Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Македонската ракометна репрезентација одигра очајно прво полувреме на гостувањето против Грција и на паузата има негатива од седум гола (16-9). Избраниците на Кирил Лазаров се далеку од посакуваното ниво, а домашната селекција целосно ја контролира играта и заслужено има убедлива предност. Почетокот не навестуваше вакво сценарио, бидејќи Македонија поведе со 1-2, но потоа следуваше голема криза во нападот. Нашите ракометари цели девет минути ...
Грција сака да ги привлекува туристите во текот на целата година преку планински одмори, вински патеки, бањи и градски прошетки. Министерката за туризам Олга Кефалојани ја претстави оваа насока на туристичкиот саем во Лондон, посочувајќи дека придобивките треба да стигнат и до помалку посетуваните места и локалните заедници. Во интервју за Еуроњуз, Кефалојани нагласи дека успехот не треба да се мери единствено со бројот на пристигнувања и ...
Членките на НАТО имаат недостиг од околу седум милијарди евра за да го исполнат ветувањето за 70 милијарди евра воена помош за Украина за оваа година, а до крајот на годината останаа помалку од два месеца, пишува „Политико“ (Politico). Сојузниците на самитот во Анкара во јули се обврзаа дека ќе ѝ дадат на Украина 70 милијарди евра воена помош за оваа година, а истиот износ и во 2027 година. Во тој износ се вбројуваат билатералните придонеси ...
Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот код на Република Македонија. Во графиката за денешниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Грција, од квалификациите за ЕП 2028, грчката телевизија ја потпиша нашата репрезентација со кодот НМКД, иако меѓународниот код е МКД. Со ова и грчката ракометна федерација покажа и непознавање и непочитување на меѓународни договори. Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши ...
Политичката партија Левица во партиско соопштение го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да одговори за ефикасноста на полицискиот систем во заштитата на жените од насилство, посочувајќи дека Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, значително над европскиот просек од околу 340, но и натаму се соочува со висока стапка на убиства на жени од интимни партнери. Од партијата сметаат дека бројноста на полицискиот ...
Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и од надлежните институции по трагичниот случај во Богданци, во кој животот го загуби 17-годишната Билјана Кириќ. Во објава на социјалните мрежи, од СДСМ порачаа дека денешниот протест во Скопје претставува јасна порака од граѓаните дека повеќе нема да молчат пред трагедиите во кои згаснуваат млади животи. „Денешниот протест во Скопје ...
Eлена Рибакина нема да ја брани титулата на завршниот ВТА турнир, откако ја откажа својата пријава за настап поради вирус. Казахстанската тенисерка, која минатата година триумфираше во Ријад без ниту еден пораз, нема да биде дел од турнирот на осумте најдобри тенисерки во сезоната. Рибакина објасни дека нејзината физичка состојба не ѝ дозволува да се натпреварува на посакуваното ниво, поради што одлучила да ги заврши настапите за оваа сезона. ...
Холандските истражувачи открија исклучително редок фосил кој наликува на рак, кој живеел непосредно пред изумирањето на диносаурусите пред 66 милиони години. Научниците од Националниот музеј за праисторија и Природонаучниот музеј во Мастрихт го пронајдоа овој фосилен примерок од цихлид, изумрена група ракообразни животни, во покраината Лимбург, на југот на Холандија, објави NL Times. Како што е наведено, во светот се познати само неколку ...
Најмалку 120 лица беа повредени денес кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза за време на судир со друг воз, недалеку од Каиро, објавија локалните медиуми. Несреќата се случила во областа Ал Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објавува „Галф њуз“. Повредените биле пренесени во блиските болници ...
Олимпија Милано ги разреши сите дилеми околу тренерската функција по разделбата од Поета, откако италијанскиот кошаркарски гигант за нов кормилра го именуваше Лука Банки. Искусниот стратег воедно е и селектор на Италија, пред овој ангажман беше и кормилар на селекцијата на Летонија, а на клупски план во последните години ги водеше евролигашите Виртус Болоња и Анадолу Ефес. За него ова е враќање назад во Олимпија Милано, каде седеше на клупата ...
Велешката фабрика за масло за јадење „Кристал 1923“ откупи 6.600 тони сончоглед, од тоа 4.100 од Македонија, 1.100 тони од Србија, 800 тони од Косово и за првпат во повеќедецениското постоење, 600 тони од Грција. Откупената количина е помала од ланската, кога беа преработени 7,3 илјади тони. „Целокупниот род од Македонија годинава заврши во фабриката, иако претходните години дел се продаваше во Грција. Годинава за првпат откупивме сончоглед ...
