Драмскиот театар Скопје одбележува 80 години постоење со праизведбата на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Претставата носи силна општествена порака, инспирирана од современите глобални состојби, и претставува своевидна постмодерна рефлексија на „Диво месо“ од Горан Стефановски. Во претставата играат: Рубенс Муратовски, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Сара Климоска, ...
Со премиера на „Мачкина глава“ по текст на Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, Драмскиот театар – Скопје вечерва свечено ќе го одбележи својот јубилеј, 80 години од првата куклена претстава „Силјан Штркот“, одиграна на 21 април во 1946 година. „Мачкина глава“ е 461. премиера во 80-годишното постоење на Драмски, најрелевантната македонска театарска куќа, со освоени бројни награди и признанија во бившата федерација и во Република ...
Со праизведбата на претставата „Мачкина глава“, Драмски театар Скопје вечерва ќе го одбележи големиот јубилеј – 80 години од своето постоење. Директорот на театарот Роберт Вељановски потсети дека корените на установата датираат од 21 април 1946 година, кога во тогашниот Македонски народен театар била изведена првата куклена претстава „Силјан Штркот“, во режија на Петре Прличко. Во текот на децениите, театарот минувал низ повеќе трансформации ...
Осумдесетгодишниот јубилеј на Драмски театар – Скопје, замислен како голем културен настан за една од најважните македонски театарски институции, се претвори и во политичка тема откако Комисијата за култура на СДСМ обвини дека дел од вработените не биле дел од прославата во сопствената матична куќа. Од Комисијата за култура на СДСМ реагираат дека јубилејот „80 години Драмски театар“ требало да биде празник на уметноста, актерите и генерациите ...
Основата на текстот „Мачкина глава“, по текст на Венко Андоновски, лежи во култната претстава „Диво месо“ на Горан Стефановски, но таа е вешто надградена и сместена во актуелниот општествен контекст. Претставата храбро и недвосмислено ги отвора локалните и глобалните рани: вечното талкање меѓу влијанијата и вредностите на Истокот и на Западот, како и судбината на македонското семејство на кое тлото му бега под нозете додека домот му се тресе ...
Осумдесет години Драмски театар Пред точно 80 години, на 21 април 1946 година, по формирањето на Куклената сцена, во тогашниот Македонски народен театар е изведена премиерата на куклената претстава „Силјан Штркот“ работена по мотивите на Марко Цепенков, а во адаптација и режија на Петре Прличко, рече директорот Роберт Вељановски на прес-конференција по повод 80-годишнината на Драмскиот театар. Драмскиот театар годинава го одбележа големиот ...
Драмски театар Скопје со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА. Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството на реномирани професионални театри од Белград, Загреб, Љубљана, ...

