Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, е нов градоначалник на Општина Кочани, откако победи во вториот круг од изборите. По обработени 100 отсто од гласовите, Грозданов освои 7.368 гласови, додека неговиот противкандидат Венко Крстевски, кој беше в.д. градоначалник и на изборите настапи како независен, доби поддршка од 5.914 гласачи. Излезноста во вториот круг во Кочани изнесуваше 43,01 отсто, а регистрирани се и 697 неважечки ливчиња. ...

Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа. Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк. Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од ...

Граѓаните на Кочани, избраа иднина на мир, единство и просперитет, наместо омраза и поделби. Сплотени и обединети, само така градот може да тргне по патот на развојот и напредокот, порача новоизбраниот градоначалник на Кочани, Владко Грозданов, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Само еден час по затворањето на гласачките места Грозданов, прогласи убедлива победа. Со 1454 гласа повеќе го порази својот противкандидат-независниот Венко ...

Известувања доставени до Собранието До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменковска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата на Локалните избори, одржани на 19 октомври и 2 ноември. Мицевски е избран за градоначалник на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска за Кисела Вода, а Проданоски за Прилеп. Констатација на престанокот на ...

Тони Тоневски кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа. Тоневски во своето обраќање пред членовите, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на граѓаните и вети дека во наредните четири години ќе ја оправда довербата која му ја дадоа. Ќе бидам прв од вас што ќе се бори за сите убави работи што треба да му се случуваат на Пробиштип во наредните четири години – вели Тоневски. Инаку, според ВМРО ДПМНЕ ...