Претставници на Сојузот на одгледувачи на овци и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСОМ) денеска излегоа на протест пред Владата, порачувајќи дека македонското сточарство е пред колапс поради неисплатените субвенции. Револтираните сточари од цела држава упатија последен аларм до премиерот и претседателката, нагласувајќи дека трпението е потрошено. „Две години без субвенции, ова е крајот на сточарството“ Насер Џемаили, претставник на ...

Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска излезе со вонредна прес конференција во која им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека Антикорупцискиот тим на СДСМ им „дише“ во врат. „Денес ја свикав оваа вонредна прес-конференција за конечно и јасно да одговорам на она што ДПНЕ веќе со денови го пласира во јавноста. Пред сè, сакам да ви објаснам зошто го прават тоа. По изгласувањето на Резолуцијата со која наводно се брани власта од дезинформации ...

Таткото и синот обвинети за терористичкиот напад на Бонди Бич во Сиднеј, во кој загинаа 15 лица на 14 декември, го планирале нападот со месеци и вежбале со огнено оружје, според судски документ објавен во австралиските медиуми, пренесува CNN. Според судскиот документ, Саџид Акрам (50) и неговиот син Навид (24) биле снимени како тренираат со пушки на неоткриена рурална локација во австралиската држава Нов Јужен Велс, каде што може да се видат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го именуваше гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, големата данска полуавтономна територија за која претходно изјави дека САД треба да ја преземат. „Џеф разбира колку Гренланд е суштински за нашата национална безбедност и силно ќе ги унапредува интересите на нашата земја во (обезбедувањето) на безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници, а ...

Поранешниот министер за земјоделство и рурален развој на Црна Гора, Милутин Симовиќ, е уапсен утрово по наредба на Специјалното државно обвинителство, дознава „Вијести“. Симовиќ е приведен утрово во Никшиќ, но „Вијести“ во моментов нема информации за тоа на која нова истрага се однесува апсењето или за што се товари поранешниот министер. Поранешниот раководител на секторот за земјоделство беше уапсен и на 13 декември минатата година за ...

Секогаш кога пазарот е нестабилен, а со тоа и инвестициските одлуки се отежнуваат, знаете на која компанија секогаш можете да сметате. NVIDIA повторно се појавува на врвот на најатрактивните избори на пазарот во наредните недели, а многумина веќе го препознаа овој момент, а нејзините акции исто така скокаат од ден на ден поради зголемениот број луѓе што го инвестираат својот капитал во акции на NVIDIA. Целата година беше непредвидлива, а исто ...

Главниот град на Македонија утрово се најде на 57-та позиција на глобалната листа на најзагадени градови во светот. Според најновите мерења, Скопје бележи индекс на квалитет на воздухот (AQI) од 61, што го сместува градот во т.н. „жолта“ или умерена зона. Иако оваа вредност е значително пониска од критичните нивоа што често се бележат во текот на зимските месеци, Скопје и понатаму останува меѓу градовите со забележително присуство на ПМ ...

По вчерашниот хаос и десетиците откажани летови, утрово пристигнуваат охрабрувачки вести од Меѓународниот Аеродром Скопје. Густата магла која го блокираше авиосообраќајот се повлече, а условите за летање во моментов се сосема поволни. Според најновиот метеоролошки извештај (METAR) измерен во 09:20 часот, видливоста на пистата е зголемена на 3.000 метри (3 километри). Ова е огромна промена во споредба со вчерашниот ден, кога видливоста на ...

Администрацијата на Трамп повлекува речиси 30 кариерни дипломати од амбасадорски и други високи позиции во амбасадите ширум светот. Целта е јасна – целосна промена на дипломатската поставеност и именување на кадри кои се сметаат за целосно лојални на приоритетите на претседателот Доналд Трамп и неговата агенда „Америка на прво место“. Според извори од Стејт Департментот, шефовите на мисиите во најмалку 29 земји минатата недела биле известени ...

Додека државниот врв и правната јавност сè уште ги дебатираат мотивите зад ненадејната оставка на Љупчо Коцевски, очите денеска се вперени во Советот на јавни обвинители. По еден неуспешен обид, институцијата мора итно да избере „преодно решение“ за една од најмоќните функции во државата. Откако минатата недела отсуството на еден член го закочи изборот, денешната седница е клучна. Советот инсистира на полн состав за да му даде легитимитет на ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Воедно, против ...

