Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Народниот правобранител Фатон Сељами денеска предупреди на сериозни пропусти во институционалната реакција во случаи на фемицид, нагласувајќи потреба од координирано справување со семејства со ризично однесување и механизми за рана заштита на жртвите, дури и кога не поднесуваат формална пријава. Во извештајот за човекови права за 2025 година, доставен до Собранието, Сељами посочува дека заштитата на жртвите е најслабата алка во справувањето ...
Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при ОЈО ГОКК ќе ја испитува постапката на 39 полициски службеници во случајот на Стојанче Јовановски, кој изврши семејно насилство врз сопругата Ивана и малолетната ќерка Катја. Известувањето на МВР за пропустите на полициските службеници веќе е доставено до ОЈО ГОКК и ќе биде разгледано од јавен обвинител за да се утврди дали постои кривична ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека се направени бројни измени во Законот за високо образование, со цел негово подобрување и усогласување со предлозите на наставниците. Таа појасни дека законот за високо образование и законот за наука веќе се поставени на ЕНЕР, додека законот за квалитет ќе биде објавен во текот на денот. Меѓу измените е намалување на бројот на трудови за втор и трет циклус студии, како и ...
По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. ,,Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки. ...
Во КПУ Затвор Скопје на 27 март 2026 година беше организиран шаховски турнир наменет за осудените лица, со цел поттикнување на нивната ресоцијализација и развој на позитивни навики. Од Управата за извршување на санкции информираат дека ваквите активности имаат значајна улога во процесот на личен развој, имајќи предвид дека шахот како интелектуална игра придонесува за подобрување на концентрацијата, трпеливоста и стратешкото размислување. На ...
Пратеничката група на движењето ЗНАМ, со поддршка од коалициското мнозинство, поднесе предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Главната новина е овозможување на возачите со „Б“ категорија да управуваат мотоцикли од категоријата „А1“ под одредени услови. Според предлогот на пратеникот Павле Арсовски, возачите ќе можат да управуваат мотоцикли со автоматски менувач до 125 кубика и јачина до 11 kW, доколку ги ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео предупредување за обилни врнежи од дожд и засилен ветер што се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток. Според прогнозата, под влијание на циклонска активност, утре се очекуваат пообилни врнежи кои на одделни места ќе надминат 20 литри на метар квадратен, додека во четврток количината на врнежи може да надмине и 30 литри на метар квадратен. Покрај дождот, ќе дува засилен, ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б.(50) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавената, во својство на секретар во општинско основно училиште во Куманово, била отсутна од работа од 05.03.2025 до 07.03.2025, а подоцна вметнала непостоечка документација во деловодникот на училиштето за да го прикрие нејзиното неоправдано отсуство од работа. СВР Куманово ...
ОВР Неготино до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.С.(67) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19.02.2026 во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека еврото е валидна валута во земјава, по што не му ги вратил парите. Набргу, по преземени мерки пријавениот е пронајден и лишен од ...
На 30.03.2026 во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода А.К.(38) од истото село. Според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрава П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата. П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е констатирана телесна повреда, а А.К. е задржана ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(43) од с.Горно Седларце и Н.Б.(39) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’. На 23.02.2026 во Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, пријавените насилно влегле во службена просторија и кон вработена упатувале закани, при што еден од нив се обидел ѝ физички да ја нападне, но бил спречен од ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Мајчин дом, по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија. – Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова ...
Со сослушување на двајца сведоци – полициски службеници од Кочани предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против тројцата обвинети полицајци за постапувањето при контролите во дискотеката „Пулс“. Станува збор за случај поврзан со трагичниот пожар од 16 март минатата година, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Еден од сведоците, Борче Иванов, вработен во МВР како главен советник во ...
На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и ...
Според извештаите на корисниците на глобалните сервиси за следење на состојбата на интернетот, социјалната мрежа Facebook во моментов се соочува со одредени технички потешкотии. Платформата, која е во сопственост на компанијата Meta, служи како клучна точка за поврзување на милијарди луѓе ширум светот преку својата веб-страница и мобилните апликации. На што се жалат корисниците? Иако проблемите не се исти кај сите, најчестите поплаки се ...
Тажна вест доаѓа од Белорусија, каде што на 51-годишна возраст почина Едуард Кокшаров – поранешен тренер и долгогодишен спортски директор на ракометниот клуб Вардар. Информацијата ја соопшти клубот Мешков Брест, каде што Кокшаров ја извршуваше тренерската функција до неговата ненадејна смрт. Кокшаров остави значаен белег во Вардар, каде што покрај директорската улога, една сезона беше и тренер на тимот. Тој беше дел од најголемите успеси на ...
