Пенкалото е помоќно (и попаметно) од кога било до сега – од AI алатки до креативни трикови Како што рекол поетот, перото е помоќно и од мечот, а кога станува збор за “S Pen“ пенкалото на “Galaxy S25 Ultra“ или “Galaxy Tab S11“, тоа дефинитивно е и попаметно. “S Pen“ пенкалото, достапно за овие модели, нуди многу повеќе од обично пишување. Може да служи како далечински управувач за презентации, бленда на камерата па дури и личен преведувач ...

Microsoft најави дека во Windows Insider верзиите од Windows 11, пушти неколку новини за две нивни апликации, односно за Notepad и Paint. Ова се две апликации кои не ретко добиваат нови функции изминатите години, а тоа е дефинитивно чудно со оглед дека ретко кој ги користи, освен за мали и брзи работи. Notepad добива подобрување на Markdown функцијата, која исто така е доста нова, па сега корисниците ќе можат да додадат „прецртување“ врз ...

Компанијата NexDock, која во главно работи со додатоци за смартфоните и компјутерите, претстави смартфон кој дефинитивно ќе биде уникатен на пазарот. NexPhone доаѓа со можност за користење како класичен Android смартфон, но на него е инсталиран и Windows 11, нешто што сега е доста лесно да се направи и да се користи со оглед на конечниот напредок на овој систем на ARM чиповите. Главната замисла со NexPhone е да се користи со надворешен екран, ...

Гласините велат дека претстојниот flagship модел на Samsung, Galaxy S26 Ultra, ќе има подобрен екран со функции како што е Privacy Display, а сега нови информации сугерираат дека тој екран ќе добие и унапредена заштита. Според изворот Ice Universe, екранот на Galaxy S26 Ultra ќе добие нова генерација Gorilla Glass стакло со висока цврстина. Galaxy S25 Ultra веќе користи антирефлексен премаз на екранот кој во голема мера ја елиминира потребата ...

MIO: Memories in Orbit е прекрасна игра, освежувачки наслов кој ќе успее максимално да доминира во метроидванија жанрот. Комбинирајќи ја препознатливата формула на истражување и акција со длабоко стилизирана естетика, чедото на Douze Dixièmes ве става во улога на андроидот МИО и ви наметнува задача да ја спасите технолошката руина од целосен колапс. Она што ќе пронајдете е деликатен и крајно кршлив свет кој крие слоеви од впечатливо и ...

Научните истражувања покажуваат дека ибупрофенот, еден од најчестите лекови против болки, може да има потенцијална улога и во превенцијата од одредени видови рак. Ибупрофенот, еден од најчесто користените лекови против болка и воспаление, може да има и антиканцерогени својства, сугерираат нови истражувања. Научниците сè повеќе укажуваат на врската помеѓу хроничното воспаление и развојот на ракот, и тука се отвора просторот за дејство на овој ...

Американскиот сон никогаш не бил поскап, а патот до него никогаш не бил толку подложен на строги контроли. Откако Доналд Трамп во септември 2025 година воведе услов за одредени нови H-1B визи (за кандидати кои се надвор од САД) да се приложат и уплатат 100.000 долари, работодавачите ја добија пораката дека влезот на глобалните таленти повеќе не е само прашање на документи, туку и на буџет. Пазарот одговори прагматично, работата од далечина ...

Роботите што изгледаат и зборуваат како луѓе полека влегуваат во нашите животи, предизвикувајќи истовремено непријатност и фасцинација, и поставувајќи го прашањето дали постојат граници во нашето прифаќање на вештачката интелигенција. Кога ќе видиме робот кој на некој начин наликува на вистинска личност, тоа може да предизвика специфично чувство на непријатност. Овој феномен е познат како таканаречената „долина на непријатност“ и претставува ...

Шведскиот производител „Volvo“ го претстави новиот електричен „SUV“ со средна големина „EX60“, кој е најважниот модел на брендот во последниве години. Тој ќе биде целосно електричен еквивалент на „XC60“ и треба да игра клучна улога во стратегијата на брендот во услови на забавување на побарувачката за електрични автомобили и преглед на плановите за целосна електрификација. Со платформа од 800 волти и импресивни бројки за перформанси, ...

WhatsApp конечно ќе биде блокиран во Русија во 2026 година, изјави за ТАСС, Андреј Свинцов, заменик-претседател на Одборот за информациска политика, ИТ и комуникации на руската државна дума. Според Свинцов, одлуката за забрана на WhatsApp оваа година е целосно оправдана со оглед на претстојните избори следната година. „Верувам дека Роскомнадзор (рускиот регулатор) ќе усвои пакет мерки за конечно блокирање на WhatsApp до крајот на годината. ...

