Центристичкиот претседателски кандидат Салвадор Насрала има мала предност пред конзервативецот Насри Асфура поддржан од Трамп во досегашното пребројување на гласовите од изборите во Хондурас, кое вчера беше прекинато поради технички проблем. По пребројани 80,29 отсто од гласовите, Насрала од Либералната партија освои 40,23 отсто, помалку од 14.000 гласови пред Асфура од Националната партија, кој имаше 39,69 отсто. Рикси Монкада од владејачката ...

Украинските преговарачи пристигнуваат во САД за нов круг консултации со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, два дена по неуспешните разговори во Москва. Средбата ќе се одржи во Флорида, потврди Белата куќа. Претходно, на разговорите во Москва меѓу Виткоф и рускиот лидер Владимир Путин не беше постигнат компромис за Украина, а Москва соопшти дека не прифатила делови од американскиот мировен план. Амеиканскиот претседател Доналд Трамп ...

Американските службеници за имиграција почнаа операција за апсење на нелегални имигранти во Њу Орлеанс, соопштија денес федералните службеници, со што овој град влезе во фокусот на новата заострена имигрантска политика на претседателот Доналд Трамп. Американското Министерство за внатрешна безбедност објави дека операцијата ќе биде насочена кон криминалци кои се ослободени од локален притвор. Имено, тие биле ослободени врз основа на градските ...

Мнозинството граѓани во девет земји од ЕУ гледаат висок ризик од војна меѓу членовите на блокот и Русија, објави АФП. Ова е според резултатите од анкетата на социолошката агенција „Кластер 17“, објавена од француското меѓународно политичко списание „Гранд Континент“. Анкетата, во која биле анкетирани речиси 10.000 луѓе од Франција, Германија, Италија, Шпанија, Полска, Португалија, Хрватска, Белгија и Холандија, се одвива во услови на тековната ...

Италија, по повеќемесечни сигнали на неодлучност, направи значаен пресврт во својата политика кон украинскиот конфликт и практично го замрзна програмот за воена помош за Киев, пренесе Блумберг. Според овој извор, одлуката произлегува од изјавата на италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој јасно порача дека Рим ќе ги запре понатамошните испораки на оружје за Украина. Таквата порака, истакнува агенцијата, претставува прв ...

Србија треба значително да ги забрза реформите во областа на владеењето на правото и доследно да ги спроведува усвоените закони за медиумите и единствениот избирачки список, се нагласува во нацрт-заклучоците на Советот на министри на ЕУ за Србија и политиката на проширување, јави РТС. Нацрт-документот потсетува на оценката на Европската комисија дека Србија е технички подготвена за отворање на преговарачкиот кластер 3 за конкуренција и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот тим имал „многу добар“ состанок со Владимир Путин, оставајќи му впечаток дека Русија е подготвена да постигне договор. Зборувајќи за позицијата на Украина, тој рече дека Володимир Зеленски „нема карти“ и требало да се стреми кон решение порано. Вели дека Украина пропуштила добра шанса да постигне догвор, но дека немала мудрост да го направи тоа. Трамп посочи дека претходните преговори ...

Ново истражување открива изненадувачка вистина: човечкото тело влегува во фаза на брзо влошување околу педесеттата година, а крвните садови се првите што се погодени. Научниците предупредуваат дека тогаш се забрзуваат промените што влијаат на речиси секој орган, откривајќи пресвртница што би можела да го промени начинот на кој го разбираме стареењето и здравјето во втората половина од животот. Иако времето поминува рамномерно, процесот на ...

Народното собрание во Бугарија го отфрли барањето на претседателот Румен Радев за одржување референдум за тоа дали Бугарија треба да го усвои еврото во 2026 година. Пратениците го отфрлија предлогот со 135 гласови „против“, 81 „за“ и три „воздржани“, откако седницата беше прекината неколку пати, објави Новините. Со ова заврши спорот што започна во мај, кога Радев неочекувано го поднесе референдумското прашање и покрај напредните подготовки за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот Џаред Кушнер добиле јасен впечаток дека Москва сака да ја заврши војната во Украина. Во соопштението од Белата куќа, Трамп рече дека разговорите одржани во Москва биле исклучително успешни, според медиумските извештаи. Препорачано „Рускиот претседател Владимир Путин би сакал да ја заврши војната. Тоа е впечатокот што го добиле“, рече Трамп, ...

