Опозициската партија СДСМ преку прес-конференција на Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор, побара итна политичка и институционална одговорност од министерот за здравство, Сашо Клековски, поради состојбата во Гостивар. Од партијата соопштуваат дека здравствената криза во Гостивар е алармантна и дека над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми на загадена вода за пиење. Според СДСМ, надлежните институции задоцниле со ...

Опозициската СДСМ вели дека епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувнала преку ноќ и дека надлежните институции одолговлекувале со реакција. „Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои наместо навремена реакција, дозволија ситуацијата да ескалира до размери на сериозна здравствена криза“, рече на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор. „Особено загрижува што министерот за здравство, ...

„Наместо веднаш да ја информира јавноста и да ги активира сите механизми за заштита, пет дена ја криел информацијата за масовното труење во Гостивар. Со тоа свесно било одложено прогласувањето на епидемија, иако СДСМ уште од првите сигнали, согласно препораките на стручната јавност, бараше тоа веднаш да се направи“, изјави денеска членката на ИО на СДСМ, Наташа Поповиќ, на прес-конференција Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија ...

Mинистерот за здравство, Сашо Клековски во изјава ги нарече докторите кои во медиумите и на социјалните мрежи коментираат за случајот со загадувањето на водата во Гостивар, слободни јавачи на епидемијата. Тој ги критикуваше лекарите кои зборуваат, а не се епидемиолози и инфектолози и апелираше до граѓаните да ги слушаат и да веруваат само на службените информации кои излегуваат од институциите и уверува дека состојбата ја имаат под контрола. ...

Ваква е реакцијата на опозицискиот СДСМ по изјава на Клековски во која ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ сите доктори кои не се епидемиолози и инфектолози, а кои активно ја коментираат состојбата во Гостивар Наместо да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода и да каже зошто епидемијата е прогласена со задоцнување, министерот за здравство Сашо Клековски ги нападна лекарите и професорите ...