Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
„Машинеријата за дезинформации на иранскиот режим продолжува лажно да тврди дека потопила американски носач на авиони“, соопшти Централната Команда на иранската војска на социјалната мрежа X. 🚫The Iranian regime’s false messaging machine continues to falsely claim that it has sunk a U.S. aircraft carrier. ✅The TRUTH: The only carrier that has been hit is the Shahid Bagheri, an Iranian drone carrier. U.S. forces struck the ship within hours ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека разговарал за Иран и регионалната безбедност со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека двајцата лидери се согласиле за важноста на пристапот од 360 степени на алијансата кон безбедноста и нејзината подготвеност да одврати и да се брани од закани од која било насока. „Секогаш сме подготвени да одвратиме и да се браниме од какви било закани, од која било насока“, објави Руте ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не ја исклучува можноста за употреба на копнени трупи во војната со Иран, во момент кога американско-израелската воена операција влезе во трет ден, а Пентагон предупреди дека конфликтот може да донесе и нови американски жртви. Според објавата што ја пренесува CBS News, Трамп рекол дека нема однапред да ја затвори таа опција ако таков потег, според Белата куќа, стане неопходен. Во ...
Светот е во кризна ситуација откако иранскиот врховен лидер беше убиен во израелско-американски напад врз Иран. Регионалната тензија ескалира, а Техеран возвраќа со ракетни напади врз Израел и земјите од Персискиот залив. Американскиот претседател Доналд Трамп од Белата куќа изјави: „Операцијата ја предвидовме да трае 4-5 недели, но може и подолго. Лесно ќе победиме.“ Во интервјуа за CNN и New York Post тој кажа „Следи голем удар врз Иран. ...
Руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран и да го спречат нормализирањето на односите меѓу Техеран и арапските земји во регионот. Во официјално соопштение, министерството наведува дека според Москва, сега е јасно дека Вашингтон и Тел Авив не само што се стремат кон смена на режимот во Иран преку „најнечистите средства“, како што е убиството врз раководството на суверена ...
Иранскиот одговор не беше ограничен само на израелска територија, туку се прошири низ поширокиот Блиски Исток. Откако САД и Израел заеднички го нападнаа Иран во операцијата Epic Fury („Епски бес“), конфликтот се прошири низ целиот Блиски Исток и влезе во својата најопасна фаза досега, трансформирајќи се од насочена воена операција во регионална ескалација. Координираните американско-израелски напади врз иранските воени и стратешки цели беа ...
Најдолгиот дострел на иранската балистичка ракета „Саџил“ изнесува до 2.000 километри, според податоците на Меѓународен институт за стратешки студии, центар за истражување на одбраната. Истражувачите велат дека иранските беспилотни летала „Шахед“ имаат сличен максимален дострел, што ги прави способни да погодат цели на далечина до 2.000 километри. Ова е доволно за да бидат потенцијална цел Москва, Софија или Атина, но западноевропските ...
Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека денеска започнала уште еден бран напади врз американски бази во регионот, пренесуваат државните медиуми. Во извештајот се наведува дека при нападите бил лансиран „поинаков“ тип на проектил, но не се објавени дополнителни детали за неговите карактеристики или за погодените цели. Без дополнителни информации Засега нема официјални податоци за евентуална штета или жртви, ниту пак прецизирање ...
Военото движење Хезболах влезе во војната што Америка ја започна заедно со Израел со напаѓање на Иран. Сирени за тревога се огласија низ централен и јужен Израел утрово откако Иран започна нов напад. Во меѓувреме, Израел го нападна и Либан, пишуваат светските медиуми. „Иран ќе нападне која било американска база во Европа“ Иран ќе нападне која било американска база во Европа доколку е потребно, предупреди денес иранскиот амбасадор во Шпанија, ...
По разговорите со престолонаследникот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија, Кремљ објави дека „двете страни изразија сериозна загриженост за реалниот ризик од проширување на зоната на конфликт, која веќе ги зафати териториите на голем број арапски земји и има катастрофални последици“. „Ова е исклучително опасно“ Путин ја нагласи потребата од дипломатија за решавање на „екстремно опасна ситуација“, додека, според Кремљ, саудискиот ...
