Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Велика Британија денес вети дека ќе издвои 850 милиони фунти, или 965 милиони евра, за меѓународна иницијатива за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Тоа претставува намалување од 15 проценти во однос на претходната обврска, бидејќи нацијата се бори со намален буџет, објави Ројтерс. Велика Британија, историски голем донатор на Глобалниот фонд со седиште во Женева, како и другите големи нации, го намали својот буџет за помош за да ...
Државниот инспекторат на Република Хрватска ги информира потрошувачите за повлекувањето на производот SCHANI KASOORI METHI LEAVES (сушени листови од пискавица), 100 g, број на ЛОТ 11/KM, најдобро до 30.11.2026 година, поради покачени нивоа на пестицидот хлорпирифос. Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 396/2005 за максимални нивоа на остатоци од пестициди во или на храната и добиточната храна од растително и ...
Македонски лекар, вработен на Воено-медицинската академија во Софија, се соочува со можност за затворска казна до пет години, откако со својот автомобил прегазил куче — маалски миленик во еден дел од бугарската престолнина. На социјалните мрежи се појавија снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот на инцидентот. На нив се гледа како возачот го прегазува кучето, излегува од автомобилот за да го погледне, а потоа повторно се враќа во ...
Новoотворениот мост во кинеската провинција Сечуан делумно се срушил, но сè уште не е познато дали има жртви. Дел од приодот кон мостот Хонгќи и дел од конструкцијата се урнале и предизвикале свлечишта, пренесува „Ројтерс“. Мостот, долг 748 метри, е дел од државниот автопат кој ја поврзува провинцијата со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради големото количество врнежи. The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has ...
Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека денеска ќе потпише одлука за формирање стручна комисија во врска со случајот со 37-годишната пациентка со Кронова болест. Како што претходно објавија медиуми, пациентката починала пред осум дена, откако била испуштена од болница по две направени операции на Клиниката за дигестивна хирургија. Комисијата, според министерот, треба „да утврди од клиничка гледна точка што се случило со пациентот“. ...
Со паролата „Не го даваме Генералштабот“, денеска во центарот на Белград се одржа протест на повеќе илјади студенти и граѓани под името „Ние сме жив ѕид“. Тие испратија порака дека „нема мирно да го гледаат“ уривањето на тој комплекс и „газењето на Уставот и законот“. Собраните на протестот бараа укинување на lex specialis врз комплексот на Генералштабот и враќање на статусот на културно добро на таа зграда. Естела Радоњиќ Живков, конзерватор во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе именува повереници во општините каде што ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори. Оваа одлука ќе следи откако Владата ќе добие официјално известување од Државната изборна комисија (ДИК). Станува збор за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Во овие четири општини не беше постигнат потребниот цензус за излезност во вториот круг од локалните избори. ...
Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6,1% во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика. Во септември оваа година биле издадени вкупно 314 одобренија за градење. Сепак, и покрај зголемениот број на дозволи, предвидената вредност на објектите бележи пад. Таа изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5,2% помалку во споредба со ...
Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, соопшти турското Министерство за одбрана, пишува АП њуз . Министерството објави на социјалните мрежи дека авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и е на пат назад кон Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле на бродот. Започната е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопшти ...
Стратешките резерви на гориво на Бугарија во домашните складишта траат околу еден месец, изјави шефот на Агенцијата за државни резерви, Асен Асенов, истакнувајќи дека околу половина се складира во странство. Стратешките залихи на бензин во домашните магацини се доволни за околу 35 дена, а залихите на дизел за повеќе од 50 дена, рече Асенов во интервју за телевизијата bTV, според извештајот на Бугарската новинска агенција. Бугарија во моментов ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска е во работна посета на Општина Ресен, каде оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните. Во фокусот на разговорите беа локалните проблеми, при што особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Беше акцентирана и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат значителни ...
Намалување на бројот на повреди и заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети за управување и обезбедување услуги во оваа област, е клучната цел на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Проектот, чија ...
Транзицијата на власта во Град Скопје е проследена со тешки меѓусебни обвинувања, откако новиот и поранешниот градоначалник се судрија околу финансиската состојба и долговите на градот. Новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски тврди дека затекнал долг од над 300 милиони евра, додека неговата претходничка Данела Арсовска го обвинува за лажење и политички реваншизам. Во јавната пресметка се вклучи и Јавното обвинителство, кое го повика Ѓорѓиевски да ...
Иако сè уште нема официјална потврда кога ќе се спроведе, реконструкцијата на Владата е неопходна, велат коалициските партнери во извршната власт. Се очекува да бидат сменети околу една третина од министрите. Телевизија 21 неофицијално дознава од извори во Владата дека ќе има замени на министри и од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и од коалицијата ВЛЕН, и од ЗНАМ, а причината се најслабите резултати во ресорите. Според информациите на ТВ21, на неколку ...
Во австриските алпски региони започнува најпрометниот период од годината: зимската сезона е пред врата, а скијачките центри се подготвуваат за прилив на туристи од целиот свет, пишува „Heute.at“. Но, додека подготовките се во полн ек, многу хотели и угостители се во голем проблем бидејќи не можат да најдат персонал за врвот на сезоната. Според австриските медиуми, во моментов постои вистинска борба за секој вработен во секторот, а особено е ...
Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, ќе го одигра својот последен домашен натпревар за оваа година, а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи да ги почести навивачите. Натпреварот, кој ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 18:00 часот, е контролен дуел против селекцијата на Летонија. ФФМ ја информираше јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи. „Ова е наш начин ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој лично побарал од Министерството за финансии да ја стопира исплатата на парите од ИПАРД. Причината, како што наведе, е да се истражат сите злоупотреби, бидејќи постоеле сомнежи дека тие не се случувале само сега, туку и во минатото. На прашањето дали ЕУ ги блокирала парите, премиерот рече дека тие не се блокирани, туку дека акцијата е поздравена како позитивна од страна на Европската комисија. ...
Истрагата за полициските службеници поврзана со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која првично требаше да заврши до крајот на септември, е пролонгирана поради потребата од сослушување на повеќе сведоци. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека најверојатно на почетокот на следниот месец ќе биде донесена и јавнообвинителската одлука. Во врска со предистрагата што се води против службеници на Управата за јавни приходи, ...
На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.Б.(40) од село Габревци, Љ.М.(64) од село Долни Липовиќ, М.Д.(50) од село Габревци, В.Р.(52) од село Ракитец, М.М.(67) од село Ракитец, С.Р.(34) од село Ракитец, Г.Р.(69) од село Ракитец, В.И.(48) од село Ракитец, В.Н.(72) од село Долни Липовиќ, Г.К.(51) од село Дедино и Ј.Б.(47) од село Габревци, сите во општина Конче. Лишените од слобода, заедно со Ј.П.(46) ...
На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари. Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се ...
Од СДСМ велат дека премиерот Христијан Мицкоски лаже со својата изјава околу ИПАРД средствата. „Смешни се изјавите на Христијан Мицкоски дека наводно по негово барање биле стопирани исплатите од ИПАРД 3. Исплатите од ИПАРД не може, ниту законски, ниту процедурно, да ги стопира ниту претседател на влада, ниту министер, ниту партија. Тоа го прави Националниот овластен службеник за авторизација (НОА), институција што делува во рамки на ...
Во сабота (15 март) родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани најавија уште еден протестен „Марш на ангелите“. Овој пат наместо во Кочани, истиот ќе се одржи во Скопје. Почетокот е закажан за во 12:05 часот на плоштад „Македонија“, од каде ќе продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Основниот Кривичен суд. „Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, ...
Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ја следи судската постапка поврзана со трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Основниот кривичен суд го закажа почетокот на главната расправа за 19 ноември, во судницата на Казнено-поправната установа „Идризово“. Обвинителниот акт опфаќа 34 лица и три правни субјекти, меѓу кои поранешни министри, градоначалници, ...
Дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје не бил пријавен за лет во Агенцијата за цивилно воздухопловство, објави истражувачкиот портал „Призма“, повикувајќи се на јавно достапните податоци на институцијата. Според правилата, секое летало што лета на македонското небо мора да биде претходно регистрирано, а летот најавен во системот. Меѓутоа, вечерта на 6 ноември, кога започна акцијата за чистење пред спортскиот ...
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека наодите од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата целосно се совпаѓаат со реалната состојба во обвинителството – недостиг на човечки и материјални ресурси. „Тоа се фактите. Недостасуваат човечки и материјални ресурси. Она што го констатирала Европската комисија е и наше видување“, рече Коцевски, коментирајќи го извештајот. Тој потенцира дека за ефикасна борба против ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска по новинарско прашање негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Тој потенцира дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства. „Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија“, вели Мицкоски. Како што вели, тој самиот побарал да се ...
Значително нарушување на поларниот вртлог е на прагот да започне поради невообичаено рано и ненадејно затоплување на стратосферата. Прогнозите покажуваат колапс на поларната циркулација во втората половина од месецот, со студено време и снег во Соединетите Американски Држави и Канада, но со помалку јасни влијанија врз Европа засега, пишува Severe Weather. Поларниот вртлог обично е чувар на студот, држејќи го во поларните региони кога е силен. ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да ...
Владата ќе именува повереници во општините каде ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори откако ќе добие известување од Државната изборна комисија, рече премиерот Христијан Мицкоски. Како што вели, тоа ќе биде согласно закон. „Апсолутно дека тоа ќе го направиме согласно закон, а за тоа да го направиме треба прво да добиеме известување од Државната изборна комисија (ДИК) дека изборите се завршени и дека во тие четири општини изборите се ...
Црноморскиот брег на Туркије неодамна беше вклучен на престижната листа „BEST OF THE WORLD 2026“ на глобално познатиот и реномиран медиумски бренд за патувања, природа и култура National Geographic. Ваквото признание има големо значење за овој регион во Северна Туркије, претставувајќи го како алтернатива за патници што бараат авантура и сакаат да ја доживеат автентичната турска култура, далеку од метежот на познатите туристички места. BEST OF ...