Внатрешната контрола при Министерството за внатрешни работи утврдила сериозни пропусти во постапувањето на 39 полициски службеници во случајот со Ивана, која заедно со својата малолетна ќерка трагично го загуби животот по пад од зграда. Од МВР информираат дека констатираните неправилности се однесуваат на начинот на постапување по претходно пријавено семејно насилство во семејството. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и ...
Министерот за правда Игор Филков заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ ) го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%. Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази: 7%зголемување ...
Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. Министерството за внатрешни работи продолжува да ...
Граѓанската иницијатива „О.К. Млади“ повика на масовен протест кој ќе се одржи во петок со почеток во 12 часот пред бараките на Град Скопје, во Градскиот парк. Според најавата, протестите ќе продолжат и во наредните денови. Од иницијативата велат дека повод за протестот е, како што наведуваат, „отфрлањето на концептот ‘Скопје што се грижи’“ и смената на луѓе кои, според нив, со години работеле на воспоставување систем за заштита и грижа. „Ова ...
На 30.03.2026 во 18:30 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Љ.Ѓ.(39) од Гостивар. При претреси во неговиот дом и помошни простории на ул. „Балиндолска“ и во негов стан на ул.„Илинденска“, извршени со судска наредба, пронајдени се и одземени 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња муниција од различен калибар, еден сигнален пиштол, патрони за ловечка пушка и една воздушна ...
Италија одби да им даде дозвола на САД за користење на воздухопловната база Сигонела на Сицилија пред неколку дена, соопштија информирани извори, потврдувајќи го извештајот на весникот „Ил Кориере дела Сера“. Министерот за одбрана Гвидо Кросето ја донесе одлуката откако италијанските власти дознаа за план за лет на неколку американски авиони, кој вклучуваше слетување во Сигонела, а потоа полетување за Блискиот Исток, соопштија изворите, ...
Со сослушување на сведоци предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против тројцата полициски службеници од Кочани, обвинети за постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот од постапката, обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни по обвинението, кое се однесува на нивното дејствување за време на контролите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во овој објект, на 16 ...
Дива мечка синоќа била забележана на паркинг простор во Ростуше, што предизвикало вознемиреност кај локалните жители. Според сведоштва на очевидци, животното се движело во близина на паркирани возила, по што неколку кучиња почнале да лаат и да ја бркаат. Под нивен притисок, мечката се повлекла од местото. Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. Од Националниот парк Маврово апелираат граѓаните да бидат ...
На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, осуденикот А.Ф.(34) од прилепско, физички го нападнал осуденикот Ф.С.(45) од Прилеп и притоа употребил остар предмет, нанесувајќи му повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено – ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати директно предупредување до Техеран, нагласувајќи дека некои од претходните ирански лидери се елиминирани поради „завлекување на САД во преговорите“ и нечесност. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, во последната изјава посочи дека сегашниот ирански режим има „историска шанса“ да постапи правилно. „Некои веќе не се на планетата Земја“ Според Ливит, острите чекори на Трамп ...
Во период кога енергетските пазари се соочуваат со чести ценовни осцилации, геополитички влијанија и неизвесност во снабдувањето, за компаниите прашањето на избор на снабдувач со електрична енергија станува сè поважно. Во такви услови, бизнисите не бараат само пониска цена – тие бараат сигурност, предвидливост и партнер кој добро го разбира функционирањето на енергетскиот пазар. Енергетските кризи од изминатите години покажаа дека стабилноста ...
Од среда, 1 април 2026 година, на обиколницата околу Белград стапува на сила задолжителна електронска наплата на патарина за возила од IV категорија (тешки товарни возила). Наплатата ќе се врши исклучиво преку софистициран систем без бариери. Ценовник по делници (насока А и Б) Цените се движат од 120 до 480 динари, во зависност од поминатата делница: Важни информации за плаќањето: Само преку ТАГ уред ЈП „Патишта Србија“ (Putevi Srbije) ...
Белата куќа денес ги бранеше молитвите за американските трупи вклучени во војната во Иран откако папата Лав XIV предупреди дека Бог ги отфрла молитвите на „оние што војуваат“. „Не мислам дека има нешто лошо во тоа што нашите воени лидери или претседателот бараат од американскиот народ да се моли за нашите војници и за оние што ѝ служат на нашата земја во странство“, изјави портпаролката Каролин Ливит пред новинарите кога беа прашани за ...
На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...