Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека кризниот штаб на Општина Гази Баба, заедно со екипите на економските оператори за зимско одржување и ЈКП Гази Баба, повеќе од два часа интензивно делуваат на терен. – Главниот пат кој ги поврзува Стајковци, Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани и Раштак во два наврати е целосно исчистен и посипан со сол и ризла. Екипите на ЈКП Гази Баба ги расчистуваат пристапите до јавните ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска официјално го означија почетокот на целосната реконструкција на улицата „Перо Наков“. „После речиси три децении запоставеност, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“. Денес, заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја започнавме целосната реконструкција на оваа значајна сообраќајна ...

Општина Гази Баба објави Јавен оглас за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општината за 2026 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации. Како што истакна во објавата на Фејсбук, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, со овој повик ќе се поддржат креативни, иновативни и одржливи проекти кои ќе се реализираат на територија на Општина Гази Баба и ќе придонесат кон ...

Мостот на булевар АСНОМ во Керамидница наскоро целосно функционален, објави градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски кој вчера излезе на терен заедно со градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. - Новиот мост кој ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром добива завршница и станува една од најважните сообраќајни врски во градот. Градот Скопје со засилена динамика работи на експропријацијата на преостанатите објекти и пробивањето ...

Општина Гази Баба ги избра најубаво украсените дворови за Нова година, на нејзина територија. По објавениот јавен повик и извршената посета на домаќинствата, комисијата од Општина Гази Баба го избра дворот на семејството Јовановиќ за најубаво украсен двор, второто место му припадна на семејството Анчевски, третото на семејството Стефковски и четвртото на семејството Нешиќ. Од институциите, наградени се ООУ „Григор Прличев“ и ЈУДГ „25 Мај“, ...

Избрани најубаво украсените дворови во во општина Гази Баба, по јавен повик за избор на најубаво новогодишно украсувањe. „Искрено и од срце им се заблагодарувам на сите жители на Општина Гази Баба кои дадоа свој придонес со украсување на дворовите и балконите, со цел заедно да ја создадеме новогодишната магија насекаде низ општината, вели во објава на Фејсбук, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. По објавениот јавен повик и ...