќе ги ...

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски денеска го потпиша договорот за соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК, со што официјално започнува имплементацијата на проектот од јавен интерес „Паметно управување со отпад од пакување во Македонија – фаза 2“. Со потпишувањето на договорот, Општина Делчево го започнува процесот на поставување вендинг-машини за собирање пластични шишиња и алуминиумски лименки, со ...

Охрид, 18. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Нашиот д-р Жанко ЗШ Голабоски, заедно со уште педесеттина музичари, од кои петнаесеттина естрадни уметници од македонската фолк-сцена и десеттина глумци се дел од екипата на долгометражниот филм „Охридски лудории“, чија охридска премиера е закажана за вечерва. Станува збор за мјузикл, кој е осмислен да ја промовира македонската фолк-музика, домашните уметници и македонската музика и песна. – После долго ...

Уште трае психијатриската опсервација и уште не е изготвен извештајот од психијатриското вештачење за Трајко Бојковски, 25-годишниот овчар од кумановското село Малотино, осомничен за серија убиства во Кумановскиот регион на жени кои живееле сами дома, биле ограбувани па насилно убивани. Затоа уште не може да се каже дали осомничениот е пресметлив или непресметлив, од што многу зависи висината и видот на казната што може да ја добие во судска ...

Дваесетгодишен жител на селото Алданци, крушевско, пријавил во полиција дека бил физички нападнат во неговиот берберски салон, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите, случајот бил пријавен на 17 март 2026 година во 17:16 часот во СВР Битола. Пријавата ја поднел Б.Н. (20), кој навел дека нападот се случил во неговиот берберски салон. Како што е наведено во пријавата, како напаѓач е посочен Е.М., исто така од ...

Звонко Петрушевски за 100 пати дарувана крв, годинава, прогласен е за најхуман велешанец од страна на Општинската организација на Црвен крст Велес. Во меѓувреме овој наш сограѓанин дарувал уште три пати крв и веќе има 103 крводарувања. Со навршени 63 години живот Петрушевски продолжува со крводарување бидејќи тоа е неговата животна мисија поточно да спасува човечки животи. Петрушевски е работник на Фабриката за шински возила „Колска“ кој цели ...

Целта на учество во избирачките одбори е да се даде нешто за државата, рече Тони Коњановски, градоначалникот на Битола, каде што не се целосно исплатени надоместоците за членовите на избирачките одбори, додавајќи дека се надева оти граѓаните не учествувале поради финансиски надомест. На последната седница на битолскиот Совет на 13 март, на која градоначалникот се пофали дека имаат стопроцентна реализација на проектите за 2025, тој беше прашан ...

49-годишен скопјанец уапсен доцна синоќа, откако сопругата го пријавила дека со тврд предмет ја тепал нивната малолетна ќерка, а кога таа се обидела да ја одбрани ќерка си, тој ја нападнал и неа. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(49) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга дека ...

На 17.03.2026 во 15:30 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.К.(57) од с.Камењане. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна од четири години за сторени кривични дела „злосторничко здружување” по член 394-2, „изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости” по член 266 и „прикривање” по член 261 став 3 од ...

Пратениците од парламентарното мнозинство повторно не ги изгласаа измените на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предложени од Либерално-демократската партија, со кои беше предвидено воведување електронски нараквици за следење на сторителите. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, од собраниската говорница остро реагираше, оценувајќи дека ваквата одлука претставува директна одговорност за идните случаи на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Б.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на знак за помош и опасност“. На 5.3.2026, пријавениот – вработен во РЕК Осломеј, на неговиот претпоставен лажно, преку порака на мобилен телефон, му пријавил дека има поставено експлозивна направа во кругот на РЕК Осломеј, по што го напуштил кругот на РЕК ...

Граѓанките и граѓаните кои ја следат работата на ЦИВИЛ имаат можност да коментираат, да споделат искуства и информации, или да постават прашање или барање од институциите и политичарите. Еден таков пример е и прашањето поставено во коментари на редовното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ што го поставува ЦИВИЛ на својата медиумска платформа секој работен ден. Прашањето што го постави една граѓанка во коментарите на ФБ страницата на ЦИВИЛ е нешто што сите ги ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 48-годишен тетовец осомничен за сериозна финансиска измама преку која оштетил едно лице за речиси 14.500 швајцарски франци. Нарачка за Швајцарија која заврши со измама Според официјалните информации од полицијата, осомничениот М.С. (48) од Тетово довел во заблуда едно лице со кое во текот на 2025 година склучил деловен договор. Договорот предвидувал оштетеното лице да изработи специфични железни ...

Вчера во с. Костин Дол, општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода Л.Ј.(56) од с.Костин Дол. Претходно, тој со трактор, кој го управвуал, удрил во патничко возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, сопственост на Г.М.(42) од истото село, по што го напуштил местото, информираа од полицијата. По преземени мерки, тој е ...

Општина Карпош од денеска субвенционира кастрација и стерилизација на улични мачки, а во однос на кучињата, на минатата седница на Советот донесена е одлука за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, според која „Лајка“ и натаму ќе заловува бездомни кучиња, што значи дека сѐ останува како што било досега. Додека карпошани по социјалните мрежи постојано бараат институциите, а особено Општина Карпош, да најдат решение за се поголемиот број ...

Published: Wednesday, March 18, 2026 13:39 Славјанка Петровска: Срамота, парламентарното мнозинство одби закон, предложен од колешката Моника Зајкова со кој се заштитуваат жените. На толку жртви на семејно и родово базирано насилство, мнозинството одлучи да молчи. Барем пратеничките да се одважеа и да гласаа!!! Извор: Фејсбук Published: Wednesday, March 18, 2026 13:39 Славјанка Петровска: Срамота, парламентарното мнозинство одби закон, ...

Додека пратениците од власта си прават политички пи-ар во Собранието плукајќи врз работата на обвинителите во државата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предложи амандман со кој јасно им покажа каде го гледа проблемот околу правдата во Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ не ја вадат од уста. Ваквиот амандман доаѓа во време кога пратеник на власта во Собранието порача дека „трите Грации од СЈО се извалкале повеќе од ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со Сојузот – Национален совет за родова рамноправност, претставуван од претседателката Савка Тодоровска, со цел унапредување на системот за заштита на жените од родово базирано насилство. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничко делување во насока на примена на европските стандарди, преку зголемување на сензибилитетот и капацитетите на полициските ...

Екипи на Електродистрибуција денес (среда, 18 март) ќе вршат работи за реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа во регион на Гостивар поради што планирани се прекини на електричната енергија. Од 9 до 15 часот струја ќе нема во делот на детската градинка „Пролет“ како и самата градинка, ул „Беличица“ и ул „Мара Угриновска“ во градот. Прекин на електричната енергија во истиот период е планиран и во селата Речане, Ново Село, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
66%
1016
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
63%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
1.54
57%
1018
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
58%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.18
73%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
80%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
6.17
78%
1009
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
47%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
41%
1015
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
60%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
46%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
83%
1011
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Рутениум

56199.51

Сребро

2840.84

Калај

43.61

Алуминиум

3.21

Цинк

3.04

Кобалт

964.52

Иридиум

258288.78

Родиум

340797.91

Платина

61343.62

Бакар

10.81

Паладиум

45107.50

Злато

141731.52