Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Британец е обвинет во Дубаи според законите за сајбер криминал откако наводно снимал ирански ракети над градот. Туристот е приведен според законот на Обединетите Арапски Емирати кој забранува објавување или споделување на материјал што може да ја поткопа јавната безбедност, објави организацијата „Притворени во Дубаи“, која обезбедува правна помош на странци во ОАЕ. Службеници на британското Министерство за надворешни работи наводно му даваат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека САД ја добиле војната против Иран, само неколку часа пред иранските напади да ги запалат танкерите во Ирак, пренесува индекс.хр. Во колумна објавена на CNN и социјалната мрежа X, дописничката од Белата куќа, Кејтлан Колинс, го опиша драматичниот контраст помеѓу објавата за победата на Трамп и настаните што следеа истата ноќ. „Дванаесет дена по започнувањето на војната со Иран, ...
Изјавата на Хамнеи беше емитувана на иранската државна телевизија, но самиот Хамнеи не се појави пред камерата. Постојат шпекулации дека тоа е затоа што бил сериозно ранет во нападот, а британските медиуми дури објавија дека бил во кома. Во своето прво „обраќање“, Моџтаба Хамнеи рече дека треба да се „искористи лостот за затворање на Ормутскиот теснец“. „Спроведени се студии за отворање други фронтови каде што непријателот има малку искуство ...
Инвестициската банка Голдман Сакс ги намали своите прогнози за раст за еврозоната и Велика Британија за оваа година поради конфликтот на Блискиот Исток, а ги зголеми своите проекции за цената на нафтата. Аналитичарите на оваа банка предвидуваат дека како резултат на почетокот на војната со Иран, економијата на Еврозоната ќе порасне за 0,4 проценти во 2026 година, наместо претходно предвидениот еден процент. Од истата причина, економијата на ...
Популарниот фолк пејач Радиша Трајковиќ Џани бил итно примен во болница а од вторникот е на лекување на Военомедицинската академија во Белград. Пејачот е подложен на детални прегледи на целото тело, поради што лекарите одлучија да го задржат на болнички преглед за да се утврди точната здравствена состојба и евентуалната терапија. За ова се огласи и неговата сопруга Слаѓана Трајковиќ . – Точно така, Џани е хоспитализиран од вторник. Лекарите ...
Во нападот на САД и Израел врз Иран се користат многу нови оружја, од најсовремени борбени авиони до ефтини беспилотни летала. Едно такво е новата прецизна ракета за удар – Precision Strike Missile (PrSM) – оружје со среден до долг дострел наменето да го замени застарениот тактички ракетен систем (ATACMS), пишува Euronews. Шефот на Централната команда на САД (CENTCOM), адмирал Бред Купер, по дебито на PrSM изјави дека тој ѝ обезбедува на ...
Трамп ги потцени Иранците. Вашингтон не очекуваше дека нападот врз Иран ќе доведе до сериозно зголемување на цените на нафтата и гасот на светските пазари, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на разговори со 12 претставници на американската администрација. Некои се отворено песимистички настроени во врска со недостатокот на јасна стратегија за завршување на војната, но внимаваат да не му ја покажат директно на претседателот, кој ...
Велика Британија презеде превентивна мерка и привремено повлече дел од својот дипломатски персонал од амбасадата од Ирак поради конфликтот на Блискиот Исток, објави денес британската влада на својата веб-страница. Во соопштението се наведува дека амбасадата во Багдад на Велика Британија продолжува да работи, пренесува Ројтерс. На 28 февруари, САД и Израел започнаа заеднички напади врз Иран, во кои загинаа повеќе од 1.300 луѓе, додека Техеран ...
Германските вооружени сили (Бундесверот) се подготвуваат да склучат рамковен договор за набавка на околу 500 нови повеќецевни ракетни системи MARS 3, познати и како EuroPULS, објави специјализираното германско издание Hartpunkt, повикувајќи се на добро информирани извори, пренесува бугарскиот дневен весник 24 часа. Според информациите, половина од системите ќе бидат наменети за германската армија, а останатите може да ги купат сојузнички ...
Иран објави видео за кое тврди дека ја прикажува својата флота од поморски дронови натоварени со експлозив, кои ги користи за извршување напади во Ормутскиот теснец. Иранскиот режим го затвори клучниот премин, преку кој се транспортира 20 проценти од светската нафта, а воедно ги засили и нападите врз бродови во регионот. На пропагандните снимки објавени претходно, Исламската Република се фалеше со подземни тунели исполнети со поморски ...