Корисниците на YouTube во последните денови пријавуваат проблеми што услугата сега се обидува да ги реши. Бројни корисници на YouTube низ целиот свет пријавуваат проблеми при прикачување видеа, потврди компанијата. Според корисниците, видеата остануваат „заглавени“ во фазата на обработка, без оглед на должината на чекањето. Како што објави Android Authority, проблемот се манифестира во тоа што по успешното прикачување, видеото не се ...

Еден од најголемите производители на процесори планира да се врати кај Samsung за да произведува чипови во 2nm процес. Американскиот производител на чипови Qualcomm размислува за повторно здружување со јужнокорејскиот гигант Samsung Electronics за производство на некои од своите најнапредни чипови од 2 нанометри (2nm) во погоните на Samsung. Разговорите доаѓаат во време кога Qualcomm бара сигурна алтернатива на својот долгогодишен партнер ...

Почетокот на 2026-та година веќе донесе најмалку три нови „Android“ телефони во центарот на вниманието. Два беа претставени на CES 2026, изненадувачкиот „Clicks Communicator“ во стилот на „BlackBerry“ и „Samsung Galaxy Z TriFold“, кој технички дебитираше во Јужна Кореја во декември. Во меѓувреме, „Honor“ го лансираше „Magic 8 Pro“ глобално, еден од првите класични премиум модели во форма на чоколадо во 2026-та година. Како што одминува ...

HDMI 2.2 носи двојно поголем пропусен опсег за податоци, поддршка за 10K резолуција и екстремно високи стапки на освежување, со фокус на AR и VR технологиите За време на саемот CES 2026, покрај хуманоидни роботи, паметни AR очила и AI асистенти, беше најавена и една од најважните хардверски промени во последната деценија. HDMI Forum официјално ја претстави спецификацијата HDMI 2.2, чие лансирање е планирано подоцна во текот на годината. Ова е ...

Realme Neo8 донесува 165 Hz Samsung екран, перископска телефото камера и Snapdragon 8 Gen 5 по цена на телефон од средната класа Realme го претстави моделот Neo8, кој во Кина стартува по цена од околу 310 евра. Станува збор за телефон кој агресивно ги таргетира гејмерите и корисниците на кои перформансите им се на прво место. Срцето на уредот е Snapdragon 8 Gen 5, кој на AnTuTu тестот постигнува резултат што надминува 3,58 милиони поени, со ...

Неодамна српски Телеграф пишуваше дека научниците откриле мистериозен облак од железо во форма на „шипка“ во Маглината Прстен, во соѕвездието Лира. Сепак, во моментов не постои единствена или потврдена теорија за тоа како настанал. Експертите истакнуваат дека ништо слично досега не било видено во вселената, а постојат две теории за неговото потекло. Научниците ја користат како „полигон“ Маглината Прстен, која во 1779 година во северното ...

Apple работи на мал, носечки AI пин опремен со повеќе камери, звучник и микрофони, пренесува The Information. Доколку навистина биде лансиран, AI пинот најверојатно ќе го користи новиот Siri четбот што Apple планира да го претстави во iOS 27. Се вели дека пинот е сличен по големина на AirTag, со тенка, рамна, кружна форма. Има алуминиумско и стаклено куќиште и две камери на предната страна. Постојат стандардна леќа и широкoаголна леќа ...

Дали идејата за Златната купола е политички слоган или постои реална шанса да се развие таков сложен одбранбен систем? Американскиот претседател Доналд Трамп веќе некое време се заканува дека ќе го преземе Гренланд, поради што сакаше да воведе нови тарифи за одредени европски земји. Во меѓувреме, на Светскиот економски форум во Давос, се откажа од царините и постигна „рамковен договор“ со генералниот секретар на НАТО за Гренланд и системот за ...

Вештачката интелигенција радикално ќе го промени пазарот на трудот, но некои работни места и професии ќе бидат повеќе загрозени од други. Извршниот директор на „Palantir“, Алекс Карп, дипломирал и докторирал филозофија, а во 2003 година, заедно со Питер Тил, ја основал оваа компанија која се занимава со развој на софтвер за анализа на големи количини податоци, при што, секако, користи вештачка интелигенција. Тој беше гостин на Светскиот ...

Анализата на сателитските снимки покажа дека Марс некогаш имал огромен океан што се протегал низ северната хемисфера. Марс е полн со докази дека Црвената планета некогаш била впечатливо сина, со езера, реки и огромни океани. Научниците сега успеаја да утврдат какво било нивото на морето во највлажниот период од нејзината историја. Научниците се фокусираа на кањонот Копратес Шазма, дел од Валес Маринерис, најголемата мрежа на кањони во ...

Годините 2025 и почетокот на 2026 донесоа низа пробиви во медицината што ја менуваат перспективата за неколку од најтешките болести на човештвото — од хронични вирусни инфекции до рак, стареење и здравје на целиот организам. Овие откритија не се само теоретски — многу од нив поминаа од лабораторијата во клинички испитувања или се подготвени за практична примена. 1. Пробив во третманот на хроничен хепатитис B Актуелната терапија за хепатитис B ...

