Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните. На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz ...
Денеска се монтира главната новогодишна елка и првите новогодишни украси на плоштад „Македонија“. Со ова официјално се најавува доаѓањето на празничната сезона. Градските власти забрзано работат на украсување на централното подрачје за да создадат вистинска предновогодишна атмосфера за граѓаните и посетителите. Како што може да се види од терен, градежни екипи веќе ја поставуваат големата новогодишна елка на плоштадот, а околу неа веќе се ...
Апелациониот суд Скопје ја зголеми затворската казна за Васил Јованов на 13 години, по сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова. Судот ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја одби жалбата на обвинетиот, со што првостепената пресуда е преиначена во делот на казната. Јованов претходно беше осуден на 12 години затвор за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во ...
На 14.12.2025 околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во штала во с.Арнакија, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З.(24), Л.З.(21) и Р.З.(59), од една страна и А.З.(63), С.З.(30) и Б.З.(35) од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Р.З., додека со повреди се здобиле М.З. и Б.З., констатирани во ...
Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најверојатно ќе се најде на утрешната собраниска седница. Ова го истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите при што рече дека дополнување на дневниот ред со оваа точка ќе се направи уште денеска за веднаш потоа да биде известен и Коцевски за седницата. Коцевски ќе треба да се произнесе дали ќе присуствува и ќе се обрати на ...
Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека на поранешната обвинителка, правосилно осудена во предметот познат како „Рекет“, ѝ е одобрен условен отпуст од издржување на затворската казна. Како што соопшти Судот, Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје на 12 декември 2024 година, постапувајќи по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена во предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа барањето за условен отпуст. ...
Граничните премини кон Македонија и Бугарија повторно се блокирани поради протестите на грчките земјоделци, кои продолжуваат со засилените активности низ цела Грција. Според најавите, граничниот премин Евзони кон нашата земја денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај на сите возила во два термина – од 12 до 16 часот по локално време и повторно од 18 часот попладне. Дополнително, на граничниот премин Ники, исто така кон Македонија, ...
Учениците од средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово денес протестираат против лажните дојави за бомби што континуирано. Учениците велат дека им е нанесена штета откако биле принудени да ја прекинат наставата дури 8 пати по ред поради овие дојави. Тие бараат од органите за спроведување на законот да преземат мерки. „Со непродолжувањето на наставата, најголемата штета паѓа врз факторот ученик, што е неприфатливо од наша страна. Бараме од ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) сè уште ја нема финализирано јавнообвинителската одлука за полициските службеници инволвирани во пропустите околу кочанската дискотека „Пулс“. Причината е од процедурална природа. Од Обвинителството појаснуваат дека иако истражните дејствија се при крај, процесот моментално е во фаза на доставување на известувања до осомничените дека истрагата е завршена. ...
Доналд Трамп помладиот, син на американскиот претседател Доналд Трамп, сподели една од објавите што се појавија на X по вчерашниот терористички напад на плажата Бонди во Сиднеј. Оригиналната објава содржеше фотографии од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и терористот Навид Акрам. „На еден од овие мажи му е забранет влез во Австралија“, се вели во пораката. Трамп помладиот ја сподели објавата, пишувајќи: „Неверојатен твит. Толку тажен. Толку ...
Бугарија бара од Европскиот парламент одземање на пратеничкиот имунитет на европратеникот Илхан Ќучук. Барањето е врз основа на тужба што против него ја покренал еден од неговите локални асистенти. Се очекува ваквото барање да биде разгледано за време на сесијата на Европарламентот, што почнува доцна попладнево во Стразбур. Барањето пак треба да биде прво разгледано од Комитетот за правни прашања на Европарламентот (ЈУРИ), чиј претседател е ...
Режисерот и актер Роб Рајнер и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивната вила во Калифорнија, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава од член на семејството. „Со длабока тага ја објавуваме трагичната смрт на Мишел и Роб Рајнер. Скршени сме од оваа ненадејна загуба и ве молиме за приватност во ова неверојатно тешко време“, рече изворот. Истрагата за случајот им е доверена на детективи од одделот за грабежи и убиства. Се верува дека ...
Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања. Оваа вест ја објави градоначалникот Иван Јорданов. „Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните ...
Двајца пријатели, на возраст од 45 и 38 години, трагично ги загубија животите во сообраќајна несреќа на Централниот брег на Нов Јужен Велс, враќајќи се дома од концертот на Лејди Гага во Сиднеј рано вчера наутро. Итните служби беа повикани на Пацифичкиот автопат во близина на Вадалба околу 2:15 часот по полноќ по пријавите за челен судир помеѓу Мерцедес и Киа, објави 9News. Првичните извештаи сугерираат дека Мерцедесот, управуван од 49-годишен ...
Нa растојание од околу 880 светлосни години, една светлечка егзопланета полека ја исфрла својата атмосфера во вселената, создавајќи две џиновски хелиумски опашки кои се протегаат повеќе од половина пат околу нејзината матична ѕвезда. Ова е прв пат да се забележи ваков призор, а откритието е објавено во нова студија заснована на податоци од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, пишува ScienceAlert. Во центарот на истражувањето е WASP-121b, позната и ...
Патнички авион на „ЏетБлу“ беше принуден да го прекине искачувањето во петокот за да избегне судир со танкер на американските воздухопловни сили над Карибите, при што пилотот ја обвини опасната ситуација на воен авион што му го пресекол патот. Инцидентот се случил на летот 1112 од карипскиот остров Курасао, кој се наоѓа покрај брегот на Венецуела, до аеродромот ЏФК во Њујорк, објави АП њуз. Во снимен разговор со контролата на летање, пилотот на ...
