Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека политичките промени во Унгарија претставуваат историска победа на демократијата и јасен сигнал дека завршува ерата на автократските режими во регионот. „Граѓаните на Унгарија јасно порачаа дека им е доста од автократијата. Ова е победа на демократијата над авторитаризмот, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата“, ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг објави предлог од четири точки за постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток, објавија кинеските државни медиуми. Предлогот вклучува почитување на принципот на мирен соживот, почитување на националниот суверенитет, почитување на меѓународното право и хармонизирање на развојот и безбедноста, според новинската агенција Синхуа. Си го даде предлогот за време на состанокот во Пекинг со еден од клучните ...

САД и Иран се подготвуваат да се вратат во Пакистан за нова рунда мировни преговори, објави Ројтерс, повикувајќи се на четири извори. Според извештаите, преговарачките тимови од двете страни треба да се состанат во Исламабад подоцна оваа недела за да ги продолжат разговорите по неуспешната прва рунда. Претходните разговори во Пакистан завршија без договор по неколкучасовни разговори, но двете страни ја оставија вратата отворена за ...

Сообраќајна несреќа се случила вчера попладне во Охрид, кога возач удрил пешак и го напуштил местото на несреќата, по што бил пронајден и лишен од слобода. Според информациите од МВР, настанот бил пријавен во 16:05 часот во СВР Охрид, а се случил на улицата „Кленоец“. Патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот З.Ј. од село Горно Лакочереј, удрило во 55-годишниот пешак А.Н. од село Свиништа. По ...

Цената на нафтата малку падна, но тоа е значајно поместување, пишува Гардијан: повторно под 100 долари за барел. Падот е помал од 1%, но секоја цена под тој психолошки праг во моментов се смета за добра вест, додаваат тие. Барел сурова нафта од типот Брент сега вреди околу 98,50 долари, откако вчера достигна 103,65 долари поради веста за блокадата на Ормутскиот теснец од страна на САД, клучен пат за транспорт на фосилни горива. Падот се ...

Кина и Шпанија ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време кога меѓународниот поредок „се распаѓа“, изјави претседателот Си Џинпинг во коментарите за време на состанокот со премиерот Педро Санчез во Пекинг. Посетата на Санчез доаѓа во време кога многу западни влади се обидуваат да ги одржат врските со Пекинг и покрај долгогодишните безбедносни и трговски тензии, додека расте немирот поради ...

Американската поморска блокада на иранските пристаништа стапи на сила, како што објави Доналд Трамп, откако разговорите со Иран во Пакистан за мировен договор пропаднаа. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, ја обвини иранската влада за економски тероризам поради блокирање на сообраќајот низ Ормутскиот теснец. Во разговор за „Фокс њуз“ со Брет Бајер, Венс рече дека претседателот Доналд Трамп покажал дека и другата страна може да ја игра таа ...

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и Иран, ситуацијата е опишана како состојба без војна, но и без мир – кревко примирје. Ситуацијата во Ормутскиот теснец е од клучно значење. Иранските власти јасно го искажаа својот став: од една страна, тие велат дека се решени да ја обезбедат безбедноста на теснецот, а од друга страна, дека на бродовите поврзани со ...

Израел почна со одбележување на Денот на сеќавањето на холокаустот, при што главната комеморација во Јад Вашем беше претходно снимена поради тековните непријателства со Иран и Хезболах во Либан. Во својот говор, премиерот Бенјамин Нетанјаху остро ја критикуваше Европа, велејќи дека е „погодена од длабока морална слабост“ и дека Израел сега брани континент „кој заборавил толку многу од холокаустот“, објавува „Тајмс оф Израел“. אם לא היינו ...

Руските и белоруските спортисти ќе можат да се натпреваруваат на меѓународни натпревари во водни спортови во своите дресови, знамиња и химни, објави денеска Светската федерација за водни спортови. На натпреварувачите од двете земји им е забрането учество на меѓународни настани по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, која Москва ја опишува како „специјална воена операција“. Белорусија послужи како клучна почетна точка за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до ...

Танкер за нафта помина низ Ормутскиот теснец откако стапи на сила американската блокада на иранскиот поморски сообраќај, според податоците за следење на навигацијата, како што објави CNN. Станува збор за танкерот Елпис, регистриран на Коморите, кој е делумно натоварен. САД го санкционираа во 2025 година поради неговата вмешаност во иранската трговија со нафта како дел од таканаречената „флота во сенка“. Во исто време, другите бродови ...

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше неочекувано обраќање од Белата куќа, велејќи дека Иран „многу сака да постигне договор“, но дека САД нема да отстапат по клучното прашање за нуклеарното оружје. .@POTUS: “We can’t let a country blackmail or extort the world because that’s what they’re doing, they’re really blackmailing the world. We’re not going to let that happen.” “And many ships are heading to our country right now as we speak ...

Француски суд денеска изрече условна казна од една година затвор за наставничка поради малтретирање на 11-годишна ученичка која изврши самоубиство во 2019 година, што е ретка ваква казна во земјата. Обвинетата 61-годишна наставничка по француски јазик во средно училиште во регионот Вал д’Оаз, северно од Париз, првично беше ослободена минатата година, но по жалба ѝ беше изречена условна казна за малтретирање на Евелин, која беше пронајдена ...

Британскиот премиер Кир Стармер ги критикуваше заканите на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран минатата недела, велејќи дека таквите изјави се погрешни. Зборувајќи во британскиот парламент, Стармер рече дека заканата на Трамп да „ја уништи целата цивилизација“ ако Иран не го отвори Ормутскиот теснец е „погрешна“. Тој додаде дека иранските цивили веќе претрпеле „неизмерлива штета“ за време на долгото владеење на режимот таму. ...

