Конфликтот на Блискиот Исток кој се повеќе се распламтува започнува многу брзо да ја менува светската мапа на патувањата носејки голема непредвидливост во туристичката индустрија за 2026 година. Конфликтот привремено затвори два главни возушни коридори во регионот што рефлектираше со голем број на откажани летови, авионските компании кои ги сопреа своите летови во кризното подрачје и подолги рути веднаш создадоа ценовен притисок на крајните ...
Туристите кои планираа да патуваат во источниот Медитеран ова лето сега ги преместуваат своите одмори во западниот Медитеран и Карибите поради војната меѓу САД и Израел против Иран, велат туристичките компании. Патниците од Обединетото Кралство и континентална Европа сè повеќе ги менуваат дестинациите за одмор – наместо Кипар, Турција и Грција, тие ги избираат Италија, Шпанија, Малта и Хрватска – додека областите околу Блискиот Исток се ...
Нова група македонски државјани се очекува да биде евакуирана од Блискиот Исток во рамки на државната операција за враќање на граѓаните кои се наоѓаат во регионот погоден од безбедносни тензии. Евакуацијата се организира со специјален лет во координација со Министерството за надворешни работи и дипломатско-конзуларните претставништва. Според информациите од надлежните институции, станува збор за 153 патници кои претходно се пријавиле за ...
Добивај вести на Viber Македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги известува сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје. -Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во ...
САД почнаа да преместуваат повеќе од 2.000 маринци од јапонскиот остров Окинава на Блискиот Исток, кратко откако Вашингтон започна со преместување на систем за ракетна одбрана од Јужна Кореја, објавува Guardian. Маринците, кои припаѓаат на 31-та морска експедициска единица, се наоѓаат на амфибискиот јуришен брод Tripoli, кој е базиран во Сасебо, југозападна Јапонија. Окинава е дом на повеќе од половина од 50.000 американски војници во ...
Две недели пред клучниот самит во Пекинг за решавање на клучните спорови меѓу САД и Кина, американскиот претседател Доналд Трамп постави нов услов за разговорите: да помогне во повторното отворање на Ормутскиот теснец. Со затворањето на тој витален морски канал, Иран го прекина протокот на една петтина од светската нафта, што предизвика скок на цените и страв од недостиг што би можел да ја наруши глобалната економија. Трамп сега ги повикува ...
Став на Дончо Мишовски Од информации достапни од медиумите може да се дојде до заклучок. Доколку војната на блискиот исток трае 4–5 недели ќе предизвика значителен раст на цената на нафтата, најголем индиректен економски губитник би била Европската Унија поточно Германија. Поради високата енергетска зависност и нарушувањето на глобалните трговски рути, загубите би можеле да достигнат околу 150–200 милијарди евра. Според изјави на војни ...
Јапонија започна со ослободување на дел од своите стратешки нафтени резерви со цел да го стабилизира снабдувањето со енергија и да го ублажи растот на цените на горивата, во услови на сериозна енергетска криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток и нарушувањата во поморскиот транспорт на нафта. Одлуката ја објавија јапонските власти, кои предупредуваат дека геополитичките тензии сериозно го загрозуваат глобалниот пазар на енергенси. ...
„На Блискиот Исток, кој е разорен од војна, Европската Унија го засилува својот одговор, додека другите се повлекуваат“, изјави Хаџа Лахиб, комесар на ЕУ за хуманитарна помош. Во Сирија, 210 милиони евра хуманитарно финансирање од ЕУ ќе поддржат итни интервенции и заштита на населението низ целата земја. „Повеќе од една година по падот на режимот на Асад во декември 2024 година, дури 16,5 милиони луѓе сè уште имаат потреба од хуманитарна ...
Војната на Блискито исток предизвика моќни турбуленции на пазарот на нафта и го поттикна растот на акциите на европските енергетски компании кои би можеле да профитираат од повисоките цени на нафтата и гасот. Индексот на енергетскиот сектор „STOXX Europe 600 Energy Index“ се зголемил за околу шест отсто од почетокот на конфликтот, додека пак цените на Brend достигнале околу 106 долари по барел. Аналитичарите на банката „Berenberg“ наведуваат ...
Војните вообичаено, може да се каже, имаат многу предвидлив ефект врз финансиските пазари. Инвеститорите ги продаваат ризичните средства, бараат заштита, а парите се влеваат во таканаречени безбедни засолништа. Златото е опција што речиси секогаш е на врвот на листата во оваа приказна, но сега, во оваа војна на Блискиот Исток, за изненадување на многумина, се случува нешто сосема спротивно. Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран трае веќе две ...
Вечерва треба да се реализира уште еден лет од Обединетите Арапски Емирати – петти организиран за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Предвидено е авионот да летне во 16.00 часот по локално време и да слета во 20.10 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Колку патници се пријавени до овој момент и колкумина од нив се нашинци, колкумина странски државјани? Пред Министерството за надворешни работи е ...
Добивај вести на Viber До 45 милиони луѓе до јуни можат да западнат во акутен глад поради конфликтот на Блискиот Исток. Податокот е наведен во анализата на Светската програма за храна (ВФП). Заменик-извршниот директор на организацијата, Карл Скау, изјави во Женева дека ескалацијата на конфликтот веќе влијае врз глобалните пазари, предизвикувајќи раст на цените на храната, нафтата и транспортот, што директно го зголемува ризикот од глад во ...
Светската програма за храна (WFP) денес предупреди дека вкупниот број на луѓе ширум светот кои се соочуваат со акутен глад може да достигне рекордно високо ниво во 2026 година ако настаните на Блискиот Исток продолжат да ја дестабилизираат светската економија. Нова анализа на агенцијата на Обединетите нации (ОН) проценува дека речиси 45 милиони луѓе би можеле да се соочат со акутна несигурност во храната или полошо ако конфликтот не заврши до ...
Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се соочи со дефицит на ракети што ги користи за борба против Русија поради војната на Блискиот Исток. Вo интервју за Би-Би-Си, украинскиот претседател рече дека Владимир Путин сака „долга војна“ меѓу САД, Израел и Иран бидејќи тоа би го ослабнало Киев, а американските ресурси би биле насочени на друго место. Зеленски, исто така, тврдеше дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил на „ниту една ...
„За Путин, долгата војна во Иран е плус. Покрај цените на енергенсите, тоа значи и исцрпување на американските резерви и исцрпување на производителите на воздушна одбрана. Значи, ние (Украина) се соочуваме со исцрпување на ресурсите“, вели украинскиот претседател во интервју за Би-би-си Украинскиот претседател, Володимир Зеленски вели дека неговата земја ќе се соочи со недостиг од ракети што ги користи во борбата против Русија поради ...

