Фудбалерите на Франција го совладаа Парагвај со 1:0 во осминафиналето на Светското првенство и обезбедија место меѓу осумте најдобри репрезентации. „Триколорите“ во Филаделфија многу потешко од очекувањата стигнаа до победата, а единствениот гол на натпреварот го постигна Килијан Мбапе од пенал во 70. минута. Натпреварот не понуди многу убав фудбал. Парагвајците беа целосно посветени на одбраната и по секоја цена се обидуваа да ја сочуваат ...

