Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го откри изненадувањето кое што им го вети на своите фанови. Имено, „зелен-белите“ успешната 2025 година ќе ја затворат со Свечена академија, музичка програма и спектакуларен ревијален натпревар на ветерани, денеска потврдија од клубот од Битола. „Заминува супер-успешната 2025 година за нашиот клуб. Но, имаме уште една мисија за исполнување. Во дванаесетте месеци во годината која изминува станавме ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола го победија тимот на Тиквеш со резултат 29:21, полувреме 12:10 во рамките на 18. коло на Суперлигата и ја “затворија“ оваа календарска година. Еурофарм Пелистер добро го отвори натпреварот со 2:0, по што Тиквеш израмни, и се одржуваше реми до 5:5. Потоа Тиквеш стигна до водство од 5:7, а потоа и со 6:9. Пелистер на крајот на првото полувреме направи серија од 3:0, а полувремето заврши со 12:10. ...
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 35:34 Во првенствен натпревар кој се одигра во Битола младинците на Еурофарм Пелистер во драматичен натпревар против гостинскиот тим од Кавадарци ја забележаа петтата победа. Најдобри стрелци на натпреварот беа: Тео Спировски и Стефан Василевски со по 10 постигнати погодоци, додека Андреј Георгиев со 7, Томислав Кебаковски и Јован Симоновски по 3 и Владимир Марковски 2 пати ја затресија противничката мрежа. За тимот ...

