Новогодишната програма „Празничен шепот на крушевската чаршија“ ќе биде отворен вечерва во Крушево. До Бадник се планирани десетина денови исполнети со дневни и вечерни активности кои ќе ја оживеат крушевската чаршија и ќе ја претворат во сцена на отворено. Концептот на „Празничен шепот на крушевската чаршија“ е замислен како спој на традицијата и уметноста, надополнет со богато новогодишно украсување на чаршијата, делумно изработено од ...
Здружението Културен манифест, со поддршка на општина Крушево, неформална група на граѓани, Локален младински совет и многу компании од вечер до 6 јануари го организираат настанот „Празничен шепот на крушевската чаршија“. Настанот почнува со музичко сценска изведба во 18 часот, по што ќе следи осветлувањето на крушевската чаршија, отворање на Новогодишен базар и пристигнување на Дедо Мраз. Предвиден е и настап на бендот „Балкан Џем“. ...

