По два дена интензивни состаноци, разговори и обиди да се најде заеднички јазик, едно стана јасно: Жељко Обрадовиќ не се враќа на клупата на Партизан. Раководството на клубот, предводено од претседателот Остoја Мијаиловиќ и Извршниот одбор, влезе во серија од консултации уште од средата. Во петокот следеше и клучниот состанок со Обрадовиќ, што траеше повеќе од два часа, со отворена и искрена дискусија за сите проблеми кои го притискаат тимот ...
Се чини дека на сагата околу Партизан и испразнетото тренерско столче ѝ дојде крајот. Жељко Обрадовиќ е минато, а него ќе го наследи уште еден миленик на „црно-белите“ навивачи – Андреа Тринкиери. Педесет и седумгодишниот Италијанец веќе беше тренер на Партизан, и тоа во периодот од 2018 до 2020 година и важи за миленик на навивачката група „Гробари“. Иако информација сè уште не е официјално потврдена, сепак српските медиуми веќе наголемо ...
Жељко Обрадовиќ одлучи да го напушти Партизан. Една од причините што ги наведе беше неговата неспособност да соработува со играчите. На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа дека трофејниот стручњак го „изгубил“ тимот. Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, откри како се одвивале сите работи околу оставката на Обрадовиќ. „Уште пред гостувањето во Атина, Обрадовиќ се пожали дека играчите не го слушаат и дека нема решение. ...
Андреа Тринкиери и неговото враќање во Партизан и натаму се главна тема во српските медиуми. По заминувањето на Жељко Обрадовиќ, наводно двете страни повторно разговарале, по штп Тринкиери отворил пат за враќање во Белград. Ако тој и Партизан се договорат за соработка, тоа ќе биде негов втор мандат во Партизан, откако во првиот ги освои трофеите во Суперкупот на АБА лигата и Купот на Радивој Кораќ и тоа во два наврати. Како тренер, тој беше ...
Претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ се обрати на јавноста првпат пат откако тренерот Жељко Обрадовиќ поднесе оставка од местото тренер на „црно-белите“. Српските медиуми објавуваат дека Мијаиловиќ најавил дека ќе бидат раскинувани договори со кошаркарите, поради тоа што, како што рече, не го слушале тренерот Обрадовиќ, но и дека се одлучиле да „бојкотираат“ после серијата од 25-0 на Панатинаикос. „Жељко рече дека ги ...
Поранешниот селектор на Србија, Светислав Пешиќ имаше свој коментар за заминувањето на Жељко Обрадовиќ од кормилото на Партизан, со кој предизвика огромен гнев кај навивачите на „црно-белите“. На навивачите на Партизан не им се допадна една реченица на популарниот „Кари“ околу ситуацијата во белградскиот клуб, и тврдат дека тоа е непочитување кон легендарниот тренер. „Јавноста го направи Жељко Обрадовиќ многу повеќе отколку што е“, рече Пешиќ. ...
Ниту навивачите, ниту раководството на Партизан не успеаа да го предомислат Жељко Обрадовиќ да продолжи да го води тимот. Соопштението на Партизан гласи: „Извршниот одбор на КК Партизан одржа серија состаноци и консултации во текот на изминатите два дена, а потоа во петокот се одржа состанок со тренерот Жељко Обрадовиќ на тема неговото останување во клубот, како шеф на тренерскиот штаб на првиот тим. На тренерот Обрадовиќ му беше дадена целосна ...