Енормното загадување на воздухот не ги наполни само чекалните во болниците, туку ги испразни и рафтовите во продавниците за бела техника и аптеките. Граѓаните во паника бараат спас од отровите, но се судираат со нов проблем – нема залихи. Обиколката низ поголемите салони за техника во Скопје и другите загадени градови дава иста слика: делот каде што стојат прочистувачите за воздух е празен или има останато само некој екстремно скап модел. ...

Напната атмосфера пред почетокот на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), закажана за 12:00 часот. Владата и синдикатите седнуваат на иста маса, но Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) доаѓа со јасен ултиматум: итно зголемување на платите или радикализација на синдикалната битка. Синдикалците бараат брзи решенија, особено во делот на запирање на, како што велат, суспендирањето на колективните договори преку последните ...

Над 4.000 македонски граѓани, кои во 2020 година работеле на мисии во Ирак и Авганистан, се соочуваат со вистинска административна голгота. Додека Управата за јавни приходи (УЈП) ги притиска да платат данок за период кога не биле во земјата, Министерството за внатрешни работи (МВР) тврди дека нема податоци за нивните влезови и излези за таа година. Граѓаните се заглавени во институционален лавиринт, а сметките им се блокираат. Во редакцијата ...

Амбициите на Јарецот се судираат со маглата на Нептун Првиот работен ден од неделата нè поздравува со моќна, но контрадикторна енергија. Сонцето веќе самоуверено транзитира низ Јарецот, а присуството на возвишениот Марс во истиот знак ни дава „зелено светло“ за кариерни пробиви и стратешки акции. Волјата е железна, а фокусот е на долгорочни резултати. Сепак, денес не треба слепо да верувате во сè што ќе чуете или почувствувате на лично ниво. ...

Православните христијани денеска, на 22 декември (9 декември по стар стил), го празнуваат Зачнувањето на Света Ана – денот кога започнала историјата на спасението на човечкиот род со зачнувањето на Пресвета Богородица. Овој празник е посветен на праведните Јоаким и Ана, родителите на Мајката Божја, и на чудото што Бог го направил по нивните долгогодишни молитви. Чудо по 50 години бездетство Според преданието, праведните Јоаким и Ана биле ...

Ѕвездена магија и удобност: Време е да ја градиме иднината со љубов Оваа недела, небото ни претставува ретка комбинација од земјена стабилност и водена длабочина. Сонцето сега самоуверено чекори во Јарец, носејќи ни чувство на цел, структура и амбиција непосредно пред крајот на годината. Енергијата е густа и бара од нас да бидеме искрени со себе за тоа што сме постигнале досега. Празничните денови околу Божиќ се обоени од Месечината, која ...

Празничната магија не ги заобиколи ниту длабочините на Охридското Езеро. Традиционално, и оваа година блесна новогодишна елка под површината на водата кај комплексот „Заливот на коските“ – Музеј на вода. Оваа уникатна празнична честитка пристигна благодарение на нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“, кои во координација со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот крст од Охрид, ја продолжија оваа убава ...

Празничната еуфорија започна, а со неа и традиционалниот метеж на европските коридори. Илјадници иселеници од Западна Европа викендов го започнаа своето патување кон родните краишта на Балканот, што предизвика целосен колапс на клучните гранични премини. Сликата е идентична како и секоја година пред Божиќ и Нова година – колони автомобили, нервозни возачи и повеќечасовни чекања за влез во Србија, а потоа и кон Северна Македонија. Најкритично ...

Вистинска голгота преживуваат патниците кои тргнале да се враќаат дома за претстојните празници. Според информациите кои ги испратија до редакцијата на 4NEWS.mk, на унгарската граница во моментов е формирана колона од дури 33 автобуси кои чекаат излез од земјата. Станува збор за автобуси кои доаѓаат од Германија, а чија крајна дестинација се Македонија и Албанија. Патниците сведочат за огромни гужви и нервоза. Иако бројот на автобуси кои се ...

