„Подготвени сме и за војна и за преговори“. Вака Иран одговори на заканите на Трамп дека САД би можеле да го нападнат ако безбедносните сили напаѓаат демонстранти. И покрај зголемените насилства, Техеран тврди дека состојбата е под контрола „Ние не бараме војна, но сме целосно подготвени за неа. Во исто време, како што постојано повторував, ние сме подготвени и за преговори. Меѓу демонстрантите беа забележани вооружени елементи, кои пукаа не ...

Бројот на жртви во протестите во Иран надмина 500, соопшти новинска агенција со седиште во САД. Активистите за човекови права денеска соопштија дека 538 лица се убиени во двонеделните демонстрации - 490 демонстранти и 48 припадници на безбедносните сили. Приведени се повеќе од 10.600 лица. Агенцијата предупреди дека бројот на жртви веројатно ќе продолжи да расте. Бројката, која исто така не е независно потврдена, претставува нагло зголемување ...

Националниот безбедносен тим на САД треба да се состане во текот на денот за да разговара за опциите за интервенција во Иран, како одговор на смртоносното задушување на антивладините протести соопшти Белата куќа. Американската невладина организација „Активисти за човекови права во Иран“ ја потврди досега смртта на 490 демонстранти и 48 припадници на безбедносните сили, а повеќе од 10.600 лица се уапсени од 28 декември. Иранските власти не ...

Руските сили рано утрово започнаа најинтензивниот бран ракетни напади во годината врз двата најголеми града во Украина соопштија украинските власти и медиумите, при што загинаа четири лица, а шест беа повредени во североисточниот град Харков. Околу 20 балистички ракети биле лансирани во рок од околу еден час преку ноќ. Од руска страна немаше коментар за нападите. Русија постојано ги напаѓа украинските градови таргетирајќи ја енергетската ...

Групата „Активисти за човекови права во Иран“со седиште во САД во вторник соопшти дека ја потврдува смртта на повеќе од 2.000 луѓе за време на протестите во Иран, вклучувајќи 1.850 демонстранти, 135 лица поврзани со владата, девет лица под 18 години и девет цивили кои не протестираат. Во вторник, Трамп ги повика иранските демонстранти да ја преземат контролата врз институциите и рече дека „помошта е на пат“, додека го објави откажувањето на ...

Потпретседателот на САД Џеј ди Венс и државниот секретар на САД Марко Рубио се домаќини на данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и неговата колешка од Гренладн Вивијан Моцфелд а фокусот на разговорите е иднината на Гренланд. Пред стартот на состанокот во Белата куќа, Премиеерот на Гренланд изјави - Ако мораме да избираме помеѓу САД и Данска, Гренланд го избира Кралството Данска, НАТО и ЕУ. Трамп пак вели дека островот е од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд. Тој додаде и дека Данската разузнавачка служба минатата година предупредила на руските и кинеските воени цели кон Гренланд и Арктикот. Изјавата на Трамп е објавена неколку часа пред планираниот состанок на американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, со министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд во Белата ...