На Меѓународниот аеродром „Скопје“ од денеска стартува новата авиолинија од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“. Новитетот е дел од пакетот проширувања што го најави претходно Владата. Првиот лет од Скопје до Прага денеска официјално ќе биде промовиран, а ќе се реализира трипати во неделата, односно во понеделник, среда и петок. Оваа авиолинија уште во јули годинава ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, ...
Полицијата уапси осомничен по пукотницата на Универзитетот Браун во Провиденс, во која загинаа двајца студенти, а девет беа ранети. Улиците околу кампусот во главниот град на државата Род Ајленд беа блокирани и полни со возила за итни случаи со часови по пукотницата, а полицајците ја зголемија безбедноста низ целиот град додека полицијата продолжуваше со потрагата. Локалните власти објавија видео од осомничениот напаѓач како ја напушта зградата ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека утре ќе биде објавено новото партиско раководство, откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото досегашно раководство на партијата. Во изјава за централниот дневник на телевизија „Сител“, Филипче истакна дека списокот со имињата на новите функционери е веќе подготвен и дека новиот тим ќе претставува спој на искусни кадри и млади луѓе. „Ќе се избере новото партиско раководство ...
Автобус што превезувал ученици на средношколска екскурзија паднал во клисура длабока 80 метри во Колумбија. „Повеќе од десетина луѓе“ загинале, според гувернерот на регионот Антиокија во северозападната јужноамериканска земја. Околу 20 лица се повредени. Без да наведат извори, медиумите објавија најмалку 16 смртни случаи. Учениците од 11-та и последна година се враќале од одмор на плажа на карипскиот брег во Бело, во близина на Меделин, кога се ...
Терористички напад се случи на плажата Бонди во Сиднеј каде татко и син убија 16 лица. Според информациите, еден од загинатите е и фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден, 27-годишниот Ден Елкајам. „Со екстремен шок и така соопштуваме дека нашиот фудбалер на Рокдејл Илинден фудбалскиот клуб, Ден Елкајам,беше жртва на страшните, трагични и бесчуствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025. Ден ...
Во саботата рано наутро во ресторан на Банхофштрасе во Романсхорн се случила тепачка, при што неколку лица биле повредени. Според кантонската полиција Тургау, инцидентот започнал околу 4:00 часот наутро кога избувнала тепачка меѓу две групи во ресторан на Банхофштрасе. На местото на настанот биле повикани неколку патроли од кантонската полиција Тургау за да воспостават ред. Двајца 41-годишни мажи и еден 43-годишен маж од Македонија се здобиле со ...
Граѓаните на Македонија покажаа огромен интерес за вложување во државни хартии од вредност. На последната аукција, Министерството за финансии продаде двегодишни граѓански обврзници во вредност од 2,03 милијарди денари (околу 33 милиони евра), што е далеку над првично планираната сума од 100 милиони денари. Овој резултат покажува дека побарувачката ја надминала понудата за неверојатни 20 пати, и покрај тоа што каматната стапка е пониска во ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес предложи построги национални закони за оружје по пукањето на забавата за Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во која во неделата загинаа 16 лица. Албанезе рече дека ќе предложи нови ограничувања, вклучително и ограничување на бројот на оружје што може да го поседува лиценциран сопственик. Неговите предлози беа објавени откако властите открија дека постариот од двајцата вооружени лица, татко и син, ...
Минусни температури низ цела Македонија, а најстудено било во Скопје-Петровец и Берово каде се измерени -6 степени. -5 степени има во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, Струмица, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Штип, Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес, Mаврови Анови, -1 во Претор, Виница, 1 Гевгелија, Kрушево, Попова Шапка. Во утринските и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе ...
Светските лидери го изразија својот ужас од терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, во кој вчера загинаа најмалку 16 лица. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху отиде чекор понатаму, директно обвинувајќи ја австралиската влада за неуспеси во борбата против антисемитизмот што, според него, довело до трагедијата, пишува The Guardian. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека му пишал на својот австралиски колега Ентони Албанезе ...
Веднаш по масакрот на плажа во Австралија, на социјалните мрежи почна да кружи видео од маж како невооружен се приближува до еден од напаѓачите и му го грабнува пиштолот, кој потоа го користел за да отвори оган врз луѓе на плажата Бонди во Сиднеј. Мажот, случаен минувач, е идентификуван како 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, а многумина го нарекуваат херој. На видеото, кое беше потврдено од Би-Би-Си, Ахмед трча кон напаѓачот, кој е свртен со грб, и ...
Смртоносниот терористички напад на плажата Бонди и херојските постапки на очевидците како одговор беа вести на насловните страници низ целиот свет во понеделник наутро. Здравството на Нов Јужен Велс објави ажурирање за жртвите од пукањето во Бонди во Австралија кои добиваат медицинска нега. Во нападот загинаа 16 лица, а 27 пациенти се лекуваат од повредите во неколку болници во Сиднеј. Најновото ажурирање е дека 15 пациенти се во стабилна ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3. Според досегашните податоци со кои ...
Полицијата на нов Јужен Велс потврди дека 16 лица се убиени, вклучувајќи еден напаѓач, во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј. Вториот напаѓач е во критична состојба. Напаѓачите се татко и син. 40 лица се повредени. На плажата Бонди се одржуваше настан по повод првиот ден од еврејскиот празник Ханука. Нападот е официјално прогласен за терористички инцидент. Бери, кој присуствувал на настан за Ханука на плажа, го опишал пукањето за Би-Би-Си. Тој ...