Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Никозија, 31 јануари 2026 (МИА) – Владата на Република Кипар ја поздрави одлуката на Советот за безбедност на ОН за продолжување на мандатот на мировните сили на ОН на Кипар (УНФИЦИП) до 31 јануари 2027 година. Со ова се потврдува поддршката за обновување на преговорите за решавање на кипарското прашање, пренесува „Сајпрус мејл“. Министерството за надворешни работи на Кипар соопшти дека присуството на мировните сили останува клучно „се додека ...
Грчката Служба за национална безбедност спроведува истрага за зголеменото купување земјиште и недвижности во северниот дел на земјата од страна на бугарски и турски државјани, пренесуваат регионалните медиуми. Според информациите, бугарски граѓани купуваат напуштени куќи во рурални и депопулирани средини по ниски цени, кои потоа ги обновуваат со намера трајно да се населат. Дел од имотите се користат и како деловни објекти наменети претежно ...
Претседателот на СНСД и поранешен претседател на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека ако Гренланд има право на самоопределување и да избере дали да биде под Данска или САД, тогаш и Република Српска има право да се отцепи од Босна и Херцеговина. Додик, кој беше во посета на Израел, порача дека Република Српска планира да се повлече од Дејтонскиот договор. Ќе мора да размислиме за обединување, и владата и опозицијата, и повлекување од ...
Унгарскиот премиер ги прими вршителката на должноста претседателка на Република Српска Ана Тришиќ Бабиќ и нејзиниот партиски лидер Милорад Додик Унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со вршителката на должноста претседателка на Република Српска Ана Тришиќ Бабиќ и претседателот на СНСД Милорад Додик истакна дека секогаш му е задоволство да разговара со своите пријатели. - Секогаш е задоволство да се продолжи разговорот со пријателите - ...
Суд во Мостар регистрираше неколку имоти на Српската православна црква како државен имот за време на процесот на катастарска „хармонизација“, вклучувајќи две гробишта со капела и црква во мостарската населба Врапчиќи и православна црква во Челебиќи во близина на Коњиц. Одделно, катедралната црква „Света Богородица“ во Зеница и околното земјиште се исто така регистрирани како „државен имот“ во земјишниот регистар, што Комитетот за правата на ...
Добивај вести на Viber Бугари и Турци масовно купуваат имоти во северна Грција. Грчката Служба за национална безбедност истражува масовно купување земјиште и имот, објави Бугарското национално радио. Според локалните медиуми, странците масовно стекнуваат имот во северна Грција. Бугарите купуваат напуштени куќи во села по многу ниски цени, кои ги реновираат со намера да се населат таму. Пратениците од владејачката Нова демократија испратија ...
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата на Албанија за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, каде живее македонско национално малцинство. Со тужбата се бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање мигрантски центри, бидејќи одлуката е донесена без консултација со локалната самоуправа, без јавна расправа и без ...
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го унапредува својот план за изградба на моќна прогресивна коалиција за победа над централно-десничарската партија Нова демократија. Неговиот институт објави формирање на работна група за изготвување на политичка платформа насочена кон обединување на три идеолошки струи: социјалдемократија, радикална левица и политичка екологија. Ципрас го назначи Јоргос Сијакантарис, поранешен член на реформистичкото ...
„Свадбата на Крал Марко“ – опера во четири чина според либретото на поетот Владимир Левчев и на музика на Ангел Ангелов, вчера беше премиерно изведена на сцената „Централни сали“, во Софија, Бугарија, во форма на камерен ораториум за пијано секстет, солисти и хор. Операта е дел од мојата лична и семејна историја поврзана со моите роднини и пријатели во Македонија, изјави за медиумите во Бугарија Ангелов. „Сето ова има длабоки корени во ...
Поранешниот црногорски претседател и премиер Мило Ѓукановиќ се споменува во досиејата поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, објавени од Министерството за правда на САД. Ѓукановиќ се споменува во пораките што Епштајн наводно ги разменил со словачкиот политичар Мирослав Лајчак. Лајчак во една од пораките пишува дека претседателот на Црна Гора „очекува наша посета“. Епштајн му одговара на Лајчак: „Можеби треба да му ...