Сателитските снимки од компанијата „Вантор“ покажуваат дека објектот Талеган 2, кој долго време е поврзан со нуклеарната програма на Иран, бил погоден за време на тековниот конфликт со три големи, прецизни удари што укажуваат на можна употреба на бомби GBU-57/B MOP. Според информациите од компанијата „Вантор“, засегнатиот комплекс Талеган 2 претходно бил поврзан со нуклеарната програма на Иран и бил дополнително зајакнат во месеците пред ...
Околу 18.000 луѓе во Дрезден беа евакуирани утринава околу девет часот, откако во близина на мостот Карола беше откриена бомба од Втората светска војна, пренесува „Дојче веле“. Локалните власти соопштија дека на бреговите на реката Елба биле пронајдени два сомнителни предмети, а експертите потврдиле дека едниот е британска бомба тешка 250 килограми. Се очекува бомбата да биде деактивирана во голема операција, при што претходно беше спроведена ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп иницира серија проверки кај главните трговски партнери, со цел да утврди нова законска основа за наметнување на рестриктивни такси. Оваа одлука доаѓа откако американскиот Врховен суд претходно ја прогласи за нелегална употребата на концептот за „економска вонредна состојба“ од страна на Трамп. Во рамките на оваа постапка, покрај Европската Унија, предвидено е да бидат опфатени и ...
Денес избувна пожар на најголемиот носач на авиони во светот, USS Gerald R. Ford. Централната команда на американските поморски сили соопшти дека пожарот избувнал во главните перални на бродот. „Причината за пожарот не е поврзана со борба и е под контрола. Нема штета на погонскиот систем на бродот, а носачот на авиони останува целосно оперативен“, се вели во соопштението. Двајца морнари моментално примаат медицинска помош за повреди кои не ...
Шефот на иранскиот Совет за национална безбедност Иран, Али Лариџани, одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за можен напад врз електричната мрежа на Иран, велејќи дека во тој случај „целиот регион би потонал во темнина“, пренесуваат медиумите. Трамп рече дека САД можат да го уништат електроенергетскиот систем на Иран во рок од еден час, но не сме. Па, ако го сторат тоа, целиот регион ќе остане без струја за помалку ...
Руски суд изрече пресуди за 19 лица обвинети за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, кој се случи на 22 март 2024 година и во кој загинаа 149 лица, а повеќе од 500 беа повредени, објави Би-Би-Си. Четворица од обвинетите, кои биле директни извршители на нападот, се осудени на доживотен затвор. Уште 11 лица, обвинети дека им помагале на напаѓачите со пари, оружје или логистика, исто така добиле ...
Кинез е уапсен оваа недела со повеќе од 2.000 живи градинарски мравки во багажот на главниот аеродром во Најроби, бидејќи случаите на шверц со инсекти се зголемуваат во Кенија. Кинескиот државјанин Жанг Кекун, 27, е уапсен на меѓународниот аеродром Џомо Кенијата во вторник додека се обидуваше да ја напушти земјата, според судските документи што Ројтерс ги виде денеска. Службениците за имиграција издадоа забрана за патување на пасошот на Жанг ...
Жена која лажно обвини десет мажи за силување е осудена на четири и пол години затвор. Стејси Шарплес (31), од Фарнворт, Болтон, се изјасни за виновна по десет точки од обвинението за попречување на правдата во Крунскиот суд во Болтон, објави Скај њуз. Шарплес ги изнесе лажните обвинувања помеѓу 2013 и 2019 година. Повеќето од мажите што ги обвини беа уапсени и поминаа време во притвор, а некои мораа да се подложат на сексуални прегледи, ...
Иранскиот претседател Масуд Песекијан изјави дека плаќањето на воени репарации мора да биде дел од секој договор за завршување на војната со САД и Израел. И покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека војната се покажала полесна за САД отколку што се очекуваше, иранското раководство не покажува знаци на попуштање. „Во разговор со лидерите на Русија и Пакистан, ја потврдив посветеноста на Иран на мирот во регионот. ...
Новиот ирански врховен водач Моџтаба Хамнеи порача дека Иран ќе продолжи да ги напаѓа американските бази на Блиски Исток и Ормускиот Проток, во своето прво јавно обраќање откако го наследи својот татко Али Хамнеи. Неговата изјава беше прочитана на иранската државна телевизија. „Блокирањето на Ормускиот Проток е нешто што Иран треба да го користи. Неговото затворање ќе продолжи како притисок врз непријателот. Иран има политика на пријателство ...
