Статистиката покажува дека шансата човек да загине во авионска несреќа е речиси минимална. Но, шансата да преживее, ако несреќата се случи, е уште помала. А ако сепак преживее – тоа е вистинско чудо. Зашто тоа е средба со самата граница помеѓу животот и смртта, место каде човек, за една единствена секунда, сфаќа како сè околу него се распаѓа. Потоа останува прашањето на кое никогаш нема да најде одговор: „Зошто токму јас преживеав?“ И често ...

Несекојдневниот гостин во венецијанската лагуна, добриот делфин по име Мимо, кој ги забавува туристите и локалното население со своите акробации, предизвика голема загриженост. Неговото присуство во близина на Плоштадот Свети Марко покрена кампања за негово спасување поради опасноста од густиот бродски сообраќај, пишува The Guardian. Мимо последен пат беше виден завчера во базенот Свети Марко, водна површина пред истоимениот плоштад. Додека со ...

Украинските воени власти привремено го приведоа возачот на холивудската актерка Анџелина Џоли за време на нејзината ненадејна хуманитарна посета на Украина под сомнение дека избегнувал воена обврска, објавува британскиот Телеграф. Инцидентот се случил на контролен пункт неколку часа возење северно од Николаев, кога регрутерите на украинските воени сили привеле еден член од нивниот тим – возач по име Дмитро (33) – откако било утврдено дека немал ...

Утре православните христијани ќе го одбележат празникот Свети Димитриј Солунски, познат како Митровден, посветен на големиот христијански воин и заштитник од злото. Покрај црковното значење, Митровден е оплета со народни обичаи и верувања, особено за предвидување на времето и зимата, како и за внесување благослов во домот. Според традицијата, вечерта пред Митровден е важно да се завршат сите големи обврски – од плаќања и договори до чистење и ...

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, е прогласена за „Патриот на годината“, награда што ја доделува „Фокс Нејшн“ на „херои и патриоти кои покажале непоколеблива посветеност на вредностите што ја прават нашата земја голема“, објави Белата куќа. „Патриотизмот во нашата земја датира од нашите бунтовнички основачи, кои беснееле против британската власт, барајќи независност од Круната. Сите тие ги побиваа очекувањата, ...

Западот не е обединет по прашањето за Украина, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, додавајќи дека само владите на САД и Унгарија се залагаат за мир. Орбан ги поздрави мировните напори на Трамп, додавајќи дека Брисел и Европската Унија, сепак, веруваат дека Украина може да победи на фронтот, објави агенцијата МТИ. Одговарајќи на новинарско прашање, ...

Според наредбата на Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA), која стапи на сила денес, стотици летови беа откажани низ САД, поради рекордно долгото затворање на владата, кое трае 38 дена, пренесува АП. Авиокомпаниите почнаа да откажуваат летови вчера, во исчекување на официјална наредба од FAA, а откажувања на летови се планирани и за викендот. FAA објави дека намалувањето на бројот на летови првично ќе се однесува на 40 ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина ќе ја поддржи средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Унгарија, под еден услов, а тоа е да се постигне договор за прекин на огнот и крај на војната. Тој рече дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој денес разговараше со Трамп во Белата куќа, „сака да го донесе Трамп во Унгарија за да се сретне со рускиот диктатор“. „Вие ја знаете ...

Во населба Сењак во Штип се случи сообраќајна несреќа помеѓу мотор и возило. Според првичните информации, нема повредени, а причинета е само материјална штета. На местото на несреќата веднаш интервенирале полициски службеници кои извршиле увид и ги документирале сите околности околу несреќата. Од МВР апелираат до возачите да ја прилагодуваат брзината и да бидат внимателни, особено во густо населени места, за да се избегнат слични несреќи и да се ...

Три затвореници се обвинети за убиството на осудениот убиец на дете, Кајл Беван (33), кој пред два дена беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот HMP Вејкфилд. Беван служеше доживотна казна затвор поради бруталното убиство на двегодишната Лола Џејмс, ќерка на неговата партнерка, која почина во 2020 година од последиците на страшните повреди, пишува Sky News. На судењето пред Кралскиот суд во Свонси било откриено дека малечката Лола ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во Белата куќа во Вашингтон, јавува „Скај њуз“. Средбата започнала околу 17 часот по британско време, а главна тема е војната во Украина и санкциите кон Русија што неодамна беа воведени за „Росњефт“ и „Гаспром“. Орбан беше пречекан пред западното крило на Белата куќа каде се срдачно поздрави со Трамп. Новинарите веднаш го прашаа американскиот претседател дали ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во петок дека смета дека „војната во Украина ќе заврши во не премногу далечна иднина.“ За време на билатерален ручек со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во Белата куќа, Трамп изјави дека двајцата лидери разговарале за средби со рускиот претседател Владимир Путин, но „за тоа ќе известиме подоцна.“ Орбан го пофали Трамп за напорите за мир и истакна дека Западот „не е единствен“ во пристапот кон ...

Обвинителството во Истанбул во петокот издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште 36 осомничени поради обвиненија за геноцид поврзани со израелските воени операции во Појасот Газа. Налозите се однесуваат на повеќе високи израелски функционери, меѓу кои и министерот за одбрана Израел Кац, министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир, министерот за гранична и безбедносна политика Ејал Замир, како и командантот ...

Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје донесе решенија за мерки на обезбедување против пет лица осомничени за поткуп поврзан со ИПАРД програмата. Четворица од нив добија мерка притвор од 30 дена, додека за едно лице е определен куќен притвор. Според информациите од Судот, на осомничените Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. им е изречен притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. За ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека главниот град Техеран би можел да се соочи со сериозен недостиг на вода, па дури и да биде евакуиран, доколку наскоро не дојде до врнежи од дожд. „Доколку нема врнежи, ќе мораме да почнеме со ограничување на снабдувањето со вода следниот месец“, изјави Пезешкијан во петокот, според извештаите на новинската агенција Анадолија и други медиуми. „Ако сушата продолжи, ќе останеме без вода и ќе ...

