Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Брисел, 19 јануари 2026, (МИА) -Европскиот комесар за економски прашања Валдис Домбровскис денеска изјави дека воведувањето на еврото во Бугарија е голем чекор за земјата и позитивен развој за еврозоната. Тој истакна дека Еврогрупата денес ќе биде информирана за практичната имплементација на промените во Бугарија поврзани со еврото. Пред почетокот на состанокот на Еврогрупата денеска, Домбровскис им изјави на новинарите дека министрите за ...
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) во понеделникот реши повторно да ги преброи гласовите на сите избирачки места во сите 28 општини, откако повторното броење во десет општини – кое опфати 36 проценти од вкупно 2.557 гласачки кутии – покажа манипулации со гласовите дадени за пратенички кандидати при првичното броење, објави „Балкан инсајт“. По пребројувањето на гласовите, утврдено е дека во 316 од вкупно 914 избирачки места, речиси ...
Министерството за туризам, култура и спорт, ги објави статистичките податоци за развојот на туризмот и културата за 2025 година, кои покажуваат зголемен интерес на странците за посета на Албанија. -Минатата година престојувале 12. 466. 038 странци, што е за 6,6 отсто или 769.960 лица повеќе споредено со претходната година. Најбројни се косовските граѓани или 4 662 571 што е за 5,3 отсто повеќе од претходната година, објави министерството. Од ...
Во националниот музеј „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ во Круја уште еден стара мапа од национална и европска вредност оригиналната карта на Бартоломео Парето, од 1455 година, еден од најретките докази за европската картографија од 15 век, која го сместува името на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег како топоним во центарот на Балканот, докажувајќи дека неговата фигура имала големо значење во кралските дворови на Европа и христијанскиот свет. Post Views: ...
Православниот празник Богојавление – Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се положува крстот во сите девет села. Во Пустец, седиште на Општината, по богослужбата ...
На социјалните мрежи е објавено видео за кое се вели дека е снимено на одбележувањето на Водици некаде во Бугарија. На видеот се гледа како по крстот скокаат само двјца возрсни жители на селото, а свештеникот го положува крстот во коритото од селската чешма. View this post on Instagram A post shared by @vlad4__ На социјалните мрежи е објавено видео за кое се вели дека е снимено на одбележувањето на Водици некаде во Бугарија. На видеот се ...
Двајца Кинези се уапсени во Атина откако било утврдено дека преку мобилен систем инсталиран во автомобил и употреба на висока технологија испраќале масовни смс пораки и изведувале кражби на банкарски податоци од мобилните телефони на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, уапсените го користеле методот „SMS Blaster Attacks“, односно напади со масовно испраќање смс пораки со злонамерна цел, а како испраќачи се ...
Рускиот удел во НИС од 56,15 проценти е продаден на унгарски МОЛ, дел од сопственоста ќе им припадне и на ОАЕ, а Србија исто така ќе го зголеми својот удел. „По завршувањето на трансакцијата, МОЛ ќе преземе значајни акционерски одговорности и управувачки права во компанијата што управува со единствената рафинерија во Србија, дополнително зајакнувајќи го своето присуство на енергетскиот пазар во Централна и Југоисточна Европа“, соопшти МОЛ ...
Бугарија влегува во нова политичка турбуленција со целосно мешање на картите откако претседателот Румен Радев објави дека во вторник ќе ја поднесе својата оставка од функцијата шеф на државата до Уставниот суд, а мандатот ќе го заврши потпретседателката Илијана Јотова. Радев во обраќањето до народот рече дека привремената влада повеќе не е гарант за фер избори. Според него, некои политичари го доведуваат во прашање мирниот живот на Бугарите. ...
Србија планира целосна реконструкција на меморијалниот комплекс посветен на српските војници на Кајмакчалан во Северна Македонија, како и реконструкција и на спомениците во Видо и Зејтинлик во Грција. Ова го изјави српската министерка за труд, вработување, ветерани и социјални работи, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, објави телевизијата Н1. Таа на седницата на Комитетот за негување на традициите на ослободителните војни на Србија изјави дека ...