Израелската војска денеска соопшти дека убила пет воени команданти и повеќе од 250 борци од либанското проиранско движење Хезболах за време на масовните воздушни напади во Либан на 8 април. Меѓу лидерите на проиранското движење за кои тврди дека се елиминирани, израелската војска наведува тројца команданти на разузнавачка единица, вклучувајќи го началникот на штабот за логистичка поддршка Хасан Насер и заменик-командантот на ракетната ...

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска ги нарече „неприфатливи“ критиките што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати кон Папата Лав XIV, кого го нарече „ужасен во надворешната политика“ откако Лав XIV ја критикуваше војната на Блискиот Исток „Папата е глава на Католичката црква и е во право и нормално да повикува на мир и да ги осудува сите форми на војување“, додаде италијанскиот премиер во соопштението. Трамп во недела го ...

Француската хуманитарна лотарија нуди можност да се освои портрет на Пабло Пикасо за цена од само 100 евра, а приходите ќе бидат насочени кон истражување на Алцхајмеровата болест. Делото „Tête de Femme“ (Глава на жена), кое Пикасо го насликал во 1941 година користејќи ја техниката гваш на хартија, ќе биде изложено во аукциската куќа „Кристи“ во Париз од денеска, додека извлекувањето е закажано за утре во 18 часот по локално време. ...

Лидерот на партијата Тиса која вчера победи на изборите во Унгарија – Петар Маѓар упати порака до поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, најавувајќи радикална промена во политиката на азил. Рече дека Унгарија под негово водство ќе престане да ги штити странските политичари со криминално досие. „Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот ...

Русија е подготвена да гради односи со унгарската влада што ќе биде формирана по неодамна одржаните избори во земјата. Сè ќе зависи од тоа колку новата влада ги разбира унгарските национални интереси, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Подготвени сме да градиме односи со новата влада. Сè зависи од тоа колку оваа влада ги разбира своите национални интереси – изјави Лавров за руските медиуми. Шефот на руската ...

Дводневниот штрајк на пилотите на Луфтханза веќе предизвика бројни откажувања на летови уште првиот ден, но компанијата, благодарение на вонредниот распоред на летови, успеа да реализира 50 проценти од интерконтиненталните летови, објави денеска Луфтханза. „Луфтханза работи со полн капацитет за да ги намали последиците од штрајкот за своите патници“, објави менаџментот на компанијата. Одржувањето на две третини од континенталните и 50 ...

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека новиот датум за состанокот на Процесот Брдо – Бриони сè уште не е договорен, додавајќи дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го стави во невозможна позиција и дека откажувањето на самитот е неизбежно. Милановиќ, по посетата на основно училиште во Риека со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, изјави дека му е жал што самитот е откажан и дека тоа е корисен форум за ...

Доколку кој било ирански брод се приближи до американската блокада на Ормутскиот теснец, ќе биде уништен, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп. „Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена – 158 бродови. Она што не го погодивме беше нивниот мал број на она што тие го нарекуваат „бродови за брз напад“, бидејќи не ги сметавме за голема закана. Предупредување: Доколку некој од овие бродови се приближи до нашата ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека започна блокада на Ормутскиот теснец, по пропаѓањето на преговорите за прекин на огнот со Иран за време на викендот. Додека Трамп ризикува дополнително да се зголемат цените на нафтата и гасот за да го максимизира притисокот врз Иран за прекин на војната, американската војска веројатно нема да испука ракети кон танкерите. Но, затоа би можела да се качи на бродовите и да ја преземе контролата ...

Министерството за внатрешни работи информира дека полициските службеници во текот на последното деноноќие примиле седум пријави за семејно насилство, при што лишиле од слобода шест лица. Во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:50 часот го лишиле од слобода Б.Ѓ.(41) од Скопје, поради тоа што на завчера во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија. Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи на соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“. -Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ...

Светското фудбалско првенство на ФИФА започнува на 11 јуни, а домаќини се Канада, Мексико и САД. Репрезентацијата на Италија, која третпат по ред не успеа да се квалификува за Светското првенство, сепак би можела да добие уште една шанса и да го „фати последниот воз“ за овогодинешното натпреварување, во сценарио што ФИФА го разгледува доколку Иран одлучи да го бојкотира турнирот. Имено, Италија е единствениот поранешен светски шампион кој ...

Бундеслигашот Унион Берлин ја објави својата поддршка за својот тренер Мари-Луиз Ета и ги осуди сексистичките коментари на социјалните мрежи откако таа стана првата жена тренер на клуб во историјата на машката Бундеслига. Одговарајќи на коментар на социјалната мрежа X во кој се изразува загриженост за третманот што ќе го добие Ета и потенцијалните сексистички коментари доколку загуби натпревар, од Унион велат: „Семејството Унион се грижи за ...

Прилепчанец со над 3 промили алкохол во крвта возел во Неготино, па задржан е во полициска станица, соопштија од СВР Велес. – Вчера во 08:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(54) од Прилеп. При сообраќајна контрола, на улица „Пекарев“ во овој град, било сопрено патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, што го управувал Д.Р. и по преземени мерки и извршени проверки, било ...

МВР информира дека синоќа во 20:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Медицинскиот центар – Гостивар бил донесен малолетник од с. Балиндол со тешки телесни повреди. Според пријавеното, околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото, малолетникот бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот. МВР информира дека синоќа во 20:10 часот, во ОВР ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
78%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
83%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.24
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

50.03

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Бакар

12.06