Битката со маглата на Скопскиот аеродром продолжува, но ситуацијата попладнево и вечерва бележи раздвижување. Од ТАВ Македонија излегоа со најновиот пресек на состојбата заклучно со 20:00 часот (21 декември 2025). Иако авиосообраќајот се одвиваше под силно влијание на намалената видливост, дел од авиокомпаниите успеаја да ги реализираат своите операции. Биланс од полноќ до 20:00 часот: Статистиката за денешниот ден изгледа вака: Апел до ...

Точно во 16:03 часот попладнево, календарски и астрономски, зимата пристигна во Македонија и на целата северна хемисфера. Во исто време, на јужната полутопка на Земјата започна летото. Денешниот ден, 21 декември, е познат како зимска краткодневица – тоа значи дека го имаме најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината. Од утре, денот постепено ќе започне да се зголемува. Според пресметките, ова годишно време ќе се задржи 88 денови. Зимата ќе ...

„Трпението е потрошено, ножот е дојден до коска“. Со оваа порака, Сојузот на одгледувачи на овци и земјоделците поддржани од КСОМ најавија дека в понеделник (22 декември) ќе излезат пред Владата. Ако не ги добијат парите неделава, од петок најавуваат радикализација и целосна блокада на државата. Сточарите предупредуваат дека овчарството е во завршна фаза на колапс, а државата им должи неверојатни 1,5 милијарди денари само за субвенциите за ...

Илјадници патници ширум Европа се соочуваат со вистинска агонија откако големите аеродроми во Холандија, Велика Британија, Германија, Франција и Романија беа погодени од масивни нарушувања на авиосообраќајот. Според последните податоци, неверојатни 1.845 летови се одложени, а 143 се целосно откажани, што предизвика верижна реакција која ги погоди најголемите авиокомпании како „KLM“, „Wizz Air“, „German Airways“ и други. Хаосот не ги заобиколи ...

Конгресот на ДУИ донесе драстични кадровски промени кои во јавноста се толкуваат како обид за рефреширање на партијата по изборниот пораз. Над 60-тина довчерашни високи функционери и членови на раководните тела останаа без своите позиции. Најзвучните имиња кои „паднаа“ по конгресот се поранешниот технички премиер и спикер Талат Џафери, пратениците Блерим Беџети и Садула Дураку, екс-градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, како и Ејуп Рустеми ...

Додека државата на хартија подготвува нов закон за следење на онлајн просторот, на терен се одвива „тивок лов“ на млади умови. Суптилни форми на регрутација, скриени зад безопасни QR кодови и групи за „поддршка“ на Телеграм, стануваат главното оружје на радикалните структури во земјава. Безбедносните служби веќе пресретнале конкретни планови за терористички акти инспирирани од ИСИС, токму во периодот 2024-2025 година. На прв поглед делуваат ...

Дали Европската Комисија (ЕК) воведе целосна суспензија на ИПАРД 3 програмата, со што директно се блокирани 97 милиони евра наменети за македонските земјоделци? Ова е прашањето кое ја бранува јавноста откако се појавија информации дека Брисел го „замрзнал“ финансирањето поради корупциски скандал. Според информациите што ги објави телевизија Телма, негативната одлука во Брисел била донесена уште на 10 декември, а домашните институции биле ...

Официјализирани се информациите за сообраќајната несреќа која утрово го отежна сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово. Во судирот учествувало возило на ЈП „Македонија Пат“, а едно лице завршило во болница. Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, несреќата е пријавена утрово во 10:05 часот. Инцидентот се случил на автопатот, на околу 500 метри по исклучувањето за селото Желино. Во судирот учествувале две товарни ...

Екстремното загадување на воздухот во Скопје не е само статистика на апликациите, туку реална здравствена криза. Линијата 194 е под опсада – хронично болните, астматичарите и лицата со респираторни проблеми деновиве се најчестите пациенти кои во паника бараат спас од Итната медицинска помош. „Ова не важи само за хронично болните, туку и за здравите луѓе, а најмалку за децата“, предупредуваат докторите. Медицинските лица даваат неколку клучни ...

Гостиварската полиција експресно расчисти тешка кражба која се случи минатата недела, при што од семејна куќа беше одземено вистинско богатство. Лишени од слобода се три лица, а поголемиот дел од украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. Случајот кој тежи околу 65.000 евра е расветлен вчера (20.12.2025) попладне. Полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле А.З. (24) и М.З. (27), двајцата од Гостивар, како и ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Цинк

3.33

Калај

48.47

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66