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, се дистанцира од обвинувањата за корупција што ја погодија Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), а претставници на ЕК изјавија дека истрагата не ја вклучува шефицата на Комисијата, пишува бриселскиот „Политико“. Препорачано Белгиските власти во вторник извршија рации и ги приведоа поранешната висока претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, и поранешниот генерален ...

Велика Британија и Германија се подготвени да „ја поддржат Европа во услови на закана од натамошна руска агресија“, изјави Британскиот крал Чарлс. Зборувајќи на државниот банкет во чест на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кралот го пофали заедничкиот одбранбен договор меѓу двете земји, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, пишува Скај њуз. На почетокот од тридневната државна посета, Штајнмаер рече дека двете ...

Администрацијата на САД објави зголемена проверка на кандидатите за H-1B визи за висококвалификувани работници, а во интерен меморандум на Стејт департментот се вели дека секој што е вклучен во цензура на слободата на говорот може да се разгледа за одбивање. H-1B визите, кои им овозможуваат на американските работодавци да вработуваат странски работници во специјализирани области, се клучни за американските технолошки компании кои регрутираат во ...

Велика Британија и Норвешка ќе потпишат одбранбен пакт со кој нивните морнарици ќе управуваат со комбинирана флота на воени бродови за да ловат руски подморници во Северниот Атлантик. Договорот е насочен кон заштита на критичните подморски кабли кои се под зголемена закана од Москва, при што е забележан пораст од 30 отсто на руски бродови во водите на Обединетото Кралство во изминатите две години, соопшти Министерството за одбрана во Лондон. ...

Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент вчеравечер го избра Андрес Ритер за нивниот посакуван кандидат за нов водач на Европското јавно обвинителство. На тајното изјаснување во Комисијата, Ритер обезбеди 46 гласа од европратениците, двојно повеќе од останатите тројца кандидати за позицијата јавен обвинител на ЕУ. Како што објави ЕП, Стефано Кастелани на гласањето доби 11 гласа, Емилио Хесус Санчез Улед ...

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф ќе се сретне со шефот на украинскиот Совет за безбедност, Рустем Умеров денеска во Мајами, потврди Белата куќа. Средбата следи по речиси петчасовните разговори меѓу Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин во Москва, кои Кремљ ги опиша како преговори без постигнат напредок кон прекин на војната. Претседателот Доналд Трамп ги нарече „разумно добри“, но предупреди дека исходот е неизвесен. Русија и ...

Владината агенција Здравје Канада објави дека лани имало над 16.499 случаи на еутаназија, што претставува 5,1 процент од вкупните смртни случаи во Канада. Во извештајот се наведува дека тоа е мало зголемување од 0,4% во споредба со 2023 година. Во претходната година зголемувањето било 6,9%, а највисокото од 36,8% било регистрирано од 2019 до 2020 година, што се поклопува со пандемијата на ковид. Агенцијата забележува дека MAiD не се смета за ...

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“. Нападот наводно се случил во близина на селото Казински Виселки на делницата Таганрог-Липецк од нафтоводот, а бил предизвикан од далечински активирана експлозивна направа, објави „Киев пост“. Службеник на ХУР, запознаен со операцијата, објасни дека уредот бил опремен и со запаливи смеси за ...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека вооружените сили на земјата се распоредени ширум државната територија како одговор на, како што ги оцени, заканите од американската администрација. „Дваесет и две недели воена, цивилна и полициска обука ја доведоа Венецуела до највисоко ниво на сеопфатна одбранбена способност што некогаш сме го достигнале. Подготвени сме да ја браниме нашата земја, суверенитет и достоинство, и да им ...

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за лов на руски подморници во северниот Атлантик, објави британското Министерство за одбрана. Договорот доаѓа неколку месеци откако беше објавено дека Норвешка купила најмалку пет фрегати од типот 26 од британската група BAE Systems, за сума од 11,5 милијарди евра. Според условите на новиот договор, кои треба да ...

