По десетдневна пауза, продолжуваат возбудувањата во Прва фудбалска лига на Македонија, и тоа со дуелот кој во Куманово ќе го играат Башкими и Тиквеш од 12:30 часот. Ова е меч на две екипи кои се мирни барем кога се работи за опстанок во лигата и се на петтото и шестото место на табелата. Тиквеш е во одлична форма и има четири победи по ред, но и Башкими игра солидно и победи трипати во последните четири средби што ги играше. Башкими сезонава ...
По репрезентативната пауза и возбудувањата во баражот за СП 2026, на сцената се враќа Првата македонска фудбалска лига. Новото 25. коло се отвора со вистинско дерби на Градскиот стадион во Куманово, каде силите ќе ги одмерат Башкими и разиграниот Тиквеш денеска од 12.30 часот. Домаќините влегуваат во овој дуел по победата над Шкупи (3:2). Таа победа со пресврт не само што донесе три бода, туку му вбризга огромен мотив на составот на Башкими, ...
Денеска со дуелот Башкими – Тиквеш по двонеделната репрезентативна пауза повторно се активира ПМФЛ шампионатот. На програмата е 25. Коло, а истото ќе стартува со дуелот во Куманово помеѓу екипите на Башкими и Тиквеш. Башкими е екипа која што сезонава ја игра добро, но знаеше пролетва да направи кикс пред своја публика со поразите од Брера и Работнички на пример. Од друга страна пак Тиквеш има супер пролетна етапа со шест победи на осум ...
Башкими – Тиквеш 2:2 во првиот меч од 25.коло во ПМФЛ, одигран денеска во необичен термин од 12.30 часот во Куманово. Стрелец на двата гола за домашните беше Аворнио, кој промаши и пенал. Тиквеш поведе со 0:1 со голот на Сила, а бодот го донесе Лавал во 90.минута. Со ова реми кавадарчани ја прекинаа победничката серија која траеше четири меча во низа. Во првите 30 минути од средната буквално ништо не се случуваше на теренот, ниту една шанса ...
Екипите на Башкими и Тиквеш понудија возбудлив натпревар на отворањето на 25-тото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кој имаше четири гола, сите постигнати во второто полувреме, ама заврши без победник (2-2). По овој резултат нема промени на табелата, Тиквеш е петти со 37 бода, додека Башкими е шести со 36 бода. Со ова реми заврши победничката низа на кавадарчани која броеше четири меча. Дуелот почна доста мирно, а шансите ...
Екипите на Башкими и Тиквеш одиграа без победник 2-2 во премиерниот натпревар од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига. По мирното прво полувреме, актерите на теренот се разбудија по паузата, а првата најава дека ќе биде супер возбудливо дојде во 54 минута кога Сила донесе предност за гоститете од Кавадарци. Меѓутоа домаќините соодветно одговорија на предизвикот и Аворнио со два гола донесе целосе пресврт и водство на Башкими од 2-1. ...
Башкими и Тиквеш одиграа возбудливо реми на отворањето од 25-тото коло на Првата македонска фудбалска лига. Мечот во Куманово заврши 2-2, но немаше да биде незаслужено доколку било која од екипите на крајот се радуваше на победата. Првото полувреме заврши 0-0, а Сила во 54-тата минута погоди за водство на Тиквеш од 0-1. Следуваше пенал за Башкими, но Авронијо промаши. Истиот фудбалер само една минута подоцна погоди за израмнување на 1-1, а во ...
Во натпревар со две лица, многу дожд и драматичен финиш, фудбалерите на Башкими и Тиквеш ги поделија бодовите (2:2) во воведниот натпревар од 25 коло во Првата македонска лига. Иако домаќините имаа пресврт и победа во рацете, гостите од Кавадарци не се предадоа до последната секунда. Дождот кој непрестајно паѓаше во Куманово го претвори теренот во вистинско боиште, што ги ограничи двата тима во првиот дел. Најпрво се закани Рибеиро за ...
Македонскиот прволигаш фудбал повторно се врати на сцена, по репрезентативната пауза, денеска со дуелот меѓу Башкими и Тиквеш во Куманово. Натпревар со две лица, многу дожд и шокантен финиш – Башкими и Тиквеш ги поделија бодовите (2-2) во воведниот натпревар од 25. коло. Иако домаќините имаа пресврт и победа во рацете, гостите од Кавадарци не се предадоа до последната секунда. Дождот кој непрестајно паѓаше во Куманово го претвори теренот во ...
Возбудлив натпревар со драматичен финиш го отвори 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, каде Башкими и Тиквеш ремизираа 2:2 во дуел во кој сите голови паднаа во второто полувреме. Првиот дел помина во мирен ритам, со малку шанси на двете страни. Домаќините се заканија преку Рибеиро, додека на спротивната страна се обиде Стојанов, но голманите беа сигурни и мрежите мируваа. Продолжението донесе целосно поинаква слика. Тиквеш прв дојде ...
Во воведниот натпревар од 25-то коло во Првата македонска фудбалска лига, екипите на Башкими и Тиквеш одиграа епски дуел кој заврши без победник 2-2. На теренот во Куманово, кој поради силниот дожд повеќе личеше на боиште отколку на фудбалски терен, имаше сè – пресврти, промашен пенал, ВАР интервенции и шокантен гол во судиското продолжение. Тактичко надигрување под силниот дожд Првото полувреме помина во знакот на тешките услови за игра. ...