Дел од напуштена куќа со поставено градежно скеле се урна во центарот на Белград, неофицијално дознава Н1.рс. При уривањето се оштетени четири возила, а трамвајскиот сообраќај е привремено запрен во делот од градот каде се наоѓа и пазарот Бајлонија. Во објектот во моментот на уривањето се наоѓале двајца мажи кои успеале навреме да излезат. Тие биле видно вознемирени, но не се повредени. Засега нема официјални информации дали имало минувачи ...
На повтореното судење на Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето-убиец од ОУ „Владислав Рибникар“, беше отворено прашање што се протега еден век наназад. Судијата побара одговор за мајорот Драгутин Кецмановиќ, прадедото на момчето-убиец, кого одредени историски извори го поврзуваат со масовното убиство на семејството Звицер во Црна Гора во 1923 година, објавија српските медиуми. Според неофицијални информации, едно од прашањата на судијата ...
Главната партија во Косово – левичарското националистичко движење „Самоопределување“ на досегашниот премиер Албин Курти, победи на парламентарните избори од 28 декември 2025 година, потврди денеска Централната изборна комисија по целосното повторно пребројување на гласовите. Комисијата соопшти дека „Самоопределување“ добила 51,1 процент од гласовите по конечната потврда на резултатот. Целосно повторно пребројување и иницирање кривична ...
Од 10 април, системот EES ќе биде во целосна употреба, а во Грција, според најавите, ќе се отвори максимален број рампи во текот на сезоната со цел да се ублажат метежите. Од 10 април, како што е планирано, EES ќе мора да функционира 24 часа на ден на секој граничен премин. Системот EES, односно системот на ЕУ за следење на влезот и излезот на патници кои не се државјани на ЕУ, постепено се воведува од октомври 2025 година до целосна примена ...
„Судските одлуки во Бугарија не се игнорираат… цело време.“ Така бугарскиот министер за правда „одговори“ на моето прашање. За момент се запрашав дали навистина го кажал тоа. Бидејќи владеењето на правото е нешто – прашање на фреквенција? Одвреме-навреме не успева. Но, не секогаш. Слушнав многу за време на двата дена од мисијата на Renew Europe во Софија. Но, оваа реченица сè сумира“, сподели на својот Фејсбук профил европратеничката Ирена ...
Добивај вести на Viber Владата на Бугарија го одобри Нацрт-договорот помеѓу владите на Бугарија и Србија за отворање заеднички граничен премин „Калотина 2 – Градина 2“. Новиот граничен премин ќе биде изграден во близина на постоечкиот премин „Калотина – Градина“ на бугарско-српската граница и е наменет за преминување на лица и патнички возила меѓу двете земји, пренесува „BNR njuz“. Предвидено е преминот да има сезонски карактер. Истиот ден, ...
Никола Тесла е роден во Смиљан во Лика, како четврто дете од вкупно пет деца на Милутин, српски православен свештеник, и Џорџина, која била домаќинка. Пред него, Милутин и Џорџина имале син Данет и ќерки Ангелина и Милка, додека Марица била најмалото дете во семејството Тесла. Кога Никола имал пет години, семејството го погодила трагедија од која, според многумина, никогаш целосно не се опоравиле. Дане бил убиен кога паднал од коњот и се ...
Атина, 30 јануари 2026 (МИА) – Во следниот период, односно до 16 февруари се очекува во Анкара да се одржи Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, што во текот на минатата година континуирано се одложуваше, брифирал висок дипломатски извор за грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Во рамките на Високиот совет за соработка билатерална средба ќе одржат грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот ...
