Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз во Европската лига, откако на гостувањето кај Грција загуби со максимални 3-0 во сетови (25-19, 25-20, 25-23). Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски имаа свои добри моменти во текот на натпреварот, но не успеаја да приредат изненадување против домаќинот, кој од самиот почеток го наметна својот ритам и ја контролираше играта. Грците без поголеми проблеми го добија првиот ...
Последните два натпревари од Европската лига 2026, машката одбојкарска репрезентација ги игра денеска и утре, во Приштина, Косово, каде покрај домаќинот се соочува и со селекцијата на Израел. Македонија во третиот викенд од годинешното издание влегува со скор од две победи (Луксембург и Исланд) и два порази (Холандија и Грција). По комплетирањето на првите два турнири во генералниот пласман одбојкарите се во средината на табелата, 18 место ...
Мечот го почнавме лошо, во првиот сет освоивме 19 поени, како одминуваше мечот бевме се подобри. Најголем отпор пруживме во третиот сет во кој освоивме 23 поени. Никола Ѓоргиев со 11 поени и Филип Савовски со 10 поени беа најефикасни, додека Лука Костиќ и Стојан Илиев реализираа по седум поени. Репрезентацијата вечерва се враќа во базата во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките за последниот турнир, следниот викенд на Косово. Досега се ...
Денеска најдобрата македонска женска одбојкарска репрезентација ја продолжи серијата на порази во Европскат лига 2026. На домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ загубија со 3:0 во сетови 25:15, 25:12, 25:15 од селекцијата на Хрватска. За нашата репрезентација најефикасна беше Милевска со седум поени, по пет поени имаа Ковачевиќ и Миладикова, а по четири Стојкоска и Фасулева. В сабота ...
Денеска најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација предводена од селекторот Јошко Миленкоски го забележа третиот триумф во Европската лига. Во првиот меч од последниот трет турнир во Приштина, нашите одбојкари славеа против репрезентацијата на Косово со 3:0 во сетови. Првиот сет го добивме најубедливо со 25:12, бевме подобри и во вториот со 25:19, а третиот сет донесе најмногу возбудувања. Домаќинот во текот на третиот сет ...

