Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Украинскиот тенисер Виталиј Сачко го елиминираше Дамир Џумхур од турнирот во Минхен. Босанско-херцеговскиот тенисер Дамир Џумхур беше „исчистен“ во квалификациите за АТП Минхен Серија 500 од Украинецот Виталиј Сачко. Сачко го победи Џумхур со 2-0 во сетови, поточно, беше 7:5, 6:4 за Украинецот, па 180-тиот играч во светот го нокаутира 81-от играч на АТП листата. На Сачко му беа потребни еден час и 43 минути за да го совлада Џумхур и да ...
Фотографија од репрезентацијата на Уганда до 15 години брзо се шири на социјалните мрежи, а причината е многу јасна. Речиси никој од корисниците не верува дека играчите на фотографијата навистина имаат помалку од 15 години. Фотографијата е направена пред натпреварот на турнирот „CAF Schools“ (школски турнир организиран од Конфедерацијата на африкански фудбал), кој се одржува во Зимбабве. Играчите во црвено-жолтите дресови на Уганда позираа ...
Полициски службеници од Полициското одделение Камењане, синоќа на локалниот пат кон с.Камењане запреле возило управувано од 19 – годишник без дозвола, а по пронаоѓање на куче во багажниот простор повредено во борби со кучиња, бил приведен заедно со двајцата сопатници малолетници. -На 10.04.2026 во 22:00 часот на локалниот пат кон с.Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане запреле патничко моторно возило „голф“ со ...
Малолетници проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција во Неготино, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Рано изутрина во 00:05 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години од овој град. Кога ги забележале полициските службеници, двајцата малолетници проголтале бела грутчеста материја, што подоцна ја исфрлиле од устата и им ...
Унгарците во недела гласаат на значајните парламентарни избори кои внимателно се следат во Европската Унија, САД и Русија, но и пошироко, а анкетите покажуваат дека премиерот Виктор Орбан и неговата националистичка партија Фидес ќе ја изгубат власта по 16 години, пишува Ројтерс. Орбан би можел да ги изгуби изборите од централно-десничарската, проевропска партија Тиса, предводена од поранешниот негов сојузник и обожавател, Петер Маѓар. ...
Педесет и пет годишна скопјанка е тешко повредена откако била удрена од тротинет на бул. „Партизански одреди“ во Скопје. – Во СВР Скопје вчера во 16 часот е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ ...
Три возила се опожарени ноќеска на подрачјето на Бит Пазар, соопшти МВР. -На 11.04.2026 во 04:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје настанал пожар во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.М.(58) од Скопје. Од пожарот се зафатени и патничко возило „бмв“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со скопски регистарски ознаки, наведуваат од МВР. Од Бригадата за ...
Граѓаните секојдневно се соочуваат со сè повисоки цени и празни фрижидери. Јајцата и јагнешкото месо се прескапи, трпезите пред Велигден се поскромни од кога било, а семејствата едвај врзуваат крај со крај. Наместо конкретни мерки за намалување на цените и заштита на стандардот, ВМРО ОКГ нуди – дефокус, сега со Дака. Сите знаат дека Божиновска ја стави фирмата на Дака во бизнис план за енергетика на Владата на Мицкоски. И ВМРО ОКГ и ...
Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово, рече на прес конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година. 4 милиони евра заработил Заев за да му ...
Очекуваме на следната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цената на дизелот за 2,5 денари, а на бенизните Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, рече денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицксоки. Како што посочи, максималната цена за Еуросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, 84 денари на Еуросупер 98, а на дизелот 95,5 денари за литар, без попустите од ОКТА од ...
Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, наводно се опоравува од тешки повреди на лицето и нозете здобиени во воздушниот напад врз комплексот на Врховниот лидер во Техеран, во кој беше убиен неговиот татко и претходник Али Хамнеи, објави Ројтерс. Според изворите, кои не се независно потврдени, Хамнеи бил ранет на почетокот на војната на 28 февруари, и оттогаш не е виден во јавноста, ниту пак се објавени негови фотографии или ...
По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што информираат од МВР во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во ...
Албанскиот премиер Еди Рама, ги отфрли тврдењата на лидерот на опозицијата, Сали Бериша, за блокади од 9 земји членки на Европската унија, додавајќи дека очекува позитивен развој во процесот на европска интеграција на земјата до мај. -Вето става една држава. Ако се девет, тоа не е вето, туку гласање. До крајот на април или почетокот на мај ќе се види вистината, порача Рама, директно обвинувајќи го Бериша, дека шири неточни информации за ...
Полициски службеници од ОВР Делчево во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток вчера во 19:30 часот во Делчево го лишиле од слобода А.К. (48) од Делчево, во чиј дом била пронајдена дрога и огревно дрво без документација. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со бела грутчеста ...
Иран сè уште има илјадници балистички ракети и ја задржува можноста да реактивира и распореди дел од системите за лансирање од подземно складиште, според американските претставници запознаени со проценките на американските разузнавачки служби, објави „Волстрит џурнал“. Според тие проценки, ракетниот арсенал на Иран е значително намален за време на конфликтот, но сè уште вклучува повеќе од 1.000 ракети со среден дострел, додека некои лансери ...
Краткото велигденско примирје меѓу Украина и Русија, објавено од рускиот претседател Владимир Путин во четврток и прифатено од украинскиот претседател Володимир Зеленски, треба да започне во сабота попладне, бидејќи дипломатските напори на САД за ставање крај на војната се намалија. Кремљ соопшти дека примирјето ќе стапи на сила во 16 часот (15 часот по средноевропско време) во сабота и ќе трае до крајот на неделата, период од 32 часа. На ...
Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот ...
Американскиот тим што денес ќе води преговори со Иран е составен од добро познати лица. Се очекува делегацијата да ја предводи потпретседателот Џ.Д. Венс, а ќе бидат вклучени и пратеникот за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Виткоф и Кушнер, кои учествуваа во разговорите за завршување на војната во Украина, беа вклучени и во преговорите за нуклеарната програма на Иран. Тие преговори беа прекинати кога САД и ...
Американските разузнавачки служби имаат информации дека Кина се подготвува да испорача нови системи за воздушна одбрана на Иран во следните неколку недели, според три извори запознаени со најновите проценки. Овој потег би бил провокативен со оглед на тоа што Пекинг тврди дека помогнал во посредувањето за кревко примирје кое ја запре војната меѓу Иран и САД претходно оваа недела. Покрај тоа, претседателот Доналд Трамп треба да ја посети Кина ...
Земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, е регистриран ноќеска во 00:22 минути од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV ...
Капсулата „Артемис 2“, со четири лица, помина низ Земјината атмосфера и безбедно слета во Тихиот Океан по речиси 10 дена во вселената, со што го заврши првото патување со екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век. Капсулата „Орион“ на НАСА нежно се спушти во океанот покрај брегот на Калифорнија кратко по 17 часот по локално време, со што заврши мисијата во која четири астронаути патуваа подлабоко во вселената од кој било ...
Бен Афлек и Џенифер Лопез презедоа нови правни чекори во врска со нивниот имот по разводот, а судските документи укажуваат дека актерот се откажал од целиот свој удел во нивната вила во Беверли Хилс. Поранешните сопружници го купија пространиот имот вреден речиси 61 милион долари во мај 2023 година и се обидуваат да го продадат од јули 2024 година, кратко пред Лопез да поднесе барање за развод. Според правните документи, поранешната двојка ...
Том Харди неодамна беше забележан како ужива на одмор на Барбадос со сопругата Шарлот Рајли, а фотографиите од двојката на плажа привлекоа големо внимание на интернет. Познат по физички напорните улоги во филмови како “Mad Max: Fury Road”, “The Dark Knight Rises” i “Venom”, Харди често се поврзува со извајана фигура на екранот. Сепак, фотографиите од одморот на Карибите покажаа дека се здебелил неколку килограми. Oh 😌 ...
Контроверзниот коментатор Алекс Џонс тврди дека Меланија Трамп го напушта својот сопруг Доналд затоа што „знае дека бродот тоне“. Melania Trump just contradicted her husband and said that the Epstein case cover-up is real and needs to be investigated. In the below report, I respond to President Trump’s unprecedented attack against myself and his other former top supporters.. https://t.co/ufqKs7ghv6 pic.twitter.com/ei9oXXF1gZ — Alex Jones ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина „апсолутно нема да толерира“ независноста на кинескиот регион Тајван, оценувајќи дека тој е главен извор на тензии во Тајванскиот теснец. Си Џинпинг му ја пренесе пораката на лидерот на опозициската партија Куоминтанг (КМТ) на Тајван, Ченг Ли-Вун, за време на состанокот во Пекинг, каде што повика на зајакнување на политичката доверба и напредок кон „повторно обединување“, објави Ројтерс. Си, ...
Членките на НАТО немаат обврска да им помагаат на САД и Израел во војна со Иран, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат откако американскиот претседател Доналд Трамп им даде ултиматум на сојузниците да најдат решение за повторно отворање на Ормутскиот теснец во рок од неколку дена, објави „Еуроњуз“. Трамп му го постави ултиматумот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на неговата посета на Вашингтон. Руте е таму за ...
Противниците на сегашната унгарска влада се решени да сторат сè што можат за да ја преземат власта, изјави премиерот Виктор Орбан. – Нашите противници нема да запрат пред ништо за да дојдат на власт. Тие флертуваат со странски разузнавачки агенции. Тие им се закануваат на нашите поддржувачи со одмазда. Тие изнесуваат лажни обвинувања, зборуваат за местење на изборите дури и пред да се одржат. Тие организираат протести и немири дури и пред ...
Институтот за проучување на војната (ISW) во Вашингтон верува дека Иран презема чекори за да ја одржи контролата врз поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец и со тоа да изврши притисок врз САД. – Ефектот од ова е дека цените на нафтата ќе останат високи, така што Иран ќе влезе во претстојните преговори со САД со поголема предност за да извлече отстапки – се вели во извештајот на ISW. Се наведува дека иранските претставници изјавиле дека ...
Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека единственото решение за ситуацијата со која се соочува Либан е прекин на огнот со Израел што би довело до директни разговори меѓу двете земји, соопшти неговиот кабинет. Аун рече дека предлогот на Либан за прекин на огнот и разговорите почнува да добива позитивни реакции во меѓународните кругови, објави „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека Либан продолжува да води меѓународни разговори за ова ...
Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес изјави дека западните биолаборатории лоцирани во Украина произведуваат компоненти на биолошко оружје, и дека доказите за тоа се добиени за време на специјална воена операција. – Ваквите ризици се исклучително сериозни и целосно неприфатливи за Русија, нагласи Медведев на состанокот на меѓуресорската комисија за борба против современите закани за биолошка ...