Маж на средна возраст е уапсен поради сомневање дека извршил тешка кражба, откако се претставил како добротвор кој собира помош за болни деца. Според полицијата, осомничениот, со измамен лик на хуманитарец, ја искористил довербата на едно семејство и украл поголема сума пари од нивниот дом. Семјството, кое верувало дека доаѓа добротвор, било целосно шокирано кога откриле дека станале жртви на измама. Мажот ја искористил нивната доверба и ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва го одржа своето прво обраќање, односно вклучување во живо на TikTok, кое забележа огромна гледаност. Вкупно 241.700 луѓе го гледаа Вучиќ на TikTok, додека преносот во живо собра 13 милиони „лајкови“. За време на своето обраќање, тој одговараше на прашањата на оние што го гледаа, а во еден момент му се јави и на познатиот „Јутјубер“ Богдан Илиќ попознат како Бака прасе. Прашањата се ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 30 јануари ги потпиша указите за прогласување на пакет измени на клучни судски закони, со што актите што претходно беа изгласани во српското Собрание на 28 јануари стапија во сила. Потписот доаѓа во момент кога Брисел јавно предупредува дека промените можат да значат сериозно назадување во обврските на Србија во процесот на евроинтеграции – не поради тоа што земјата прави реформи, туку поради тоа ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека „по завршување на годишнините“, во март на политички митинг во Белград ќе биде претставен програмот за развој на Србија до 2035 година. На социјалната мрежа TikTok тој рече дека собирот ќе се одржи на 20, 21 или 22 март, пред Народното собрание или на Плоштадот на Републиката. Исто така, најави дека утре ќе започне акцијата за собирање волонтери за претстојната меѓународна изложба „Експо ...
Фото: Министерство за туризам, култура и спорт Министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџа, го прими Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Јоан. „Благодарение на успешната операција на државната полиција и тесната меѓуинституционална соработка, беше можно да се спасат средства со национални културни вредности од трговија со луѓе“, рече министерот за време на состанокот, дополнително објаснувајќи дека експертите ...
Билатералните односи, случувањата на Блискиот Исток и Газа, но и улогата на Грција во Источниот Медитеран, биле темите за кои телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис и американскиот државен секретар Марко Рубио, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од Министерството за надворешни работи на Грција преку Икс дискусијата се фокусирала на одличните грчко – американски односи и на ...
Вишото јавно обвинителство во Белград информира дека српскиот министер за правда, Ненад Вујиќ, поднел кривична пријава против претседателот на Високиот совет на обвинителства (ВСТ), Бранко Стаменковиќ. Пријавата е доставена до Специјалното одделение за борба против корупцијата и се однесува на сомневање за кривично дело „несовесно работење во службата“. Во рамки на постапката, на Стаменковиќ му е испратена покана за сослушување во својство ...
Во интервју емитувано оваа недела на Федералната телевизија, Вучиќ ги отфрли наводите дека учествувал во т.н. „човечки сафари“, пукање со снајпери врз цивили во Сараево, за што во исто време се води истрага и во Италија и во Босна и Херцеговина. Притоа, новинарот Маргетиќ, кој го обвинува за овие дејствија, го нарече „измамник“ и „патолошки лажго“. Маргетиќ, од своја страна, изјави дека ваквите настапи на Вучиќ претставуваат обид за негова ...
Во потрага по стан во Загреб, има сè повеќе луѓе кои ја опишуваат својата приказна со зборовите „разочарување“ и „невозможно“. Таков е случајот со еден корисник на Reddit, кој го сподели своето искуство во потрага по стан со минимална квадратура од 35 квадратни метри со буџет од околу 150.000 евра. „Барам стан во Загреб, ако не е подрум, поткровје или некаков вид руина во која треба да инвестирам 50.000 евра. Имам околу 50.000 евра, а ...
Апелациониот суд во рамките на Специјализираниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија (GJKKO) ја продолжи мерката „притвор“ на поранешниот албански претседател Илир Мета, објави Euronews Albania. Мета, кој е лидер на социјалдемократската Партија на слободата (PS/PL), беше приведен во октомври 2024 година по наредба на Албанската специјализирана структура против корупција и организиран криминал (SPAK/SPAK) и формално обвинет во ...
Полицијата и обвинителството за организиран криминал во Србија соопштија дека во селото Конјух, во близина на Крушевац, е запленета рекордна количина марихуана – околу пет тони – во акција што властите ја опишуваат како најголема заплена на оваа дрога досега во земјата. Во операцијата, според официјалните соопштенија што ги пренесоа српските медиуми, биле приведени три лица, меѓу нив татко и син со иницијали R.S. и N.S., како и уште едно лице ...
Кога албанскиот премиер Еди Рама во септември 2025 ја претстави Диела – виртуелна „министерка“ создадена со вештачка интелигенција – пораката беше простирана како политички плакат: јавните набавки ќе се исчистат од човечка „слабост“, тендерите ќе станат транспарентни, а државната администрација ќе се движи побрзо и поеднакво за сите. Диела беше прикажана како дигитално лице на една стара битка: корупцијата во системот што ги дели парите на ...