Женската јуниорска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грција од 73:42 во средбата од второто коло од групата Д на Европското првенство од Дивизијата „Б“ што се одржува во Романија. За разлика од вчерашниот натпревар каде се прикажавме во добро издание против Данска, вечерва немавме решение за фаворизираната Грција. Јужниот сосед ги доби првите четвртини со 19:13 и 21:7 и потоа немаше никаков проблем рутински да ја заврши задачата ...

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години, кое се одржува во романскиот град Тулчеа. Во натпреварот од второто коло во групата „Д“, фаворизираната селекција на Грција ја потврди својата улога и славеше со 73:42, со што ја забележа и втората победа на шампионатот. МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА 42:73 Македонските јуниорки одиграа солидно во првото ...

Со изминувањето на рокот за постигнување резултати за учество на Европското првенство, македонската атлетика ќе има само еден претставник на претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Бирмингем, Велика Британија од 10-16.август. Единствениот претставник ќе биде маратонецот Дарио Ивановски, кој ќе настапи на последниот ден (16.август – недела) во утринската програма кога ќе се трча маратонската трка. Ивановски учеството го обезбеди ...

Македонската машка кошаркарска репрезентација „Под 18“ години го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска со пораз од селекцијата на Велика Британија. Во натпреварот за конечен пласман, британските кошаркари славеа со 83:73, со што Македонија го освои 14 место во конечниот пласман. Македонија подобро го отвори натпреварот и по првите 10 минути имаше предност од 21:18. Во втората четвртина Велика Британија успеа ...

Младата машка репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години ја оствари првата победа, и тоа убедлива, на Европското првенство во Белград. По трите порази во првата групна фаза од шампионатот, македонските јуниори сега играат за пласман од 17 до 24 место. Во меч од новоформираната група 1, Македонија ја победи Италија со 33-23. Одлично го почнаа натпреварот црвено-жолтите кои врзаа три гола, на кои противникот немаше одговор. Во ...

Македонската кадетска ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство кое се одржува во Србија, откако попладнево ја совлада Италија со убедливи 33-23 во воведниот натпревар во групата 1 во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски од самиот почеток на дуелот во Белград стекнаа водство од три голови разлика и на полувремето заминаа со предност од 17-13. Македонските ...

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија „Под 18“ години го претрпе и третиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се одржува во романскиот град Тулчеа. По уште едно борбено издание, нешто подобра беше селекцијата на Велика Британија, која благодарение на својата физичка надмоќ стигна до победа од 59:43. Најефикасна во македонскиот состав беше Пислевска со 16 поени, на кои додаде и два скока и четири асистенции. ...