Иранската државна телевизија ја емитуваше првата официјална изјава од новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, откако неодамна го наследи својот убиен татко, ајатолахот Али Хамнеи. Во соопштението се вели дека американските бази во регионот мора веднаш да бидат затворени и дека ќе бидат нападнати. Хамнеи исто така, му се заблагодари на иранскиот народ „за тоа што храбро застана против непријателот“. Моџтаба изрази сочувство до сите ...
Новиот врховен водач на Иран Мотџаба Хамнеи денес излезе со прво обраќање до јавноста по неговото назначување. Тој ѝ се заблагодари на војската за својот придонес најавувајќи дека „крвта на нашите маченици ќе биде одмаздена“. Хамнеи најави и дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен и дека Иран ги почитува соседите но и дека натаму ќе ги напаѓа американските бази во соседството. „Сите американски бази треба веднаш да бидат затворени во ...
Полските војници нема да бидат вклучени во нападите на САД и Израел врз Иран, рече министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски. Базата на американскиот противракетен штит во Реџиково, во северниот дел на земјата ќе може да се користи само за пресретнување на балистички ракети, доколку Иран ги лансира директно кон САД или Европа, додаде тој. – Полските и американските интереси се слични, во голема мера се преклопуваат, но не ...
Иранските медиуми денеска известуваат за апсења на неколку лица во земјата за кои се тврди дека се поврзани со САД и Израел, пишува Ал Џезира. Шест лица се уапсени во покраината Керман по дојави од граѓани и разузнавачка работа, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на покраинската администрација на разузнавачката служба. Агенцијата наведува дека групата била идентификувана како учесник во палењето автомобили и имот за време на ...
Швајцарскиот трговец ги соопшти плановите за продажба на синџирот „Тегут“ во Германија на синџирот супермаркети „Едека“. Како што истакнуваат, и покрај големите заштеди на трошоци, кои минатата година ги намалија оперативните загуби на групацијата „Тегут“ за повеќе од половина, пазарното опкружување во Германија дополнително се влоши и доведе до пад на прометот. Сеопфатната анализа на ситуацијата јасно покажа дека „Тегут“, во тие услови, со ...
Израелската војска (ИДФ) објави дека командантот на јужнолибанскиот сектор на елитните сили Радван на Хезболах е убиен во воздушен напад минатата недела, пренесува Тајмс оф Израел. Абу Али Ријан беше цел на воздушен напад во јужниот либански град Харуф во саботата, соопшти војската, додавајќи дека тој командувал со силите Радван во јужен Либан и бил „централна фигура одговорна за координирање на операциите, регрутирање членови и управување ...
Британските медиуми, повикувајќи се на свои извори, јавуваат дека 56-годишниот син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, Моџтаба, изгубил најмалку една нога и претрпел сериозни оштетувања на желудникот или црниот дроб, и веројатно е во кома. Сепак, не е јасно дали тој бил повреден истиот ден кога починал неговиот 86-годишен татко, на 28 февруари, во нападот на американските и израелските сили, но тој моментално не го води иранскиот режим, според ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека станува збор за комплексот Талеган, што бил погоден за време на воздушните напади на израелските воздухопловни сили во текот на изминатите неколку дена. Според израелската војска, Иран во последните неколку години во оваа локација развивал напредни експлозиви и спроведувал чувствителни експерименти како дел од проектот AMAD, за кој Израел тврди дека е тајната програма за развој на нуклеарно ...
Сирените за опасност денеска се слушаа низ Германија, особено во Баварија и на подрачјето на Северна Рајна-Вестфалија. Србин кој живее во Диселдорф испратил снимка каде јасно се слушаат сирените. Според неговите зборови, сирените звучеле цела минута, но причината не била реална опасност, туку се одбележува Државниот ден на предупредување. Имено, министерството за внатрешни работи на Баварија го тестирало својот систем за известување за итни ...
Планираните разговори меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот француски колега Емануел Макрон за начините за вршење притисок врз Русија само ќе го попречат мировниот процес, предупреди денес Кремљ. „Режимот во Киев продолжува со својата доследна линија на попречување на мировниот процес“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите како одговор на прашање на АФП: „Самата идеја за обид за вршење притисок врз ...