Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
САД сакаат да ги уништат ракетните капацитети и беспилотните летала на Иран пред да се исцрпат американските и израелските залихи на ракети за воздушна одбрана, пишува „Волстрит џурнал“. Според изданието, повеќекратните конфликти со Иран и сродните групи нагло ги намалиле средствата за воздушна одбрана на САД на Блискиот Исток. Проблемот не се однесува само на ракетите за воздушна одбрана, туку и на други прецизни ракети, вклучувајќи ги и ...
Десетици тинејџерки во саботата попладне биле на редовни тренинзи по одбојка, кошарка и гимнастика во главната спортска сала во градот Ламард, во близина на персискиот брег, кога околу 17 часот проектил директно ја погодил зградата. Во исто време, дополнителни удари погодиле две блиски станбени населби и уште една сала покрај училиште, во рамки на пошироки напади врз цели низ Иран. Според локални функционери, чии изјави ги пренеле иранските ...
Израел вечерва ќе започне со постепено отворање на својот воздушен простор, објави израелското командување. — реклама — Командата за домашна безбедност соопшти дека воздушниот сообраќај ќе се обновува на „контролиран и координиран начин“, согласно проценката на безбедносната ситуација. Израелскиот воздушен простор беше затворен од почетокот на конфликтот со Иран, во саботата наутро. Израел вечерва ќе започне со постепено отворање на својот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа од Палм буч, Флорида порача дека една од најголемите и најсложените операцијата „Епски бес“ продолжува се до постигнување на сите цели. –Во текот на изминатите 36 часа, САД и нивните партнери ја започнаа операцијата „Епски бес“, една од најголемите, најсложените, најсилните воени офанзиви што светот некогаш ги видел. Никој не видел нешто слично. Погодивме стотици цели во Иран, вклучувајќи објекти ...
Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за легендарните домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед ...
Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Состанокот на најмоќното тело на ОН е закажан да започне во 15 часот по локално време и ќе биде посветен на децата, технологијата и образованието во конфликтни услови, според соопштението на Белата куќа. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го нарече потегот „знак за важноста што САД ја придаваат на Советот за ...
Започна жестока воена ескалација која многумина веќе ја опишуваат како војна без јасен крај. По масовните напади врз цели во срцето на Иран, за кои се наведува дека биле изведени од Израел и САД, Техеран возврати со интензивни ракетни и беспилотни напади низ целиот регион. Воздушниот сообраќај над голем дел од Блискиот Исток е сериозно нарушен, а бројни држави се најдоа во директна опасност од ширење на конфликтот. Според информациите што ...
На социјалните мрежи кружат снимки, наводно направени во Кувајт, на кои се гледаат борбени авиони во пламен како паѓаат кон земјата. Се верува дека станува збор за снимки од американски борбени авиони, кои беа соборени под засега неутврдени околности. Министерството за одбрана на Кувајт претходно објави дека неколку американски воени авиони се урнале утрово, наведувајќи дека сите членови на екипажот преживеале. US F-15 jet crashed in Kuwait. ...
Проценките велат дека во Иран останале неколку илјади лица со државјанство на некоја од земјите членки на Европската унија, изјави висок претставник на ЕУ. — реклама — Многу од нив имаат и иранско државјанство и не сакаат нужно да ја напуштат земјата, додаде официјалниот претставник. Точниот број на оние кои бараат евакуација не е објавен. — реклама — Се проценува дека многу поголем број граѓани на ЕУ се заглавени во земјите околу Иран поради ...
Глобалните осигурителни компании ги откажуваат полисите за осигурување за бродови што пловат во Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец, објави „Фајненшл тајмс“. Осигурителите ги информираат сопствениците на бродови дека постојните полиси се поништуваат и дека трошоците за осигурување за бродовите што транзитираат низ Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец ќе се зголемат по нападите на САД и Израел врз Иран, објави британскиот весник. Експертите ...