Министерството за одбрана на Катар денес објави дека катарските вооружени сили собориле два ирански борбени авиони „Сухој Су-24“ од руско производство. Во соопштението на катарското Министерство се наведува дека воздухопловните сили на Катар успешно собориле два авиони „Сухој Су-24“ кои доаѓале од Исламската Република Иран, како и дека воздушната одбрана пресретнала седум балистички ракети пред да ги достигнат своите цели. Исто така, се ...
„Министерот погледна на часовникот неколку пати, па го тргнав настрана и го замолив да почека уште половина час. Но, беше залудно. Никој не дојде.“ Така Ф. Скот Фицџералд го опиша скромниот погреб на Големиот Гетсби, мистериозниот човек познат по своите раскошни забави и нелегално стекнато богатство во „бурните дваесетти“ години на Америка, во 1925 година. Еден век подоцна, Џефри Епштајн, сексуалниот предатор кој почина сам во затвор во ...
Тензиите на Блискиот Исток повторно растат. Во последните денови САД и Израел започнаа напади врз Иран, по што следуваа одмазднички удари. Стравот од поширок конфликт е сè поголем. „Слободен печат“ ги праша граѓаните што мислат – дали требаше да дојде до вакви напади и дали се чувствуваат безбедно. Еден соговорник вели дека одлуката веројатно произлегува од нивната надворешна политика. „Најверојатно нивната политика ги довела до тоа да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање изјави дека операцијата против Иран првично била планирана да трае од четири до пет недели. — реклама — Тој, сепак, нагласи дека Соединетите Американски Држави имаат „капацитет да ја водат операцијата и значително подолго“ доколку тоа се покаже како неопходно, без да прецизира временска рамка или дополнителни детали. Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање ...
Заедничката воена операција на САД и Израел, започната на 28 февруари под кодното име Epic Fury, доведе до смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, потврдија иранските државни медиуми, како и американскиот претседател Доналд Трамп. Хамнеи бил убиен во прецизен воздушен напад врз неговиот комплекс во Техеран, во акција што веќе се оценува како една од најзначајните и најризични ескалации на Блискиот Исток во последните ...
Во вонредно обраќање од Белата куќа, претседателот Доналд Трамп објави дека американските воени сили продолжуваат со жестоките удари врз Иран. Тој упати директни закани до Техеран, нагласувајќи дека САД нема да дозволат обновување на нуклеарната програма или зајакнување на капацитетите со балистички проектили. Трамп изрази огромна доверба во моќта на американската армија, тврдејќи дека воените цели се остваруваат побрзо од предвиденото. ...
Затворањето на аеродромот во Дубаи, по нападите со ирански беспилотни летала и ракети, предизвика панично барање излез од емиратот, особено меѓу побогатите патници. Додека повеќето туристи остануваат заглавени во хотели и на крстосувачки бродови, цените на приватните летови драстично скокнаа, пишува „Гардијан“. Нападите дојдоа како одговор на нападите на САД и Израел врз Иран. Ракети и беспилотни летала го погодија аеродромот во Дубаи и ...
Иран ја шири војната и на третиот ден од судирот, откако американско-израелските напади врз иранска територија продолжија, а Техеран возврати не само кон Израел, туку и кон американски цели и сојузнички држави во Заливот. Ал Џезира, Reuters и Associated Press јавуваат дека денешната слика повеќе не е ограничена на линијата Техеран–Тел Авив, туку се претвора во поширок регионален судир во кој се погодени и воени и енергетски точки, додека ...
Ирански ракети во два наврата беа насочени врз британска воздухопловна база во Кипар, откако Британија му дозволи на САД да ја користи. Германија ќе се држи настрана, а Франција се става во одбрана на земјите во Персискиот Залив. Погодена е американската амбасада во Кувајт, а извештаите за напади доаѓаат и од Бахреин, Ирак, Јордан, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Израел го нападна Либан откако Хезболах во текот на ...