Израел изврши воздушен напад во Кан Јунис, во јужниот дел на Газа, наведувајќи дека целта била оперативец на Хамас, како одговор на нападот врз израелските војници претходно денес, објави „Тајмс оф Израел“. Препорачано „Денес Хамас грубо го прекрши договорот за прекин на огнот, при што терористи нападнаа сили на Цахал (израелската војска) распоредени во областа Рафа,“ соопшти израелската армија. Во нападот беа ранети петмина израелски војници. ...

Ракот на желудникот е малигно заболување кое може да се развие во кој било дел од желудникот. Неговиот најчест тип е аденокарцином (рак на мукозниот слој на желудникот), кој е присутен во дури 95 проценти од случаите. Овој тип на рак може успешно да се лекува, но зависи исклучиво од раното откривање. Ракот на желудникот е болест со неспецифични симптоми Како и кај некои други видови на рак, големиот проблем е што ракот на желудникот подразбира ...

Меѓународниот аеродром во Вилнус вчера беше затворен на кратко поради сомневање дека во неговиот воздушен простор се појавиле балони, уште еден во серијата слични инциденти што се случуваат последните месеци. Аеродромот, кој се наоѓа околу 30 километри од границата со Белорусија, бил затворен во 19:36 часот, а повторно отворен во 21:06, соопштија властите. Од почетокот на октомври, аеродромот во Вилнус бил затворен повеќе од десет пати поради ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го заврши војниот конфликт во Украина. „Тој би сакал да ја заврши војната,“ им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Коментарот доаѓа еден ден по средбата во Москва, каде што Путин ги прими специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џеред Кушнер, кој дејствува како негов неформален советник. Тие со рускиот претседател ...

Мировниот план предложен од САД за завршување на војната на Русија против Украина се дискутира нашироко. Според медиумските извештаи, неговата оригинална верзија од 28 точки вклучува предлог Киев целосно да се откаже од претензиите кон Доњецката и Луганската област, вклучувајќи ги и деловите што Русија не ги окупирала, и да воспостави таканаречена „демилитаризирана зона“ која фактички би била под руска контрола. По острите критики од Киев и ...

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени лица западно од Кан Јунис во Газа, според медицинскиот персонал во болницата во Полски Кувајт. Нападите го погодија крајбрежното подрачје на Ал-Маваси. Спасувачите изјавија за Би-би-си дека ги пронашле телата во кампот Ал-Наџат, група шатори во кои се сместени стотици раселени лица во последните месеци. ...

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање на сите украински деца присилно префрлени или депортирани за време на војната во Украина и се повикува Москва да ја прекине таа практика. Резолуцијата ја усвоија 91 земја-членка на Генералното собрание на ОН, вклучувајќи ги и САД, со 57 воздржани, а Русија и 11 други земји гласаа против, објави Ројтерс. #BREAKING ...

Руската агресија врз Украина сериозно го дестабилизира источното соседство на ЕУ, предизвикувајќи ефекти на прелевање во Западниот Балкан, кои се закануваат да ги забават реформите и да поттикнат антиевропски наративи, па затоа проширувањето на ЕУ претставува геостратешка инвестиција во регионалната безбедност и стабилност. Ова се наведува во Извештајот за заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ за 2025 година, што денеска го усвои ...

На состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, истакна дека Алијансата ќе остане одбранбена, но е подготвена да преземе се што е потребно за заштита на своите членки. „НАТО ќе продолжи да биде одбранбена алијанса, но не правете грешка – ние сме подготвени и спремни да направиме сѐ што е потребно за да ги заштитиме нашите една милијарда граѓани и да ја обезбедиме нашата територија“, нагласи ...

За време на дебатата за државниот буџет на седницата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, се случи ситуација што ги насмеа пратениците, но и ги збуни. Сè започна кога пратеникот на Демократскиот фронт, Златан Бегиќ, за време на својот говор, коментираше за симболиката на седницата, велејќи дека министерот за финансии Срѓан Амиџиќ се појавил „ноќта пред Ноќта на вештерките“. Додека Бегиќ зборуваше, пратеничката на СНСД, Сања ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
77%
1009
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1011
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.42
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1009
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
93%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
87%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
87%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
48%
1010
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88

Сребро

1837.41

Цинк

3.24

Платина

53106.37

Бакар

10.76

Злато

135322.28

Калај

40.11

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67

Родиум

255598.44