Денешниот ПМФЛ ден беше одбележан во дуелите Башкими – Брегалница односно Арсими – Шкендија Арачиново, според анализата на Фудбалската Федерација на Македонија не донесе погрешни одлуки на главните арбитри. Според ФФМ сите одлуки кои што биле донесени, со помош или без на ВАР се во согласност со правилата и ниту една екипа не е оштетена. Аресими – Шкендија Арачиново 65.минута: По изведен корнер од екипата на Аресими, топката во казнениот ...
Во Полска е прогласена дводневна жалост Знамињата на Европската Унија се спуштени на половина копје по вчерашниот вооружен напад на главниот плоштад во Краков, во кој шестмина загинаа, а шеснаесет беа повредени. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изрази жалење и неверување по нападот во Краков, наведувајќи дека знамињата на Европската Унија се спуштени во знак на сеќавање на жртвите и оддавање почит на ...
Израелскиот претседател, Исак Херцог, му го довери мандатот за формирање нова влада на Гади Ајзенкот, главниот противник на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Одлуката доаѓа по изборите одржани минатиот месец, кои резултираа со политичка пат-позиција, бидејќи коалицијата на Нетанјаху не успеа да обезбеди мнозинство во Кнесетот, пренесуваат „Гардијан“ и „Индекс“. „Исак Херцог го извести Гади Ајзенкот, лидер на партијата Јашар, за својата намера да ...
Екипата на Бетис оствари значајна победа со конечни 0-2 (0-0) на гостувањето кај Елче во натпреварот од дванаесеттото коло во шпанската Примера. Гостите ја оправдаа фаворитската улога потешко од очекуваното, доцна го скршија отпорот на домаќинот, но успеаја да дојдат до важни три бода со головите на Родриго Рикелме и Марк Бартра, кои стрелаа прецизно во 81. и 89. минута. Со оваа победа Бетис продолжува со добрите настапи и стигна до 26 бода, ...
Катастрофалната недела за Ленс доби уште еден непријатен епилог. Откако машкиот тим беше декласиран од Комо со 1-9 на домашен терен во Лигата на шампионите, слична судбина доживеаја и фудбалерките на истиот клуб. Женската екипа на Ленс загуби со 1-7 од Лион во натпревар од осмото коло на француското првенство, исто така на домашен терен. Сепак, зад двата резултати стојат различни околности. Женскиот тим на Ленс нема голема традиција, а ...
Лушпите од ореви можат да се искористат во домот подобро отколку што мислите – направете домашен освежувач без хемикалии. Потребно е: Една рака чисти лушпи од ореви 1 стапче цимет Кора од еден портокал 5–6 каранфилчиња 500 мл вода Постапка: Убаво измијте ги лушпите од ореви, па ставете ги во едно помало тенџере. Додадете го стапчето цимет, кората од портокал и каранфилчињата, а потоа прелијте ги со вода. Кога водата ќе зоврие, намалете ја ...
Ким Кардашијан купи куќа во Палм Спрингс, сместена помеѓу имотите на нејзината мајка Крис Џенер и сестрата Кајли Џенер, а одлуката ја донела откако со пријателите испила гумени бомбони со канабис. Во петтата епизода од осмата сезона на „Keeping Up with the Kardashians“, Ким и нејзините пријатели отпатуваа во Палм Спрингс, каде што нејзината мајка има куќа. ѝ се придружија сестрата Клое Кардашијан, комичарите Ники Глејзер и Форчун Фајмстер и ...
Македонскиот интернационалец и репрезенативец, Лука Станковски е асистент во денешното реми 1:1, на неговиот тим Колос на гостувањето кај тимот на Буковјна. Офанзивецот одлично реагираше во акцијата во која што имаше удел на два пати и во која што од тешка позиција успеа да асистира за стрелецот на голот, Денис Ндукве. Станковски во последните седум мечеви на својот тим има полна минутажа, и забележа гол, а еве сега и асистенција. Тој како и ...