Продолжува војната во Украина. Жестоки напади на фронтот. Руските единици објавија дека постигнале напредок во Донецката област. Во воздушен напад во Запорожјето има повредени и делумно оштетени згради. И Русија нотира удари со дронови во Краснодарскиот регион каде што е прогласена вонредна состојба. Украинскиот претседател Зеленски вели дека, според разузнавачките информации, Москва, напролет подготвува нови напади врз украинската ...
Неколку осигурителни компании соопштија дека ќе го укинат покривањето за воен ризик за бродовите поради конфликтот во Иран и Персискиот Залив. Осигурителните компании, меѓу кои се Gard, Skuld, NorthStandard, лондонскиот P&A клуб и Американскиот клуб, соопштија дека осигурувањето од воен ризик за бродовите ќе биде укинато од 5 март, пренесува Ројтерс. Според соопштението, осигурувањето од воен ризик ќе биде укинато за бродовите во ...
Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) соопшти дека испалил четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, објавија иранските државни медиуми. Ова не е независно потврдено. „Абрахам Линколн“ е петтиот носач на авиони од класата „Нимиц“ во американската морнарица. Опремен е со најновите ловци „Стелт“ Ф-35, кои можат да ги избегнат непријателските радари. Ударната група на носачот вклучува и три ...
Иран објави видео на кое се гледаат, според нив, тунели за беспилотни летала на Револуционерната гарда, во кои се чува оружје што се користи во нападите врз американските бази во регионот. Во видео објавено од иранската државна новинска агенција Фарс, може да се видат редови беспилотни летала наредени во подземен тунел или на ракетни лансери. На ѕидовите се наоѓаат иранското знаме и слики од покојниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. ...
Американски борбен авион Ф-15 утрово е соборен и се урна во Кувајт. Според видеата објавени на Икс, пилотите ги активирале своите падобрани за итни случаи и биле спасени по слетувањето на земја. Првичните проценки покажуваат дека авионот бил соборен од пријателски оган додека американскиот борбен авион летал над Кувајт како дел од операција за лоцирање и соборување на непријателски беспилотни летала. Видеата го прикажуваат двомоторниот ...
CNN геолоцираше снимка од падот на борбен авион над Кувајт во близина на американската воздухопловна база. Видео клипот се појави онлајн утрово и го прикажува авионот во пламен како паѓа кон земјата, постојано вртејќи се. Се вели дека геолокацијата на снимката укажува дека авионот се урна на десет километри од американската база Али ал Салем во Кувајт. CNN вели дека не е јасно зошто авионот се урна или на која воена сила припаѓа авионот. ...
Нападот на Хезболах дојде како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, пишува „Гардијан“. Жителите на Бејрут беа разбудени во 3 часот утрово од десетици експлозии додека Израел гаѓаше три различни локации во јужните предградија на главниот град. Детонациите ги тресеа прозорците низ градот и се слушаа на километри. Во ноќешните израелски напади врз Либан загинаа 31 лице, а 149 се ранети, објавија француските медиуми, ...
Кипар го зголеми нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите наредија затворање на училиштата и спроведоа евакуации каде што треба, затоа што земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Во своето утринско обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најважната грижа на неговата влада. „Се наоѓаме ...
Илјадници француски супермаркети почнаа да користат вештачка интелигенција за борба против кражбите, при што софтверот ги анализира движењата на купувачите во реално време и ги предупредува за сомнително однесување, објавува Euronews. Трговците тврдат дека новата технологија значително ги намалила загубите, но исто така покренува сериозни проблеми со приватноста и правните прашања, бидејќи нејзината употреба сè уште не е јасно регулирана. ...
Иран е 17-та најголема држава во светот по површина и има исклучително стратешка позиција на раскрсницата меѓу Западна и Јужна Азија. Меѓу другото го контролира Ормускиот Теснец – клучна енергетска артерија низ која поминува околу 20% од светската нафта. Иран има 92 милиони жители и речиси 60% од населението е помладо од 39 години. Мнозинство се Персијците. Државата е теократска исламска република во која религијата е тесно поврзана со ...
Саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ ги прекина операциите во рафинеријата Рас Танура по нападот со беспилотни летала во областа, според извори запознаени со ситуацијата. Рафинеријата, една од најголемите во Саудиска Арабија, има капацитет да преработува 550.000 барели сурова нафта дневно. Објектот на брегот на Персискиот Залив беше затворен во понеделник како мерка на претпазливост додека се проценуваат можните штети. Според ...
Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток доби нова, загрижувачка димензија откако, според првичните извештаи, Иран извршил напад врз нафтена инфраструктура во Саудиска Арабија. Со беспилотни летала од типот „шахид“ бил погоден објект на „Сауди Арамко“ во Рас Танура, локација што важи за еден од најголемите и стратешки најзначајни нафтени центри во светот. The footage 👇 of direct hit pic.twitter.com/iIdbt0VEGX — Acharya Chanakya ...
Според „Дејли меил“, неколку американски воени авиони се урнале во Кувајт, а не само еден. Both the Pilot and Weapons Systems Officer (WSO) onboard the U.S. Air Force F-15E Strike Eagle that crashed this morning over Kuwait due to a “friendly fire” incident, appear to have survived, being found by locals and transferred to local authorities in Kuwait. pic.twitter.com/HyxpeI0QUL — OSINTdefender (@sentdefender) March 2, 2026 Пилотите на тие ...
Пожар и чад се забележани на просторот на американската амбасада во Кувајт по денешниот ирански напад врз малата блискоисточна држава. Од амбасадата не потврдија дека била погодена, но оттаму претходно ги предупредија американските граѓани да не доаѓаат и да побараат засолниште во затворено. Министерството за здравство на Кувајт објави дека во досегашните ирански одмазднички напади загинало едно лице, а 32 биле повредени. Двајца американски ...
За помалку од два месеца, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг и со тоа го загрози снабдувањето со нафта на Кина. Откако американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во јануари, сега е убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Овие две воени акции не само што ја лишија Кина од нејзините стратешки партнери во Јужна Америка и Блискиот Исток, ...
Жителите на саудиската престолнина Ријад оваа недела беа разбудени од гласни експлозии кои одекнуваа низ целиот источен дел од градот. Според првичните извештаи, ова е втор ден од координираните ирански одмазднички напади, кои дојдоа како директен одговор на неодамнешните напади на САД и Израел во регионот, и ова е прв пат Ријад да биде нападнат. Очевидци во Ријад опишуваат драматични сцени, серија од неколку последователни експлозии кои ги ...
Сирени за воздушен напад се вклучија во Израел и Кувајт откако Иран започна нов напад со балистички ракети. Тел Авив возврати со воздушни напади врз цели во Либан откако Хезболах испука ракети врз Хаифа. Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека немало разговори со САД. По наводите во западните медиуми во врска со барањето на Техеран за разговори со Вашингтон, Лариџани нагласи дека Иран нема да ...
Амбасадорот на Иран во Велика Британија, Сејед Али Мусави, изјави дека нападите на сад и Израел врз Иран се „нелегални“ и го поддржа правото на Иран да се брани. Британскиот премиер Kир Стармер пак изјави дека Велика Британија нема да се придружи на нападите врз Иран, но се согласила да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз иранските ракети и нивните места за лансирање. Амбасадорот на Иран во Велика Британија, ...
2 март 2026 Брисел - Почеток на дводневен неформален состанок на Советот за општи работи на ЕУ. Брисел - Потпишување на договор меѓу Европската Унија и Швајцарија за зајакнување на соработката во присуство на швајцарскиот претседател Ги Пармел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Вашингтон - Германскиот канцелар Фридрих Мерц во посета на Соединетите Американски Држави. Париз - Говор на францускиот претседател Емануел ...
Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Али Лариjани, денеска изјави дека нема преговори со Соединетите Американски Држави. — реклама — По наводите во западните медиуми во врска со наводно барање на Техеран за преговори со Вашингтон, Лариjани нагласи дека Иран нема да води преговори со САД, пренесува Tasnim. Рано утрово, The Wall Street Journal објави дека Лариjани испратил до оманската страна планови за продолжување ...