Ако денот го започнувате со вестите, тогаш веројатно сте забележале дека пронаоѓањето што е вистина, а што ПР текст не е едноставно. Дополнително, ако сакате да биде информирани ќе треба да одделите значително време. Андреј Иванов, го искористи своето искуство и познавања на програмирање, е-бизнис, софтверска имплементација и развој на продукт за да најде решение за ова со својата апликација „Набрзинка“. Со помош на Google Gemini и алгоритми, ...

Pale Coins е симпатична инди игра која интересно се навраќа кон корените на акционите RPG наслови. Со комбинирање на носталгичната пикселизирана естетика со тежина која е карактеристична за soulslike жанрот, играта на Lukas Irzl ве фрла во непријателската територија на Гренмарк, дозволувајќи ви да се фокусирате на предизвикувачки гејмплеј во еден рачно изработен и преубав свет. Најновото бесплатно надополнување, насловено Call of the Swamp, ...

Интердисциплинарна студија тврди дека преработила повеќе од еден век прифатена историска хронологија, поместувајќи го основањето на Македонското Кралство речиси 75 години наназад од традиционално прифатениот датум 650 година п.н.е. на приближно 575 година п.н.е. Оваа драматична ревизија, објавена во академското списание Karanos, ги оспорува фундаменталните претпоставки за појавата на династијата на предците на Александар Велики и го става ...

Иако Марк Цукерберг пред неколку години ја редизајнираше целата корпоративна структура околу концептот на Метаверзумот, реалноста на пазарот во 2026 година наметнува поинакви правила. Според најновите извештаи, технолошкиот гигант Meta започна нов бран на отпуштања во својата Reality Labs дивизија, секторот кој е директно одговорен за развојот на VR и AR уредите, како и за амбициозниот проект на виртуелни светови. Оваа одлука доаѓа како дел ...

Инженерите од Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД, развија роботско лице што може да научи да ги движи усните синхронизирано со говор, но и пеење, гледајќи се себеси во огледало и гледајќи луѓе во Јутјуб-видеа. Целта е човековидните роботи со вештачка интелигенција да изгледаат не толку „несмасно“ во интеракциите лице-в-лице. Написот за најновото научно достигнување е објавено во списанието „Сајенс роботикс“ (Science Robotics), а во него ...

Отпечатоците од дланки на ѕидовите на пештерите во претежно неистражена област на Индонезија можеби се најстарата позната пештерска уметност досега проучена, која датира од пред најмалку 67.800 години. Светлокафеавите отпечатоци анализирани од индонезиски и австралиски истражувачи на островот Муна (дел од југоисточен Сулавеси), се создадени со дување пигмент врз дланките притиснати на ѕидот на пештерата, оставајќи ги нивните отпечатоци. Некои ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ легко го помина и второто коло на првиот гренд слем турнир, Австралија опен, совладувајќи го Италијанецот Франческо Маестрели со резултат 6:3, 6:2, 6:2. Во третото коло, Ѓоковиќ ќе се соочи со Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп, кој во претходниот натпревар го победи Јунченг Шанг. Оваа средба ќе биде трето соочување помеѓу Срби и Холанѓани, со секој од нив досега остварен по една победа. Ван де Зандшулп го ...

Иако вселената била мрачна во тоа време, таа не била целосно тивка. Научниците веруваат дека атомите на водород емитувале многу слаби радио бранови со бранова должина од 21 сантиметар. Се смета дека овие сигнали чуваат драгоцени информации за најраните фази од космичката историја. Користејќи напредни нумерички симулации, истражувачи од Универзитетот во Цукуба и Универзитетот во Токио истражувале како овој сигнал од 21 сантиметар би се ...

За корисниците кои немаат проблем да функционираат со отворени доста голем број на „табови“, можноста за нивно вертикално поставување е доста корисна, најверојатно и доста покорисна од можноста за нивно групирање. До некаде како доказ за тоа може да се земе популарноста на сега откажаниот Arc Browser, кој овозможуваше само вертикално поставување на табовите, иако имаше уште доста други функции поврзани со можноста за организирање на работата. ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1028
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1028
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
62%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.5
80%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 1ᴼ
1.03
88%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
78%
1026
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1028
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
0.0
83%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
61%
1028
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
82%
1029
Currency

61.635

Currency

53.0784

Currency

70.9022

Currency

37.3437

Currency

38.8244

Currency

67.8745

Currency

7.69271

Currency

0.68361

Currency

0.33692

Currency

0.52518

Currency

1.20703

Currency

0.57706

Иридиум

212342.22

Алуминиум

3.15

Бакар

12.14

Кобалт

64.04

Злато

173443.31

Родиум

384201.42

Паладиум

57164.03

Сребро

3043.39

Рутениум

45750.51

Платина

75811.46

Цинк

3.33

Калај

57.67