Добивај вести на Viber Цената на златото забележа раст во изминатата недела, а вредноста на еден килограм од благородниот метал достигна над 117.000 евра, покажуваат последните достапни податоци од светските пазари. Според пазарните котации од крајот на тргувањето во петокот, еден килограм чисто, 24-каратно злато вреди приближно 117.500 евра. Цената на една тројска унца, која изнесува 31,1 грам, се движи околу 3.654 евра. Златото во ...
На денешниот протест против фемицидот и насилството врз жените, во потресна изјава, жителка на Богданци кажа дека ѝ е срам што е жителка на тој град и ги обвини наставниците на Билјана Кириќ дека знаеле низ што поминува девојчето, но не пријавиле и не го истражиле случајот. -Мене ми е срам да кажам дека сум дел од оваа држава, а уште повеќе ми е срам да кажам дека сум жителка на Богданци затоа што Билјана не е прва жртва на насилство во тоа ...
Компанијата “АБЦ Дојчиновски“ од Битола врши продажба на пелети, камини и котли за парно греење. “АБЦ Дојчиновски“ на потрошувачите им нуди голем избор, дестина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1, по прифатливи цени, како и разни поволности при плаќање, чување и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите продава и печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив. ...
Свети Великомаченик Димитриј Солунски, Мироточив Чудотворец, е од Македонија – Солунјанин. Роден е во богатиот Солун, од богати родители, во третиот век, – тајни христијани. Тајни, бидејќи во тоа време христијанството е гонето, а христијаните биле убивани само затоа што се христијани. Бил единец, измолен од Бога и скришно крстен. Татко му бил војвода, началник на Солун, а потоа и Димитриј го наследил татка си. Само што го поставил за војвода, ...
Пејачката Алдина Бајиќ од Зеница повторно го привлече вниманието на јавноста со објави на социјалните мрежи, во кои изнесе сериозни обвинувања за наводно физичко и психичко малтретирање, закани, уцени и финансиски измами. Бајиќ на Инстаграм објави фотографија на која се гледаат модринки на нејзиното лице, со порака дека повеќе не сака да молчи за она низ што, како што тврди, поминува. Најави дека во понеделник со случајот ќе се занимаваат ...
Иван Мартинез, голман на Нумансија, постигна ретко виден гол денеска. Во натпреварот од четвртото ниво на шпанскиот фудбал против Пуертолано, голманот ја зеде топката во 43. минута, ја смести на работ од шеснаесетникот и постигна гол со директен слободен удар за 2-0. Топката ја погоди рамката од голот и заврши во мрежата. Голот ја воодушеви публиката на стадионот „Лос Пахаритос“ во Сорија, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. ...
Ули Хенес како почесен претседател на Баерн Минхен се уште е важен дел од Управниот одбор на клубот, но во последните неколку години најчесто привлекува внимание со своите искрени изјави кои ги дава во јавноста, а кои се поврзани за секојдневни проблематики во првиот тим. Легендарниот Хенес во неколку наврати успеа да предизвика бура со изјавите кои ги даде за неколку ѕвезди на Баерн, а случајот не е поинаков и сега кога говореше за ...
Никол Кидман, Ким Кардашијан, Салма Хајек и Роузи Хантингтон-Вајтли беа меѓу познатите личности кои во саботата вечерта присуствуваа на гала-вечерата LACMA Art+Film Gala 2026 во Лос Анџелес. Иако на црвениот тепих се појавија бројни славни дами, манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли особено го привлече вниманието со своето модно издание. Настанот се одржа во Музејот на уметноста на округот Лос Анџелес (LACMA), а ги собра имињата од светот на ...
text size Брчките добија место во рекламите за луксузни производи, годините станаа посакуван дел од модниот идентитет, а лицата што некогаш беа изоставувани од кампањите сега продаваат козметика, автомобили и облека. Модната и козметичката индустрија открија дека младоста не е единствениот императив што има пазарна вредност. И тоа е одлично. Но постои детаљ што ја расипува таа слика: луѓето од возрасната група чии лица продаваат производи ...
Канадската музичка ѕвезда The Weeknd постави нов светски рекорд со својата турнеја „After Hours Til Dawn“, која за четири години заработи повеќе од 1,3 милијарди долари. Со ова достигнување, пејачот го надмина досегашниот рекорд на Елтон Џон и стана машкиот солоизведувач со најуспешна концертна турнеја според остварените приходи. Еден од најпопуларните музичари на денешницата, The Weeknd, чие вистинско име е Абел Тесфаје, официјално ја ...