Институциите во земјава формално го воспоставуваат системот за интегритет, но неговата реална примена останува нееднаква и често недоволна, особено во делот на управување со ризици и судир на интереси- стои во извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата. Анализата покажува дека системот за интегритет треба да премине од декларативна во оперативна фаза, со јасни процедури, механизми за отчетност и реална примена на правилата, ...
Во извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година се наведува дека од 137 планирани активности, само 23% се целосно реализирани, 44% не се реализирани, а 33% се сè уште во тек. Најуспешни сектори биле образованието и економијата/бизнисот, додека најмал напредок е забележан во политиката, животната средина и јавните претпријатија. За периодот 2021–2025, вкупната реализација на стратегијата изнесува 37%, при што ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) информира дека е објавен извештајот за следење на системот на интегритет за 2025 година. Наодите во него укажуваат на позитивни поместувања во повеќе сегменти, вклучително зголемена вклученост на институциите, унапредување на интерните политики и поголема примена на алатки за процена и управување со ризици од корупција. Истовремено, извештајот укажува и на потребата од понатамошно ...

