Најмалку 60 лица, меѓу кои и голем број деца, беа убиени за време на израелските воздушни напади врз Појасот Газа во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните болнички претставници. Нападите се случија откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да изврши „силни напади“ врз Газа, обвинувајќи го Хамас за кршење на прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври, објави АП. Болницата „Акса“ во централниот град Деир ...

– Израелската армија во Појасот Газа, од синоќа досега, уби повеќе од 100 Палестинци, меѓу кои 35 деца, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот, според медицински лица. Портпаролот на Цивилната одбрана на Газа, Махмуд Басал, на американската социјална мрежа Фејсбук изјави дека над 100 луѓе, од кои 35 деца, биле убиени во „ужасни израелски масакри“ за помалку од 12 часа низ Појасот Газа. „Овие масакри се извршуваат пред очите на ...

Војската на Израел започна нов напад врз Газа, што дополнително ги зголеми загриженостите за кревкото примирје со „Хамас“. Израелските одбранбени сили (IDF) објавија дека целта им била „терористичка инфраструктура“ во областа Беит Лахија на север од Појасот Газа, пишува Sky News. Изралските одбранбени сили тврдат дека локацијата служела како складиште за оружје „со намера да се изврши итен терористички напад врз војниците на ИОС“. „Војниците на ...

Израелската армија денеска објави дека се враќа кон прекин на огнот во Појасот Газа откако претходниот ден изврши напади врз „десетици“ цели. – По серијата напади во кои беа погодени десетици терористички цели и терористи, армијата продолжи да го спроведува прекинот на огнот – се наведува во соопштението. Како што беше додадено, 30 лидери на вооружени движења што дејствуваат на палестинската територија беа цел на нападите Израелската армија ...

Израелската армија уби најмалку 91 Палестинец, вклучувајќи најмалку 35 деца, во нападите врз Појасот Газа од синоќа, и покрај договорот за прекин на огнот, соопштија медицински извори, објави Анадолија. Израелската армија уби 31 лице на север, 42 во централните области и 18 на југ од Појасот Газа. Десетици цивили беа ранети во нападите, објави државната новинска агенција Вафа, повикувајќи се на извори во болниците во Газа. Израелските напади ...

Службата за цивилна заштита во Газа денес објави дека најмалку 50 лица, меѓу кои 22 деца, биле убиени во текот на ноќта од вторник кон среда во израелските напади врз палестинската енклава. Препорачано „Најмалку 50 лица биле убиени, меѓу кои 22 деца и многу жени, во израелските напади започнати од вчера (вторник) вечерта против Појасот Газа“, изјави денес портпаролот на цивилната заштита Махмуд Басал за АФП. Покрај тоа, уште 200 лица биле ...