Групацијата МОЛ ги потпиша главните одредби од обврзувачкиот рамковен договор (Heads of Agreement) со компанијата Газпром Нефт за купување на 56,15 проценти од акциите во српската компанија Нафтна индустрија Србија (НИС), соопшти компанијата МОЛ Србија. Како што е најавено, Групацијата МОЛ е во преговори со компанијата АДНОК од Обединетите Арапски Емирати, за нејзино влегување во сопственичката структура на НИС како малцински акционер. По ...
Кога професорката по економија, Шао Бин-Хонг, студирала во Белград во 1978 година, не можела ни да замисли што ќе следува. „За нас, Југославија беше богата, модерна и напредна земја. Секој чекор овде ни покажуваше како изгледа вистинскиот развој“, се сеќава таа. Следната година, најпознатиот кинески економист, Сон Џефанг, отпатувал на кратка посета во Југославија. На состанок во амбасадата, тој им рекол на студентите: „Запаметете го ова ...
Рускиот енергетски гигант „Газпром) и унгарскиот концерн MOL се согласни за условите на договорот за NIS (Нефтена индустрија Србија), а Белград ќе го зголеми својот удел во компанијата за 5 отсто, изјави во понеделникот српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Џедовиќ-Хандановиќ. Според шефицата на српското Министерство за енергетика, преговарачите наскоро ќе ги презентираат условите на договорот пред Канцеларијата за контрола ...
Србија во 2026 година влезе во предизборна атмосфера. По повеќе од една година протести, блокади и политички тензии, претседателот на Србија Александар Вучиќ наводно го прифатил предизвикот на студентите и граѓаните кои бараат предвремени избори. Кога ќе бидат распишани, и натаму е нејасно. Вучиќ во изминатите месеци можните датуми ги движеше од неодреден, „пред законскиот рок“, преку „крајот на 2026 година или почетокот на 2027 година“, па ...
Слично како и во неколкуте наврати во кои цел на ботски напади беа профилите на „Слободен печат“ на „Инстраграм“, организиран напад денеска се случи и врз неколку акаунти на српските медиуми „Радар“ и „НоваС“, познати по критичката опсервација на власта на Александар Вучиќ. Независното здружение на новинари на Војводина (НДНВ) и Здружението на новинари на Србија (УНС) ги осудија ботските напади врз профилите на независните медиуми на ...
На посебна седница на Народното собрание на Република Српска, пратениците од владејачкото мнозинство избраа нова Влада, предводена од Саво Маниќ, член на Сојузот на независни социјалдемократи. На гласањето присуствуваа 51 од вкупно 83 пратеници, при што 49 од нив гласаа за новата Влада, додека опозицијата одлучи да не учествува во гласањето. Во составот на новата Влада на Република Српска се назначени пет нови министри. Вчера, по ...
Најмалку 15 загинаа, а илјадници се принудени на евакуација поради шумските пожари што беснеат низ Чиле. Властите прогласија вонредна состојба во два округа. „Бевме заробени во пожарот. Поминавме ужасно, сè тргна наопаку. Тоа беше нешто што се случи одеднаш“, Алдо Бариентос, локален жител на Чиле. Досега се изгорени над 8.500 хектари шума и уништени стотици домови. Пожарите се шират поради силни ветрови и екстремни температури, достигнувајќи ...
Во подрачјето на Херцеговина, во последните 24 часа, семејни куќи и населби се поплавени, реките се излеале и има лизгања на земјиштето, па затоа прогнозите за нови, уште пообилни врнежи од дожд предизвикуваат загриженост кај граѓаните и властите. Штабот за цивилна заштита на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар, предупреди на опасностите што би можеле да ги донесат обилните врнежи од дожд што се очекуваат во следните два ...
Новинарските здруженија во Србија алармираат дека Инстаграм профилите на неколку независни медиуми биле привремено или трајно затворени поради, како што се сомневаат, синхронизиран електронски напад. Меѓу погодените се профилите на редакцијата „Нова“, неделниот портал „Радар“ и други организации, како CRTA и Београдски синдикат. Според Н1, сметките на „Нова“ биле суспендирани поради ненадеен и вештачки раст на следбеници, што се смета за ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по настапот на блокадерите во Чачак, кои се изживуваа над картонот со неговиот лик. „Денес е Крстовден, ден на строг пост. Не, за оние кои се изживуваа на картонот со мојот лик. Можеа да ги зачуваат јајцата, да ги дадат на некој што нема доволно, но доброто во сè е што живеат во изобилство. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Ова видео ја ...