Меѓу првите сцени што можеа да се видат во медиумите по големите американско-израелски напади врз врвот на иранскиот режим беа оние што покажаа две спротивставени слики од реакциите на Иранците. Додека во некои делови од градот луѓето излегоа на улиците со портрети на убиените лидери на режимот како маченици, палеа свеќи и извикуваа слогани против САД и Израел, во други, вклучително и во дијаспората, илјадници славеа – се слушаа автомобилски ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека за неколку дена Украина ќе биде технички подготвена за отворање на сите шест преговарачки кластери, а до 2027 година за пристапување кон Европската унија, но дека некои членки на ЕУ сè уште го блокираат отворањето на преговарачките кластери. „Буквално за неколку дена, Украина ќе биде технички подготвена да ги отвори сите шест кластери. Ние сме подготвени, но не се подготвени сите ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го посети местото на нападот во израелскиот град Беит Шемеш, кој беше погоден од иранска ракета. Нетанјаху ја прегледа штетата откако ракетата наводно успеала да го пробие израелскиот систем за воздушна одбрана и да ја уништи синагогата, при што загинаа најмалку девет лица, објави „Скај њуз“. Израелскиот премиер разговараше со работниците на терен, додека во позадина можеа да се видат урнатините ...
Во време кога тензиите во Блискиот Исток достигнуваат историски нивоа, водењето на меѓународните сојузи станува сѐ понејасно. Лидерот кој зборуваше за можното вмешување на НАТО ја остави јавноста во неизвесност: иако конфликтот се шири, Северноатлантската алијанса засега останува настрана, додека други сили водат свои операции. Извори велат дека европските земји и сојузниците внимателно ја следат ситуацијата и нудат поддршка, но конкретни ...
Глобалните испораки на паметни телефони ја завршија 2025 година со низок едноцифрен раст од година во година, потпомогнат од подобрените макроекономски услови и здравата побарувачка за време на празничната сезона. Сепак, според најновото истражување Smartphone Market Outlook Tracker на Counterpoint Research, пазарот ќе се соочи со голем пресврт во 2026 година, при што се предвидува дека испораките ќе се намалат за 12,4% од година во година, ...
Науката е поделена околу тоа дали ефектите од канабисот се добри или лоши. Но, новото истражување откри растечка врска помеѓу употребата на канабис, т.е. марихуана, и неговите негативни ефекти врз менталното здравје. Истражувањето на Универзитетот Мекмастер, објавено во „Канадскиот журнал за психијатрија“, покажа дека зголемената употреба на канабис и влошувањето на симптомите на ментално здравје сè повеќе се јавуваат заедно. „Откривме дека ...
Ракетен напад врз британска воена база на Кипар. Официјален Лондон ја потврди информацијата. Кипарскиот претседател порача – земјата нема да биде дел од воена операција. Погодена И база во Турција. Европа на работ да биде вовлечена во војна. Трамп разочаран од британскиот премиер. ОдЕК со повик за деескалација. Ракетен напад врз британска воена база на Кипар. Официјален Лондон ја потврди информацијата. Кипарскиот претседател порача – земјата ...
Мансура Багерзаде, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина откако се здоби со повреди во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми. Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина. Мансура Багерзаде (79) беше тешко повредена во нападот и не се разбуди од кома два дена. Таа почина денес, објави агенцијата ...
Српската полиција го уапси П.С. (58) од Гњилане под сомнение дека пред неколку дена упатил закани на социјалните мрежи до полицајки од Бујановац, како и до претседателот на Републиката, министри и генерали. Тој, како што дознава Танјуг, денес ќе биде приведен на сослушување во Специјалното одделение за борба против високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград. П.С. беше уапсен во акција на полицијата од Врање и Бујановац ...
Катар го суспендираше производството на течен природен гас (LNG) поради ескалацијата на нападите во регионот на Персискиот Залив, што предизвика бран затворања на нафтени и гасни постројки низ Блискиот Исток. Производството на LNG од оваа земја сочинува околу 20% од глобалната понуда, па прекинот веднаш ја погоди стабилноста на пазарите во Азија и Европа. Комплексот „Рас Лафан“ и индустриската зона Месаид беа погодени од брантовите, а ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во обраќање во базата за нуклеарни подморници „Ил Лонг“, рече дека Франција постепено влегува во нова фаза на своето нуклеарно одвраќање, кое го опиша како „проширено одвраќање“. „Треба да го зајакнеме нашето нуклеарно одвраќање со оглед на комбинацијата од закани и да размислиме за нашата стратегија за одвраќање во длабочините на европскиот континент, со целосно почитување на нашиот суверенитет, ...