Покачена температура, растечен нос, кашлање и разни бактериско-вирусни инфекции кај децата ги полнат амбулантите во клиниката „Козле“. Лекарите информираат дека во моментов се вршат од 120 до 150 прегледи во рок од 24 часа. Сепак, тие посочуваат дека грип сè уште не е регистриран , а бројките се далеку од оние што се бележат во пикот на сезоната на грип, кога има и над 200 прегледи дневно. Директорката на Клиниката, Катерина Бошковска, вели дека ...

Советот на програмата на ХРТ денес го разгледа извештајот за остварувањето на програмските цели и обврските на ХРТ од Договорот со Владата за првата половина од 2025 година, презентиран од генералниот директор Роберт Швеб, нагласувајќи дека ХРТ ги исполнила уделите на типовите програми во согласност со договорните обврски. Швеб, исто така, го истакна минималното отстапување од пропишаните квоти за спорт за HTV 2, каде што во првите шест месеци ...

Советот на Град Скопје денеска ги доби новите 44 советници. На конститутивната седница, со 23 гласа „ЗА“, за нов претседател на Советот беше избран професорот Даме Димитровски. Седницата, со која претседаваше најстариот советник, Ристо Пенов, помина со верификација на мандатите, но и со една замена. При верифицирањето, беше забележано отсуството на еден советник од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски. Истовремено, Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во ...

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како неплодни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни горива, изјавија оваа недела американските министри за енергија и внатрешни работи, обидувајќи се да ја убедат Европа да купува повеќе американска нафта и гас, објави денес Ројтерс. САД станаа водечки европски снабдувач на нафта и гас, а американските компании се стремат да го зголемат тој удел во време кога ...

Денес, српскиот парламент усвои нов закон со кој се овозможува уривање на зградата на Генералштабот, архитектонски симбол на Белград оштетен во бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Со оваа одлука се укинува статусот на културно наследство, што отвора пат за изградба на луксузен хотелски комплекс поврзан со семејството на Доналд Трамп, пишува „ Њујорк тајмс“ . Проектот вреден половина милијарда долари, кој требаше да вклучува хотел и апартмани ...

Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерка притвор од 30 дена на четири од петте лица осомничени во корупцискиот случај поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Петтемина осомничени попладнево беа спроведени во судот, каде се произнеле пред судијата. По сослушувањето, судијата донел решенија со кои го прифатил предлогот на Обвинителството за осомничените Џ.Н., А.Ф., ...

Судскиот процес за осакатувањето на родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која по породувањето остана без матка, јајник и бубрег, денеска во Основниот суд во Струга беше повторно одложен. Причина за одложувањето е отсуството на адвокатот на обвинетите, кој во судницата доставил доказ дека бил на друго судење во Битола. Ова е само уште едно во низата одложувања на процесот кој предизвикува огромно внимание во јавноста, а најмногу револт кај ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (Специјализирано одделение). Пријавата е поднесена против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на ...

Владата ќе именува повереници кои привремено ќе раководат со општините каде што не беа избрани градоначалници на локалните избори, но дури откако Државната изборна комисија (ДИК) официјално ќе го заврши изборниот процес и ќе достави информација. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој додаде дека сè уште не се водени разговори со коалициските партнери за конкретни персонални имиња кои ќе бидат назначени. Премиерот го појасни и правниот ...

На 06.11.2025 во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М. (48) од селото Подмољје, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени две тешки кривични дела: „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги…“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје…“. Според информациите од полицијата, откривањето на нелегалното оружје и дрога се одвивало во две фази. На 30 октомври 2025 година, врз основа на ...

Орце Ѓорѓиевски ја презентираше финансиската состојба во која го затекнал Градот, опишувајќи ја како катастрофална. „Јас вчера го затекнав градот со 40 милиони денари на сметка и со сериозни долгови, особено долгови на јавните претпријатија“, изјави градоначалникот. Тој упати директни обвинувања за недомаќинско работење во ЈП Водовод и канализација, тврдејќи дека додека „пола Скопје летно време нема вода за пијање“, во магацините на ...

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извршија увид во градежните работи на проектот Градски воз. Ова е прва од трите предвидени траси, проект кој е во вредност од 360 милиони денар и кој значително ќе го олесни транспортот на патници во главниот град. Во продолжение интегрален ...

Новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска Давкова. Церемонијата се одржала на 6 ноември 2025 година. За време на средбата, тие ги потврдиле добрите билатерални односи и ја изразиле својата заложба да продолжат со нивно зајакнување. „Многу сум горд што сум назначен за амбасадор на Швајцарија во вашата земја и убеден ...

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, само 48 часа по преземањето на функцијата, објави дека е постигнат договор со приватните превозници за нивно враќање во јавниот превоз. Од понеделник, 55 приватни автобуси со лиценци ќе бидат вклучени во сообраќај, што Ѓорѓиевски го оцени како клучен чекор за нормализирање на јавниот транспорт. До Нова Година се очекуваат уште најмалку 20 возила, со што вкупната бројка од приватните ...

Повик

23 часа - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
80%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.09
84%
1027
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1025
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.6
95%
1026
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
54%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Цинк

3.13

Сребро

2060.60

Иридиум

145787.60

Платина

58054.69

Злато

138408.99

Паладиум

50058.71

Бакар

10.87

Рутениум

29192.88

Калај

41.30

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.87