Албанскиот премиерот Еди Рама денес на „Икс“ реагираше во врска со вестите што кружат во медиумите и социјалните мрежи во врска со Одборот за мир на Трамп за Појасот Газа, опишувајќи ги како неточни и водени од политички цели, пренесува Еуроњуз на албански јазик. Во својот пост, Рама нагласува дека некои тврдења ширени во медиумите се лаги, додека пишува дека денешна Албанија е меѓународно почитувана земја и дека неговата посветеност е ...
Народното собрание на Република Српска на денешната вонредна седница ја прифати оставката на премиерот Саво Миниќ, со што падна владата. Миниќ изјави дека поднесе оставка „за да ги зајакне капацитетите на РС“, за која тврди дека е под постојани напади од Сараево и од меѓународната заедница. Тој всушност поднесе оставка за да избегне Уставниот суд на Босна и Херцеговина неговото именување да го прогласи за неуставно, со што автоматски следи и ...
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“ Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници. Синдикатот предупреди и на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека утре или најдоцна до 20 јануари, главните точки од идниот договор за купопродажба на НИС треба да бидат доставени до американскиот OFAC за да можат да донесат одлука пред 23 јануари за продолжување на лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија. „Сега, главните точки од идниот договор – јасни сопственички односи, како ќе биде формирана идната компанија, колкав процент, колкав ...
Во Дубровник во изминатиот период се регистрирани три случаи на шуга, но раководителот на Службата за епидемиологија на Окружниот институт за јавно здравје, Миљенко Љубиќ, истакнува дека оттогаш не се регистрирани нови случаи на оваа заразна кожна болест. Немаме нови пријави. По пријавата во градинката, имавме уште два пријави од возрасни, но овие случаи не се поврзани едни со други. Ситуацијата е под контрола, шугата се јавува секоја година, ...
За време на дебатата во грчкиот парламент во петокот за националните прашања што ги покренаа тројца независни пратеници – Михалис Хурнакис, Рена Дуру и Теодора Цакри, грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис нагласи дека „во разговорите со Турција, прашањата поврзани со суверенитетот нема да се дискутираат. „Нашиот суверенитет не е предмет на преговори“, порача тој. Герапетритис го опиша доведувањето во прашање на грчкиот ...
Српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека се разгледува идејата за скратување на часовите во училиштата на 30 минути бидејќи кај децата постои феномен на дифузно внимание, поради што не можат да се концентрираат 45 минути да следат настава. Министерот во изјава за РТС рече дека концентрацијата на учениците на часовите е проблем за кој се зборува веќе некое време, а јавноста има предлог за намалување на времетраењето на ...
Трендот кај самците во Србија кои бараат среќа во Албанија не стивнува, а како главна причина ја наведуваат желбата за партнер кој е природен, лојален на семејството и подготвен да живее на село. Токму ова го потврди и приказната на 49-годишниот Слаѓан Николиќ, чиј брак со Горанка Фида Нуриши со години предизвикува бурни реакции во јавноста. Нивната приказна, снимена во парохијата Сириниќи во Косово, стана симбол на судирот на два менталати, ...
Грција става точка на лигнитот во 2026 година, заменувајќи го единствениот домашен ресурс со увозен гас, додека Европа и Германија прават стратешки ревизии за енергетска безбедност. Ерата на лигнитот како примарен извор на енергија во Грција ќе заврши во 2026 година. Со затворањето на последната од петте единици на термоелектраната „Агиос Димитриос“ во Западна Македонија и конверзијата на новата единица „Птолемаида 5“ во погон на природен ...
Голем број клиенти на Национална трговска Банка (БКТ) во Албанија, најголема во земјата, се соочија со непријатно изненадување, бидејќи нивните картички беа мистериозно испразнети. „Идентификувани се голем број случаи каде што се покажа дека картичките биле користени во различни земји. Во еден случај, се покажа дека граѓанска картичка била користена во Бугарија за купување во износ од илјадници евра. Во друг случај, парите биле украдени во ...